Па и немам време за вести ама изгледа вие само Заев го слушате ...па ништо според вас не чии во Македонија...
Oд oние шo се врaбoтувaa пo 600 луѓе дневнo, не се зaебaвaј Стaви aнкетa дa видиш декa 80-20 ќе биде декa се oвa е безвезе. Ствaрнo дa пoчне дa се грижи зa млaдите и дa врaбoтувa ќе биде дoбрo, мaкaр билo пред избoри.
Дали нешто чини или не се гледа по луѓето. Ако било толку убаво нема сите да се иселуваат од тука. А единствено кого слушам и чие мислење почитувам е на моите најблиски. А ако ти си задоволен од некој биди, никој не ти брани. Можеби и мораш да фалиш некој ама тоа е. Немам време да се објаснувам.
Адоки не е дека сме за заев и јас реков ни тој ни тој, ама знаеш кој стрес е да не ти го примат детето на боница со толкава темература, па недај боже можеше да умре, и останаа на тоа, што беше уште потраѓично, не го примија, морав дома како знаам и умеам да му симнувам температура, па добро бре зошто сум јас граѓанин во оваа земја, за кој придобвка, ни е здраство, ни е школо, ни е факултет. Жално е тоа за сите нас кои живееме овде. А мене ме интересира дали ти имаш поднесено за овие поволности од државата и дали имаш одобрено било што.
Меркиве се океј на хартија. Мислам сем безплатен превоз се друго изгледа дека ќе биди - за останатите, а не за социјалните случаи и на тие на кои највеќе им треба, да бидиме реални а не само да си ја браниме страната која ја застапуваме. Мене лично, со никакви предизборни мерки Груевски нема да ме натера да гласам за него, а и голем дел од луѓето кои ги познавам. Една добра работа неможи да исправи илјада лоши. Ако сака да ги задржи младите нека го смени образованието, за почеток и сите „прекрасни“ реформи кои беа извршени таму.
Ако ме прашаш и јас не сум задоволен. Само за разлика од моето време кога јас бев помлад мислам дека сега има подобри услови до некаде. Прво јас додека студирав или мораше да платам Билет за на факултет или да идам На ШВЕРЦ се надевам знаеш што е тоа нели.. а когаќе дојдеше контрола од ЈСП требаше дваа саата да се карам со нив за казна да сум плател !!!!!! И да не зборам многу тоа е доволно
Од меркиве за младите мене ми се допадна она за купување на куќа и стан ако сакаш да ја градиш иднината на тоа место одлични се поволностите. Исто една од мерките коа ми се допаѓа а многу студенти гледам ја злоупотребуваат тоа е бесплатниот превоз со ЈСП. Ова мерка супер ама неможе ни да се замисли какви злоупотреби има од страна на студентите и тоа е крајно лошо и се докажува уште еднаш колку имаме расипани умови.
Што да ви се допаднало кратко ќе трае, пошто после избори ништо нема да важи од тоа само сега за да ве залажат е тоа, после пак на пензионерите ќе им даде дупло повеќе а младите нека се санјдат па нека живеат... Секако ако победат...
Единствено добро што може Груевски да им го направи на младите е да им овозможи БЕЗ ПАРТИСКА КНИШКА и БЕЗ УЦЕНИ секој со своето образование да може да се вработи и да зема некоја НОРМАЛНА плата за да може да се преживее, а не плата од 8000 денари, со таа плата што побрзо, дали да платиш превоз од дома до работа и назад или да си купиш храна да јадеш на работа и што ќе остане за нешто друго, а дури и за таа мизерна плата од 8000 денари ти треба партиска книшка и секојдневно да работиш под притисоци и уцени. Епа затоа си одат младите од државата, бидејќи на младите им требаат пари да можат еден нормален живот да живеат, не им требаат овие мизерни проекти.
Драги пријатели и феминки јас сметам дека во Македонија нешто штом почне да оди на Арно "изгледа дека нема да биде на арно " Бидејќи се некој се труди да предизвика некаква криза дали таа е безбедносна или пак истата е политичка ..Јас сваќам дека не е убаво цело време да си во опозиција , ама за да дојдеш на власт треба газето малку да го запотиш.. а не цело време да се обидуваш да направиш некој конфликт кој и оди во лош прилог на државава. Сметам дека ако Сдсм беше сериозна партија Вмро ќе работеше уште по сериозно бидејќи без Јака опозиција нема Јака власт ..а они цело време опструираат , бојкотираат , одиме на избори не одиме , ова она и затоа и ВМРО виде со каква опозиција си има работа и така и се однесува.. А згора на тоа они на ВМРО не ги оставија да дотераат еден цел Мандат од 4 години па да ги видеме како работаат во цел мандат и тогаш да оцениме дали заслужуваат да им се даде доверба или не...Има уште многу да се збори али тоа е тоа ...Секој 2 год. Имаме избори а тоа се огромна сума на пари потрошени за Атар на едните или другите !
дечкооо јас незнам во кој свет живееш , мислиш со овие проекти за леки и диоптрии и незнам ти што , ке речиме Збогум сиромаштијоооо??? ние со вакви незнам ни како да ги наречам проекти ние само ке кажеме Збогум Македонијооо!
Ти кажав Анаконда има можеби на некој што овие проекти ќе им дојдат како кец на десетка а ..Ти ако мислиш дека живееш во Швајцарија треба да се разбудиш од тој сон бидејќи Македонија е ваква каква што е Благодарение на Катастрофалната транзиција која траеше до 2006 год кога се продаде се што можеше да де продаде и кога се избркаа 300 000 работници ... Можеби ти си мала не се сеќаваш на тој период кога Луѓето со солзи во очите оќореа плачејќи за корка леб ..Ама За Жал на никој не му текнува на таа катастрофална политика до 2006 Без оглед кој беше на Власт ... и затоа сега за да не оќорат Луѓето има некој кој се грижи за нив !
Ај кажи ми кој тебе те уценил за да се вработеш.! Сигурно ти си отишла во некој Комитет На Вмро и сама си побарала работа , ама знам што ти рекле дека ќе треба малку да се заслужи тоа и во право биле ..кај и да одеш тоа не ти бега или на Бихачка исто и таму ќе те снајде така да избери сама не си мала ?
За кој дел биле во право...? Дека треба плакати да се лепат, брошури да се делат, да се шири пропаганда за 150 евра плата? Да се мрзни на митинзи такозвани антипротести со сендвиче и сокче? Дека не е битна дипломата туку лојалноста кон неговото височество? Ај да не си играме мајтап знајме каква е реалноста ама и знајме каква треба да биди и реално сме многу далеку од тоа што треба да биди.
јас само очекував подобра иднина во мојата земја , но тоа не се случи! што било порано мене не ме интересира , ме интересира иднината !
Јас мислам дека сите треба да сватиме и да бидеме објективни во каква држава живееме и со Балкански менталитет .. Не ги бранам Вмро ама да ти кажа 100 пати се подобри од Сдсм кои не се достапни за обичниот граѓанин .нема шанси да дојдеш во контакт со претседател на Општински комитет на сдсм а не да дојдеш во контакт со Министер или Премиер нивни тоа само на сон А дека сите сакаме да ни е подобро тоа е повеќе од јасно ...
@ADOKI oти упoрнo ги спoмнувaш вмрo и сдсм? Тoa кoгa биле сдсм билo и пoминaлo, сегa вмрo се нa влaст, oни се oдгoвoрни зa ситуaцијaтa. Штo ни е нa нaс млaдите битнo кaкo билo кoгa биле сдсм или билo кoи други нa влaст пoрaнo? Битнo е сегa кaкo ни е, a не дa се тешиме декa кoгa билo сдсм билo пoлoшo.
Ц. Загрев. Жити форумов ни беше рајат малце и тука најдовте да проповедате. Оди бре таму седи мирен лепи плакати. 200 млади останавме во цела Битола какви мерки какви бакрачи. Не сме ни слепи ни будали. Да ти е страв в болница да влезиш како говеда на колење одиме. Нека почнат од здравството па ќе му признаам мерки.