Интелигентен и образуван (едно без друго, не оди). Со уникатна смисла за хумор и романтика која ќе излегува надвор од границите на секое планетно клише. Да не биде злобен, ниту намќор. Да ме почитува, да бидам во можност да се потпрам на него доколку некогаш е потребно, и кога нема да сум во право - да не ми ќути и да ми потврдува жално. Туку да пресече и да ми рече - не си во право. Да не ми плаче на навидум романтични филмчиња. Да го фрла ѓубрето и да тркала лубеници во лето.
Би јас еден со едно зелено и едно сино око, онака како во филмот со Сандра Булок, Practical Magic.. треба пак да го свртам ми текна. Од понудените точки на дневниот ред, се за мене. Некој добар микс веројатно. Не би сакала премногу тврд, цврст карактер секако. Своеглави луѓе да сакам, но луѓе што си ги удираат роговите во ѕид и сепак две рала рогови во една иста куќе, без ѕидови би останале, ако не се испоубиеме... макар и тоа пак зависи од тоа колку е тој спремен то бек ап, бидејќи толку ќе сум и јас. Не сакам ни премногу мекуши. Такви што везден трчаат околу тебе, ти ја носи чантата, ти се држи за здолништето. Ме потсетува на некој од оние стандард филмови една е кучка во костим со исравена глава и шешир, и еден е сведнат целиот згужван потрчко што го носи кучето или се ведне да му ги собере „остатоците’ од храната... извинете за сликата. Жар во очите, страст, емоции, не толку зборови, колку очи и само очи (не зборувам за боја, а нешто друго), дела да видам сакам, не да чујам, див, нежен, романтик у душа. Да ме ги стимулира мозочните келии, а се друго е комси комса...
Си немам некои посебни правила за тоа какви очи треба да има,каква уста треба да има,какво газе треба да има итн итн зошто нели секој не е совршен а не сме ни ние за да ставаме превиоки стандарди на такви работи. Што се однесува до Mister Perfect не паѓам на површина туку на харизма,на луѓе со изграден став кон животот ,смисла за реалност и објективност ,шарм и галантност,сакам некој што би ми ги скротил сите мои нагони на секој можен начин и би ми бил во различни сoтуации и другар ,и љубовник и рамо за плачење а и би ми покажал кога грешам и би ме поткарал ,зошто така си сум малку (...само ова кога напоменав повеќе функционалности не го мислев дека сакам да биде лудак со повеќекратна личност -мислам дека таков беше називот за тоа растројство).Треба да знае да измами насмевка на моето лице ,но без глумење на лудила дека живееме во некоја си романтична комедија,да биде сигурен ,лојален и да ме прави среќна ,да е доверлив ,верен и добар слушател ,и за крај на ова мое беседење сакам МАЖ,не лигле препедерастично кое е преопседнато со својот изглед повеќе од мене тоа би било се народе !!!!
( se izvinuvam najprvo nemam kirilicen font vo momentov ke simnam vo naaajskoro vreme) znaci vaka sekogas koga sum imala pokraj mene nekoj koj mi idel po g* mi smetalo i sakav nekoj jak tip zastitnicki postaven. iii si najdov takov. ne izdrzavme ni dva meseci. ednostavno jas sum premnogu ne samobendisana ama ne trpam nikoj da mi soli pamet, ni ja se pravam pametna ( lazam ) ni sakam nekoj mene da mi se pravi. i sfativ deka definitivno mi odgovaraat povekje mirni tipovi. sega imam takov ne gazi na bubacka, barem pred mene, ne e sovrsen daleku od toa ama mi odgovara. znam deka me saka najmnogu i ne mi e jasno kako e uste so mene pokraj se sto sum mu napravila ( osven neverstvo). pa do koga terame.. terame inaku izgledot ne mi e biten, ama preferiram crni maski
Да ми контрира. Да не ми ќути како што кажала погоре Трендафилка. потполно се сложувам со неа во се што напишала. Да тонам во неговите раце. Да е романтичен и забеган надвор од нормалните граници. Да сака многу секс. Да е луд. Да се смееме. Да е тука за мене. Да знае дека сум тука за него. Да го сакам. Да е паметен и стабилен човек. Да е добра душа. И да не е ЛИГУШКО како оној од турскана серија - мерве душо мерве срце мерве мила Ако е таков кога ќе го тупнам еднаш ќе не знае која му е девојка
Сакам маж, ама МАЖ во права смисла на зборот, кој ке биде главниот во врската , кој ке ги поставува правилата , иако сум јас силна и со цврст карактер тој ке биде над мене,тој ке биде тој кој ке ми заповеда.Маж на кој ке му се покорам , ке му бидам негова потпора ке ми биде моја потпора,ке успееме во се заедно, но ке бидеме воедно и независни еден од друг,ке биде малку мистериозен , не премногу искрен со мене, некој кој ке знае да се постави спрема мене , нема премногу да ми дозволува да му се качам на глава , жежок во кревет ,пошо сакам садо мазо Финтата е што ја овој веке го најдов , а дали ке биде мој е тоа е под знак прашалник п.с : на моите другарки сум и чудак , а на вас?
Искрен,лојален,авантурист,со смисла на хумор. Сакам да биде независен ама не премногу оддалечен од мене, сакам да имаме заеднички работи да разговараме,слични интереси,да знае да ме насмее,се разбира да биде згоден Сакам вистински човек СВОЈ човек,а не копија од некои кретенчиња. Во врска со стилот сакам металец да слушаме иста музика (да слушам метал ама не сум некоја готик личност,а за ников нз од кај ми дојде) Сакам да биде силен и храбар да ме заштити не сакам некој лигуш да ми се лигави нешто сакам моменти на романтика ама секогаш?! Тоа ми е претеризам веќе. И се разбира да биде образуван и интелигентен
1.Да биде маж,односно да се знае кој е маж во врската но не претереано 2.Да ме сака и почитува 3.Да биде романтичен,и секогаш искрен спрема мене 4.Да знае да ме насмее во секој момент,и да ме разбира 5.Културен,образован, 6.Секогаш заедно да ги донесуваме решенијата,а не нему како што му одговара 7.......... Па што набројувам јас кога повеќето го кажавте тоа,и скоро сите би сакале таков маж
Моментално имам онаков како што сакам, успешен, интелигентен, убав, моќен и почитуван од сите, ме гледа како кралица! А има само 20 години.
Успешен, убав, почитуван, знае да почитува, смисла за хумор, романтичен, да е тука за мене, да ме сака, образован, интелегентен, паметен, стабилен
Сакам да сме како убавицата и ѕверот , строг , да ме пази , чува .... додека сме тука ..... оди дома мажот и и вика на жената КОЈ Е МА МАЖ У КУЌА? и оваа шлаааап една циганска лева.... и мажот ДОБРО МА НЕСМЕАМ НИ ДА ПРАШАМ.... само не таков .....
Мењам се што сум пишала до сега...ок не баш се, ама во секој случај сакам маж кој кога ќе влезе во просторијата кај што сум ќе ме растрепери со својата појава. Маж со кој ќе се прочитаме дека се сакаме без да си кажеме еден збор. Некој што ќе ме тера да бидам возбудена ко пубертетлија кој има ерекција на секоја убава цура која ќе ја загледа; кога и да го видам, во билокој дел од животот. Некој што ќе ме зграпчи силно и нема да сака да ме пушти. Некој што ќе ме фати силно кога и да паѓам! Јак мускул, страст на тони и карпа маж. Во фигуративна и во буквална смисла на зборот. Е такво чудо од маж сакам до мене
Паметен,решителен,истраен,амбициозен,мокен,успешен,образован,да се грижи за мене,најголема подршка тој на мене и јас на него,да функционираме дури и само со поглед од толку што би се познавале добро,да си остане ваков со најубави раце,гради и мускули,па кога ке ме гушне да се изгубам Многу ми се свига што имаме иста визија за животот во поглед на се за во заедничкиот живот и планови
Ах каков тип на маж сакам до мене....ќе треба многу да пишувам(се возбудувам кога мислам ама ја ќе се задржам на поглавното) Отсекогаш сум сакала да имам дечко војник(волци,лавови,шкорпиони,ренџери...било што од таа професија)значи прво ме што ме привлекува е нивниот став,телото на тоа колку се само јаки,снажни,обично секогаш се со бричени глави длабок галс,широки раменици....во права смисла на зборот мажи!!!!!(не дека мојот не е така граден-но не се бави со таа професија) Значи уште кога ќе ги видам во униформа па во тие нивни хамери, џипови,хелихоптери паѓам на гас..... И иако сум имала контакт со такви и прилично сум постојано опкружена со нив(бидејќи татко ми се занимава со таа работа)сепак мислам дека се преголем залак за мене....па така ќе останam да си сонувам
Некој кој знам дека ќе биде до мене и во моите победи но и во поразите. Некој со кој и тишината ќе звучи како симфонија и погледите ќе зборуваат повеќе од зборови, некој на кој ќе бидам сигурна кога гласно ќе му речам додека тонам во неговиот поглед во кој се чита мојата посебност за него- „Моето срце го најде својот дом, но не барам да ме вдомиш неминовно, сакам да се сакаме алчно но безусловно, да бидеме моќни и трајни заедно, но сфатени и прифатени во индивидуалноста која ја поседуваме да не се обидуваме да поправиме или промениме делови од себеси бидејќи целината ја чинат и несовршеностите и сакам да ми ветиш само едно - најмалку 4 партии секс неделно „.
Ништо за никого не е преголем залак, доколку тоа е нешто што сакаш барај си го Мојата претходна врска беше со таков и тоа беше и за мене тип на машко каков што сакав во тоа време. Сега во моментов имам поинаков вкус. Ми се измени, бидејќи секако поубаво ми е кога не морам да објаснувам зашто јас гледам сто пати во денот вести, кога тоа ми е дел од работата или зашто читам блогови, пишувам, комуницирам со разни луѓе од различни професии, имам потреба да работам на милиони работи во исто време, макар и за без пари итн. Во моментов имам тоа што за сега ми одговара навистина многу. Хуманитарец, уметничка душа, бистар ум, начитана будала, луд интелектуалец, работохоличар, со исклучително неизлечива сексопотребност , кувар ооо кувар , со музика во глава (како и јас), со стих од песна за секој момент да изрецитира (ко и јас) , не мислев дека и други ко мене будали имало на светот , трапчо, однесен од виорот, вејка над вејките, а сепак голема меморија, пак и за закони да рецитира ццц прекрасни чудни, таинствени, длабоки очи, најубава насмевка, неспособен за лажење Спојлер (што не значи дека некогаш во иднина нема да се обиде де, жалосно ќе е но... ај вил ноу барем) избувливо г*мце, нервозна бубуљица од задник, номадски пориви, кој што како и мене на каде ќе одиш одговара со „у Зимбабве“... ма премногу нешта. Тоа е тоа што го сакам за сега. Ќе видиме за понатаму што и како ќе биде важно да се ужива и изужива до максимум сега