- културно, интелектуално...и на усте неколку други полиња да ми одговара. - физиЧки изглед несто измегу Роби Вилиамс и Вентвортх Милер. -специфиЧности: ладнокрвност, затвореност,кутливост, умерена доза на ароганција и самобендисаноsт. највазно кога ке погледнам во неговите плави оЧи да видам и поЧуствувам дека ме сака највеке на светттттт Спојлер фала богу веке 5 години и 3 месеци го имам крај себе
Сакам силен алфа мажјак кој не само што ќе го почитува моето мислење, ќе го почитува и своето. Никогаш не сум сакала некој неодлучен да се влечка зад моите одлуки и да прави како што сакам јас само затоа што го мрзи да вложи во врската. Да знае да си го испланира времето, да биде одговорен и да не трча наоколу како мува без глава. Ме пали организираност и точност. Да биде среден, но сепак мажествен и да знае да се изразува. Како лингвист, навикната сум да сум во друштво на писмени и елоквентни луѓе. Да прави да се чувствувам заштитена во неговите прегратки и да не се води според глупави душбеговски кодекси. Многу ми е важно како се однесува кон другарите, и како мене ме претставува пред истите.
Исто како Лилитка Да додадам интелигенција ,добродушност , лепота ,стил на изразување ,сестраност ,амбиција , смисла за хумор ...И уште милион карактеристики ,ако веќе бараме Mr , Perfect
Сакам маж кој ќе ме сака и кој ќе ме почитува,да биде романтичен,оригинален,да биде самостоен,да не биде арогантен прост или самобендисан ,да биде убав по можност како ФЕРНАНДО ТОРЕС :inlove. Најважно да биде добар,хуман,да има хемија помеѓу нас,со еден збор да разбираме и надополнуваме . Спојлер П.С.Уште Бог да ми ја исполни желбава,ќе биде таман
Сакам, пред се, романтичен маж. Да ми ја отвара вратата од колата, секој ден да ми подарува по една ружа, да ме претрупува со љубовни пораки итн итн итн.. Ако зборуваме за физички изглед, мојот дечко ми е погоден. Плав, висок, плави очи. Но, кога станува збор за карактерот .. нула. Сакам да е паметен, самостоен, да го исполнува тоа што го ветува, да сака да учи и да постигне нешто во животот со чесни пари.. Сето тоа сакам да го има во мојот дечко.
-Чесен -Со смисол за хумор -Коректен -Инвентивен И најбитно од се,заедно да се бориме за една иста цел.
Да не лаже , да не пие . Да го почитува моето мислење и секако ако имаме деца да го почитува и мислењето на децата (ако е за добро ) и да биде финансиски стабилен
Сакам налудничав како мене, да сака да скока, игра, да се зафркава, да испушта некакви љубовни вриштења кога водиме љубов - да се тивки истовремено жестоки. Да ми вибрираат нозете од неговиот груб машки глас. Сакам да го гледам како чат пат знае да отиде кај некое детенце и да си игра со него. Сакам да биде грижлив. И само да не лаже.
Мажиште бре!!!! Да биде храбар,многу храбар и страствен. Љубезен и културен. Висок шармантен и малце буцкаст несакам слаби и исушени. Да биде добар у кревет,и секогаш напален
набилдан,со убава коса,убави очи(најмногу сакам сини),да биде искрен,нежен и да знае да ме задоволува
Пред се да ме почитува, да ме сака,да не ме лаже, да ми пишува љубовни пораки. Физички изглед да биде висок, набилдан со зелени очи
Џентлмен, со манири, машки став и држење, комуникативен, со смисла за хумор и што знае што сака во животот, стабилен, образован, но и со положена улична школа Anyone?