Проблемите во врската ги решаваме заедно со разговор и пронаоѓаме заедничко решение понекогаш избувнувам јас а понекогаш и тој ама сепак со разговор решаваме се мислам дека така е најдобро
Досега не избил некој проблем, но доколку се случи такво нешто јас сум спремна и се надевам дека ќе го решиме со разговор. Ко луѓе.
Како да решиш проблем со инат човек-кога ќе ти исклучи телефон и чека ти да му се јавиш после??? Мн ми е потребно да ми кажете...
Ќе водиш и ти инат. Нема да му се јавиш многу едноставно. Кои сме па ние цело време да попуштаме и да молиме ааа па више
Уфф...ово пат ќе мора така мислам дека морам да издржам или ќе се истера инатот или толку Правевме муабети за свадби,брачен живот ама...дали ќе стигнеме до таму којзнае Не ми е лесно ич да знаете...
Скоро се се решава со разговор и отворени карти . Ако личноста со која што сте во врска навистина ве сака и почитува и ви сака добро тогаш лесно ќе си ги решавате недоразбирањата со разговор . Со инает и спуштање слушалки ништо не се прави . Разумни и нормални луѓе седнуваат и разговараат . Размислете дали вие се однесувате нормално и дали вашиот партнер доволно ве почитува . Не правете го тоа што не сакете да ви го прават и нормално не губете ценето време со недораснати личности . Толку .
Епа ете пробај да не се јавуваш 2-3 дена па види што ќе се случи (ако не си ти виновна) па и да си не треба да клекнеш на колена и да молиш. Зависи каков е човекот ти си знаеш најдобро. Абе за бракови и за такви работи сите сакаме да збориме и да фантазираме додека сме во врска но никогаш не се знае што носи следниот ден ама баш никогаш и тоа засекогаш може да стане никогаш повеќе. Ништо не е сигурно само ти треба да си процениш дали вреди или не.
Па врската ни е супер стварно ама се десиле вакви ситуации неколку пати.Најлошо е да ти пропадне врска заради "ништо".Моја другарка така за без причина шо се вика си прекина одлична врска,не сакам да ми се случи истото Ај рано е па 1 ден помина,уште е нервозен
у принцип тој ги решава смирено ( барем се обидува) а јас малку бурно изреагирувам ама битно ги решаваме и на крај бакнеж мора да има
Понекогаш јас лошо реагирам,ама веднаш ќе се осетам дека не смеам така и прекинувам.А тој секогаш со разговор,смирено и заеднички го наоѓаме решението.
Па некогаш знам да избувнам и да се карам кога некој не е во право но додека бев во врска за секој проблем прво прашував не одев веднаш да се расправам затоа што некој ми кажал нешто. А мојот бивши дечко знаеше дека штом го прашам нешто јас го знам точниот одговор на тоа и ретко се осмелуваше да излаже. А секако почитувам и туѓо мислење а проблемите неможе да се решат секогаш ако викам јас сум во право ти не си и толку. А најдобро решение за проблемите е разговорот и сослушувањето. Никогаш не осудувам без да ислушам затоа што работите не се секогаш такви како што изгледаат од страна.
Многу нормално дека со разговор. Ништо нема да се постигне со избегнување, затворање во себе, недостапност. Бившиот тоа го правеше, со него немаше расправања, се повлекуваше секогаш и со денови инает тераше, не знаев на што сме. Бегајте од такви незрели будали. Сегашниот е човек на место кој знае што сака и го решава проблемот, не молчи и не бега. Сега јас сум таа поинаетливата и што започнува кавга за глупост, но ако нешто ме мачи или смета тоа му го кажувам и го решаваме.
Јас сум по избувлива и одма почнувам да се карам, но тој е посмирениот и почнува да разговара смирено и се обидува да ме смири и мене. Но и јас сум таа што ги посочува проблемите, да се прашува тој, проблеми никогаш нема.