Смеѓа,многу виткана не многу долга (некаде под раменици) ,не ми се мрси ... и каква таква си ја сакам. Порано ја мразев,секој втор ден ја пеглав ,истото сеа и сестра ми го прави,не разбира дека витканата коса е поубава... ама ке сфати еден ден
Едноставно кажано - си ја обожувам. Да не бидам оф-топик: Мојата коса е долга,темно кафеава,кдрава,густа и природно сјајна.
Мојава коса е нормална права ми е и долга,но најмногу ме нервира тоа што не може да стои барем 5-6 мин. натапирана или виткана
мојата коса не е ни виткана ни права да кажеме разбранета не ми е многу густа долга до половина со степен и плава
Нели станува збор за коса мојата еее БЕЗ КОМЕНТАР ниту во добра ниту во лоша смисла. Ми расне бавно инаку ми е полувиткана на сите страни се разлетува,густа густа да може да се вселат птици ..... паа мрсна ми станува за 3-4 дена тешко ми се пегла со еден збор кажано косата ми е БРАНОВИДНА
Не ми е сува, ама не ми е ни мрсна, значи нормална. Темно кафена, рамна, должина малку под рамениците. Редовно ја скратувам, па немам проблеми со расцветани и суви врвови. Освен тоа користам добри производи за заштита. Иако на времето често ја шатирав,никогаш не ми била метлосана. Сега малку ја одмарам од шатирање и фарбање, па веднаш ми стана погуста. Мека и лелеава ми е, затоа што употребувам убава маска за коса. Па после тоа е мераци за фенирање и пеглање.
Бујна и крута, многу цврсти влакна имам. Должина до гради, со малку испукани врвови. Мислам дека треба до под уши да ја ишишам за да немам испукани врвови. Инаку после бањање секое влакно е приказна за себе, секое на своја страна. Имам прекршено-виткано-права коса, нема зборови кои можат да ја опишат.
Долга ,густа , бујна коса до половина на која и требаат 2-3 саати да се исуши Ми се појави пред некој месец првут дали од фарбање , дали од мењање шампони па сеа се маткам со шапмони за против првут .
Права и мрсна, ја мијам речиси секој ден Долга до гради и густа, лесно се обликува. Врвовите ми се суви, па затоа редовно ја кратам.
Не стои на место. Ќе направам репче или плетенка, и за 5 минути, пола коса ми е надвор Не ми се мрси, и не морам да ја мијам многу. Квалитетна е и неоштетена. АМа тоа што не моѓам да ја спастрам МЕ НЕРВИРААА!