1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го преживеавте разводот?

Дискусија во 'Брак' започната од Sherryl, 24 јули 2012.

  1. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Си требала одамна да станеш себична, каков маж е тој бре?
    Ајде не се мисли многу, ќе најдеш друг само не брзај така највеќе се греши..
    И не си запустена имаш дете грижи се за него, ќе се анјде дали сега или понатака некој друг :)
     
  2. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    крај е дефинитивно....... пак тера по неговите...... они уште ред ќе стваат каде одам и кога да одам....
    си беа тие на одмор а ние утре треба да одиме...ама они сакале детето да го видат..... и овој пак по нивниот памет..... зеленушка...нека му е се најдобро;)
    наредниот пат се надевам ќе ви пишам некои убави работи од мојот живот ;)
     
    На srcekrsacka, Doozy и meU им се допаѓа ова.
  3. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    да ве информирам како се одвива ситуацијата...... значи тогаш кога ви кажав дека е готово заминав на одмор и таму ми се јавуваше и ми набивашр вина на совеста, демек ја сум крива , не ќе ми простел што сум го оставила, дрн дрн....
    муабетот беше „ не е убаво за детето, ќе го унакажеме“ и слични муабети што стварно се на место, но проблемот е што секогас беа придружувани со доза на закани и уцени „ не дека те уценувам“„немој да мислиш дека ти се заканувам ама нема да ти простам, ќе видиш ти “ и слични глупости.....
    и јас и официјално ја прекинав пстапката на мирење, и откако ја прекинав почнал да ме сфаќа сериозно- демек пред тоа не сфаќал колку ни е озбилна ситуацијата :!: почнав понекогаш да излегувам сама без детето, и сега како да не може да се помири дека полека продолжувам со животот и дека воопшто не мки е потребен...... после 6 месеци разделеност сега му текна да правиме муабет и дали разводот бил моја дефинитивна одлука и дали би сакала да разговараме кога ќе си дошол.....
    а пред тоа се силеше, пробуваше да ме скрши со уцени.....ама виде не бидува и сега со арно почнува..... сакал да сме заедно, да сме имале убав живот........а упорно не се откажува од неговиот - ергенскиот :?:
    ама работата е што не се замарам веќе, не се нервирам, не размислувам на тоа туку гледам напред во животот.........може некој ден навистина ќе бидеме заедно ако се смени ( а ваков не ми треба :) може ова ми е само период на голем оптимизам, може сум претерано ентузијаст, можеби тешкото допрва доаѓа - развод, па алиментација, па сама одгледувам дете, понатаму му треба фигура на татко..... ама шта дошло- добродошло.....ќе помине.....
    не можам да си се изначудам на позитивноста, па јас никогаш не сум била ваков оптимист :)
    ( или ова е само затишје пред бура.....којзнае)
     
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Можеби ти прекипе од се што се случувало и едноставно си имуна на се.Добро е што се стави во прв план себеси и своето дете.Се плашиш од развод и од тоа како ќе се одвиваат работите за тебе во иднина,но ако си доволно силна и ја имаш поддршакта од твоите,верувај се ќе се среди.Животот е полн со шлаканици,која помала,која поголема,но мораш секогаш да си јака и да си на свои нозе. Нека научи твоето дете колку силна мајка има и ќе биде гордо на тебе.Тоа ќе ти биде твоја потпора и ќе ти го збогатува времето кога веќе не можи ништо да се смени. Сега останува на тоа да с и го продолжиш и живееш животот ти како што сакаш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Мила, имаш работа, родители кои се со тебе, прекрасно детенце за кое вреди да живееш, младост и цел еден живот пред тебе.Зар да го поминеш со лудаци кои те обвинуваат за глупости,со човек кој се осудил да крене рака врз тебе...
    Паметна ти е последната одлука и биди така позитивна цело време...Заслужуваш да бидеш среќна и барај си ја среќата..Не знаеш што те чека понатака..Сигурна сум дека ќе го запознаеш човекот кого вистински ќе го сакаш и со кој ќе имаш прекрасена врска, а можеби и брак..
    Од овој човек и неговото семејство ништо не ти треба. Ама баш ништо, а најмалку да ти бидат дел од твоето секојдневие...Со среќа
     
  6. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    еве пак да ве информирам...... значи од кога почнав да не се замарам и да оставам се да си тече како што треба, мојов „муж“ му текнало што губи, сега ми се јавува да разговараме пријателки....еј замислете дури почна да ме прашува како ми е :rofl:
    неговите сакале да разговараат со мене да сме ги надминеле несогласуваата :x :rofl:
    човек да не знае дали да се смее или да плака..... :lol:
    а од друга страна на детето пак не му даваат речиси ништо...... таткото вели дека праќал на дедото да ги уплаќа на сметка и да купува се што треба за малото.....но од таа помош ни трага ни глас :lol:
    дали тој навистина праќа, па неговите не ги даваат.......или не ни пратил воопшто..........само тие си знаат- не можам веќе да се нервирам- за мене не даваат- само греота за малoто
     
  7. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.738
    Пол:
    Женски
    не се секирај кога ќе се разведеш официјално ќе мора да ти плаќа алиментација на твоја трансакциска сметка... :D
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    За детето ич да не му ја мислиш. Јас ти тврдам дека детето е греота ако вие останете заедно.
    Да се разведеа моите родители пред 15 години и да си отидеше мајка ми со мене и брат ми негде јас ќе имав плус 10 години живот. На овие нервози дома само очекувам да ме дрмне нешто искрено. Ова не е семејство, ова не е убав семеен живот нити некогаш ќе биде.
    Нити ќе имаш ти со твојот (бивш) сопруг убав живот некогаш. Заборави на тоа, човек не се менува така лесно. Тој никогаш нема да се смени, а и да се смени тоа ќе биде на 2-3 месеци.
    Разведи се и не се потпирај на тоа греота е детето. Тоа дете ќе биде многу, многу посреќно ако нема татко покрај него, отколку да има некој кој ја тепа мајка му и редовно да слуша кавги.
    Мојот татко никогаш не кренал рака на мајка ми, може до душа некогаш кога биле најлошите кавги а јас не сум видела али сеедно. Ама мене доволно ми е што баш кога растев и се равивав над глава ми урлаа секој божји ден. И јас искрено да, ги обвинувам затоа што место да направат подобро за нив, а особено за децата, тие на таа карта се ваделе ајде ради децата ќе бидеме заедно. А тие деца што имаат трауми цел живот тоа е небитно нели. Јас мислам дека ради бракот на моите никогаш нема да се решам за омажам со било кој и цел живот ќе бидам живчана. Така да верувај, никогаш нема да им речам фала што ради нас останале заедно, баш напротив.
     
    На Gjurgja, srcekrsacka и Madonna им се допаѓа ова.
  9. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    И што има ове смешно..?!
    Можда не e за плачење ана сигурно не ти e до смење...
    овде можеш се не е проблем издувајсе ќе ти олесни...
    ама таму цитираново прифатиго позитивнo и разговарај нема зијан...
    може да има само ќар без разлика на епилогот и не се инати...
    со инат позиција не се гради...
    Секако дека разводот е решение но некогаш е и погрешно...
    поготово ако не си сигурен дека тоа го сакаш и дека е неминовно...
    Од мое скромно искуства знам дека од 5 самохрани мајки по било кoј основ,..
    на 4 животот им е хаос... навидум као се e во ред но кога во моменти на слабост
    ќе се отворат богaми јака им душа... поготово тие кои се развеле како млади...
    Така да игледа младоста, имотната состојба па и живи родители не e баш гаранција
    да се најдеш меѓу среќно разведените,.. размисли во случајов игледа од тебе зависи...
    мој совет е да не слушаш туѓи совети без разлика колку се добронамерни...
    јес да си млада но треба да олучиш самата сигуро има нешто од внатре што ќе те води...
    па и да погрешиш ќе знаеш дека вината е твоја... не за друго полесно се поднесува.
     
    На Lilit и SweetDream им се допаѓа ова.
  10. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    не е смешна целава ситуација, но смешни се некои работи што ги прават - мислам „љубим вас у чело јер образ немате“..... ме правеа болна ретардирана и што ли уште не....пред мм едно , зад него друго.....после ќе дојде тој па и ќе го набоцкаат па шамар ќе си добијам за онаа крокодилката да си се насмее и да си излезе, а утредента да ми каже леле сине јас ништо не сум му рекла, греота е што така прави.......кога јас лично ја имам слушнато.......
    греота било, дете сме имале...... па зарем немавме дете кога онаа вештерката правеше проблеми и сплетки, а овој мојон какко вистински маж ќе се испокара со мене и ќе си излезе, и онаа пак ќе ми дојде да ме доврши психички............... па зарем немавме дете кога јас сама се снаоѓав за се, одев и на работа и на училиште и се по дома, за мм кога ќе си дојде да си ја летне -сам.....епа и тогаш имавме дете и тогаш на детето му требаше татко....и на овие години на мене ми треба маж- ама вистински маж, а не маж што не знам после што ме чека не пак утре...да се крстам некој да не го набоцка па пак да биде истата песна..... млад бил тој требало да шета- а што јас ќе бидам куќна помошничка!? ма немој... поарно сама отколку со некој што не цени.......
    леле простете на зборовите амаа така ми додје да се издувам
     
    На tessie, srcekrsacka и enca.69 им се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.836
    Допаѓања:
    2.073
    Seryl nemoj da se zanesuvas da mu se vrakas toj ako si e takov, i si e naucen da si seta da si izlaga da ne te ferma, taka receno i mojov praese taka, me lazese, izlagase, so pari sobrani od svadba, ja naivna mu veruvav so parite i na kraj ne ni stignavme da si dopraime, se katastrofa, ne se misli ic otkacise na vreme samo poloso ke ti bide 100 posto pozz.
     
  12. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Здраво на сите прв пат сум на оваа тема и решив да ја споделам мојата мака :) бидееќи размислувам на развод имам 2 дечиња едното 13 другото 9 години несум вработена што ова ми преставува долопнителен проблем со саканиов мој нема ден да несум во кавги да не сме под притисок бидееќи НЕМА НЕШТО ШТО НЕЗНАЕ МИСЛАМ ЧОВЕКОТ Е СПЕЦИЈАЛИСТ ОД СЕКОЈА БРАНША млади се земавме јас 17 тој 22 небев трудна се земавме од што се сакавме првите 3 месеци мед и млеко и после работите почнааа да се менуваат ;( ;( ;( колку тепање имам изедено не сум толку тешка колку навреди колку омаловажувања број не постои ама воспитана сум така значи со она нашено македонско ЌЕ ТРПИШ НА НИКОЈ НЕМУЕ ЛЕСНО ,НЕМОЈ ДА КАЖУВАШ ШО ТИ СЕ СЛУЧУВА ЌЕ ТИ ГЛЕДААТ СЕИР ВЕЌЕ НЕМОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ вечерва сум толку нанервирана што пишувам и солзи ми течат незнам веќе што и како да постапам пари дома не остава значи он е најпаметниот барем да купува нешто ќе се помирам арно и тоа не го прави неговите се домаќини моите несе мислам хорор невиденнннннннн децава ме гледаат право во очи секогаш кога ке почне да збори бидееќи незнае нормално да збори или е на висок тон или вечито критикува денеска му вика на постарото детенце погледнисе имаш 13 години јас на твои години сум возел трактор а ти појма немаш од ништо срцево ми се корне прашањево мие дали доколку се разведам има шанса да ми ги земе децата од тоа најмногу се плашам од ништо друго ке бидам кај моите додека да се средам ке си најдам работа фала му на бога несум мрзлива одговорно створење сум но веќе неможам ова е неиздржливо па не село да се смееее ако сака и цел свет поздрав ;( ;( ;(
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    обрати се во центарот за социјална работа и кажи му како стое работата и прашај колкави има шанси да ти ги земе децата а потоа отиди и до кај адвокат и консултирај се со него ама се тоа скришно и ајно да не те разбере он па пиши ни што ке кажат они
     
  14. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Незнам од кои фактори зависи кому ке ги доделат децата,но мали се шансите да ги добие таткото,од една страна знам дека прашуваат дали си вработена.но не верувам дека тоа е пресудно па нели таткото мислам плаќа алиментација за децата.Нормално зависи и причината поради која се разведувате и најмногу зависи од врските ова со жалост и јад во душава го кажувам бидејки,не остана ништо поштено на оваа планета земја све е оволчено за пари.Една моја пријателка беше во брак 5 години сите 5 години со ќотек без јадење и давале само поручек и толку и сите пари што ги заработувала и ги земале.Кога реши да им каже на своите и да се разведе првин се лечеше од стрес,па од анемија и сега е фала богу добра.Кога го пишувам ова косата ми се крева децата и ги дадоа нејзе е сега што се деси еднаш месечно да ги гледа таткото и тие го зедоа само поголемото дете и требало да го вратат по 3 дена е помина 4 месеци го немаат ни донесено,а кога отидоа во социјално да се жалат наидоа на документ кај што пишува дека детето е доделено на таткото и тоа све потпишан од нив е како за пари све се може.Незнам распрашај се најдобро све детално разбери како оди.И мој совет до сите што поминуваат по овај пат внимавајте и добро читајте што потпишувате ако е потребно и 2 пати оти во оваа држава не постои ништо како треба еве пример нека е мојата пријателка.
     
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Осамена мајка, не сум компетентна да зборувам за бракоразводни парници, меѓутоа она што можам да констатирам е дека првенствено мораш да си ја вратиш самодовербата и да собереш храброст во себе, бидејќи стравот во тебе го гледа него како: НЕМА НЕШТО ШТО НЕЗНАЕ МИСЛАМ ЧОВЕКОТ Е СПЕЦИЈАЛИСТ ОД СЕКОЈА БРАНША :?: Го доживуваш како некоја величина со понизност дека не можеш да се рамниш со него, а всушност човекот е суров и невиспитан тип без почит кон своето семејство. Тука ти е најголемата грешка, што дозволуваш еден обичен човек што возел трактор цел живот, да биде ГОЛЕМИНА и пример во семејството.
    Почни да го гледаш со реални очи каков човек е всусшност, дека он не е достоен за тебе и превземи мерки како да се спасите сите од него. Побарај помош од роднини, побарај работа за да имаш некаков приход, консултирај се со некој центар за грижи, во центар за жени.. Најлошо е да трпите и да се плашите, мислејќи дека човекот е специјалист и ви нема спас :(
     
    На srcekrsacka и slavica999 им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не се нарекувај ,,створење,,. Ти не си магаре па да јадеш ќотек, туку личност и пред се мајка. Не си најдена на пат па некој таму да се иживљава со тебе и психички и физички да те малтретира. Не се потценувај и ич да не ти е гајле што ќе кажат другите.
    Ќе се избориш за своите деца. Не мисли дека ќе ти ги земе, затоа што по ова што го пишуваш тој не ги ни сака своите деца. Секој нормален и грижлив родител не би се така однесувал со своите деца.
    Кога се почнува бракоразводна постапка се оди во социјално каде што се врши проценка (психичка) на дваицата родитела и се наведуваат причините за развод. Излези со јаки аргументи и потенцирај семејно насилство.
    Под дифолт децата одат кај мајката ама со врски и пари се е возможно. Нема правда во нашата држава додека владее мито и корупција и не се почитуваат Законите еднакво.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Најпрвин здраво и ви благодарам што сте го прочитале мојот пост ви благодарам за советите .Јас не се доживувам како животно само на некој начин се обидов да го цитирам бидееќи по цел ден е на комјутер и буквално се знае тоа ми беше зборот за самодовербата сте сосема во право морам да ја вратам зашто е целосно изгубена страв во мене тоа не се објаснува мислам непостои збор што може да го дефинира се плашам буквално од се ама баш од се едноставно сум на чекор до бездна ете до тука ме донесе МОЈОТ САКАН СОПРУГ фаламу многу добра животна лекција ми даде !!! ќе се извлечам од ова едноставно морам да се вратам во нормала денес бев кај адвокат и ми вели вака ВИДИ ТОА НЕЕ ПРОБЛЕМ АКО НЕМАШ ПАРИ НЕМОРА СУДСКИ ДА СЕ РАВЕДЕТЕ СЕДИСИ КАЈ МАЈКАТИ ДОДЕКА ДА ДОЈДЕШ ДО ПАРИ ВО СОЦИЈАЛНОТО ЌЕ СИ ПРИЈАВИШ ДЕКА СИ ОДСЕЛЕНА ОД КАЈ НЕГО И НЕМА НЕКОЈА ФИЛОЗОФИЈА им кажав на моите моите ми велат ЛЕЛЕ КАКО КЕ СЕ НОСИШ СО ТОА РАСПУШТЕНИЦА ЌЕ ТЕ ОГОВАРААТ ПО СЕЛО НА КРАЈ ТИ ЌЕ СИ ИСПАДНИШ КРИВА ЗГОРА НА ТОА ЕДИНЕЦ АБЕ ОСТАВИГО НЕ МУ СЕ ЗАМАРАЈ КАЈ И ДАЕ КЕ ЛЕГНЕ НА БРАШНОТО буквално верувале или не секој нерв на телото ми играше едвај си дојдов до дома сум плачела као недај боже се живо да ми умре премногу мие тешко мислам дека секој момент ке се учукав некаде со колата дојдов дома мажми со мајкаму пијат кафе и нели као и по обичај гугл селски за сите се знае го пишувам ова целата снага ми се тресе и плачам како мало дете ГОСПОДЕ КАДЕСИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ
     
  18. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    :( :( :(
    Жално ми е ова кога читам.
    Добро е што си освестена дека нешто треба да се превземе, дека не треба само да се седи и да се трпи до бескрај. Размисли да не е селото со селскиот муабет за распуштеница, што би направила? Размислувај за себе и своите деца,игнорирај ја околината, никој од нив не знае како ти е тебе на душичката,ниту зависиш од нив, ниту им е гајле, секако ќе зборат. Нека го носи маж ти товарот за селското алапачење, што те приморал да си го растуриш домот, за да им обезбедиш мир и спокој на твоите деца. Утре може да се шеташ модра од ќотек и селото пак ќе збори дека си заслужила ќотек.

    Затоа гледај да направиш што е најдобро за тебе, да си најдеш сила за да издржиш, да можеш мирно да си заспиеш навечер, да не се плашиш да седиш во споствениот дом, никој да не те малтретира, да го дадеш најдоброто од себе на своите деца. Уплашена и истепана мајка, што плаче секој ден и трпи агресија од таткото, не е убава слика и добар пример за ниедно дете.
    Твоите деца знаат што сте преживеале, они никогаш нема да те осудат, а другите што сакаат нека зборат.
     
    На srcekrsacka, eli25, tinan и 2 други им се допаѓа ова.
  19. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    се растажив од ова што го доживуваш ако си цврсто решена да го оставиш разговарај повторно со своите и кажи им дека ова неможеш више да го поднесеш дека ги поминува границите во секоја смисла на зборот и кажи им јас ке си се носам сама со муабетите што ке ги зборат поарно да ме зборат или да ме најдете со модрици целата истепана еден ден речи им дека само ронка подршка ти треба и кров над глава за тебе и децата.Тој што збори за три дена ке дозбори ке искоментира се и еден ден ке заборави.А ова може да потрае и подолго од три дена и нема никогаш ти да го заборавиш а камо децата.За народот не живееме тој вака така или онака секако наоѓа да прокоментира за сите од нас било со повод или без тоа им е работа.
     
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Вас децата ви се поголемки и нема шанси да ти ги земе зошто децата на таа воздраст сами си кажуваат каде сакаат да одат и зошто.