Ако има ваква тема , слободно заклучете ја или пак ако не одговара за ова насока преместете ја Е сега јас постојано го менувам како е запишан , се едно исто некако досадно ми станува.Сега ми е пишан My baby. На вас девојки?
Со името. Глупо ми е имиња такви, па уште и кога ми ѕвони и некој случајно кога ќе види, комедии. Или пак јас кога ѕвонам. Многу многу ние не се лигавиме. Освен кога сме сами. Не глумиме лудило пред народ и за народ. Вака најдобро е, според мене.
Мене сите во именик ми се под име и презиме освен мајка ми и баба ми, а и дедо ми би се приклучил кога ќе си купи мобилен. Никогаш не сум сакала да запишувам некој во телефон како срцка, мрцка... или па по прекари, пример Алекс од Александра или Мони од Моника. Строго формално кај мене. :geek:
Бившиот ми беше потпишан со името и првата буква од презимето. И мене ми е глупаво да го потпишувам со некои прекари, се знае кои сме. Иако тој на зафрканција на неколку дена ме имаше потпишано со еден чуден и долг прекар, измислица на една другарка.
Прво ми беше запишан со име ама кога виде се налути зашто така бил напишан, па не бил он било кој и од тогаш ми е запишан како hanicko <3
Со името, и тоа со македонски фонт, строго формално, ах и <3 до него. Многу ми е лејм Сонцето, Миличко, Бебето ... Па не за џабе му дале убаво име, за да луѓето го именуваат по него.
името негово и толку од почеток ми е така од ко се запознавме значи ко незнаев дека ке има нешто а глупо ми е некако да го сменувам.
Ахахха јака е темава Па на почетокот беше само името,па Срценцето па скратена верзија од неговото име ,а сега е Душлето ,а и така го викам секогаш,многу ретко на име,а и тој мене
Променлива работа. На почетокот кога ми стануваше мил го имав пишано срце, потоа кога ме налути го пишав со неубав збор за кога ќе ми ѕвони да ме потсети, па еднаш кога ме лажеше од друг број дека зборам со друг го пишав како лажго, и потоа друг пат го снимив повторно под друго име, и стварно ме испобуни. Птоа го ставив со име, и работата скратено, пошто знам мн со неговото име, и сега на крај ми е пишан како Брат ми