Си се погодивме така со првиот во едно лудо време кога јазиците, а и се друго, ни беше побрзо од паметот.Прва караница ни беше у осмо, зошто тој ме фатил за газ пред сите во кафич демек тоа не било убаво за „дама“ со реноме и оваа приказна за газот ќе се развлече до трета кога ни малку не бевме опаметени. И кога ќе си ја почневме со ниски удари и трескање врати душата ко сонце ни стануваше пошо скришум си се радувавме оти нервозна и хормони кај на друго место, ако не пред нас. Он на мене дека никогаш нема да излезам од пубертет, јас на него дека ако има 90кг не значи дека е возрасен, он на мене нестабилна, јас на него плиток. И така... Чат пат ќе си легневме и ќе се каравме дипломатски и одоколу лом се правевме, па на овој ќе му здосади и плес по газо. Ти на мене плес? Е ја ти плес бек, ја ти еден шамар. И ќе се гоневме и ќе рикавме и ќе повраќавме гадости ама мирни си заспивавме. Е вториот ме зеде припотомена. И се водев со поговораката поарно да се спречи отколку да се лечи и на време ќе разјасниме се. И дури се чудев дали е убаво да бидам толку искрена и да му кажувам за се шо ме јаде и за се шо ме усреќува. Така ти е најарно, за после да нема навраќање и да нема пукнатини.Не дека и со овој мирна седев. Нај се нервирам кога ќе каже: нејќам да се нервираш, само ти да не се нервираш, мене ми е битно ти да бидеш среќна... циганското во него не можев да го поднесам. Битно ми е многу, барем сега, фраерот да умее да ги разграничува стварите и да биде фер некогаш, да ја прифати својата кривица. Да се труди да најде компромис и ако сака да ме има, да биде потолерантен. Не сакам ледени погледи и да ме остави самата со себе да се трудам да ја спасувам врската или во никој случај, да се вади на мојот ПМС а он почнал се. И да оставам за утре нема шанси, во моментот има се да се среди оти ќе ме маче мислата.
Од збор до збор.. Ахх тешко е кога тооолку зборови и реченици кои сакам да му ги кажам, ги чувам во себе. Едноставно некогаш не сака да ја сфати мојата сериозност, а кога него нешто му засметува.. и тоа како знае да си избрбори. И како во последната твоја реченица, марама, јас искрено почнав се‘ повеќе да се плашам од денот кога балончето ПУФ - ќе си пукне токму за ситница.
проблемите ги решаваме со разговор. Во цело време од врска и сега со статус верени не се случило да помине ден а ние да не се слушнеме. И кога сме биле лути и скарани секогаш гледаме да се најдеме и да го решиме проблемот. Понекогаш сме дебатирале со часови било мачно и долготрајно секој е личност за себе секој живеел различен живот, но никогаш не сме останале не доискажани или без нерешен проблем. Обично несакам да ги кријам проблемите кога сме во прашање ние двајца а и колку и да сакам да скријам по лице ме познава дека не ми се сите овци на број, па следи она ајде кажи што ти е и седнуваме и дебатираме и се разбира така е полесно за сите. Гледаме да не ги криеме проблемите затоа што ако се кријат можат само да се наталожат но не и да се решат
Ги решаваме со мирен разговор,додека претходно имало и малку повисок тон што и на двајцата ни сметало ама никој да попушти.Сепак на крај проблемот е решен,се до следниот
Се трудиме секогаш тоа да биде со разговор, иако за жал доста често тие разговори завршуваат со караници. Едноставно сме многу различни двајцата (а особено тој) избувливи сме, понекогаш кажуваме некои работи во афект, заради нервоза. Секако, имаме и мирни разговори, секој си кажува што мисли, слободно... И тој да одбива да разговара, јас го терам затоа што проблемите само така може да се решат. Кога сме ги избегнувале со молчење и криење, станувало само полошо. Но ете, се трудиме да најдеме компромис кој е потребен секаде и секогаш.
Имаме доста различни ставови и двајцата сме избувливи,особено јас, се можам да издрдорам и одма се враќам,како ништо да не било.Додека тој ако е лут,само ќе се намурти и сите можат да го разберат дека е лут.А проблемите ги решаваме најчесто преку разговор,некогаш одма,а некогаш со ладни глави подоцна
Со ладна глава и компромис... Не постои проблем, кој не може да се реши! Само прво мора да се постави на маса и да се разговара, зашто ако само превртуваме со очите, се преправаме дека не постои или ги криеме „под тепих“ еден ден ќе се изненадиме како се преполнила чашата, а ние не сме биле ни свесни за тоа
Пробуваме со разговор, и уште кога се запознавме и врскта појде во посериозен тек, се договоривме - кажување со тек на време што е проблемот или она што ни пречи за да не настане “куршлус’’ со тек на времето Многу сме опуштени еден спрема друг, немаме којзнае какви проблеми, порано кога ми пречеше нешто се дерев, инаетев, гасев телефон и ме “немаше’’. Сега сум тотално друг случај, си кажувам на лице место, си го искажувам ставот и си разговарам мирно, оти од нервози и дерење фајде нема. А тој знае да избувне, но гледаме се да биде под контрола, засега ги решаваме како што треба и немаме многу проблеми во суштина.
Со разговор.Или пак смирено си заминувам па утредента кога ќе се видиме он веќе заборавил за што сме се карале и како ништо да не било се однесуваме.
Со разговор,најчесто знаеме да кажеме ќе збориме утре,да ни се смират страстите и на двајцата (поточно зависи за каков проблем се работи),потоа даѓа решението за таа ситуација,и се е во ред додека некој пак не го прекрши договорот,и после пак од почеток
Проблемите мора да се решаваат одма, за да не се натрупаат. Кога ќе се натрупаат проблемите не ќе знаете каде да ја иставите главата и прашање е дали врската ќе може да го издржи тоа. Во меѓувреме се создава тензија, напнатост, нетрпеливост поради проблемите. Ние ги решававме со секс. Прво секс, а потоа, гушнати, опуштени можевме смирено да разговараме за се`. И битно е да се решаваат лично. Друго е кога ќе се гледате во очи, ќе изразувате емоции, ќе заплачете, ќе се гушнете.... А, по телефон или интернет можеш да се расправаш до бескрај и ништо да не се реши. Многу е битна близината на двајцата кога решаваат нешто.
Па какооо, порано потешко, сега полесно, барем така мислам. Рака на срце, претежно јас сум таа што ја фаќаат моменти, што можам да се налутам за некоја глупост и за истата да направам кавга, или да барам игла во сено, ама тоа претежно се поситни расправии за кои нема ни потреба од муабет, поминува нервозата и после се смееш на глупоста. А за другите поголеми расправии јас сакам одма во истиот момент да решиме се, а тој остава до наредниот ден евентуално два работата да слегне, а мене за тој период уште повеќе ми се слемуваат жичките. Значи колку и да сум нервозна, напната, хистерична, секогаш сакам во истиот момент да разговарам, и смирено се обидувам да разговарам, се додека тој не донесе заклучок дека работата излегува од контрола па ќе ми спушти. Е тука е крајот и на мојата смиреност и кавгата се префрла на прашањето зошто ми спушта кога знае колку го мразам тоа, и додека да се свестиш ќе заборавиш и зошто си почнал да се караш. Сега си се смеам додека пишувам, ама во тие моменти фучам. Неколку пати во сите овие години сме се испокарале многу, со викање како забегани, меѓутоа мислам дека ги имаме надраснато тие глупости. Сега, додуша и порано проблемите сме ги решавале што откако ќе слегне се, ќе се видиме, ќе правиме цела ноќ муабет надвор негде скриени од светот, па дури и на телефон сме разговарале со часови за тоа решавајќи како дошло до тоа, дека не треба така, дека ни е криво и жал на двајцата. Неретко рчките ни започнуваат заради други, но и тоа брзо се решава. Мене може и ситница да ме збесне ако јас сметам дека е вредна, додека тој си е чил аут, за него ништо не е голема работа. јас можам да се пореметам од нервоза, тој ќе ми рече за глупости се лутиш и се нервираш, тој многуууу ама навистина многу ретко се случува да се налути или да ми пререче нешто ако ствааарно ја преминам границата на некое нормално однесување јез да претежно кога ќе дојде до тоа и самата сум свесна. Не ми е тешко да се извинам кога знам дека сум погрешила, и тоа извинување да биде искрено, а и него не му е тешко да се извини, што искрено, што за да избегне кавга Кога се работи за тие поголемите караници, се случува и неколку дена да поминат без да се видиме, па дури и недела до две, ама тоа е веќе инает, затоа што јас знам дека е тука и ме сака и дека кај и да е ќе ме побара, истото го знае и тој, и иако страшно боли тогаш и ми недостига сепак јас кравата чекам да ме побара прв, меѓутоа пак рака на срце, добро ни доаѓаат тие периоди, па после нив дооолго време ништо нема да ти засмета. Многу се надевам дека ете уште година до две да речам кога уште повеќе ќе созреам, ќе нема веќе глупости од моја страна, и нема толку често да си ја уништувам среќата. Од пред половина година се трудам да го правам тоа, и тешко е, но многууууу работи се променети на подобро, и надежно е цело време да оди по нагорна линија колку и да е споро, само да не цупкам во место. Не викам дека сакам да дојде работата до степен да не се скараме за ич ништо, ама и да не биде како порано кога се каравме зошто не ми вратил на титка. Пу пу далеку било, се срамам сега од себе. Така за некое време сакам да се срамам од сегашниве глупости од типот две недели дека дреме без кредит, и по многууу години, да си паѓаме од смеење на сите глупости, сеуште заедно. Таков карактер сум тежок, и тој е малку така лев на моменти, ама на крајот од денот, секогаш заспивам мислејќи на него, без разлика дали го сакам, или го сакам мразејќи го
често во нашата врска проблемот го носи дечкото... јас знам од едно зборувајне да свата,пошитувам и правам како што сме сакале..а он не.. и потоа кога сака да зборуваме за тоа,ке почнеме малце и потоа ке премине тема и потоа ај утре и незнам веке што друго.... од моја страна грешките ги нема а и да има веднаш сама ги расчистувам а не да ме моли некој да расјаснам....хм тоа не се истрпува..
Со разговор, како поинаку. Искрено јас се лутам за некакви ситници, и ЗНАМ дека тоа иритира ама ете таква сум. Избувнувам во моемнтот и после 5 минути и незнам зашто сум се налутила да ме прашаш Овен бе! И знам дека тоа нервира, најчесто ни се за тоа караниците, ама со разговор поминува се
Проблемите најдобро се решаваат со смирен разговор , разбирање од двете страни и никогаш не дозволувајте трето мислење , зошто никогаш не знаете дали некој ви мисли добро .
Хммм најчесто јас сум таа која што избувнува,а тој е посмирен и во моментот ке брблам,брблам и него ке го подизнервирам и така ќе се скараме,па по еден саат инаетење кој направил грешка,а најчесто јас сум таа и кревам бунт тој е лав,јас јарец,па замислете каков инает е тоа .Е кога ќе си испокажиме се со мислиме на себе, но секогаш со не многу висок тон и без дрски зборови,јас знам да се извинам,да разговараме смирено и истиот ден по еден час како ништо да не било . . Никогаш не сум му исклучила телефон, но сум чекала тој прв да ми се јави,инаетчивка си сум и крива сум си признавам,некогаш самата се карам а тој секогаш попушта и знае да каже Извини . Па по долго извинување и на дела и зборови до следното инаетење си живееле среќни и вљубени