Мора да признам, ме импресиониравте со креативноста на реакциите! Еве плус едно сценарио: Се расправате, па како можеше... ама ти беше прв, не туку ти беше прва... се разведувате и по некое време повторно комуницирате со вашата дигитална верзија, се обновува љубовта во таа „онлајн личност“, сфаќате што е тоа што ви недостигало во реалноста, нешто што можеби сте го поттиснувале, маскирале, или сте се плашеле дека ќе има лошо дејство во бракот... па повторно се гледате, но не се ословувате себе си со реалните имиња т.е. не го именуваш со името на оној со кого си се развела, туку со псевдонимот под кој сте се запознале на онлајн платформата, и по некое време повторно влегувате во брак со онлајн личноста во која повторно сте се вљубиле @2709 да не ти текнува како се вика тој бугарски филм? Баш би сакал да го ѕирнам. @Acronia
Ако ми фали нешто ново во врската/ бракот, ќе си разговарам за тоа со муж/ дечко ми и истото тоа ќе си го остварам со него. Нема што јас од нигде никаде да ми текнува да зпознавам нов "пријател" на форуми, апликации. Кога би направила нов акаунт муж ми ќе знае. Ако ми пише некој ќе му кажам на муж ми и после нецели 2ипол мин ќе јаде блок.
Не би ми било смешно.. очигледно и двајцата сме спремни да си одиме зад грб.. ама интересна ситуација. Може потребна е комуникација? Би дала месец два, ако нема промена би раскинала
Очекуваното на почетокот е тоа дека требало да се видам со друг, штом не го добивам тоа што сум очекувала, заминувам. Тој уствари не е ни битен во ситуацијава, да беше битен немаше да се договарам да се гледам со друг. Мислам дека би била изненадена од случајноста и би зборувала дека е најдобро да се разделиме. Не би ме интересирало ништо друго, ни како дошло до тоа според него. Крајот се гледа уште на почетокот во случајов.
Ова, од збор до збор. Можеби таквата ситуација би дошла како порачана, за да не се лажеме заемно понатаму.
Веројатноста да не го познаам маж ми по шеги , вицеви и други ситници е скоро нула.Уште одма ќе знам дека е он .Ако не го познаам, мислам дека првиот дејт сигуно не би ми бил во хотелска соба. А ако е во кафич или слично и го сретнам мм ќе биде помалку напнато од хотелската соба, ама пак ќе ми биде глупо дека е он.Ќе се чуствувавам како изневерено и додека седам и чекам пијачка ќе мислам како да ја средиме ситуацијата.Зошто сме дошле до тука и кај ни е грешката? Ако има љубов ќе ја разгориме, ако не ќе одиме на развод.
Prvo ke bidam sigurna so fakti deka me izneveruva. Vtoro ke razgovaram so nego.Ako prodolzi da laze I pokraj faktite vednas ke si otidam.Ako e iskren I razgovaravme Kako lugje I vidime kade greshime, pravejki napori da opstane vrskata ke vidam Kako ke se tera ponatamu. Kontinuirano neverstvo Ili ako e vljuben vo druga se podrazbira deka nema logika ni da se zboruva.Sekoj na svoja strana. Izgovori od tipot pijan bev, Ili ne mozev da izdrzam Ili me napali ne priznavam. Ednostavno koga nesto se skrshi I nema zelba za popravanje, togash najdobro e razdelba.
gluposti vo denesno vreme vakva situacija ni na 5 godisno dete ne bi se slucila ne pa mene prvo koj normalen bi otisol na sredba na slepo a da ne vidi ni edna slika ,za video cat pr viber i da ne spomnuvam, ke mi ide muabet so nekoj, i ke prodolzam da kucam jas poraki a da ne znam so koj? i vtoro sredba direktbo u hotelska soba 'na slepo' ? vakva situacija ne moze da se sluci osven ako ne se izmisli , taka da nema sto da reagiram
Nedorazbiranje.Nigde ne spomnav dejt.Nitu sum negde otishla. Pocetokot I imaginatnata situacija ne ja prochitav.Mislam deka e premnogu imaginarna za da bide vistinita.
Јас позитивно би реагирала во ситуацијава. Би го гледала тоа како ѕвездите да пробуваат пак да не спојат. И двајцата сме мислеле дека сме нашле нешто подобро, но пак сме се нашле меѓусебно. Само треба да се разгори огнот за да сме среќни у таа врска. Ама јас романтичар сум.
И мене ми текна прво на ова и истото сакав да го напишам ама луѓето не се исти во живо и на социјалните мрежи, особено на почетокот гледаме да ги прикажеме само најдобрите особини.
Ептен бујна имагинација имаш @EvAngelos Јас што би направила.. Ќе се закопам у земја и сама ќе раскинам