1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го поминувате месецот финансиски?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AngIv, 22 февруари 2020.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Јас и мм сме се уште во заедница и искрено се плашам како ќе биде кога ќе се преселиме во стан. 230 и кусур евра ни е рата во следни 20 години за кредитот. Друг не смее да ни падне на памет оти ојдовме. Сметки, храна, гориво. Со моменталниве примања од околу 700 евра мислам дека ќе имаме таман за кнап да преживееме и евентуално за регистрација и некој скромен одмор. Еднаш или два пати излегување во месецот за мене не е луксузирање, но ќе се скрати и тоа ако треба. За второ дете не ни размислувам. А дека летаат парите, летаат. Едно влегување во продавница не е под 500 денари, а земаш основни намирници за неколку дена. Ама јас верувам во моите менаџерски способности за пари и се надевам ќе му ги пренесам на мм, па ќе успееме и повеќе да заштедиме.
     
    На eli25, marchi-cool, Vanessa9li и 2 други им се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Дека платите не се баш големи во просек, не се.
    Но треба да се распределат приоритетите. Има луѓе што купуваат, купуваат, трупаат предмети, додека внатрешно се празни.
    Ако знам дека нема да ми стигне платата до крај на месец, нема да седам секој ден на кафе, ќе си пијам кафе дома. Не ми треба да јадам во ресторан секој ден, ќе јадам еднаш, за викенд. Со тие пари може многу намирници да се купат.
    За облека, постојат евтини а квалитетни парчиња облека. Постојат и скапи, а тотално преценети ,,марки''.
    Живеам минималистички, и тоа откако земам солидна плата некако не ми се ни купува многу. Кога немав и кога зависев од моите, друго беше. Се' ми беше интересно. Сега имам други приоритети. Сакам да вложувам во трајни нешта, а да не фрлам пари на пијачки во кафич и парталчиња.
     
    На marchi-cool, bicycle, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Буквално секој треба да има доволно плата за на одмор. Тоа не е луксуз и луѓето што им е битно да одат на одмор не значи дека се разгалени. Или козметичар. Голема работа ако сакаш да ти остане од платата во месецот за маникир
     
    На TashSefton, EuHenIa, SuperGirl24 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    Само сакам да кажам дека одмор , еднаш годишно, не треба да претставува луксуз или пак припичавање, туку квалитетно поминато време со фамилијата.
    Куп спомени и среќни деца. За мене тоа е одмор. Не битно каде и со колку пари.
     
    На mime87, dunika, Regina.Phalange и 42 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Не дека не одам по одмори, ама некогаш ми излегувале побитни работи од тоа. Почесто одам на викенди.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Кредит фала богу немам, пошо немам брачен партнер, сама сум парите ги трошам за шопинг, кафиња, книги.. И заштедам 50 евра секогаш некогаш и 100 150. Суштински ен сум човек што многу троши
     
    На mime87, eli25, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Како ве има обработено системот, да мислите дека кафе надвор од 4те зида во кои дишеме дома е луксуз..
    Да мислите дека една недела на море, кое е благодетно и по физичкото и менталното здравје, наспроти цела година во која рмбаме за ништожни пари, секојдневно под стрес што од надлежните што од околината, дека е луксуз.
    Да излегувањето два три пати во месецот, на фамилијарен ручек, да се манете од тавчиња и тенџериња, го сметате како луксуз.

    Не е вау ништо од ова бе лепотици. Ова е просек во земјите од белиот свет. Се додека скратувањето од ова и она го гледаме како нормално, нема да мрднеме од ова ниво.
    А заслужуваме подобро и повеќе, сите.
     
    На TashSefton, Belgin1, sparklie и 56 други им се допаѓа ова.
  8. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Neznam koj kako prezivuva no sekoj mesec ima nepredvideni trosoci,sto nikogas ne gi planirame i nikoj ne moze
    Treba cesmi da se smenat, treba radijatori da se smenat, puknala cevka, na kolata servis i t.d.
    E sega nikade ne procitav kade se.potrebite na decata tuka pa nie za nasite 3 imame min 150 200evr mesecno.(kosarka balet angliski za dvajcata,bebeto svoi potrebi,pa kredit za stan...+reziski smetllki).... znaci sekoj dom si bara odrzuvanje,sekoe semejstvo ne mozi da prezivee isto koga se 2 doma koga se 3 a pa 4 ili 5 ic...
    Kolata e uste 1 dete vo familijata.
    Odmor ... ako se ima moznost...ako ne zdravi i zivi...
    Kako gi procenivte rabotite spores platite eve neznam,ili ne razbiram
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Тие што имаат за одмор и кафиња по кафичи, поарно е да си молчат на темава.
    Овде е за оние на кои им е 'луксуз' тоа.
    Без разлика дали треба да спаѓа во луксуз или не, ситуацијата е таква каква што е, и има еден куп луѓе кои не можат да си дозволат, она што за некои е 'секојдневие'.
     
    На eli25, bicycle, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    Не е баш така црно/ бело,некогаш е така ,но некогаш е до приоритетите.
    Има луѓе какви и лично познавам,двајцата пушат по две кутии на ден ,а на одмор да ги однесат децата секогаш велат немаат.
    Тие 200 евра на месец за цигари односно 600 за три месеци значи одмор за нивните деца.
    Тоа е себичност,а не немање пари.
    Од друга страна има и поинакви случаи,другарка ги остави цигарите и како мотивација и награда за истрајноста ги собира месечно тие пари се додека не собере за патување низ Европа.
    А познавам и доста богати луѓе кои не одат на одмор,и тоа има.
     
    На Cka, eli25, Stressed Out и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    А јас велам, да не им се мешаме на луѓето во манџата.
    Ако имаш ти проблем со финансии, пиши, а за оваа или онаа другарка, тие сами треба да си кажат.
     
    На LivingGlam и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    И после истите тие луѓе ќе ти бараат пари на заем за да си ги платат сметките. Зато што, нели, они парите си ги даваат за шетање.
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    Читај подобро уводен пост.
    Прашањето е како да се заштедат пари за одмор,греење и Др.
    Темава не е само за тие што имаат проблем со финансии.
    Многу луѓе имаат пари,а пак до крај месец тешко поминуваат,поради лошо управување со парите.
    Може ќе се дадат добри идеи како да се заштедат пари.
    Има луѓе шпараџии,ќе дадат совети.
     
    На Cka, azelea, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Мене вака ми е распореден буџетот:

    1. Неопходни работи (храна, сметки, хигиена, аптека, кола мме :envy:, облека)
    2. Беле паре за црне дане - црн фонд
    3. Луксуз (кафани, шетњи, шопинзи, шопинг за време на сезонска распродажба не влегува во оваа ставка, туку во ставка бр.1)

    Јас сум за пуштање нозе колку што ти е долга чергата и ќе има за се.
     
    На mime87, Thallia, Harper и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    I da ne ti e.strav stom.ke imate svoj dom...zarem uma podobra investicija od toa?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па што го поценувате тоа на одмор еднаш во годината? Пример не е секој одмор на секој до Паралиа или во Бугарија, пример Тајланд а еднашка годишно. Поарно ке одам на Тајланд еднаш годишно отколу 3 пати на Халкидики или секој викенд на еднодневна. А тоа за системо, систем не се ни па оправа на форумо
     
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Нема. Затоа и ја направивме :D
     
    На Mami3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Тема за штедење има https://forum.femina.mk/threads/Дали-и-колку-умеете-да-штедите.3047/page-26#post-2594385 И добри совети има.

    Јас, како човек шпараџија, можам да кажам- може да се заштеди, ако се има од каде. Можам да зборувам за пред 10 години, дури живеев во МК, двајца бевме, врупно приходи околу 600 евра, па тешко се штедеше. Сум одела во три продавници за да купам производи што се со пониска цена во секој маркет, не сум купувала од маалска продавница, бидејќи поскапа. Ама, ко ќе ти дојде сметка за греење 100 евра, ништо нема да остане.
    Растат платите, растат цените- есапот ист.
    Ама би било убаво секој еден кој сака повеќе, да вложува во себе и да се труди да напредува, да не се задоволува со: тоа е- што е. Има овде многу млади членови, животот е пред вас, трасирајте си пат кон подобро утре.

    Туку , малку оф-топик добронамерно, сакав да и кажам на @Mantub- со маслиново масло не се готви, сите хранливи вредности се уништуваат на висока температура. Маслиново масло- само за салата:nod:.
     
    На NEA, WildMk, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Има две врсти една за готвење другата вирџин за салати, јас купувам од двете. Којзнае за колку чисто маслиново масло е збор ама сепак ми се гледа подобар избор од сончогледовото.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  20. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски