Значи вака темата ја отварам за да пишуваме за тоа како ќе изгледа новата влада. Кој со кого може да коалицира, кој со кого ќе коалицира, кој ќе биде министер за финансии, кој за правда и така натаму Па феминки препуштете се на имагинацијата и слободно предвидете ја новата влада По мои претпоставки, ако новата влада ја направат Груесвки и Ахмети, не би се промениле многу работи во однос на министрите, освен тоа што мислам дека Дуи сега ќе бара поголем број министерски места, од проста причина што Груевски нема да може без нив да направи влада. И ќе добијат поголем број министерства, мислам дека во рацете на Дуи ќе падне министерството за правда, и така Маневски е веќе стар, а и најкритикуван министер. П.С можете да правите и други коалиции А еве ја и листата на освоените пратенички места ВМРО- 56 СДСМ- 42 ДУИ- 14 ДПА-8 Руфи Османи- 2 Па повелете
Еве ти радосна вест и за тебе, a и за другите од твој калибар Ако Б.Ц ги наговори дуи и дпа за коалиција, оп ете ти победа...Ништо од нашето славје
Хахахаха си станала многу духовита Инаку кои се другите од мој калибар? И каков калибар сме ние? Шала на страна, ај напиши ја твојата претпоставка за составот на Владата, да не одиме оф топик уште при првото мислење
Пред изборите секој закон донесен од вмро беше прифатен поради мнозинство вмро секој закон донесен од сдсм само ако одговара на вмро беше прифатен после изборите секој закон донесен од вмро нема да биде прифатен бидејки повеке се сдсм и остало него вмро секој закон донесен од сдсм нема да биде прифатен бидејки повеке се вмро со остало друштво крајна анализа - ке изгори парламентот
Прво не ми се допаѓа фактот што во Собрание ќе имаме 3 албански и 2 македонски партии, значи ниту Србите, Бошњаците и Ромите немаат свои представници и тука поимот демократија губи многу. Второ бидејки ниту една од овие поголеми партии нема мнозинство, Вмро ќе мора да коалицира со некоја од албанските партии, што најверојатно ќе биде Дуи. Она што ме заплашува по малце се барањата на Дуи за да коалицира Многу широки барања имаат, но ќе видиме за 18 дена каква точно ќе биде владата. А за неколку месеци како ќе функционира Собранието во ваков состав, јас искрено не гледам светла иднина за функционирање на нашево законодавно тело.
Истите услови А.А. му ги постави на Б.Ц.,меѓутоа Б.Ц. не прифати затоа што така требаше едно од клучните министерски места да му го даде на ДУИ, и уште едно на ДПА, а тоа се веќе 2 министерски места, најверојатно за одбрана, финансии или внатрешни работи. Сега А.А. ги диктира условите, а Н.Г. ќе игра така како што овој претходниот ќе свири. Тражили сте, гледајте.
Ми се темни и од двете наведени сценарија. А уште повеќе ми се темни од фактот што после ние треба да играме како што ќе ни свират
Па коалицијата во секој случај мора да се склучи за да функционираа Собранието, од моментално 122 пратеници никој нема над 61мандат што е потребно за остварување на апсолутно мнозинство (какво е потребно за донесување на закони). И целото функционирање на Собранието ќе биде преку „системот на кочници“ односно дали позиција дали опозиција ќе неможе да донесе никаков закон зашто секогаш оние од спротивната страна ќе гласаат против и на таков начин ќе се кочи работата на Собранието. Тоа би било еквивалентно на нефункционално законодавно тело, што повлекува и нефункционалност и на извршната власт односно Владата која Вмро би ја формирал. А сето ова би донело политчка криза во државата. Значи ако Б.Ц. го одбил А.А. тој имал друга опција на располагање, ај кажи ми како Груевски да конституира Влада во вакви услови ? Јас кажав дека најверојатно коалицијата ќе биде Вмро и Дуи ама условите на Дуи за влез во коалција се презахтевни но другата опција да колицира со другите две партии ќе биде 66 гласа позиција, 66 гласа опозиција и повторно се ствара тло за „систем на кочници“ вака со Дуи би биле 70 наспроти 52 и пак би можело некако да функционира Собранието.
Новата влада би била страшнооо интересна. Кога веќе ги истуркаа малите мк партии надвор од игра сега само преостанува Господ памет да им даде и на ВМРО и на СДСМ да паметно ја одиграат политиката затоа што сега албанците се во предност дебело да наплатат и да си добијат се што сакаат. А ние пак ќе се удираме во градите за нашата македонштина и ќе лупаме глава во зид како да преживееме наредните 4 год.
Секоја чест на албанците де! Знаат како треба да бараат, единствени се во тоа и добиваат само добиваат, а додека ние само губиме и губиме ... затоа што сме расцепкани . Нас не ни се тие криви сами сме криви за тоа што не можеме да се издигнеме туку само пропаѓаме.
ДУИ тешко дека ќе коалицира со ВМРО после документите од Викиликс за наш Грујо. Можно е обединување на ДУИ и ДПА,па и да го приберат и Руфи и да коалицираат со СДСМ ако најдат заеднички јазик.Според уставот по 100 дена неможност да оформат влада со доволен број пратеници ВМРО ќе мора да го вратат мандатот и власта да ја превземе втората по ред партија со најголем број гласови т.е СДСМ и ќе биде Грујо џабе тулумот!
Не верувам дека ДУИ ќе сака да коалицира со другите Албански партии, не им е во прилог ама доколку се случи такво нешто ќе бидат важен одлучувачки фактор во собрание кое ќе бира во носењето на закони дали ќе ги поддржи ВМРО или СДСМ. Тоа е...
Од ДУИ веќе изјавија дека нема да коалицираат со друга албанска партија, рекоа нема потреба од тоа.. на А1 мислам дека го кажаа.
Знаете што? Што има сега СДСМ да се меша, луѓето си ги одбраа ВМРО, нека им е, нек си праат коалиции и исполнуваат услови, и јас да сум на местото на Бранко не би правела коалиции, кога така си одбраа, нека пропаднатат сега скроз, баш баш ич не ме интерерсира, е така кога ќе дојде ред да учиме албански јазик, претседател на собрание албанец, министер албанец, е тогаш ќе се чукне народов по глава, што си посеал, тоа ќе жнееш. А да не збориме дека нема пари во буџетот, и кредитите се веќе истрошени, па нема плати, работни места ќе се губат, жало е ова што ја очекува Македонија, јас веќе изгубив надеж во државава.
Проблемот е што пропорционалниот изборен модел и Донтовата формула ги збриша малите партии. За да некоја мала партија има барем еден пратеник требаше во некоја изборна единица да има најмалку 8.500 гласа, а повеќето од нив имаа по околу 10.000 - 20.000 гласа на ниво на Македонија, значи во сите изборни единици заедно. Така да, лоша е ситуацијата, во парламентот ќе има само две македонски партии(коалиции) кои буквално ќе зависат од албанскиот политички блок. Ама тоа е, самите ние си гласавме и еве што изгласавме.
Се зависи од јужниве што ќе прават следниве неколку недели . Ако се ниша столицата на Грчката владеачка партија и се заканува анархија ќе се случи следново: Долетува мистериозно некој европски функционер кај Албанскиве лидери плус опозицијата па после кај владата. Името се мењава дали преку референдум или со согласност на владата не е важно. Грчките политичари добиваат бонбонче со кое можат да се фалат колку рајава да не ги задави нивна со голи раце. Пада влада во рок од 3 месеца откако се што е екстремна патриотска десница им се нацрта пред собрание и буквално бара крв . Избори. Доколку на Јужниве не им се заканува сериозна криза сем стандардни протести на кои палат по некој цајкан . Вака ќе иде работата . Дуи ќе бара практично невозможни барање кои ВМРО сместа ќе ги исполни само фотелја да задржи. Банкрот и пукање на недвижниот меур во Скопје . Бездомништво. Безработница . Конвои на бегалци кон или Бугарија или Албанија . Бес ( веќе го има) Протести , може да дојде до некој ќотек. Пада влада по 1-2 години. Избори
^^ Како и да ја вртиш работава пак идеме на избори!!! Леле што убаво,па ние вишок пари имаме таман за уште некоја чкарт изборна кампања. И пак да има избори пак ќе биде исто.На овој народ не му доаѓа памет.Треба да го оставиш да пати за леб!
Боа, те прашав и во друга тема ама ќе прашам и тука. Има шанса ако не се формира влада во рок од 90 дена да се прегласува или бладам?