Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ги решавате проблемите во вашата врска?!

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 19 февруари 2012.

  1. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Отворен и искрен разговор. Понекогаш е жестоко оти и двата сме темпераментни и избувливи ама се трудиме многу да функционираме како зрели луѓе во тие моменти. :)
     
    На joy1 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    so smiren razgovor
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Прво фино лепо ќе се искараме па после ќе се изнагушкаме и смириме.
     
    На nevermet18, Brinetka, Konfetka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Па проблемите ги решавам јас со тоа што МЖ по природа си е плачка плаче и на турски серии редовно а камоли кога има некој проблем или кога ке гомповишам тонот... Така да јас ги решавам со тоа што секогаш попуштам8)
     
  5. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Мојот дечко е ептен горделив и тврдоглав и никогаш не прифаќа дека не е во право, има огромно его и малце е и себичен и порано се колевме кога ќе имаше проблеми затоа што јас безуспешно се обидував да му објаснам некои работи за кои сега ми е јасно дека никогаш нема да му се разјаснат. Едноставно го прифатив таков каков што е и избегавам кавги со него а ако веќе дојде неодложно до тоа тогаш ептен пазам што зборам, толерирам, попуштам, преќутувам, оставам да се изнакаже без да го прекинам и си ќутам после 20 мин и сам ќе ми прозбори нешто смирено и така иначе порано ако се карав и јас уште повеќе инает го фаќаше и викај тој викам јас и со денови не сме збореле. А вака пошто звучи како да не заслужува да бидам со него, тоа му е единствена маана за друго се сум задоволна и затоа и го толерирам тоа, се навикнувам и се прилагодувам.
     
    На elvittta му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи ти го испрал мозокот да може веќе што сака да извлече од тебе. Доволно е само да ти се налути и ти ќе преќутиш.
    Не, не заслужува да бидеш со него. Сигурна ли си дека цел живот можеш за сѐ да му ќутиш?
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Не ми е испран мозокот него си ќутам за мир у кучи да не се нервирам јас на прво место. Има далеку многу побитни работи на кои се темели една врска од вакви ситни глупости ко ова дали сум ќутела кога се лутел. Ти така лесно се откажуваш од нештата и си се убедуваш себеси дека не е достојно нештото за тебе ако е комплицирано?
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Напротив, да не се откажувам значи да бараш партнер со кој ќе имаш мир и слога во куќата, а не да не се откажувам од врска иако јас сум онаа што мора да ја носи цела врска на грб затоа што "мажето мое не смее да дозволи да а не биде нешто по негово".
     
    На Milobebence и Animali им се допаѓа ова.
  9. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Не е до толку де, освен тие моменти кога се караме, преостанатото време е се по мое, јас стриктно кажував за времето кога имаме проблем, далеку од тоа дека ќе трпам да бидам угнетувана, понижувана и запоставена ко што ме замисли ти во врската : ))
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па добро, не реков дека си угнетувани, понижувања и запоставена, само дека за да извади дечко ти нешто по негово доволно е да ти се налути и ќе попуштиш. Слушај паталец, а не гаталец. Запрашај се 5 пари дали тоа е животот што сакаш да го живееш. Утре ќе сакаш нешто и ќе ти се налути. И или ќе се откажеш од тоа што го сакаш, или ќе се испокарате. Ни едно од двете не е добра опција.
     
  11. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Компромис, еквилибриум у врската, наоѓање заеднички јазик и те како треба да има од двете страни.
     
    На Animali, joy1 и DAngel им се допаѓа ова.
  12. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Можеби ако си ти паталецот и ти се случило такво нешто сега дуваш и во јогуртот што се вика и секаде ја препознаваш твојата ситуација, што во мојот случај не е толку трагично како што можеби изгледа по тоа што пишав. И имам доволно доверба во себеси дека нема да дозволам нешто и некој да ми застане на патот до работите што ги сакам, доволно можам да препознаам што е добро а што лошо за мене, знам и срцето на страна да го оставам и да пресудам со разум и така да ок сум и ок ми е во врската и пак ќе ти кажам не е така лошо како што ти доживеа, тоа се ретки моменти и единствен ако можам да кажам мал проблем во врската. Сигурно дека јас имам па маани и недостатоци за кои друг би рекол дека јас не го заслужувам него. И така..
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нема да дозволиш ама ќе се испокарате.
    Не дувам јас на јогурт, едноставно најдов личност што ќе го седнам и ќе му кажам "сакам да разговараме, така и така е ситуацијата, што мислиш, го сакам твоето мислење".
    Ако е нешто за мене ќе ми каже дека тој не може да ми каже што да правам, ако е за двајцата ќе ми даде мислење за ситуацијата ама нема да ми се меша во одлуката.
    Над 3 години функционираме на овој начин, една единствена кавга и расправија не сме имале.
    Ако погреши ќе се извини, ако погрешам ќе се извинам, ако сум лута ќе кажам "јас сум лута".
    Јас не би можела да си дозволам да знам дека секогаш кога нешто не му е погодено тој ќе се налути, а јас ако сакам мир можам само да премолчам. Здрава врска не функционира со еднонасочен компромис, па колку сакаш викај дека "може и јас правам работи за кои ни требало да ми раскине". Супер, ако правиш би требало да ти раскине, а не да ќутиме и премолчуваме сѐ, а после други да ни се криви.
     
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Никој мене не ми е крив за ништо, сум прифатила некој онаков каков што е без да се трудам да го променам или да заминам, има многу други огромни прекрасни работи што ја засенуваат таа негова маана и толку, ок сум јас со тоа.
     
  15. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Се караме како мачка и миш. :|
     
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Со караници :worried:
    Најчесто караме зошто он е љубоморен (facepalm)
     
  17. Notorious-B

    Notorious-B Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Машки
    Со разговор, како нормални, и карактерно остварени возрасни личности.
     
  18. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Definitivno so razgovor i smireni glavi.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Прво се лутеме, па се изнаплачам, па после смирено разговараме. :D