Па слободно можам да се пофалам дека мојот дечко е тип на маж каков што сакам до мене, со уште некој + и би бил совршен, но нели не постои таков. Сакам високи машки над 180см, со брадичка и со црни или плави очи-од физички изглед. А на психички план сакам духовити, интелигентни и да не се фалат. А и да делат комплименти
Сакам некој сличен ваков, да има свое мислење да не ми потрчко ... се разбира да има свои ставови и цели во животот, сакам да ме разбира и да го разбирам, сакам да ме дослуша кога ми е тешко, да ми покаже колку ме сака и колку сум му потребна во најтешките моменти ... Сакам да е романтичен, но да не е лигав ... сакам да имам вечери кога јас ќе можам на мира да се журкам со моите срцки, а и тој исто така со неговите другари ... А и пред се, сакам да ми биде заштита и потпора, да можам секогаш да се потпрам на него кога ми е тешко и да знам дека тој е тука за мене ... Искрено се надевам дека ваков човек ќе ми се појави во животот, држете ми среќа да не го испуштам
Не дека е мој ама најдобар е Прекрасен , згоден , црн тен , црни очи и коса.Слабичок ама работиме на тоа Да ме подржува сакам , да биде со мене секогаш , нежен , со цврст карактер , да прави да ми е убаво секогаш . Тоа и го имам Си го сакам најмногу само него
crn,kratka kosa so ubava forma, ne mi smeta kilo poise ama bez preteruvanje,sekogas cist i ureden,silen,barem 15-20 cm povisok od mene,so stav,da se postavi kako da ima glaven zbor,a sepak da mi popusta zasto ne moze da mi odolee.i najmnogu od se sakam misteriznost,nikogas da ne mi otkriva se odednas
- да има доволно високо ниво на интелигенција - да има широк дијапазон на општо познавање - да има смисла за хумор - да биде на моменти нежен, на моменти див - да има свој став, свое јас - да знае да изненади (пријатно, се разбира) Физички афинитети: - црна коса (ич нејќам машки со плава коса) - темни очи, ама не е лошо зелени - висок - ни премногу слаб, ни премногу дебел - да има убава насмевка А, и не е лошо да има супер вкус за музика или бар сличен до мојот. Битно да не слуша Слаткат, Зен и остало. Рок и метал да слуша задоволна сум!
Хммм, таков каков што го иам до мене сега. Цел живот да го барав-немаше да го најдам, толку компатибилни карактери сме... чудо невидено, слични сме, се сложуваме, зврчки секогаш има, ама знаеме како да си го најдеме крајот, а и физички-немам забелешки. Кажав во една друга тема дека сме спротивни само по однос на надморското растојание. Ама тоа никогаш не не' спречило во нешто-напротив, многу добро се снаоѓаме. Инаку, најважна ми е хигиената кај едно машко од секој можен аспект, а најмногу ме привлекуваат машки кои имаат убав осмех, т.е. заби. Е неубави заби не можам да толерирам, за жал. И тоа, ако ми текне уште нешто...
Сакам високи машки.Ептен високи и крупни. Каков сака нека е, ама сепак позадоволна би била ако е црн, со црна коса, црн тен и црни очи.Сакам да се облекува убаво, да има кола и работа. Сакам да има цврст карактер, да ме почитува, и да имам слобода во врската, т.е да не е љубоморен. Обавезно да е паметен, интелигентен, да има смисла за хумор, да не е фалбаџија и да не е некое фраериште со рацете в џеб и со мотото „јас сум Бог“ Ама сето тоа се мои желби, половина неостварени, бидејќи дечко ми не ги поседува сите овие афинитети.Пред се не е висок (десетина сантиметри повисок од мене). Во глобала, повеќе внимание обрнувам на она што го има во главата, карактерот, отколку на физичкиот изглед. Кај мене може да помине и физички неубав човек ако е доволно паметен и интелигентен.
Да не имаме ист дечко,само мојот е плус со зелени очи............ и секако како што некој погоре спомна да знае да прави пари...до сега на мојов одлично му оди.пу пу пу да не го урочам!!!
Најважно да биде воспитан, фин и културен, да ме почитува, а да и да биде снаодлив и интелигентен. Што да правам сакам паметни машки хх
интелегентен најпрво да не пропаѓам во земја кога ќе отвори уста па воспитан, харизматичен, да има смисла за хумор, развиен и згоден (да не биде некој слабак) вака барем да знам дека е маж прав хахаха
Уххх. Мажи моето најсакано задоволство... Најпрво кога ќе видам маж морам да бидам физички привлечена од негова страна, мислам дека е важен физичкиот изглед во почетокот но се разбира не е пресуден. Физички карактеристики на маж од моите соништа се: -зелени очи -црна коса -прекрасна насмевка -темен тен -висок -со стил за облекување Исто така би било пожелно да биде: -културен -фин -паметен -образован -добар -племенит ........ Аххх на идеалните карактеристики им нема крај затоа да престанам да сонувам и да се вратам во реалноста, таков маж не постои, во секој случај би било пожелно барем да има 2 до 3 карактеристики од горе наведените.. ))))
Од физички аспект гледано пожелно е да има црна коса,зелени очи,убава насмевка и слатко усте,да е повисок од мене околу 15-18 цм,да е средно развиен не сакам преразвиени,ама ни слабаци.Сакам убаво да се облекува и да е педантен.И да,да има кратка коса. Умствено гледано сакам да е духовит,паметен,разумен,средно романтичен,да му одат јазици. После сакам да ми е подршка за се,да знае со пари,да е работник,а не некој легач,да има цврст став.Да знае да ми каже не е тоа така,не си во право. Тешко дека ќе најдам некој ваков Доволно ми е да поседува барем 30% од наведеново. И најбитно ми е да има цврст карактер и свој став за се.
Од секогаш си го замислував и си најдов ист таков! Висок,црн,зелени очи,убаво граден во телото,не мн набилдан ама онака складно тамански благи мускулчиња да му се познаваат.И баш онака мажествен а не ситен низкок и слабочок кога ке застанам го него ко дадичка да сум му А за внатрешна убавина се сакам позитивно да поседува ама нели никој не е совршен и ако го сакаме ќе си го прифатиме таков каков што е...
Постои постои да си бараш и ќе си најдеш. Се што опиша ти мојов има и физичкиот изглед и другите особини како јас да сум го давала описот за него затоа барај и да знаеш дека ќе си најдеш
Да има смисла за хумор. Да ме смее во секој момент. Да ме гушка најсилно на свет. Да ми збори романтични работииииииииии
Eпа вака:да биде барем една глава повисок од мене,да е слаб ама не коски и кожа ,бојата на очите не ми е важна ама да има крупни очи и да ме гледа така заводнички ,да има мала уста,да има силан вилица,да има кратка црна коса,да има силни раце,да биде секогаш решителен и смирен што е сосема спротивно од мене ,интелигентен мора да биде,не сакам многу романтики,да биде по ќутлив,да знае секогаш да си признае чувства,скромен но секогаш со самодоверба и никој да не го понижува...и т.н. ама што е наинтересно познавам баш ваков тип ама не знам колку имам шанси нешто да имам со него
Сакам црни мажи, крупни, убаво да се однесуваат, романтични и страсни! Да имаат убав стил на облекување и да не слушаат турбофолк!