1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го преживеавте разводот?

Дискусија во 'Брак' започната од Sherryl, 24 јули 2012.

  1. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    темава ја започнав затоа што сега се наоѓам во сред развод, но сме во фаза на помирување, ни дадоа предлог од социјалното да се развлече разводот за убаво да си размислиме.
    сега се мислам...тој ветува дека ќе биде се ок, ќе не повлече ви странство, а од друга страна ме обвинува за разводот дека бил моја вина, и потоа пак демек да сме работеле на бракот ( имавме многу мешање од неговите, а и тој мн лош пример за брак има од неговите)....и што се однсеува до него најискрено да ви кажам не би се мислела ни 1 секунда....ама за детето така ми паѓа криво, мало е ќе му треба татко..... од друга страна моите влечат накај тоа да се разведам по се што бидна.....и некако како ми пука главата од размислувања...... а да отидам и да пробам, после би ми било срам да дојдам и повторно да ја барам подршката на моите родители....
    ако сака некој да пише искуство од неговиот развод, како го поминал разводот, како после разводот, како се привикнаа децата (моето е 2 год, ама кога некој спомне татко кажува и оно дека татко имало, гревче) како го продолживте животот.....
    јас не сум човек со предрасуди, но свесна сум каква е ситуацијата во нашава земја, и економски и социјално......и уште сега сите ми го берат гајлето, а не пак понатаму......
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Како прво, ако бараш од него да не се мешаат неговите, тогаш не треба ни твоите да се мешаат!
    Во секој брак има проблеми. Суштината е сите проблеми и препреки да се надминат и да не се повторуваат грешките. Не знам која е причината за вашиот развод, но штом сте се одлучиле на тој чекор, сигурно има добра причина. Ако ти сама не си сигурна дали сакаш развод или не, обидете се еве за последен пат. Ако не за друго, барем за детето, потрудете се да бидете семејство. А доколку веќе си давала такви "последни" шанси, тогаш стегни заби и освести се каде се наоѓаш! Не е лесно да си самохран родител, а околината најчесто сето тоа го отежнува додатно. Ич да не те боли уво за околината, секако ќе зборуваат, дали ќе биде вака или онака. Секое чудо за три дена.
    Размисли добро дали сакаш развод! Седнете разговарајте пак со мт, воочете кои се проблемите поради кои сте дошле до оваа точка.
    А за детето, тоа е сеуште мало и не сфаќа што се случува. Не сум имала таков пример во околина, па не се сметам за компетентна да коментирам како сето тоа би се одразило на детето.
    Се надевам наскоро ќе ги решете дилемите.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Јас кога поднесов барање за развод ќерка ми имаше три и пол, а син ми година и неколку месеци.
    Јас ја одбив таа постапка за смирување во социјално која ја нудат, а и откако не видоа како комуницираме и колку имаме различни ставови , и тие се согласија дека е најдобро да се разведеме.
    Е сеа, додека да се разведеме и судски и со социјалното, сосе одмори, поминаа добри 7 месеци, и во тој период сеуште заедно излегувавме да ги шетаме децата.
    Но, можеби мојата ситуација беше малце поспецифична.
    Син ми дека беше мн мал, а и дека уште од бебе многу малку време поминуваше покрај татко му, тој на година и неколку месеци сеуште не го поврзуваше поимот татко со него, и се случуваше дур шета со него, по некој друг да почне да вика -Тато, тато. :|
    Не знаеше уште што е татко, го сваќаше некако како бато тој збор и сите машки на улица така ги викаше..
    Сега има две и пол години и сега почна да го бара често.
    Не разбира многу, и дури и татко му го учи да ја бацува девојка му , да ја гушка, и детево кога кажува за сите колку не сака и нејзе ја спомнува, некако му е нормално.
    Имаше еден период кога бараше јас да го шетам заедно со татко му, ама за среќа му помина.
    Ќерка ми исто беше мала, и можеби малце повеќе разбира, па и е некогаш тешко, не сака да ја види таа што иде сега со татко и, и некогаш изразуваше желба да бидеме пак заедно..
    На почетокот, кога си споредуваше со другарки нејзини од градинка ,и беше малку тешко.
    Претпоставувам дека за секое дете е тешко да расте без татко покрај себе, ама сепак е подобро отколку во мн лоши и нехармонични односи.
    Јас заради дете не би трпела, зашто ако јас трпам во тој лош брак, мислам дека и детето тоа ќе го почувствува и ќе расте со лош и тажен пример пред себе.

    Не знам тебе кои ти се причините што бараш развод, размисли убаво за се, ти посакувам што и да одлучиш , изборот да ти донесе среќа и мир на душата. :*

    Edit

    Видов дека сум пишала само за децата, а прашуваш и како сме го преживеале ние разведените разводот.
    Јас , бидејки сакав да побегнам од него, едвај чекав да заврши тоа. Многу големо олеснување беше за мене. Ми беше тешко, не што не сум со него, туку што не ми беше таков планот за мојот живот.
    Никогаш не помислував дека јас еден ден ќе се разведам.
    Големо олеснување ми беше што уште пред да се разведам успеав да се вработам, да на зависам од никој. Поддршка имам од сите околу себе, не ме осудува никој што ја донесов таа одлука, зашто тие што ме знаат , знаат дека тоа е најдобро за мене и за моите деца.
    Единствено поле на кое немам среќа откако сум сама е љубовта, зашто сите ме гледаат како девојче, и потоа како шок им доаѓа сознанието дека имам две прекрасни дечиња. А тие што ме прифаќаат така, не ги сакам. :x упм.
    Бившиот еднаш ми рече, ако некој ти рече декa имаш две приколки, ( зашто еден глупак ми се пушташе и ми го спомна тоа) да му речам дека тие приколки имаат јак влекач , да не се меша таму.
    Сега сме во " добри" односи, освен некогаш кога го прифаќа љубомора, и пробува да се смириме,
    вака е најдобро за сите..
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    вака...ние сме мн јаки карактери и двајцата...мн млади се зедовме ја 20 он 25( нормално пошто останав бремена) сме се карале и претходно ама секогаш сме се смирувале ( во врска) цело време бевме заедно, излегувавме заедно гледаше да ми удоволи.....пред да останам бремена врската ни беше малку во криза дури размислувам да му раскинам но ме молеше и се простивме и веднаш потоа дознав дека сум бремена...мм беше пресреќен на сите кажуваше колку е среќен, на раци ме носеше буквално....потоа следуваше подготовки за свадба и се беше ок..... но пред веридбата се преселив кај него и тука започнаа проблемите.....значи хорор..одеднаш стана „маж“ јас сум тој што кажува како ќе биде, дознав 1 недела пред веридбата дека мајка му е болна..... и мислев дека ја направив најголемата грешка..но како минуваше времето полека почнав да сфаќам дека неговите имаат огромен удел во се.....
    кога се роди детето стана неподносливо... мајка му е епилетичар и пошто не можеше да го чува детето мислеше дека мајка ми ќе доаѓа и на неа нема да ја фермаме( ма мајка ми со канцер:С почна да прави сплетки, мм почна да бега од дома, а таа го пречекуваше и му зборуваше глупости, татко му ја раздолжуваше пвалкерката, па појде тој во странство и веќе не можев...
    врв на се беше што кога си дојде од странство ме удри и им веруваше на неговите....( инаку ме има удрено неколку пати кога ќе се скараме оти сум била мн нервозна, мајка му го убедуваше дека сум болна од девојче, си лечеше комплекси)
    дури кога го пишувам ова ми е нереално и на мене, дека сето ова сум го преживеала....
    само знам дека тој не е лош и покварен човек, само воспитанието и нездравата средина во која живеел си го направиле своето......
    и не знам дали да се обидам уште еднаш..........знам дека можам или многу да добијам со тоа што ќе си го спасам бракот.......или доколку не успее да ја изгубам подршката на сите кои сега ме подржуваат :sweat:
     
    На tessie и galapce им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Sheryll мила, ти си знаеш најубаво, ама јас лично, во сето напишано, не гледам ниту една светла точка заради која би си го ризикувала сопствениот, а и на детето, психички мир, за некој кој очигледно не знае што сака.....не може еднаш ти да си крива за разводот, а после тоа да ти се колни дека ќе направи се` за да ве повлечи во странство. Човек кој смета дека не направил нешто лошо, не веднее глава да моли, туку седнува и со факти разговара.

    По сето кажано (се извинувам однапред што си земам за право да кажам свое мислење без трошка искуство на темава) тебе ти останува да си ја искористиш поддршката од твоите и да си продолжиш со животот. Детето ќе порасни, тогаш повеќе и ќе разбира и секоја ваша кавга ќе го боли до срж. Прочитај ги феминките кои носат лузни од таквите нивни периоди и ќе сфатиш дека и самите деца посакуваат развод и мирен живот повеќе од цела, ама дисфункционална, фамилија....

    Ти посакувам се` најдобро, да го одбериш она што знаеш дека долгорочно ќе ве спаси тебе и твоето сонце, и мислам дека само со целосна посветеност кон детето ќе успееш да излезеш од овој кошмар - тие се нашиот спас нели :hug:
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Sheryll, те читам и по другите теми и обично ќе речам до тебе е изборот. Ама кога веќе гледам дека стварно не знаеш што и како, ќе дадам удел, оти не сакам твоето малечко да трпи последици.
    Не сум минала низ развод ама сум дете на родители што требало да се разведат со време, ама друго време беше тоа.

    Маж ти ги слуша неговите пред тебе да те ислуша и ти си таа што јаде ќотек без разлика дали си крива или не, не дека треба да те тепа на прво место макар ти да си кривата. И сега речеме се решиш да се повлечете во странство. Странство, далеку од се, не е тоа што беше некогаш. Со целава ми ти технологија, он ќе си држи конакт со неговите пак, они пак ќе му кажат што е најдобро за него, дали ќе е по телефон или скајп/мејл ако имаат компјутер, само овој пат ти можеш да бидеш целосно исклучена од нивните разговори оти не е очи во очи и со тебе присутна на лице место во една соба, немаш никаква контрола на тоа што они си договараат или како те оговараат. А на туѓо тло си, и твоите не се тука до тебе за помош.
    Те тепал. Епа да ти кажам и тато тепаше по мама и ја падеше да си иде, и неговата мајка ја слушаше најпаметната нели, боцкач, од завист и инат не може ни да умре, и збрки и по жени за разбивање магии и триста глупости сме минале како деца со нивните кавги и тепачки, ама кога ние децата пораснавме почна да тепа и по нас, оти според него ние нели сме учени од мама што да му речеме не дека сами сме свесни, па ти размисли си со каков човек си имаш работа.

    Затоа нема да ти речам размисли си уште еднаш дали да се смирите. Туку кога веќе еднаш си решила на тој тежок чекор да се тргнеш, оди си и не се враќај. Си ги имаш родителите да те поддржат, кои ок, и покрај се, и ако се одлучиш да му дадеш уште една шанса, пак би те поддржале, кога еднаш веќе го прават тоа, ама дали ти сакаш да ја пружиш таа шанса, да се малтретираш и тебе и детето додека нему еден ден, кога знае дека те има веќе повторно вратено до него, да не треба да ти симнува месечини и ветува дека ќе е добар, па да е боцкан повторно од неговите, и да те истепа една вечер и исфрли на улица како партал во непозната земја. Кој ќе ти помогне ако тоа се деси? Плус овој пат треба полномошно од татко му и за детето да патува ако сакаш кај твоите да се вратиш од тоа странство, што ако он рече нема да потпише? Па ти иди си сама кај мама и тато ако сакаш, ама без детето. Дури тогаш ти ќе си таа што треба да го молиш да не те пади и тепа ради детето, па бог да чува да те тепа и пред него.

    Како што кажа за маж ти за секунда знаеш дека е најдобро да го оставиш. Детето ти е мало, ќе се навикне, колку помало толку полесно ќе се навикне на фактот дека мама и тато не се заедно оти така е најдобро за сите, а вие дали ќе се разведете или не детето пак ќе си има еден татко.
     
    На teaiva, tessie, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Можеби сум мала за да се мешам на оваа тема,ама бидејќи пораснав во семејство каде секој ден имаше кавги,и јас се затворав во соба и плачев,морам да ти кажам дека еве сега мене ќе ми биде многу потешко кога ќе се разделат моиве,отколку што ќе ми било тешко ако го направеле тоа додека сум била мала....друго е кога уште од мала ќе се навикнеш да живееш со еден родител,а друго е кога ќе пораснеш со 2 родитела и на крај да се разделат,многу потешко е...и плус размисли детето низ што ќе поминува кога ќе ве слуша како се карате или па недај боже да те удри пред него,абе трауми се тоа,немој да си мислиш дека ако е помало дека нема многу да разбира што е како е,напротив,ќе ве гледа вас секој ден како се карате,и ќе се затвара во себе...така да уште еднаш размисли пред да одлучиш да го продолжиш бракот...
     
  8. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Јас ќе кажам 10 пати мери, еднаш сечи... Разводот секако не е едноставна работа, посебно кога веќе има и детенце кое е плод на љубовта меѓу двајцата партнери. Според мене, вреди да се даде уште една шанса за самостоен живот, сами без мешање од страна!
    Не може во никој случај да се спореди животот во заедница со животот сами во својот дом со сопствени правила. Вие како што разбрав не живеете заедно цело време, што значи не сте дале шанса бракот да ви функционира онака како што треба... Ако има реални шанси да одиш со негово странство, направи го тоа побрзо и пробајте да почнете нов брачен живот, од почеток! Само мора да престане да те удира, тоа никако не го оправдувам! :^) А ако ни тоа не успее, лесна работа за развод, ќе си ги собереш работите и назад дома кај твоите.
    И уште нешто многу важно, додека прашуваш како жените го преживеале разводот, прашај и некое дете на разведени родители како се чувствува... Верувај дека вреди барем за детето да си дадете втора шанса!
    Со среќа што и да одлучиш :*
     
    На olenceeto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Од бракот би се спасила и себе и детето.
    “само знам дека тој не е лош и покварен човек, само воспитанието и нездравата средина во која живеел си го направиле своето...“
    Зарем и твоето дете да стане вакво, ти ќе го воспитуваш да биде човек, но со кој ќе живее, што ќе гледа цел живот. Ај свекрвата ќе умре еден ден , но син и, т.е. маж ти цел живот израснал со неа, уште сега се понаша како идиот со тебе, зарем милиш дека ќе се смени нешто понатаму??? Јас мислам дека само ќе се влошат работите.
    И главно ТЕ УДРИЛ :fubar: е многу голем и јак маж е :x
    Не си го зацрнувај животот, млада си и имаш многу пред себе, не е животот за наредните 3-4-5години, треба да си со тој човек уште најмалку 30години, зарем се вака???
     
  10. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    најискрено вака ќе си кажам...пошто моиве се ептен против бракот и не сакам да зборувам пред нив......
    најверојатно уште постои љубов, и знам дека и тој ме сака.....ама пак ќе речам- нема пример добар во животот....
    и едноставно после се што се случи ми е страв како натаму во живото сама со дете а страв ми е и со него..... разведена со дете- не е баш прилика во нашево малограѓанско општество....а и плус неговите цел живот ќе се јавуваат и ќе прават сплекти без разлика дали ќе се разведеме......

    ама навистина контрадикторно се однесува...( како не дај боже стварно да имаат удел оние бајачките)
    значи свесен е за се што се случува, а реагира само на мене а нив ги оправдува за се ( дури и за парите што татко му ги дава на „девојката“ од заедничкиот фонд)....
    јас некако се чувствувам како само некој од околината да ми даде позитина реакција и да тргнам по него :x
    моите и неговите пријатели мислат дека треба да си дадеме уште една шанса.......а од постарите сите велат бегај и не врти се веќе кон него............................
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Шерил, стопати сите ти викаме и ти кажуваме што и како сметаме дека треба да направиш - да фанеш што поскоро магла од таму и од него. Се појави една девојка, ама ич не се сеќавам која, која ти спомна дека можеби треба да размислиш околу останувањето заедно и ти веднаш се предомисли. Нешто ме тера да помислам дека ти не се гледаш и не се слушаш сама, туку правиш така во зависност од тоа кој е до тебе. Ако се родителите твои и ти викаат откачи го, ти го откачуваш. Ако е мажот и те моли да останете заедно, ти остануваш. Не можам да те разберам и да те сфатам зошто свесно знаеш што треба да направиш а упорно го правиш токму спротивното.

    И молим те, која е таа љубов каде што има ќотеци и шамари и глупости? Не биди како тинејџерките од љубовни проблеми и совети... ,,Ама тој ме сака,,... Абе ако те сака има да те третира како човек, да те чува и да те пази, а не ти тука во депресии и дилеми да паѓаш, да водиш ваков живот. Убеди ме како ти покажал дека те сака и со која постапка те третирал сакано, па тогаш ќе ти речам, да, океј е, те сака.

    Разводот ќе го преживееш, Боже Господе, како мислиш во војна те праќаме па дали ќе преживееш или не. Мајка ми на 22-23 години останала разведена, па еве гледам денеска жива и здрава, пу пу. За децата да не се секираш, се е ствар на навика. Фала Богу сум нормална и стабилна и слободно можам да кажам поразумна од децата кои пораснале со двајца родители.
     
    На tessie, encimenci, BeLLaDona23 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Како тоа ти е жал за детето што ќе претрпува развод,а не ти е жал дека утре тоа истото дете ќе има трауми кога ќе гледа како татко му те тепа или кога не дај боже ќе го удри и него?

    Детето учи од родителите, не дозволувај вашиот брак да биде лош пример за него што ќе му го уништи детството.
     
  13. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Шерил најдобро ти е да го оставиш.Иако имам само 20 години, имам многу блиски што ми се разведени и јас знам кој проблеми беа.Најдобро е да си заминеш и да прекинеш секаков контакт со него.
    Друго, мислиш дека во странство ќе ти биде подобро?
    Се лажеш.Уште полошо ќе биде ќе те мотка како сака, иако имаат подобри социјални служби ти ќе имаш проблеми.Ќе ги нема твоите, освен тоа што знаеш каква намера има?
    Батали ги ќе најдеш подобар.
    И за детето е најдобро така.Нема да можеш да избегаш со него.
    Имаше таков случај пред некој пола месец, на Бугарска граница, се враќавме од Софија и пред нас имаше разведена жена т.е во некоја фаза од разводот она од Македонија по некое потекло а другите Бугари.
    И знаеш што се деси?
    Во 3 сабајле пола саат ја шуткаа на Деве Баир, ни Македонците ни Бугарите нејќеа да ја пуштат, бидејќи бебето немало потпишано од татко му полномоштво и ја вратија т.е ја оставија сама во таа пустелијата да се враа до Софија.
    Сакаш и полошо од ова да ти се деси? Ако отидеш нема назат.
    Затоа убаво размисли и остави го.
    А за преболувањето т.е олеснувањето како викаат- се е тешко првите 3 дена.
    Ќе видиш се ќе се среди кога ќе го оставиш.
     
  14. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    свесна сум за се......до некаде и 23 год суми сеуште така си идеализирам во главата: па еве да пробавме без мешање од страна можеби ќе успеевме...... јас бев црвсто решена да савај крај- не толку ради него туку ради неговите......
    но само детето ме разубедува, бидејќи знам дека јас веќе друг нема да најдам, само и само поради детето- да не расте со некој што не му е татко, да не се тегне де наваму де натаму.....
    една повозрасна жена со деца поголеми од мене ми ја кажа нејзината приказна- била дете на разведени родители, татко и ја тепал мајка и и се развеле. таа останала со мајка и а таткои се преженил и имал др деца и долг брак со другата жена( каков не знам).....и вели дека и ден денес и е лита на некој начин на мајак и зошто не се потрудила уште малку да го спаси тој брак за да живеела и таа со татко...инаку мајка и цел живот останала сама , со неа, и со нејзините родители (бабата и дедото на девојчето)
    а инаку знам ...самодовербата ми е НУЛА, моќта на расудување истотака, само депресијата ми е во позитива :doh: :fubar:
    и буквално така се осеќам - како моите да ме теглат на една страна, тој на друга страна а јас тапкам во место додека тие кинат парче по парче од мене :@ ;(
    овие две години како клетва- тешки болести кај блиските, загина една моја блиска особа, за ситуацијата та,у да не правам муабет.... плус мало дете, плус работа, плус школо.....
    и сега кога ми заврши договрот, го положив и последниот испит, се разделив со мм и изгубив ептен тло под ногама : :worried:
     
  15. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Разведи се и не ти треба друг.
    Замисли како ќе биде на детето да гледа некој друг? И еве и да сакаш зашто не би нашла?
    Јас имав другарка разведена на 17 години па од кога се разведе ехее уште колку имаше, исто и таа е со дете..
    Како пријател може, но верувај дека е најдобро да се посветиш на детето, многу убаво ги знам работиве со разводи и некои неубави работи и затоа остани да се грижиш и правилно да го израснеш малечкото.
     
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Sherryl ти точно знаеш што треба да направиш, но срцето ти вели нешто друго, па сега овде бараш поддршка од феминките за да го следиш срцето. Ти треба некој да ти ја оправда неисправната одлука која сакаш да ја донесеш. Цело време, и на повеќе теми, феминките ти велат дека вашиот брак не изгледа дека има иднина (според описот), истото ти го велат и родителите, но ти сепак бараш некој со поразлично мислење (всушност со мислење како твоето) за да те охрабри да си го следиш срцето.

    Како мене си слична, во однос на донесување на одлуки (иако до сега сум немала толку тешка одлука за донесување), ти треба некој да биде виновен доколку се одлучиш за погрешната опција.

    Ајде совземи се. Јас сепак мислам дека твоите родители се во право, и штом ја имаш нивната поддршка - нема што да се мислиш. Има многу други кои сакаат да се разведат, а немаат поддршка од родителите, е нивната ситуација е навистина потешка.

    Знам дека ти е тешко. Ова е голема одлука. Но одлагањето не го решава проблемот. Колку побрзо го решиш проблемот, толку полесно ќе се справиш со последиците и побрзо ќе ги преболиш и заборавиш непријатните случувања.
     
    На tessie, encimenci и jana31 им се допаѓа ова.
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?


    Воопшто не се сложувам. Ако си разведена не значи дека животот ти престанува. Да се посвети на детето, па и до сега била посветена, што да не не го чувала.
    Од кога ќе се разведеш ќе си се посветиш малку повеќе на себе, ќе се потрудиш да се ослободиш од сите стравови и застарени мислења, табуа во врска со разводот, ич уво да не те боли кој што кажал, оти никој не јадел пшамари и не трбел ненормални свекрви освен тебе.
    Сродната душа секогаш не чека, само треба да ја пронајдеме, ако ја пронајдеш нема потреба зошто да се воздржуваш да бидеш со некого, па не си ти 50год. , уживај и живеј си го животот. Оној кој те сака , нема ни малку да ти прави проблем ако имаш дете, има да го прифати без ништо да проговори.
    А детето, ич не му се секирај, ќе си порасне тоа и вака и така, само на тебе останува да го направиш добра особа, и да му го покажеш правиот пат. Партнерот понатаму што ќе го имаш е за тебе, тебе да ти се најде на стари години, да си имаш другарче, а не на детето. Тоа ќе си биде научено дека има татко, но дека мама и тато подобро функционираат одвоено, па нема зошто да се оптеретува со кој живее мама, а со кој тато, битно е од вас да добива тоа него што му е потребно.
    И не се мисли ич ,на 23години животот допрва доаѓа, а уште полесно ќе ти биде кога имаш поддршка од твоите.
     
    На tessie, Troi, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Како го преживеавте РАЗВОДОТ?

    Шерил, доколку никогаш не си живеела сама во странство, треба да знаеш дека последната шанса доколку ја дадеш со тоа што ќе заминеш со него, воопшто нема да биде лесно.
    Замисли дека таму ќе бидеш сама со децата, без родители, без познати, незнам дали го збориш јазикот, без работа, странец, да нема ама баш никој да те сослуша и да ти помогне...Замисли на тоа се, уште и релацијата со мажот да биде непроменета.
    Размисли убаво, мора да си ги средиш односите пред да решиш да заминеш.
    Инаку од пракса со моите родители знам, а и од други искуства, дека еднаш нарушени односи, секогаш нарушени односи. Ниедно пролонгирање на проблем, не го решило проблемот, туку само го одолговлекло неизбежното. Растење со караници и тепачки е голема траума за дете, поголема од живот со разведени родители.
    Со лесно и со Господ напред...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Не мислев буквалнo да не наоѓа друг, туку сакав да кажам да не се замара дека одма треба..
     
  20. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    знам само уште не можам да се помирам со фактот дека вака си го запустив животот, а имав такви шанси за подобра иднина а јас се жртвував за него и за бракот..........
    и најверојатно сте во право- самата се залажувам дека ќе биде подобро дека ќе се свести.....
    а знам дека треба само да размисли реално и дека подруго ќе биде.......но изгледа тој си сака да си тера по негово....и најлесно е целата вина да ја префрли на мене.......демек јас сум била многу нервозна јас сум го одбивала од мене со нервозата- а ниту еднаш не размисли дека додека тој бегаше од проблемите проблемите се трупаа само, дека јас се справував состресови и нервози, со обврски, па и уште со нивни некои проблеми .....редно е да станам малку себична
    надежта последна умира......ама изгледа дојде ред мојата надеж (дека тој брак ќе се спаси и детето ќе расте среќно со двајца родители) да умре..........