Како ги решавате проблемите во вашата врска?!

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 19 февруари 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    86.550
    Не по моја желба периодов,бев сведок на многу неконструктивни караници на мои поблиски другари и другарки. Па како набљудувач од страна,лесно гледав решение на проблемот,но засегнативе страни кои се возрасни луѓе во интервал меѓу 20 до 30 години,многу чудно се однесуваа. Немо набљудував,само на прашања кажував што мислам. Имено,некои не одговараа на повици и смс,исклучуваа телефони,наводно не сакаат да разговараат,изнудувајќи помирување од другата страна каде тие неизбежно ќе бидат во право, ќе бидат молени, ќе им се извинуваат и слично. Другиве пак,од старт се повинуваат,иако не се виновни. Третиве пак,баш фино си разговараат.

    Па ме интересира,како вие ги решавате вашите проблеми?! Наметнувате дека вие и само вие сте во право, водејќи војна за вашите права кои и не се толку големи,но вашата суета не дозоволува помалку. Не одговарате на повиците,избегнувате разговор,со цел да докажете поента која во суштина и не е толку јака,туку за вас е важно партнерот да ви падне на колена и да му набиете рогови (е рогови не се набиваат само со неверство) и при тоа да му одземете дел од достоинството,хранејќи го своето јас,иако и не сте толку многу во право,но инаетот ви е проклето голем? Вие попуштате и се повинувате,признавате се дури и кога не сте толку криви,молите и се извинувате или пак повеќе претпочитате да не се мачите и двајцата со глумење на карактер кој го немате,туку едноставно знаете дека сакате да сте заедно,имате проблем кој го надминувате компромисно,со разумен разговор и сослушување на обете страни?!
     
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.613
    Мислам дека барем 70% од луѓето сакаат секогаш да се во право. Што се однесува до мојата врска и како јас ги решавам проблемите мислам дека и јас спаѓам во оние кои што сметаат дека секогаш се во право. Кога сваќам дека сум виновна ќе се извинам и ќе се потрудам да го решам проблемот на мирен начин, но тоа ретко се случува. Еве и сега моментално сум во таква ситуација, имам проблеми во врската. И пак сметам дека јас сум во право и не очекувам да ме моли, но очекувам да свати каде тој погрешил.
    Исто како мене така и тој се однесува. И тој секогаш смета дека е во право,а проблемот кај него е тоа што и кога знае дека е виновен не се извинува. :)
    Сум била и јас во ситуација како што спомна ти погоре, да го исклучам телефонот затоа што не сакам да ме бара, а тоа всушност го правам не затоа што не сакам да ме бара туку затоа што сакам да се помисли малку зошто сум го исклучила телефонот.

    Има различни врски и не сите ги решаваат проблемите на исти начин. Многу повеќе ги ценам и ги сметам за паметни луѓе оние кои што знаат на смирен начин да го решат секој проблем, а не како во мојатa врска каде што за секоја ситница се прави голема збрка. :)
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.697
    Пол:
    Женски
    Со мирен разговор но понекогаш е многу тешко, бидејки лесно се изнервирувам и повишувам тон. Врската се сведува на компромис, еднаш едниот ке попушти, друг пат другиот, мора да се создаде една атмосфера каде ке се олесни решавањето на проблемот. Ако не замижиш за некои работи ништо нема да биде од врската. :)
     
  4. green.eyes

    green.eyes Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    17.360
    Во 95% од случаите со разговор. Но, :!: најчесто тој разговор не се води во истиот момент кога ќе се скараме. На почетокот така се каравме и демек разговаравме кога ќе се случи проблемот, за некое време сфативме дека е многу подобро за нас и за нашата врска да оставиме за следниот ден. Да не разговараме со вжештени глави и пламнати страсти :D Да преспиеме и двајцата над проблемот, да се смири внатрешно секој од нас, па после да разговараме. Импулсивни сме двајцата, и двајцата знаеме да кажеме се' и сешто во моментот.....Па караницата од една да отиде во сосема друга насока. Затоа ги преземавме овие „мерки“-разговор кога и двајцата ќе бидеме посмирени и кога ќе можеме да направиме нормален муабет, без викања и непотребни дерења.
    Е сега......често се случува во текот на тоа „преспивање“ и смирување на страстите некој од двајцата да сфати дека претерал со реакцијата, па да си го признае истото. Тогаш следува извинување од таа страна. Иако дечко ми баш и не знае да го изговори тоа „извини“ секогаш, не му се зборовите јака страна, но си се извинува на дело :) Јас секогаш велам „извини“ и признавам кога грешам, иако не со големо задоволство. :$
    Сум водела и јас инает во неколку наврати, морам да признаам :tmi: Не се гордеам со тоа, но било неопходно, бидејќи се случило поради тоа што дечко ми во одредени ситуации претерал. Се случило само 3-4 пати досега, се надевам ќе остане така...Во тие случаи многу споро ми поминува лутината, па тие денови се вистинско измачување за двајцата. :sweat: :|
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    57.082
    Пол:
    Женски
    Искрено многу тешко ги решаваме проблемите. Јас сакам да ги решам во моментот или ајде наредниот ден, а тој сака да ги оставиме. Тешко е и тоа што најчесто функционираме на телефон, па кога ќе се видиме наместо да уживаме ние решаваме проблеми, кои тогаш ги поттикнува една ситница.
    Тој е многу инаетлив, па извини ретко можам да слушнам, освен ако претера, па знае дека нема шанси да поминам преку тоа.
    Јас често си се извинувам , зошто знам дека често јас ги почнувам караниците затоа што навистина не можам да преминам некои работи, па колку сакале биле ситници.
    Ме нервира кај него што кога јас разговарам, кажувам кој е проблемот тој се обидува да сврти се на шега, па мене тоа уште толку ме вжештува.
    Најлошото е што двајцата знаеме како реагираме, но ниту еден не попушта.
    Тој мисли ако остави дека ќе биде подобро, а јас ако оставам ќе се изедам зошто не сум го решила проблемот.
    Еден ден сигурно ќе раскинеме за некоја банална причина, но така е кога не може нормално да се разговара.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.843
    Скоро никогаш не се каравме, дали 2-3 пати се имавме скарано. И двајцата се залагавме да ги решаваме проблемите со мирен разговор ама јас бев таа што понекогаш отстапува и знаев да го повишам тонот, но сепак тој беше тука да ми каже дека не е глув и нема потреба да викам :D . Не бевме злопамтила и не гледавме да вратиме со иста мера. Знаевме да ги признаеме грешките и да ветиме дека нареден пат ќе внимаваме на истите предизвици.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.451
    We agree to disagree.
    Проблемите ги решаваме со разговор, веднаш на лице место.
    Јас немам трпение да чекам со денови за епиологот на некоја ситуација, а тој не сака сериозни разговори по телефон, на скајп, исклучени телефони или тотално игнорирање.
    Да го направам тоа, веројатно би ми дошол на врата за да се објасниме, а јас не заостанувам многу со оваа стратегија.

    Проблемите се решаваат со компромис, доверба и огромен праг на толеранција.
    Многу се сменив од порано, ако идејата во раните 20ти ми беше да терам инат ко некое магаре и да чекам некој да ми се извини, а притоа малку да го измалтретирам, сега веќе не се чувствувам удобно со такви женски стратегии.
    Детски ми се, и малоумни, немам енергија за такви постапки.
    Наместо инаетење, веднаш си кажувам ако нешто ми пречи и очекувам анализа на нештата, дали грешам јас или тој.
    Кога сум виновна се извинувам, кога е виновен се извинува.
    Не користам закани, уцени и трик ситуации и прашања.

    За разлика од порано, денес не ми е воопшто тешко да признаам дека сум згрешила и да речам извини.
    И да го мислам тоа навистина.
     
    На eloves, FotoLina3, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.024
    Пред една година, најверојатно ќе ја избегнев оваа тема.
    Ужасно беше, јас сум инает па и он, јас не сакам дерење- он беше зависен од тоа. Значи буквално секоја ситница прераснуваше во експлозија. Па и најстрашно... нему не му беше битно дали сме надвор, или пред друштво - кога решил да се кара, кој сака нека слуша...мене срамот ме јадеше, а пак ако викнам он на тоа додаваше + 5, најсмешно, воедно и жално - немав храброст да си отидам бидејќи премногу бев заљубена и незнаев што ќе се случи. Ех детеее :fubar:
    И најчесто завршувавме решавајќи го проблемот преку телефон..со многу по лесни зборови за разлика од оние кои ги употребувавме за да се караме. Значи никогаш немало длабоки извинувања, нити пак проблемите допирале навистина до нас...ама годините, искуството си го прават своето, за некоја година се се смени.

    Сега, ретко се караме, и кога се караме - сме далеку од она што бевме. Он е страшно сменет веќе долго време ама и јас. Не се осмелил да се раздере а верувам дека има врска тоа со мене, што цврсто на двете нозе застанав во оваа врска, додека порано само го следев.
    Што значи и помирувањата се многу полесни. Јас знам да не се јавам цел ден, он ова поретко го издржува - го јаде да не сум излегла :) Па ќе ми се јави и најчесто ќе го почне муабетот.
    Нити јас, нити тој не сме од оние луѓе што сакаме само да го доведеме партнерот до тоа дереџе каде има само понижување на гордоста.
    Јас додуша, сакам да чујам извини кога згрешил- кој не? И го барам тоа од него бидејќи му е страшно тешко да го изусти , ама пак и поради таа причина тоа негово извини има многу големо значење- штом се извини тензијата се смирува.. Сега е многу по возрасен и знае да се покае, знам и јас... Меѓу нас двајца смирување е лесно бидејќи не сме луѓе кои држат лутина.
    Па коа ќе се чуеме после караница ( која не била сериозна ) често пати не фаќа смеа и тоа е тоа...
    За сериозни работи, си решаваме се очи во очи се искрен, смирен муабет каде секој има време да каже се што мисли, нема прекинување и моменти каде секој се слуша само себе си за разлика од порано.
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.239
    Допаѓања:
    223.830
    Кај нас најголем проблем сум очигледно јас |( зашто очигледно само јас детектирам некој проблем и потребата за негово разрешување е вечно моја :^) .
    Он си е секогаш среќен, него секогаш се му е погодено и според него ние сме јупиииии :dance:
    Е сега ај осмели се наруши му ја хармонијата и кажи му дека нешто не штима :rofl:


    Времињата кога се замарав со ситници одамна поминаа.
    Прагот на толеранција кај обајцата е прилично висок.
    Годините поминати заедно, возраста, познавањето на карактерот на партнерот си го прави своето.
    Најчесто кога некоја ситница не штима а може да биде разрешена од мене целосно или барем делумно се обидувам сама да го средам.
    Доколку зависи од него научив дека штом него не му пречи и не за замара, не треба ни јас.
    Ако еден ден почне да го '' боде '' у очите сам ќе среди, нема да чека јас да му кажам.

    Е сега за сериозните и големите работи многу години ми беа потребни да си го тренирам трпението :rofl:

    Предлогот, идејата, забелешката или не дај боже критиката се става на дневен ред.
    Секако внимателно сум сослушана и следува коментарот ОК, ТЕ РАЗБИРАМ, ЌЕ РАЗМИСЛАМ |( .
    Му оставам простор, саати или денови пред самиот да се произјасни по прашањето пред јас повторно да го ставам на дневен ред.
    Потоа ќе се произјасни со евентуално решение или ќе даде нов рок за негово разрешување.
    У тој меѓу период проблемот не се споменува, он не се замара као и увек си е среќен а ти оди тупи си глава ако немаш друга работа.
    Секој обид за разговор доколку он нема воља е залуден.
    Кога има нешто да каже , ќе каже. Кога ќути ич не го прашам, оти секое мое настојување да протумачам што можело некои ситници да значат ќе има негативен ефект.
    И така ние луѓе не се караме, не се замараме и имам стварно многу среќен маж.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    504
    Се пронајдов во твојот пост :) Некогаш се прашувам дали е можно да сум толку комплицирана и само јас да сум таа која ги ствара проблемите :) Се мене нешто ми смета,се јас се наоѓам навредена и буквално се фаќам за ситници.Фала му на бога што дечко ми е претерано смирен и знае да се преброи до 10 инаку не знам кој би ме трпел :) Проблемите ги решаваме со отворен разговор и без никакви заобиколувања ги изнесуваме работите кои ни пречат.Јас сум претерано импулсивна и многу пати јазикот ми е побрз од умот,но од него некако научив да се контролирам па прво да размислам,а после да кажам.Но,не секогаш се воздржувам :D
     
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.749
    Мило ми е што на моја внатрешна самоиницијатива, создадов еден непристрасен пристап-ако згршил му кажувам каде згрешил, а потоа и зошто т.е ако јас имал удел во тоа што тој погрешил тогаш верувале или не радо признавам. Па наредна прилика кога имам малку време сама со себе се трудам да поминам уште еднаш преку целата ситоација и да запаметам нареден пат што да контролирам кај мене(ако била до мене грешката) бидејќи понекогаш сите знаеме да си бидеме брзи на јазик. Најважно е самоспознавањето и признавање, ама вистинска себе-исповед дали и каде ние сме згешиле. Ако секогаш бегаме и ја дигаме главата не гледајќи подалеку од нашиот нос, then you are really scrued. Брзо, потезно и реалистично решавање на проблемите. Најмногу што мразам е да се таложат. А во други било какви проблеми не се мешам воопшто,ако сум прашана ќе дадам мислење, мада итоа понекогаш е излишно кај најтврдоглавиот и најсамобендисаниот тип на луѓе. Подалеку од таквите.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    588
    мора да дознае зошто е создадена караницата. ако сум јас причинителот и сум згрешила самата ќе се искарам, но доколку е тој, ќе ги потрпи моите брмчења , малку бареммм
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.310
    Допаѓања:
    42.171
    Како поминува времето се полесно и со повеќе разбирање. Јас бев таа што не сакаше да разговара и се затвора во себе, па кога не треба се што сум мислела ќе го исфрлам надвор. Ама решив дека така повеќе не бива. Сега веднаш кажувам што ми смета, колку и да не сакам наоѓам сила смирено да ги решиме работите. Сите проблеми ги решаваме со разговор, заеднички.
    И многу е подобро вака. :)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.034
    Пол:
    Женски
    со ќотек :punch:
    Се зафркавам. Па обично не бегаме од проблемите туку разговараме и ќе се најди некое решение. :)
     
  15. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    333
    Па најчесто почнувам со мавање на влечки, папучи и перници, а завршувам со телевизорот, компјутерот двоседот, троседот и така се е решено :D
    Се шалам не до толку, до делот кај папучите :lol: Па порано се замарав и се карав за се и сешто, сега секогаш разговараме за проблемите, некогаш се извинувам јас, некогаш он. А сум приметила дека ако се скараме нешто и ако се извинам јас прва, он ми вика " Ок срце батали, јас сум крив не требаше вака јас мислев онака" и после јас викам "абе јас сум крива", а он "не бе јас сум крив" и така пак почнуваме да се караме :lol: Ама секгаш на крајот се смееме задно :D Тоа е најбитно и најслатко :inlove:
     
    На FotoLina3 и Aleks96 им се допаѓа ова.
  16. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.896
    Пол:
    Машки
    На почетокот на врската имаме договор околку одредени core прашања од типот дека не толерирам она да се трие од друго машко тело у дискотека,големо НЕ за отворен флерт со допири,не за излегување на кафе, пиво,чај,сок,салата или што и да е,со бивши у ситуација 1 на 1.Тоа го барам од девојката,тоа и го нудам.Секое нарушување на било која клаузула од тој договор ќе биде причина тој договор да биде ништовен :D .Порано теравме инаети,држ-не дај,сега не.Ако типката упрскала,па-па,не губам ни време,ни енергија.

    Постои друга категорија на прашања за кои е возможна поголема флексибилност,од типот на пример каде изглегуваме.Тука страшно ме вади од такт,и се јавуваш,и онака пред да го дадеш предлогот,она има алтернативна локација за излегување .Јао мала,шта смо ми јаки.Во принцип се дисконектирам со типки кои сакаат инает да водат.Стрижена па стрижена :D .Не сум баш кооперативен со нив.Од време на време да излезе со алтернативен предлог е ОК,ама секогаш тоа веќе не ми личи мене на компромис.

    Доколку сеуште сме во врска,секогаш враќам на смс или телефонски повик,без исклучок,а тоа
    го барам и од типката.Нејзино неодговарање на моја смс,или телефонски повик е еден чекор до раскинување.Другиот чекор е нејзино неодговарање на мојата втора(последна) смс,или мојот втор телефонски повик.

    Околу компромисите.Вон онаа категорија на core прашања,мислам дека компромисот е меч со 2 оштрици.Компромисот е фантастична ствар кога врската е ОК.
    Но доколку еден од партнерите прекрши една или повеќе клаузули од главниот договор тогаш компромисите се невиден извор на фрустрација,за онаа страна која извисила т.е била изневерена у врската.
    Компромиси околу местата каде ќе излегуваме,компромиси околу местата кои ќе ги посетиме за време на годишен одмор.О,сакам да идеме на Mont Blanc,е ,да ама она има аверзија од снег и снежен аваланш :D.Мојата љубов кон црвеното месо е неизмерна,а она е вегетаријанка.Ќе треба прво да ја заспијам,па да јадам без обструкции и вегетаријански коментари.101 компромис.Затоа формулата е:договор околу клучните прашања,за се останато можеш да правиш се што сакаш.Ако си толку гладна можеш да јадеш и 8 валентен коњски бут.Ама воопшто не ме тангира :D .
    Така и типката треба да има разбирање.Пр.Доаѓам од работа изморен и накурчен,и сакам да идам на рок-свирка,а она сака да го гледаме "Лебедово Eзеро" :D .Во таква состојба ти сакаш да седнам и да уживам во убавините на "Езерото"?No fucking way.И не е водење инает.Подобро да не дојдам,отколку да гувеам.Инаку ќе те гризнам у врат,и ќе те плеснам у дупе,и ќе ти кажам да си поминеш одлично :D .
    Типката јасно и гласно нека си каже ако нешто не и се допаѓа и не сака да го прави.Не сакам да ми пререче нешто у стилу 3 месеци ти го собирам идиоту :D .

    Сексот може да биде извор на проблеми,и тука сум максимално флексибилен се додека не ми го пипа анусот :D .Ако не сме компатибилни у сексот,врската може да потрае одредено време,но генерално таквите врски неславно завршуваат.

    Последната категорија е категорија каде се јавуваат проблеми поради нарушен слух,или минорни проблеми у комуникацијата.Илустрација:Tипката е у кујна,подготвува нешто,типот е легнат на кревет и
    гледа футбал на ТВ.Класика.Типката инсистира типот да го фрли ѓубрето веднаш.Типот се согласува да го направи тоа за време на полувремето.Типката за време на првото полувреме станува прилично хистерична.Типот откачува,му се одмилува и футбал и се.Започнува вербален конфликт.Епилогот на ситуацијата е:типот си заминува надвор да гледа футбал со другари,типката е у ПМС и плаче и се нервира зошто типот е безчувствителен идиот.Ѓубрето,сеуште не е фрлено. :DОвој тип на проблеми по мене доколку партнерите се сакаат,немаат потенцијал да ја загрозат врската,и обично се се средува за еден ден .Со разговор,разбира се :D .
     
    На marama и Izaabella им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    86.550
    Ај да си одговорам сега на прашањево.
    Моето искуство со караници во врска,искрено не е нешто големо. Причината е следна...ретко сме барале игла во сено или пак сме се закачувале за глупости кои секојдневно луѓево гледам ги гњават. Во моментот кога почнала да не гњави бахата атмосфера,досадна рутина,како да е секојдневен оброк, престанало,што не дошоло до кулминација со страшни,расправии кои барале компромиси од кои ниту едниот не го добивал тоа што му треба,туку било за добробитот на нашата врска која требало некако да опстане. Но живи луѓе,се случувало да подзасмета. Сум тип на човек кој сака да разговара сега и одма и што на пошироко и подробно,толку подобро. Подготвена сум со часови да разговарам додека не се случи решение,среќа беше обострано. Од инает како *педагошка* мерка,дали било еднаш и тоа заслужено, а и од другата страна,така што сме останале реми,сепак се решавало во рок од еден ден и тоа е одлично со оглед на должината на тоа патешествие кое беше се на се целото прекрасно. А искрена да бидам,кога се лутам за конкретна постапка,се лутам за таа,крај,за се останато можам да функционирам нормално,не сум вадела од дно на плакарот глупости од минатото што сум ги преќутувала или еднаш биле разговарани,а и тој. Ниту пак не се случувало да не кревам по цели денови или да глумам карактер. Важам за личност која брани став,но не и за кавгаџика. Е сега има и такви кои ќе ме оценат ко таква,зошто избегале од вистината и себе си,па не сакаат да поразговараме. Така што,ме заморуваат игри во кои има молчење и читање на мисли или игри на кој ќе му снема попрво воздух. Ако знаеш дека сакаш да останеш во врската,а имате прблем-зборувајте. Човек ти дал уши,уста,јазик да се изразиш,а не да бегаш и да се криеш за твојот имагинарен карактер кој го немаш. Воопшто,не само во врска,не сакам луѓе кои немаат петља да разговараат за проблемите кои настануваат меѓу нив.

    Смешно е кога братучетка ми за дечкото вика,ааа како може да не знае каде згрешил?! Мора да знае! И викам,добро не е толку страшна работа,за да знае,па стварно и да не знае,ти кажи му,биди поголем човек. Ама не...тука веќе е суета во прашање и се лути со денови како можел да не знае прво,а потоа за причината(втф?!). Имам и такви кои се лутат зошто пасионирано гледа фудбал на пример,а на почетокот од врската голтала кнедли и го тврдела спротивното и ко за инает,кога има некое дерби,она се тутка,ај да се видиме,па ќе ја одбие и следува лутење со денови...И некои такви ситници кои врската ја претвораат во мизерија...

    Лично мене,тоа ми е смешно, незрело, а и е набивање рогови (не само изневерување е набивање рогови),тотално непочитување воопшто на неговата личност и симнување на ниво на вол,мајке ми. А еве,деновиве сум сведок на такви перипетии кои ми се...екстремноу глупави. Ќе разберев да се работеше за тинејџери,ама ова се луѓе помеѓу 2о и 30 години. Дечко и вика,ако не сум упорен,па дури и папучар,бетер ќе се налути и никогаш нема да се јави. Глумење на карактер на незрела кучкетина (си знае де). Знае дека сака да биде со него,ама нема да биде ако не ја моли,ако доволно долго ја моли,пак ќе биде со него и ... кај е тука карактерот и принципиелноста?! Му ја намалуваш интелигенцијата и интегритетот и при тоа тврдиш дека го сакаш?! Не го сакаш...точка. А башка што укажува на нејзината лабилна личност и параноичност кои па инсинуираат на други работи. И не, луѓето тешко се менуваат,особено кога веќе длабоко се влезени во адолесценција,па дури и ја одминуваат. Мора да се случи нешто спектакуларно и силно за да се променат и размислуваат поинаку,ама вреди да се обиде човек на крајот,зошто да не....


    И така...ете толку ме заморуваат проблеми деновиве кои дури и не се мои...а не ни сакам,ама шта ќеш.
     
    На Aleks96, Gea, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    279
    Сум пробала секако но секој пат доаѓам до заклучок дека јас сама си ја упропастувам среќата и тоа на начин што кога ми згрешил нешто ,многу нормално луѓе сме, јас првиот пат премолчував си велев ај не му кажувам да не рече оваа кисела се и смета нешто,втор пат веќе почнува да ми смета ептен трет пат неможам да издржам веќе седнувам и разговарам проблемот демек решен со труд и мака но веќе се создал поголем проблем и тоа се моите чувства |( ..... јас сум веќе изладена санта мраз што сега и авион да ми паркира на двор неможам да го гледам со исти очи.Не е за осудување знам дека е грешно и затоа уште на почеток си треба разговор оти ако некоја од вас исто така има проблем со заљубувањето верувајте многу е тешко да задржите врска,оти без чувства ништо не бива после ти убедувај се самата себе џабе е,само разговор и не да ја тупиме за секакви глупости ај сеа за се и сешто ќе дискутираме некаде па и преќути мајка му стара :tmi: :)
     
  19. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.273
    Пол:
    Женски
    Со разговор секако,обично јас се трудам да зборам повеќе а тој да ја реши ситуацијата. :lol:
    А на крај краева ако ништо не бива ќе се изнавикаме ќе се искараме,а на крајот се решаваме со прегратки и бакнежи. :)
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    38.059
    Со муабет.
    Дали веднаш или следниот ден - зависи од ситуацијата. Јас не сакам да разговарам ако сум сериозно растревожена, сакам да размислам, и да направам муабет со ладна глава. Ама не мислам на одложување до недоглед, туку за следниот ден.

    Кажувам што ми пречи, а очекувам и тој да ми каже. Ни можам, ни сакам да читам мисли.

    Некогаш се трудам некој проблем да решам многу мирољубиво, а не успева секогаш така. И правам минимални чекори, не сакам турбуленции, ама проблемот може да тлее и да ме фрустрира. Среќа што вакви се многу малку, ама сепак ги има. Всушност, најголем проблем е кога нешто за тебе е проблем, а за другиот не е ништо значајно.

    Како и да е, никогаш не сум спуштила телефон, ниту пак сум била намерно недостапна за некој во животов, и не ни планирам. Ни дечко, ни муж, ни пријатели, ни непријатели.
     
    На Trendafilka и eli25 им се допаѓа ова.