Многу висок,да не испадне да му јадам бурек на глава . Интелектуалец. Шармантен,комуникативен,не преслаб,со изразени мускулчина. Убави заби,напрчени муцки,стегнато газе. Да знае да ме насмее..
Баш таков како што имам до мене , подобар не сум ни замислувала дека постои Т.е кога ке размислам подобро , најдобрата веризја од тоа што сум очекувала дека ќе најдам е и полоша од тоа што го имам до мене Со еден збор прекрасен е , добро воспитан , со смисла за хумор која не дозволува омаловажување и потсмевање на другите за да биде смешно нели , спремен е за мене да направи се што би ме направило среќна и не сака да ме нервира ако тоа се случи пробува на секој можен начин да ми докаже дека не било намерно и дека ме сака неизмерно Не е воопшто без карактер и знае да каже не на тоа што не сака да го прави или не му се допаѓа а знае и компромис да направи за мене и јас за него се разбира , за се се трудам да му вратам со иста мера
Се разликувам по вкусот од сите мои другарки. Сега нешто у мода е машко да биде со шишка па со црвени фамерки па не знам што ама јас такви ич нејкам. Јас сакам мажиште висок крупен силен да се облака ко машко и да има мн голема смисла за хумор и да е интересно да се биде со него
Не пребирам, обично гледам по карактер не по убавина. Да е добар и да ме почитува пред се, убавината е пролазна. ( Сега не со некое грдо пајче). Да си ги знаеш своите манири и принципи, да знае да се облече и како се постави како маж пред женско. А другото си доаѓа само по себе.
Девојки, не најдов соодветна тема па решив тука да ве прашам. Само онака ме занима да видам какво мислење имате вие. Што за вас значи лигле, бидејќи доколку си романтичен ќе те нарече лигле ( само кажувам, не дека ме нарекле така). Бидејќи често гледам/слушам од девојки, потенцирам: Не сакам лигле, лигавења ова она.Благодарен ќе ви бидам доколку ги споделите вашите мислења.
Лигле може да биде само со мене, пред другите само намќор. Се зезам. Барем ако се прашувам јас, некои девојчиња имаат многу погрешна претстава за тоа што е лигле. После плачат, па ќе плачат. Зависи. Јас имам поинаква претстава за лигле а таа е маж којшто лесно паѓа на провокации од други жени, маж којшто нема храброст да се спротивстави на семејството/другарите и тн. за девојката којашто ја сака. Маж којшто е опседнат со некои мачо филмови и нема храброст да покажува чувства таму кадешто највеќе треба. Ете, таа е мојата дефиниција за лигле.
@tessie Ахам, се чудам само за едно. Доколку покажеш емоции и сека знаеш да бидеш романтичен некои тоа го сметаат за лигле. И од машка страна тоа е така, демек јас шо ќе кажам тоа не знам што, а кога ќе фатат девојка се е подруго. Зборот ми беше тоа дека јас сум романтичен тип на човек што сакам често да ја изненадувам девојка ми, само ете прост народ, навистина ме можам да ги разберам...
Воздржан, интелигентен во емотивна смисла, посветен на одредена работа со многу страст, мудар и зрел. Нема ништо позгодно од маж кој знае да молчи и одеднаш да каже нешто паметно и мудро, од маж кој знае со сериозен тон да каже шармантна шега, да те гледа строго додека плачеш и да ти ги избрише солзите и да ти ги каже најдобрите 3 реченици во животот и да те прегрне. И да, да биде музички ентузијаст - или да игра добро или да свири на нешто или барем да е обожувач на музика, ова ми се чини и дека ми е клучно, што знам. Сигурен, би заокружила на крај. Физички и не е толку важно, позната сум по тоа дека не сум многу, многу по убави мажи, повеќе со влакнести силни раце и убав мирис, забрадени малце. Мајка ми стално вика - примитивен вкус имаш што се однесува на физички изглед на маж - да изгледа како горила во кратки црти - влакнест и силен, со измешан мирис на парфем и себе.
пријатен за разговор, да сака да спортува, романтичен, у никој случај да не е мамин син, едноставно да знае како да се однесува со девојка и да биде емотивно зрел
И јас сакам ваков тип на мажи, и сум пресреќна што го имам покрај себе.Кога се чувствувам лошо или сум нервозна ме расположува веднаш, знае како треба . Го сакам бескрајно
Иако љубовните врски не ми се приоритетни во животот, и имам само седумнаесет години, сум личност која тешко станува блиска во било која смисла (љубов, пријателство... ) со другите, но кога веќе ќе се осигурам во нивната лојалност, сум навистина истрајна, верна и сериозна, сепак знам да се ’затрескам’. Ова не важи за малечките авантури додека сум сингл кои ми служат само за да си разбијам монотонијата и да си ги задоволам потребите, туку за оние врски, кои бар јас ги сметам за вистински. Како прво и најважно, никогаш не би била во врска со тип кој би ми пришол додворувајќи ми се на нападен или вулгарен начин. Какви и да се таквите типови, мојот прв впечаток за нив е дека се површни. За да почне некој да ми се допаѓа и за навистина да се опуштам во неговото друштво ми е потребно време, и некој вид на пријателство со него. Како и да е, одреден тип на мажи немам. Можат да ме привлечат било какви момчиња, доколку почувствувам дека во себе навистина имаат длабочина, зрелост и интелигенција. Интелигенцијата ми е еден од најголемите ’фетиши’ и најголемите квалитети кои ги барам во било која личност, а посебно во потенцијалниот партнер. Сакам кога ќе почувствувам дека тоа момче е полно со било каква опојна енергија, и се издвојува од околината заради тоа што имам бескрајна почит кон луѓето кои што навистина се свои и не ги следат другите во својот начин на облекување, однесување и слично, па претпочитам таков да е и мојот потенцијален партнер. Истовремено чувствувам и огромна еротска привлечност кога тој за мене е енигма, полузатворена книга која ми ја буди љубопитноста, ќе го заитригира мојот ум и создава еден специфичен, возбудлив притисок кој ме тера да размислувам во секојдневната комуникација со него. Физичкиот изглед ми е на последно место, но морам да признаам дека многу ме привлекуваат момци со долга коса или брада, но не и двете заедно.
- да има смисла за хумор - да биде на моменти нежен, на моменти див - да има свој став, свое јас - да знае да изненади (пријатно, се разбира) Физички афинитети: - црна коса (ич нејќам машки со плава коса) - темни очи, (црни или темно кафени) - висок - премногу слаб, ни премногу дебел - да има убава насмевка А, и не е лошо да има супер вкус за музика или бар сличен до мојот.
lele nie zenite sme mnogu cudni neopislivi stvorenja hahahaha duri ponekogas i jas samata sebesi nemozam da se svatam hahahaha znaci toa sigurno na site ni se slucuva koa trca lele vakov takov ,..koa e laden auuuuuuuu vidi go ti nego seljak hahahah e koj ne stvoril imal nekoj povod da ne napravi vakvi da im gi izvadime nervite na site mazi ahahahha a oni se takvi skoro pa tupavi i velime nie nemozeme da gi razbereme ustvari the REAL POINT e so ustvari oni se tolku tupavi smotani so od nasite psotapki se zbunuvaat i pravat nekoj nepromisleni greski ipak sepak bi rekla nejkam nekoj so ke trca always po mene zaso toa e mnogo wooow napadno calmate porfavor ,a nejkam ni nekoj da mi glumi nedoztizen i da misli deka e bred pit again calmate porfavor ermano nikoj i niso ne si ahahhaha bi sakala nekooooooooooj do mene da e nekade od ovie dva opisa na sredina na granica na normalata da ne racam,da ima smisla za humor,da e dobar slusatel,dostapen skoro sekogas koga ke mi zatreba zza neso ekstra itno,romanticen (no ne preterano) da razbira,brzo da gi sogleduyva nedostatocite i greskite i sekogas da preferira moabet i kompromis nego li lutenje karanje i glumenje ludilo(iako nekogas jas toa go pravam poso sum golema inaetcika i lutka) pa toa e se rofl: