Со проектите за леќи и диоптрија ќе им овозможи "поизострен вид" за подобро да ги гледаат благодетите што им ги овозможува како пакет-мерки за младите затоа што се најизвикана категорија за манипулирање, а всушност оставена на маргините на општеството. Со старата диоптрија можеби ќе ја пропуштат позитивната страна на некоја нова топ- поволност произлезена од придобивките на "генијалниот ум." До изборите секаква глупост е во игра, па можеби ќе пушти бесплатен превоз со кајак низ Вардар. Уште тие убавини не сме ги доживеале, а богами и допреле.
Абе треба многу штрафови да ти фалат во глава за да измислуваш од голема, поголема глупост секој нареден ден. Не знам стварно...Леќи и очни помагала за млади и студенти, wow. Мене би ми било срам ова да го изустам пред неколку другарки, а не пред скоро 2мил. народ па и горда да бидам на истото како мерка превземена за младите. Ама што знам, па од друга страна кога ќе размислиш, ова е "сериозна" држава и со оглед на сериозната конкуренција на јаки фирми на пазарот на трудот, си треба здраво учење и дипломи врз дипломи кои би предизвикале не еден, ами три пара леќи да си стави човек во исто време. Плус, сега па образованието ни е во најтоп форма од кога јас знам за себе и тоа е дополнителен момент кој придонесува загрозување на видот кај младите. Да не се залажуваме, се работи за мултипл избор форма на прашања, составени од 30тина страни материјал... Епа ај после не аплаудирај на новава мерка бе. Само ако си будала... Знаењето е сила, знаењето е моќ кампања = нова мерка за младите - очни помагала. И да не заборавам, секоја диплома, сертификат, надоградба, се ценети та преценети, па ќе си учиме, ќе си имаме јако платиче и позиција, унапредувања, бонуси, а - у, ииии бесплатни леќи и наочари. Оууу јеааа!
Па да во право се со меркава за леќи зашто сме слепи не гледаме дека државава ни пропаѓа работиме за 200евра и плата касни 2 месеци.... Абе кога ќе прогледаме и ќе почнеме да се буниме не сите не замолчуваат не заплашуваат не направија слепи при очи затоа сега леќи ни даваат да видиме подобро дека студентите немаат услови за учење дека предавалните им се како фрижидер дека покривите прокиснале дека во средните училишта децата немаат услови за хигиена немаат асални тоалети немаат доволно книги немаат доволно стручен кадар и дека има такви што предаваат со партиска книшка а не знаат да отворат уста без да прочитаат срамота срамота и за двете партии место заедно да пробат да ја извадат државата од калта они меѓу себе ќе си извадат очи за кој повеќе да граба државава ни пропаѓа од тоа што место да се соединат они направија старите со пензии да ги хранат младите а младите со нивните леќи да бараат начин да избегаат......!!!!!!
Актуелните и идните мерки наменети за младите заслужуваат голем поздрав. Намената им е за младите воопшто, а не само за младите членови на ДПМНЕ, па не знам од каде толку негодувања кон се што оваа влада превзема во врска со подобрување на условите на младите. Пробав да креирам сопствено образложение зашто е тоа така. Само човек што никогаш во животот не спортува/л може да плука по фудбалски терени по врвни стандарди и спортски сали и останати терени (баскет, тенис, базени) со сите услови, а наменети токму за младите. Само човек што никогаш не стапнал во читална или библиотека од било кој тип може да плука по проектот со илјадниците преведени светски наслови стручна литература и по отворените нови читални. Исто и со бесплатниот влез во театрите. Веќе се користат бенефитите од бесплатниот превоз, но и понатаму се плука, затоа што последниве години никогаш не е почувствувано како изгледа родителот секој месец да планира и одвојува од платата за слободни месечни карти. Особено семејствата во кои одеднаш имало повеќе средношколци знаат како изгледаше тоа. Вреди ли да се плука мерката за бесплатни услуги за бремените жени и идни мајки, категорија која ги опфаќа токму младите жени? Вреди, ако плаќањето не е осетено на своја кожа. Мерката 10.000 евра за млади земјоделци е идеална поддршка за оној кој не се жали постојано како во државава немало работа и навистина сака да работи. Читај: „навистина сака да работи“. И да заработи. Познавам неколку случаи на вака реализирани бизнис идеи кои нема причина да не бидат успешни. Значи по оваа мерка може да плука само мрза. На предностите околу проектите за купување куќа или стан за млади, рамнодушна може да остане само комплетно нереализирана личност или личност што настојува тоа да бидне. Компјутерите и таблетите за без пари кому му се лоша идеја? Не видовме никој да ги врати ваучерите. Па и помошта околу оптичките помагала иако толку исмејувана некому ќе е добредојдена. Во иднина би требало и мерка која ги опфаќа и стоматолошките услуги и сл. Има уште еден куп други мерки, за кои што и да би напишал би се однесувало како она погоре. Да сумирам, мерките им пречат на оние што се или претендираат да станат физички па и ментално закржлавени, неписмени, неинформирани, на поширок план нереализирани, мрзи, легачи... евентуално закоравени СДСМ-овци. Јасно е дека во некои од мерките, помалку или повеќе, има и доза на популизам. Но работата е што голем дел од меркиве се докажаа или се докажуваат на дело и на терен со успех и не постои простор за оспорување на нивните ефекти.
Јас сум стварно задоволна и топ се , одамна требапе да се преземат вакви мерки.Сдсм може да зборат се пошто тие ни 1% од тоа не направија, секоја чест за премирот направи многу тоа го цениме сите ние младите.
Одкако им ги открија фантомските гласачи и починати, нема кој да гласа за нив веќе.... па сега во последен очаен обид ќе ја ветат и месечината само за да добијат глас плус.... штета што веќе прочитани се....
Е како да не откако им ги откриле фантомските гласачи нема врска тоа ... и без нив и со нив сепак вмро ќе победи пошто прави за народов, само слеп несака да прогледа и да се соочи со реалноста бидејќи овие орават дела, а не кажуваат само зборови.
Колку ли вмро-ОВЦИ ќе се зачленат сега само за да пишуваат на темава којзнае. Ко на пример младава девојка која најверојатно е некој од општински штаб со наредба. Сдсм беа одвратни, ама овие вмро? Тие се епитет на гнасотија. Сакам да ги снема и едните и другите и да се оформи некоја нормална партија и сите од овие две партии да ги испопикаат по затвори да гнијат и да сватат што и направија на Македонија. Јас отворено кажувам - да завршам средно фаќам магла од оваа уништена држава, како и пола мое школо па и повеќе. Сите зборат дека ќе си одат. За Корчагин се работи иначе. Од едно од најквалитетните школи во оваа држава, од кое излегуваат најквалитетните кадри. Пола и више ВЕЌЕ знаат дека ќе си одат. Другите верувам дека со тек на време и они ќе го стекнат тоа мислење.
Со твои пет-шеснаесе години памтиш коа СДСМ биле одвратни? Иначе, ова за Корчагин јако ти е. И тоа ничим изазвана
Поздрав до штабот! Седите 10 луѓе на еден компјутер со по еден сендвич у рака и викате - еј пиши ова, пиши она, еј да да и ова пиши и? Која беда. И да сакате неможете пониско да се симнете. Ајде, ќе ви стане јасно за некоја година кога освен баби и дедовци во државава нема никој да ви остане. Толку од мене, идеш на игнор.
Се чудам на некои од претходните мислења кои кога ги читам не верувам дека живееме во иста држава. А инаку кога се збори за младите кај беа мерките дека ако неможеш да се лечиш во МК ќе платиш само 200евра и другото државата ќе го покрие? Некој го искористил тоа? Затоа цело време има донации за дечиња за кои родителите се борат да ги спасат. Само сетете се на случаите што не потресоа минатата година.
Пишува за фантомски гласачи во тема за нови мерки за млади. Само колку да се плука за нешто, да се шкртне нешто, во стилот-еј види ме јас сум тука и сум јак сдсмовец и од партија ми наредија да не гледам наслов на тема туку само да пишувам и плукам. Дојди и во теми за бременост, има доста такви, можеш да се истакнеш и таму. Игри без граници. Ако веќе не се почитуваат правила и не се држиме околу темите, нека постои една универзална политичка тема и таму нека се плука, зашто веќе се претера ова да не знаеш што ќе прочиташ во темата која ќе ја отвориш. Има такви теми кај што треба да разлисташ 10 страни за да наидеш на пост кој е он топик.
А ти па залетана во одбрана на владеачкава не ни дочита во кој контекст е споменато тоа со фантомските гласачи. Значи тоа е само настан кој повлекува да следуваат вакви апсурдни и смешни мерки со кои ќе се обидат да ги омекнат граѓаните и да им мачкаат очи. Тоа сакаше да каже авторот.
Па убаво човекот ви нуди очни помагала за да видите поубаво што се случува во земајва, а вие уште за него гласате. Паметен е тој, и од околу ви помага да сфатите...па кога ќе размислиш добар човек е, идниректно ни ја кажува вистината. Гордост наша
Мене ме интересира дали законот за 50% партиципација за студентите со кофинансирање и просек над 8,5 важи и за вонредните студенти? Ако некој знае би му била благодарна.
Џабе ти се овие силни списоци, другар. Се паѓа во вода кога ќе ги согледаш вистинските проблеми кои ги мачат младите. Гледам не си се осврнал на состојбата во студентскиве домови. Што ќе кажеш за неа? Мислам... како и се што оваа влада прави, го заслепува народов со трошки за да не може да ги согледа вистинските проблеми.
Многу сте вицкасти значи, особено вака кога си давате партиска поддршка. Еден ако напише дека надвор врне, друг ќе му даде автентично толкување дека тоа значи сонце греело а всушност се паѓа во вода кога ќе видиш дека врнело било постирано во тема за кондоми. А ова за вицот погоре за очните помагала, преку леб погача барате, а први ќе бидете што ќе се залетаат да искористат нешто од мерките Џабе се силите и бодрите во плукањето против власта кога сите гледате да лапнете што можете од колачот. Поздрав, имајте убав ден.
Го жалам искрено и Грујо, и сите негови поддржувачи, многу ми е жал...нема ни избори да дочека кутриот ќе си заврши во затвор, па дај ајде во последен миг му текнува нешто за млади, за стари Тој будала, другите побудали од него и се така во круг. Еве му поздрав, нека си ја слуша во идризово