Името нагалено. Интересно е што пред некое време го сменив, откако моите "легнаа на брашното" и сфатија дека тинејџерските години се зад нас и нема да мора да се криеме веќе. Ми беше потпишан рандом женско име, демек другарката ми ѕвони.
Верувам дека сум доста постара од тебе, но од сам почеток на врска го имав запишано како ,,Најубав". До ден денес за мене е најубав, а веќе сме во брак. Несакајќи, кога ми ѕвонеше, видеа трети лица, ми се згазија од смеење, као демек, тазе сте, за некоја година, ќе го пишеш ,,овој". Од оваа перспектива, јас на нив им се смеам, што така си ги гледаат партнерите. И никогаш нема да го сменам, затоа што бил, е, и ќе остане најубав за мене.