Името +ЧЕ <3 Прво ми беше запишан Мaloto <3 Пошто така се викавме, но мислам дека тоа ептен лигаво делуваше и го сменив
И јас го праев истово кога бев во врска. Од сонце, срце, душиче... го менував во идиот, копиле, небитен, дебил... зависно од тоа колку сме се испукале. Сега ми е запишан само со неговото име... цело име... ми помина ќефот за сонце, срце... иако така си го викам.. ама на телефон ми е само името запишано.
На почеток не ми беше запишан никако само бројот...Но ми се налути и сега ми е запишан Срценце а ја на него Срцка хахха Да се зае кој му ѕвони.. DDD
Едно време ми беше запишан како "ТЕ САКАМ" и тој мене ме имаше така запишано. Сега во именикот ми стои презимето негово. Има убаво презиме!
Порано секогаш го менував - срцето, срценцето, љубави моја, душата,сонцето, милото... а сега ми е БатичкоОо... и така ми остана долго време и уште ми е така и највеќе ми се свиѓа