Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков тип на маж сакате до вас?

Дискусија во 'Врски' започната од magic, 8 декември 2009.

  1. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Да ме смее,да ми биде интересно со него,да правиме глупости заедно и да бидам среќна со него. Ете толку. Скромен човек сум јас :D Жими газ.
     
    На Bokchee и Bah им се допаѓа ова.
  2. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека мажот е парче глина која сама си го обликував.Како викаат како ке го научиш таков ке ти биде.И стварно е така.Во врската ептен ретко коа ја да му се јавам секогаш тој ме бара мене.Можеби малце дрска ама ако и ретко коа да се согласам за нешто.Ептен сум инат .Мојот тип е до мене онака како што сакав да имам.Мил, добар, послушен, внимателен.Едноставно прави се што ке му кажам.Знае дека не му се замарам и се труди многу повеке.Ете таков сакав и коа ке ме добие на некој начин да не се откаже од мене 8)
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Харизматичен да е шармантен маж кој делува моќно...
     
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Да биде харизматичен, шармантен, маженствен... Стабилен, нежен и внимателен. Да ме сака најмногу. Да умее да слуша. Да можам да плачам пред него. Да ме разбере кога ми е тешко. Да ме тапка по раме кога ми е потребна поддршка.
    Се има мм освен вештината да ме сослуша. Ама за тоа ми е тука форумов:D
     
    На Milobebence и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Како една мошне комплицирана и специфична личност, со мошне високи критериуми сфатив дека за мене не постои т.н идеален маж. Пред се бидејќи идеалот како категорија не постои.
    Затоа во принцип, сите мои досегашни кратки врски се` сведувале на one night stand, а некои од нив пак прераснале во повремени видувања кои никогаш не ме правеле доволно среќна или комплетна.

    Повеќе било онака од чалам, во стил као ,,еј видете, имам челично срце и ми се може'' Што до некаде е и вистина бидејќи овие задњи десет и више години ама баш во никој се немам вљубено, а далеку од тоа дека немало квалитетни потенцијални кандидати.
    Во тинејџерските години пак, водев борба со себе си` околу ова, за која ама баш со никому не зборував. Додека моите пријатели фаќаа дечковци и девојки, раскинуваа и плачеа, јас им бев само раме за плачење и утеха. Секогаш бев тука со најдобрите совети и критики, со најдобар сенс и увид. Но, само кога ќе се изгаснеа светлата зад завесата сфаќав која сум навистина јас. Јас бев всушност девојка која тинејџерството го помина сама! Девојка која многу повеќе се грижеше за домашните финансиските и училишните проблеми, наместо да биде во потрага по партнер. Мора да признаам дека понекогаш во мене се јавуваше потребата од често менување партнери, и ќе го реализирав тоа, да не беше во мене длабоко всадено чувството на вина и страв од погрешен избор.

    Можеби главното жариште на проблемот лежи во тоа што сеуште не сум нашла компетентен човек, со кој би изградиле взаемна синергија, но уште по застрашувачки е тоа што не се ни обидувам да најдам, и сосема добро ми е и вака. Понекогаш мислам дека се залажувам себе си мислејќи го ова, но кога ќе се навратам на искуствата сфаќам дека е тоа така и мора да научам да го прифаќам.

    Многумина би ме осудиле и обвиниле поради начинот на размислување, но вистината е дека јас вистински никогаш не сум била сексуално привлечена, воопшто и од никого. Се се` сведувало на површно допаѓање, интимна вечер, погрешен број и едно прикриено збогум за крај.
     
    Последна измена: 4 јануари 2015
    На Ygritte, Nightwish11, Angel4eeee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Шармантен, харизматичен и да може да ме насмее.
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да не е лигуш и да не се облекува ко педе*че побогу. Оние новине моди на нерви ми одат, со косите нагоре залижани, цветни маички во V до папок, потесни фармерки од моите, газето стегнато..:puke:.
    Да знае да засука ракави, да се фати и за работа и да биде нежен, да се грижи за мене, а не ако ми е ладно да ми рече стави си ги рацете во џеб, и уште нешто битно, да знае бре да ме исек*а добро, да почувствувам дека сум со маж, а не да му е страв да ме пипне. И да знае да се снајде и нормално да не биде IQ 50.
    И уште многу работи, ама ај да не претерувам.:lol:
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Да биде доволно силен за да се справи со мојата (понекогаш и преголема) амбициозност.
    Единствено тоа го посакувам, зашто животот ми покажа дека не секој може да се замисли себе си до амбициозна жена или девојка со големи апетити за својата иднина.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Онаков каков што веќе имам. Се чувствувам благословено што го најдов, после неколку промашени личности во мојот живот.
     
    На honey.11 и Annora им се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    173.604
    Мајка таков не раѓа веќе
     
    На sj *O*, Ygritte, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Да може да се носи со карактер како мојот, бидејќи ќе има раце полни работа.
    Да е амбициозен, да има цели во животот за кои се бори и сака да ги оствари, да знае да изнесе свој став и да стои зад него. Да е лојален, искрен, отворен спрема мене, да знае кога да превземе водство и кога да се согласи со другата страна.
    Да не е мамин син и да е осамостоен во секој поглед.
     
    На honey.11 и Annora им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Овај шо го имам.
    Не верувам дека со друг би можела да живеам...
    Не само партнер, туку ни роднина, ни пријател.
     
    На Ygritte, hermosa, honey.11 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Прво и најбитно сакам да е искрен, сакам да е со цврст став и човек од доверба.
    Ова ми е најбитно, е сеа подлабоко карактерно ако гледаме.
    Досега искуството ми покажало дека можам со машки кои имаат и многу сличен карактер до мојот, но и со некој кој сме маалце различни но се разбираме.
    Од друга страна пак, сум имала искуства каде со оние слични на мене доста пати сум се ,,спукувала” бидејќи сме пример и двајцата инает, двајцата егоисти, горделиви.
    Во однос на ова, најмногу ми одговара:
    Отворен и лабав дечко, што ќе може пред мене да се понаша свое.Што ќе може да разговара со мене на било која тема/проблем.
    Некој што би се забавувал и би го поминувал времето исто како што и јас би.
    Е во однос на избувливоста и тоа горе што наведов, ќе треба да е потолерантен и посмирен од мене за да има некаков баланс, иначе ќе бидеме како темпирана бомба.
     
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Да знае да ме насмее и да ми го разбира сарказамот. Да сака да се cuddle. Да има став и да е одлучен. Да не му е секоја втора реченица "како сакаш". Да е лојален, секако
    И да не ме става секој пат во втор план. Да има замисла за иднината и амбиции. Не ми треба дете што живее од денеска за утре.
     
    На piksooki и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Да биде созреан и да е сериозна и стабилна особа, нејќам несозреани мажи воопшто...
    Да не ме изневерува, секако лојалноста ми е на прво место.
    Да е искрен, тоа е многу битно, мразам лажговци.
    Да си стои на ветувањата и на зборот.
    Да ме цени, почитува, сака.
    Да искажува емоции и преку зборови и преку дела, да не е затворен во себе, сакам да знам што чувствува, да не крие во себе работи, сакам да ме држи јавно за рака и да ме прегрнува, а не демек јак мачо мен, па тоа било за папучари... |(
    Да има амбиции и цели, да е вреден, посветен на се што прави, да сака да напредува на секое поле.

    Среќа и си најдов ваков.
    Само ако треба повторно да барам, пак би се водела по се ова.
     
    На Jasmin88, Lavender4, Moon.Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Од збор до збор ко јас да сум го пишувала ова :nod:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.447
    Пол:
    Женски
    Овој кој спие до мене :inlove: ни за 100 други не би го менувала...

    Сериозен, приземјен, семеен човек, чесен, лојален и верен.... Човек кој ме сака.... Пријател.... Човекот кој ме приземјува кога летам в облаци, кој знае да ми каже каде грешам, да ме пофали кога треба.... Да ме насмее од срце... Да ме гушне и да се изгубам во неговата прегратка и да потонам во неговиот мирис :inlove: Живеј ми доолго доолго маженце мое :inlove:
     
    На sj *O*, tinka-mace, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Thatgirl123

    Thatgirl123 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Црна коса малку потемен тен, љубезен, малку срамежлив но лојален.Секогаш да биде тука до мене.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Некој што јас ќе му бидам секогаш на прво место, што се ви направил за мене,што има многу пари . За изглед немам некоја посебна желба само е битно да има добар карактер.
     
  20. MilesAway

    MilesAway Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Papucar!
    Preku glava mi e od fraeri i glumenje ludilo, drami....mnogu bil jak, neznam sto....
    Jas sakam papucar!
     
    На sj *O*, Thatgirl123, Youknow и 2 други им се допаѓа ова.