Да биде една година постар од мене да биде повисок кошаркар да е убав најнормално да има мотор обавезно да се облекува убаво да е популарен да е романтичен и најголемиот дел од времето да го поминува со мене
Јас сум одличен бакнувач и до сеа ми било доволно само тоа. Само да ве поздравам девојчиња иначе јас сум машко и имам смега коса плави очи. Од моето искуство ако некое машко знае добро (али мислам најдобро)да бакнува не му треба дополнително знаење. Поздрав и многу бакнежи до вас
Лепотане, прво треба да ја привлечеш девојката со други квалитети, не ти пишува на чело дека си одличен бакнувач!
ЈАС САКАМ ВЕЛОСИПЕДИСТИ.КОГА КЕ ТЕ СТЕГНЕ СО НОЗЕТЕ ,УБАВО ДА ТЕ ИСКРЦКА .ЗНАМ ЕДЕН ШТО Е СЛАДОК .ПОЗДРАВ ДО НЕГО
Дечко ми..Си го најдов и таков и само таков сакам да си имам до мене...Најубав ми е и најзгоден..и само МОЈ Со еден збор совршен за мене!!
Сакам високи дечковци со црна коса,кафени очи и добро тело A карактерно сакам да е добар,паметен,културен дечко.Ама оваа комбинација некако тешко се наоѓа
Би сакала да биде фудбалер .. Но тоа не ми е толку важно Сакам : Да ми верува .. Да ме сака .. Да се сложуваме .. И се најдобро .
Сакам машко да е повисоко од мене ... да е здраво и право ... без тешки пороци ... да не е насилен ... да сака деца ... да е нежен ... да имаме добра комуникација , да го има тоа нешто што ти го буди тоа чувство во тебе што не се опишува , да има добра душа ... да е искрен и смирен ... и постар од мене ... не ми е воопшто битно како изгледа ... може малце дебеличок да е за да го штипкам
Сакам маж што по карактер ќе е многу добар, но не толку попустлив, затоа што ме инспирираат мажите кои ќе удрат со едната рака на маса, и ќе речат ....така и така ќе биде! Секако зборувам за донесување на разумни одлуки! Сакам маж, што животот би си го дал за да ме заштити мене, и нашите деца! Тој мора цврсто да стои на земја, и да не подлегнува на искушенија како што се коцка, алкохол, жени, туку вистински да го сфати смисолот на животов, и да се води по моралните норми и вредности! За надворешен изглед....па повисок од мене една глава, црн! Тоа п.с........сакам да е начитан.......мразам мажи кои ни барем основните класици не ги имаат прочитано
Најбитно е да не ми оди по газот за се, таков маж никогаш нема да може да ме задржи и нормално да не му падне на памет да крене рака на мене. Е да и помал да е зошто сум доста незрела за свои години
сакам маж во вистинска смисла на зборот значи да не ми биди како кученце, јас А тој НА значи сакам некој со цврст караткер .
Маж,со големо М! Нема да коментирам за изгледот,тоа е минлива работа. Но сакам некој кој ќе ме остави без зборови. Не сакам некои лигуши,ниту премногу нежни..Кој е жената во врската,јас или тој? Сакам да ми е мил,да го чувствувам како моја сродна душа,но кога ќе дојде ред да се покаже како маж,а не само во креветот да ми докажува. Додуша,и таму помага,но.. Сакам некој кој ќе биде самостоен и ќе знае што сака. Некој чиј коефициент на интелигенција нема да биде едноцифрена бројка.Обожавам интелигенти мажи. Интелигенцијата е секси! Сакам маж чиј бакнеж ќе биде еднакво добар како и првиот... Многу сакам.
Пред се интелегентен!!Не поднесувам глупи луѓе до мене.Ми треба интересен соговорник,некој што ќе знае да ме изнасмее.Човек кој знае што сака од животот, и човек со свој став.И да биде романтичен.Јас не сум баш романтична па добро би ми дошло таков како противтежа.
Романтичен, стабилен, културен, со префинет вкус. Интелигентен и читан човек. Тоа да ме сака, да ме почитува итн веќе се подразбира.
Па блиску до Sephora Пред се паметен, интелигентен, ерудит... снаодлив и пријатен, харизматичен и духовит... Првата книга која му ја дале во раце да е бон-тонот, значи да биде културен. Се разбира со префинет вкус, не премногу емотивен, но полн со чувства и разбирање Да сака деца и природа, да ме прави горда, да биде горд на мене...да ме поддржува и да ме критикува на начин на кој нема да ме повреди, да знае да ме слуша и да споделува со мене... Да биде смирен и сталожен, никако со избувлив карактер... Да има принципи на кои цврсто ќе стои (како маж ), но да знае да ги промени своите ставови, а не да стане глупав поради својата тврдоглавост, односно да прифаќа критики, а сепак да биде свој и не променлив... Да не ме лаже!!! Физички изглед не барам освен ако добра гардероба е составен дел од тоа на некој начин... пааааа... постои ваков?
физички изглед може и црна може и руса коса сини, или темно кафеави очи малку повисок од мене, развиен, и не многу повозрасен убаво забчиња, заводлива насмевка останати карактеристики образован интелегентен харизматичен романтичен да ме поддржи во одлуките, да ме гушне кога ке ми биде потребно, помош или совет секако да има свое ЈАС, и да биде посилната страна, да знам дека можам да се потпрам на него не мора да е богат(парите се минливо нешто) но да биде вреден со бизнис осет, да знае како да спечали пари да има пред се РАЗБИРАЊЕ да не биде инает, насилен, порочен, љубоморен да сака дечиња, и да биде грижлив (во иднина столб на семејство)
од физички карактеристики -малку подолга косичка-степенаста -не слаб, ни дебел нормален да не биде партиски определен анти алкохоличар анти пушач дрога и коцка, не доагаат во предвид