А ако на пример побараш број од некое девојче што не го знаеш толку добро за некоја услуга или било што друго,ќе ја прашаш како се презива? Инаку моментално не ми е запишан во телефон!
А што има лошо во тоа да се побара презиме за да запишеш број?Ете јас прашувам,постојано. Дечко ми ми беше запишан со име и презиме речиси две години кога се запознавме така го запишав и не го променив се до пред некој месец.Сега само името му стои.
Што знам,мене ми е глупо со презиме да ги запишувам.Посебно некој што не го познавам толку добро да го прашам како се презива.Ама океј,секој со свој памет
Да, да! Посебно тие што не ги знам подобро ги прашувам како се презиваат. Пример, се вика Марија. И јас имам 12 Марии во телефон... Нема да смислувам прекари за сите тие Марии - Марија клас, Марија од факултет, Марија комшика од карши, Марија на Трајко и на Петко. Нит е срамота нит па мене ќе ми биде незгодно ако мене некој ме праша за презиме. А паметот е тука и мрда , фала на питанце, и извињење на офтопик!
Едниот број е потпишам Маж ми, уште кога бевме другари, со кладбата. Па така и остана, другиот број со тек на време си го пишав срце.
По презиме. Од почетокот на нашето познанство, се’ до сега. Се смееме, зошто и јас нему сум му по презиме. Ко некои генерали да сме си. Ама што знам, забавно е
По име, и тоа уште од почетокот на врската па се’ до сега Немам намера да го променам тоа, никогаш не би го запишала како „срценце“, „сонцушко“, „бебушко“ и сл. Такви епитети му дарувам во живо
Zavisno od raspolozenie taka mi e i zapisan go menuvam cesto........... sega mi je zapisan TORKO TORKOSAN zatova so se ispokaravne neso vcera
Кратко и јасно името негово и еден .А на почетокот кога ми го даде бројот го потпишав . ( точка,со знак.) А инаку сите останати ми се потпишани,со име презиме.
*името*. Има ѕвездички на почетокот и крајот за да ми се појавува прв во именикот и кога пракам порака да не морам да го барам. Никогаш нема да го потпишам со било каков епитет, премногу ми е глупо. Мада и во живо многу многу ретко да му кажам некој лигавешки збор.