Паметен,убав,згоден,шрамантен...Пред се треба личност што ке те почитува,сака..И ке ти биде пријатно во негово присуство.
Сакам маж со самодоверба , свесен за своите квалитети , доблести и маани ! Маж кој нема да си лечи комплекси на мене и да ме окривува на празно за све што некоја бивша му направила , да е симпатично љубоморен до таму што нема да ме проверува на 20 минути каде сум и што правам , да е верен и искрен што е еден од најбитните фактори , да има харизма и да знае и да ме насмее и да се насмее со мене .
Како овој вториов. А и дечко ми е таков. Треба да си го каже своето мислење, па дури и некогаш интересно е кога ќе ти се развика. Секако дека треба да ја почитува девојката и да го почитува и нејзиното мислење, а не само он како ќе каже, но сепак треба да имаш вистински маж покрај себе. а не ги сакам оние типови на момци што само трчаат по девојката и се лигават, додека таа го врти на малиот прст.
Да има убави очи и убава искрена насмеавка, да знае да пронајде начин како да ми го привлече вниманието, харизматичен, да е заинтересиран за фудбал и по можност да игра фудбал, не признавам машко што не гледа фудбал никако . Да знае во животот што сака, цврсто да стои на земја ,да знае како да си ја оставри целта а не да лета во облаци, да не е мамино синче. Да ми е верен и искрен, да ме почитува, да знае како да ми удоволи, но не и да ми оди по газот , треба да знае кога да каже не, да знае да се постави како машко и да не е лугуш да ми плаче за се и сешто
Исто е и кај мене кога ќе се развика бесна сум и не му зборам ама кога ќе се смирам му се јавуввам и му кажувам дека е во право а ако се развикал а не е во право тој ми се јавува
Да не пие, да не пуши, да не се врти по други девојки.... абе едноставно не постои Се шалам, си го сакам баш овој што си го имам и не го менувам... ептен ми се погоди. Добар е, паметен, убав... и најважно од се е што ме сака и премногу ме почитува...
За машко од физички изглед најбитно ми е да има убави очи и насмевка. Да биде паметен, интелегентен, да знае што сака. Упорен, да не се откажува, да има своја цел во животот која ке се стреми да ја оствари.
Сакам Шармантен господин,амбициозен што знае што сака во животот. Сериозен и стабилен. Пред се Искрен во своите намери Харизматичен и шегаџија Со убава насмевка Финансиска состојба не ми е меродавна
Прилагодлив. Сериозен кога станува збор за животни прашања, детинест кога одредена ситуација налага такво однесување. Да знае да се забавува, да се смее од срце. Да љуби со сета душа. Мажествен до таа мера што кога ќе ме допре пеперутките од што ќе им биде тесно во стомак ќе почнат да се шират низ целото тело. Да ме доведува до лудило.. слатко лудило. Вреден, образован, пожртвуван за семејството. Инаку за дечкото според мене многу зборува и начинот на кој се однесува со мајка му. Не мислам во смисла дали ја слуша и и е верно куче кое секогаш и секаде ја следи, туку мислам на почитта која што секој од нас треба да ја има кон жената која го родила. Претходниот дечко секогаш и повишуваше глас, ја понижуваше, исмејуваше. Беше и насилен понекогаш, искрено ме плашеше тоа зошто на моменти чувствував дека истиот однос пробува да го воспостави и со мене.. Ако со жената која девет месеци се мачела за да го донесе на овој свет така се однесува, што ќе остане за утре онаа што ќе му биде жена? Сегашниот пак, не е многу приврзан со мајка му, ама ја почитува премногу и навистина имаат прекрасен однос, секогаш смирен и хармоничен. Всушност и кон мене се однесува така, само што јас сум дивата во врската, па мора да се развика некогаш чисто за да не заборавам до каде ми е границата и сосема го оправдувам (иако никогаш не му признавам). Од другите особини што ги наведов, ни половина не поседува, ама пак е тука.. до мене. Најверојатно сега засега и токму таму му е местото.
Мојот дечко е со комбинација од двете точки, но повеќе со втората ... знае да каже не, знае што сака, упорен е, ме сака, ме почитува, ми угодува но не претерано ( не сакам да ми оди по газот ептен, бидејќи тоа повеќе го оттрга од тебе и го злоупотребуваш).. А инаку би сакала во изгледот да му ја сменам косата во права, поретка брада, развиен во градите и да биде повеќе маженствен... И така си е убав но не би било лошо да биде таков како што наведив
Хох, конечно тема да мрчам колку сум сама, осамена... Сакам, сакам авиона! Сакам машко што ќе биде најдобар пријател и дечко во едно. Да има карактер, образован. Да има убавина, барем на мене да ми биде најубав. Да знае да почитува женско, да ми ги разбира проблемите и да ми биде рамо за плачење кога ми е тешко. Да не се вртка по други женски, бидејќи лошо ќе помине! Да биде висок и да има плави или зелени очи ии и да ме сака најбитното. Амин!
да е Харизматичен да е фудбалер да не е лигуш да е паметен да има убави очи и насмевка да знае да бакнува убаво да е згоден да не лаже да е искрен да е храбар да е висок да е романтичен да е финанскиски стабилен да има смисла за хумор да има цврст карактер да е секси да има стомачни Има таков?
Сакам најдобар пријател и дечко во едно. Некој со остар поглед. Црн. Тетовиран. Со брадичка. Со извајани стомачни.. Некој кој ме сака, некој кој ме почитува, некој со кој можам да се смеам и глупирам и пак да ме сака таква ретардирана. Некој кој ми угодува и се гордее што ме држи за рака. Тоа е мојот дечко! Спојлер ..добро, само без стомачните. Тогаш ке беше многу совршен па.
Откачен али и по малку повлечен да не се искажува пред другите каков е навистина , висок,црн тен, со црна коса кратка ,брадичка (во секој момент),спортски тип но да знае и да изненади со начинот на облекување Нежен, по малку романтичен, да мрази турбофолк а да обожава транс (тоа мора ) да ме сака,да се смееме како ненормални за мала смешка Да е горд што ме има,да му бидам најважан,да неможе без мене,искрен, да не се замара за другите .... Спојлер па таков е дечко ми среќна сум што го имам до мене
Од секогаш сум сакала машко со плави очи и плаво-смеѓа коса.Не мора да многу слаб,не сакам набилдани со мускули и да биде доволно висок.Сепак карактерот е најбитен.Не сакам многу сериозни и романтичари.Сакам некој кој само ќе ме насмее и времето ќе ми лета со него..