Да е воспитан, ама да не е мамина маза... Да е амбициозен, ама не workoholic... Да има добра смислам за хумор, ама да знае да препознае сериозна тема... Да можам да учам многу од него, ама да не ми го наметнува својот памет... Секогаш да има некој мал дел од него што не го знам, за да можам да го откривам секој ден одново... Да биде барем 190цм, сакам да се чувствувам мала и заштитена
прво да знае сто сака во зивотот да има некоја цел,самоуверен но не некој нарцис абе да знае да го извади најдоброто од мене да знае да ме насмее да ме застити иако не сум некоја сто сака да зависи од некој но тоа е,кога ќе се видам со него да бидам нормалната јас а не онаа која работи студира и се бори и нема време за вистински емоции,сакам да си бидам нормална со сите мои мани и доблести и да ме сака покрај тоа...уфф зар и тоа ќе го начекам
Цврст и стабилен карактер. Свој на своето. Изградена личност. Амбициозен. Интелигентен и образован. Сериозен кога терба само, останатото време сакам шегаџија да е Маж кој ќе се грижи за мене. Маж со кој ќе се сакаме безусловно. Маж со кого ќе можам да разговарам за се, маж кој нема да ги заобиколува и пакува работите туку ќе ми ги каже дирекнот. Мистериозен маж кој сака да си играме игрички. Маж кој ќе ме почитува, гордо ќе шета со мене и нема да се срами да ми каже колку ме сака. Маж на кој домот и семејството му се најважни. Маж оган, маж со кој ќе имам прилично многу возбудлив сексуален живот. Маж со кого можеш само да молчиш и двајцата да ја обожавате таа тишина. Многу барам знам но можам да дадам и многу повеќе од тоа што го набројав П.С. Ова не е оглас
Ова е дефинитивно мојот избор.... сум била со другиот вид на маж, не викам дека не ми беше убаво, дури и навидум совршена ни беше врската, само што..... лигаво е бе, досадно станува по некое време, немаш со кој да се потскараш, да продискутираш, те тепа монотонија.... ако сакам да си играм со некого и да трча по мене, ќе си купам кученце. Убаво е понекад мажот да те разгали и да ти попушти, но ако се случува премногу често, дефинитивно иритира.
Кога и да ми го постават ова прашање одговарам вака:немам некој одреден тип како би требало физички да изгледа,но затоа има некои карактеристики кои би сакала да ги поседува..Да биде пред се самостоен,да стои цврсто на земја,да биде позитивна личност која ќе се труди да ме насмее и развесели,да биде комуникативен,да има почит и разбирање.. тоа одприлика
Интелегентен, културен и пристоен дечко, со цврст карактер. Да биде амбициозен, но не претерано, и да знае што сака во животот. Секако и да знае тоа да го постигне. Потоа, да биде решителен, силен, но и да знае да ме заштити. Да можам со него да разговарам на многу теми, да можам да му се доверам. Да има смисла за хумор и да знае да ме насмее и да ме расположи.
Дефинитвно би го одбрала оној вториот кој има свое мислење и цврст карактер.. Доколку тој ги исполнува сите мои желби и игра по мои правила (како што беше бившиот) би ми досадил затоа што знам дека што и да направам тој ќе ми прости и ќе остане со мене.
Амбициозен, неизбувлив. што знае со 2-3 збора да ме смири.. некој што си има екситинг јоб ... возбудлива работа што го исполнува и на крајот на денот кога се гледаме ми кажува се што поминал во текот на денот! мора да биде авантурист за заедно да пробаме се што не сме пробале, искрен спонтан! да знае да ме насмее да биде зборлив да не мора зборовите ко со клешти да му ги вадам
со цврст карактер да му удоволува но со граници бидејќи знам да се разгалам образован да знае да се снајде во животот да биде некој кој ќе биде прифатен од моите најмили да знае да ме почитува да има разбирање меѓу нас да знам да се грижи за мене и да да ми носи бар едно кафе у кревет
Да ме разгалува, но да знае да ми каже доста, да има бескррајна почит, да е џентлмен, да знае да готви, да е забавен дору и кога ќе има 40 години И секако, да е добар во кревет
Да е добро воспитан, да има добри манири, да има смисла за хумор, да направи да се чувствувам сигурна покрај него, да внимава на себе и својот изглед, да ме почитува, да има цврст карактер но и да знае да попушни во одредени моменти кога мене ми е потребно секако , да знае што сака, да можам да зборувам отворено со него на секоја тема, да ги сфаќа сериозно домот семејството и своите обврски, да биде доволно образуван....и што е најубаво си го имам покрај себе
Дефинитивно да е некој кој ќе може да ме свати со сите мои 300 бубачки и лудила. Да биде чуствителен и да ме опсипува со љубов, внимание и нежност! Знам дека некогаш знам да бидам тешка,да филозофирам до бескрајот и назад,но и тогаш сакам да е тука да ме разбере и поддржи! Некој на кој ќе можам да му кажам се,тој да ми е најдобат другар!
Паметен, образован и самостоен. Секогаш да е тука до мене, да ме разбира и поддржува. Да ми пружа поддршка и заштита, а сепак да е нежен и романтичен. Некој кој ќе ме разбира, цени и почитува, ќе ме засмејува и разгалува
Пред се да има смисла за хумор, да биде со цврст карактер, не многу чуствителен. Да знае да ме сака но да не претерува со покажувањето (мразам кога некој ми се лигави за тоа колку ме сака ) Да знае да ме развесели кога не сум добро и да биде со мене кога ми е тешко. За надворешен изглед, треба да биде висок со темен тен, малце подолга коса (не како џастин бибер ) Да има убави раце со испакнати вени и да биде покрупен.. Не дебел,туку добро граден со стомачни. Сакам кога ќе ме гушне да се изгубам во неговите раце.
Одговорот на прашањето би било - Ваков каков што имам сега. Има свои размислувања, кои се различни од моите некогаш, но не ми вика - Е, јас сум во право, ти не си ... Туку си го кажува своето мислење. Кога не сум во право, а и сама сум свесна скоро секогаш за тоа, само од инат не признавам , ми го укажува тоа, но не на некој онака, навредлив начин, или да се прави паметен, туку на најдобар начин, со мирен тон итн ... Не премолчува ништо битно, па макар и да ме налути .... Еднаш имаше прилика да премолчи, но ми кажа, иако бев страшно лута некое време за тоа ... Она што го сака, на некој си негов итар, манипулативен, сладок начин, го добива на крај . Обично сум тешка за кршење, али тој го нашол начинот изгледа Но, сепак, кога сум лута нешто, тој ја смирува ситуацијата, ме гали, ме тера да го бакнам , така да, би рекла дека е од вториов тип, иако сепак ми допушта по мое да е почесто
Пааааа може некој ваков, нежен, плав, креативен, музикално развиен, секоја вечер пред спиење да ми пее, амбициозен, шармантен, интересен, згоден бре, со цврст карактер, да знае да аргументира со мене па и да се кара, значи мора да е интелгентен да не мора да се спуштам на негово ниво за да направиме асален муабет, добро социјализиран.
Интелегентен момак пред се`, пажљив, нежен и искрен. А за изгледот да не тупам многу-многу со реферати кои никој нема да ги прочита, ќе бидам кратка и јасна: Спојлер
Maж кој ќе ме почитува, ќе се гордее и радува на моите успеси во професијата и нема да мечтае за секси домачица која ќе му готви, пере, чисти и ќе ги собира парталите по него, згора на тоа да ги гледа и воспитува децата 24/7. Не, благодарам. Не велам дека ќе ги избегнувам овие наведениве горе бидејќи неизбежни се, но порадо би скромен но амбициозен и полн со разбирање (и нерви, богами).