Па мене ми е полу мрсна полу нормална. Средна должина. Кога е измиена е густа и тешко се обликува. Во главно сакам подолга Дали ви се случило некогаш да ве скратат повеќе од посакуваното??? Мене ... да
о да, мене ми е долга до половина и еднаш многу ми ја скратија. ама фала богу веднаш ми порасте и веќе не одам кај тој фризер!
Густа, права, долга, нормална, здрава. Е сега нормално на зима знаат врвовите да испукаат (ама само на одреден дел од косата).
Имав долга коса до пред месец дена, но сега ја скратив па ми е негде средна должина, под рамениците. Инаку косата ми е мрсна, што страшно многу ме нервира и како + на тоа имам првут Првутот колку толку го регулирам со шампони но со мрснотијава маки мачам Добро би ми дошол еден совет за мрснава коса, некое шампонче или маска за коса да ми препорачате, фала
Имам долга права коса до под г ´´з природно децка плава потоа испробано сите бои сега сум црвена но ке си се вратам на црна како сто си бев пред 3 месеци.... в инаку мака мацам само со тоа сто мие премногу мрсна ке ја измијам и другиот ден поцнува одма да се мрси тоа е цудо ....првут не факам само од еден сампон и колку сто памтам за мене нон стоп се мијам со него.....
Долга, права, немам потреба од пегла-и многу сум среќна од таа причина. Имам и меко влакно, си ја обожувам косата, нема фризер кој не ми ја искоментирал, ама како и се во животот бидејќи нема совршенство, па така и мојава коса си има мана....многу слабо влакно имам(тенко).
Ретка коса,скроз права (често ме прашуваат дали нон-стоп ја пеглам ), темно кафена, со должина до под градите
Имам виткана коса и си ја мразам премногу, бидејки кога е влажно времето ако излезам надвор одма ми се прај како грмушка
Кило-про-мега дивљачка. Буф. Кај и да одам на флизер, се чудат. Едвај чекам да си одам дома. Густа, брановидна. Дива коса. Па уште и нисково чело ми фалеше. Ма не ми се трпи косава. Мое репче, ко нечии 3. Додуша, сега ми е пократка, во основно ми беше.. ко запуштена. Ма тоа чудо, не се пегла. Секој ден, мака си мачам со неа. Ќе излезам од дома со права коса, летоска. Кога ќе се вратам, од потта на вратот, ми се направиле цели локници. За пола саат ми се витка. Нит се тера, нит се води. Ко мала, имав шишкици, и доле рамна ми беше. Спојлер Е оваква, само малце подугачка, и напувана, рамна. Сестра ми ме викаше тенџерко. Секој ден, буквално секој ден, пред забавиште ја миев косата. Сателитски фаќав. Какви не гелови ставав.. Едно рокче, друго рокче.. По 10 шноли на глава ставав. А се мрси мајката. Може да се каже.. дека ми ваква дури понекогаш, ако не ја исчешлам подолго време.. Спојлер Само што мојата е смеѓа, и без шишки. Едвај се отарасив од шишките, никогаш повеќе.
Густа коса. Порано ми беше повиткана а сега ми е скоро права.. Едино ми смета тоа што откако ќе ја измијам сум како буф Јака коса имам, мислам цврсто влакно... Добра ми е, порано си ја мразев, сега најмногу се грижам за неа..
По форма ми е виткана и тоа многу во вратот и позади ушите, но на темето и патецот ми се поисправени локните. А влакното ми е суво и затоа ако не за секое, тогаш за секое второ миење си ставам бадемово или чичково. И лесна ми е за обликување. Ако ја исфенирам, така ќе си седи, ако ја оставам виткана или уште повеќе ја навиткам, пак така ќе си седи. Баш си ја сакам.
Виткана, темно-кафеава. Порано ја пеглав секој ден, ама веќе има 2 години кај шо не ја пеглам. Баш си ја засакав ваква каква шо ми е