1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како би изгледала новата Влада?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 7 јуни 2011.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Во 91 на тогашните први избори имало слична ситуација односно никој од партиите што влегле во Собранието немала мнозинство, за разлика од тогаш кога немало закон и се формирала експертска влада.

    Денес според законот доколку Вмро во рок од 20 дена од завршувањето на изборите не поднесе предлог за конституирање и состав на Влада до Претседателот на државата, правото да оформи Влада го добива втората партија по ред која освоила најголем број гласови што во случајов е Сдсм. Доколку и оваа партија не успеее да конститура Влада во рок од 20 дена се формира експертска Влада која ќе работи одреден временски период односно додека се организираат следни нови избори.

    Прашањето не беше до мене упатено но јас одговорив, се надевам Боа нема да се налути :)
     
    На BoaVista и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Па ако дојде до тоа СДСМ да формира влада - пак исто, нема спас од ДУИ и нивните астрономски барања
     
  3. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    А ти Скорпионка ти од кој калибар си??? :D :D
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Баш сакам Груевски како знае и умее да основа влада, а СДСМ нека си стојат на страна.Да видат ВМРО и оние што ги гласаа што ги снашло, а ние и онака ќе си трпиме.
     
    На Masnoli01, FBI и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ма нека пукнат душманите и сите ВМРО-вци нека изгорат, да видат како се пече у пеколот :wasntme:
    Нека они ги исполнат барањата на ДУИ, да видат они како е :fubar:
    После, сите до еден јавно на плоштад, да им се видат суратите да може еден по еден сите што сме гласале за други партии да ги плукнеме „пу нека ви е, убаво ви направија“.
    Предавници!
    Ние и вака и така ќе си трпиме :worried:
     
    На Masnoli01 и najubava2010 им се допаѓа ова.
  6. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Мислам дека единствена опција која им е прифатлива на партииве е
    ВМРО-ДУИ
    Од проста причина што Дуи ќе си добие што си сака,а Вмро не би баш да им ја препушти власта на СДСМ ,па така ќе ги исполни сите нивни барања,со тоа и го добива потребното мнозинство.

    Од друга страна Дуи да се одлучеше да коалицира со СДСМ ,ќе мораше во својата коалиција да ги прифати и ДПА за да го обезбедат потребното мнозинство,и со тоа тие не би биле единствена албанска партија во власта,што секако не им одговара бидејќи некои од своите поволности ќе мора да им бидат поделени со ДПА.
    Затоа на ДУИ му е во интерес првата опција.

    Партиите нормално ќе направат така како што им е во најголем НИВНИ интерес.А народот е тој што ќе остане да ги трпи последиците.Какви такви ,сами сме ги определиле :)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Претседателот на Собранието од претходниот состав закажува конститутивна седница на Собранието најдоцна 20 дена по завршување на изборите. Доколку не биде закажана конститутивна седница во законскиот рок пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21 ден од изборите.
    Претседателот на државата во рок од 10 дена од конституирање на Собранието мандатот за состав а Влада го доделува на партијата или партиите кои имаа мнозинство пратенички места (61). Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверување на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предложува составот на Владата. Во рок од 15 дена од приемот на овој предлог за состав на Влада и програмата Претседателот на Собранието свикува седница за формирање на Влада. Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
    Значи Собранието би требало да се конституира до 26-ти најдоцна 27-јуни а новата Влада да се формира најкасно до 11-ти август,ако биде се во ред.

    Допрва ќе гледаме циркуси.

    Криви се и сдсм и вмро и обединети и достоинство и кои уште не. Гледате албанциве како мирно си прифатија што едните имаа повеќе гласови? Си имале договор дека и вака и така ќе бидат застапени во собрание и сите они ќе не условуваат така што тие нивни заеднички интереси пак ќе преовладуваат и ќе се исполнат. И да дојдеше сдсм на власт исто ќе беше како сега вмро, во тој случај сдсм ќе требаше да коалицира со албанците, да не им се спротивставеа случајно?
    Со овие предвремени избори сите македонски партии изгубија многу. А кој ги бараше? Ако бараме виновник треба да се потсетиме кој бараше предвремени избори. Сега веќе нема назад.
    Со овие предвремени избори, со било која од двете големи македонски партии, Македонија губи и ќе губи. Затоа што не бевме сложни како народ, во предизборие ќе се изедеа живи а албанските партии не правеа такви циркуси. Зошто? Па не се глупи, тие добиваат. Секоја помала партија сама за себе и на крај ништо. Сега нека си ја погазат гордоста и нека коалицираат македонските партии меѓу себе дури и спој вмро-сдсм. Ако тие се од кај македонскиот народ треба да имаат заеднички цели. Ако треба и нека крадат само нека не не оставаат на албанците.
    Србија го изгуби Косово но ние ја губиме цела држава!
    И доста со тоа партиско етикетирање, нели гледате дека на било кој начин ние губиме албанците добиваат и тоа по вина на двете најголеми политички партии "на македонците".
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Јас пак одговорив во другата тема :lol: Сега ги видов прашањата од ФБИ ;)
    Море луѓе вие многу рано сте станале :lol:
    Инаку еве го мојот одговор :)
     
  9. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Скорпионка е ВМРО ДПМНЕ ДПМНЕ ДПМНЕ........шала малце се надевам нема да ме сфати погрешно ова е зезање ништо лично ништо идиотско. ;) :D
    Се надевам не се лутиш.

    Владата ќе биде циркуз Медрано, парламентот ни е на пониско ниво на комуникација од грдинка, ние македонциве сите сме споменици напраени од проектон " Скопје 2014 " во 2011 Албанците си се единствени затоа си успеваат и им честитам за тоа и нема лутиш кога ние сме шугави место рака да си подадеме гледаме очите да си ги извадиме ( ова не било до сега- ТОЛКАВА ОМРАЗА НА ПАРТИСКА ОСНОВА) и додека нашиве да се свестат отиде Македонија у амбис.
    Владава вози упорно во рикверц а народов му се радува на некој Воин на коњ- Александар Македонси наводно, и плаче таму на плоштад пред камери со изјави дека денот ко го поставиле Воинот им бил исто толку среќен кога денот кога им се родиле децата ( ова е загрижувачко и тоа многу) без во истиот момент да им текне дека децата ги напуштиле и заминале во странство затоа што тука премногу печалеле и работеле па отишле да одморат у странство помалце работа имало, дека децата им се невработени дека поисплатливо во Мкд е да умриш него да се лечиш скраја да е ама така е здраството е у кома буџетот празен..... ( Бог да чува ).. Ете така- Албанците ќе профитираат, ние ќе изгубиме и на крај ко ќе видиш подобро да си малцинство во Македонија него од мнозинството...права колку сакаш повеќе а ние изгледа пошто сме мнозинство ( на македонците главно мислам ) ќе не ставаат у затвор еден по еден ваљда оти сме одвишок некако а....?!
    Ете видовте и само што ДУИ доби, и знаеме сите што уште ќе добие а овие 5 години правеа споменици од се и сешто па сега во 4 години не очекувајте дека ќе решат нешто. Ќе ни стигнат поздрави и честитки од ММФ за парите што ни ги дадоа т.е. што му ја финансираа кампањата на ДПМНЕ и кога ќе рипнат тоа цените, тоа сметките верувајте сите еден по еден ќе чекаме ред да ни напраат постамент на плоштад и боље ќе ни е таму оти ќе немаме сол во очи да си фрлиме.
    И ќе падне владата за 2 год максимум пошто ќе има немири ако овие продолжат по ист курс..а гледаме дека продолжуваат дури и во полоша насока како што кажав во друга тема Ѓорчев ни кажа на сите вчера фино лепо од говорница....и само еден Господ да не чува и да ни даде сила да издржиме.
    Ете што мислам и што очекувам.
     
    На JuLleE и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Имајќи ја во предвид моменталната ситуација, посебно кога се знаат конечните резултати од изборите би можела да констатирам дека Македонија ќе потоне во длабока политичка криза...Не би нагодувала кој на кое министерско место ќе биде и сл. , но слободно можам да кажам дека кога опозицијата на чело со СДСМ(кои имаа 18 мислам пратеници претходно), им правеа хаос во владата на Пајо паторот( и со право :!: ), а сега имаат 42 пратеника што е голем успех и потврда дека народот е огорчен од ваквата смрдлива вмровска политика...Е сега Пајо паторот нека се запраша два пати дали ќе успева да пали и гаси во земјава, пошто до сега тоа добро му идеше...Помина тоа време..Може да продолжи да ги стриже вмровските овци, но од самата помисла на Бране ќе има ноќна мора и ќе мокри во кревет...Тоа е факт и точка...Во однос на албанскиов блок, искрено немам баши некои цврсти аргументи за да изнесам, али Ахмети дефинитивно ќе ја искористи оваа невидена до сега политичка разединетост и омраза меѓу народот за остварување на своите амбиции...Мислам дека албанците дебело ќе се офајдат во ситуацијава,а Пајо ќе продужи да им пере мозок на народот дека ја извлекува Македонија од длабоката транзициона бездна, во која ја турнал Бране, а меѓувремено ќе ги полни сметките во приватни странски банки, ќе си присоединува за себе и фамилијата недвижен имот кој вреди милиони и ќе живеат ко богови,а жртвите на транзицијата нека му се клањаат на митинзи и нека го пцујат Бране...Треба дефинитивно некој да им стави во глава дека транзицијата беше неминовен процес, кој се деси насекаде, а не само кај нас...Начинот на кој беше спроведена беше горе-доле еднаков со тој во останатите балкански земји...
     
    На Masnoli01, SunFlower94, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Тоа зависи од модниот креатор но и буџетот за моден дизајн, но и од волјата на народот дали сака набилдани, нашминкани, парфемисани или само со дезодоранс, може и гелче малце...