Сериозни сте со ова дека во именик имате запишувано Имиња и Презимиња? Горанчо Михајловски а тоа брат ви Милица Стојковска а тоа комшиката Милутин Георгиевски а тоа татко ви?
Да, имам со име и презиме, поготово имиња ко Марија, Јована, Ангела, коа секоја втора-трета така се вика, некогаш дури и запишувам и податок плус од кај ги знам, ми се има десено две Марија да знам со исто име и презиме... Па едната ми е Марија и презимето - факс, другата Марија и презимето - населба. Ако имаат уникатно презиме и по презиме ги запишувам само. На темава, не знам дали имам пишано ама веќе кога пишав... Запишан ми е со името негово и со некое емотиконче. Имам и слика т.е заедничко селфи, додуша со сите блиски имам така коа ми ѕвонат.
Порано едно време ми беше со име и презиме и 1 , 2 .. ( ова додека бевме во врска , па ми ѕвонеше од повеќе броеви , па морав да го запишам на секој број различно ) , сега само по име . Што знам , скоро сите во именик ми се по име , на пример мајка ми е Марче .
А што е тука лошо? Најблиските ми се само со име- мајка ми, татко ми, брат ми и баба и дедо Останатите, вклучувајќи и дечко ми ми се со име и презиме и така ми е најорганизирано. Така го запишав него пред да сме заедно и така ми остана. Прелигави ми се називи од типот: Души4ката, Златото мое, Љубовта, Срценце, Мое сонце, Злати4 итн. Од самата помисла ми се грози. Не го викам така ни во реален живот, а не па да ми ѕвони така. Едино можам понатаму само со име да го запишам.
До скоро ми беше Ljubov, а пред тоа и други слични надимки. Пред неколку дена го потпишав на име бидејќи му бев љута (често е каравме) и примеќам последниве денови се немаме ич скарано. Инаку тој ме има потпишано крофна со некои смајлина, а се викаме најчесто душо.
Nikogash nema da go potoisham Dusha, srce, ljubov, sakan...... Samo ime i edno srcence do imeto za da ne gi izmesham bidejki imam drugar so isto ime. I taka se vikame na ime, ne se ligavime kako srednoshkolci