Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го преживеавте разводот?

Дискусија во 'Брак' започната од Sherryl, 24 јули 2012.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    осамена јасно е од твојот пост дека си на работ на самата бездна дека си на работ на нервен слом прво и основно СМИРИ СЕ и смири си ги нервите за твое добро зошто ли? еве ти личен пример од моја пријателка што ми беше блиска и она имаше проблеми и со маж и со сбекор свекрва и после18 години нервози и плачки и котеци доби нервен слом паметот го изгуби некој вид како шизофренија и ја сместија на психијатрија во скопје и после тоа нејзините си ја прибраа ама овој на судот ја прекажа и уствари и така е дека она е нервно болна и растроена особа (БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО )и судот му ги додели децата него пошто она на јака терапија и не беше способна ни за работа ни за ништо неа ја опиша психологт како непредвидлива особа ова ти го пишувам само за да ти укажам како може да го изгубиш разумот и после што ???????ништо ке му го нарасиш к**от он да си ги земе децата а тебе ке те сместат у некоја психијатрија како половина човек
    значи смирено и промислено да го правиш секој свој следен чекор бидејки од тоа ти зависи понатамошниот живот тебе и на децата во консултации со адвокат и социјална служба се ке си истераш до крај мораш да бидеш јака и силна ова ти е последната битка со овие ненормални суштества
    само смирено и се да си измислиш однапред бидејки сега си многу ранлива и можеш многу лесно да пропаднеш под туго влијание и натој начин да изманипулира со тебе искрено кога те читам ми е многу жал за тебе и сочуствувам со тебе затоа ти стојам на располагање и со муабет и со било каква помош од моја страна
     
    На srcekrsacka и evangelina.ina им се допаѓа ова.
  2. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    тешко е...можеби и најтешкиот дел е сега......и точно е тоа лесно потпаѓаш под влијание....
    еве на пример сега мм со кој се разведуваме постојано звони и обеќа брда и долини....и некогаш си мислам „да не сум јас престрога, што ако навистина се смени“ ... а всушност избираш од 2 зла помалото да не се лажеме... можеби некој ден ќе се појакам што сум се развела и не сум дала уште 1 шанса.....а ако се вратам еден ден ќе се кајам зошто сум се вратила.......само ние жените сакаме да си ги идеализиаме работите, па многупати се фаќам како размислувам дека сме се простиле, дека се ова било лош сон, и дека живееме среќно ние тројцата...........и тогаш се будам |( :D
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Баш ова ме иритира. Како бе те гледаат твоите дека патиш, се нервираш, си го одземаш здравјето а немаш никаква подршка од нив. Не дека не те сакаат не верувам во тоа, ама извини дефинитивно се прости луѓе.
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ќе си кажам мислење само од првиов пост, значи другите натаму не ги ни прочитав.
    Според напишаново, добивам впечаток дека не се работи за ништо престрашно, туку за криза, недоразбирање.

    Дајте си уште една шанса.

    Утре и ако се разведите, да не ти е криво. Лесно е да се откажиш и да се разведиш. Ама човек треба и да се бори да го спаси својот брак.

    Мислам дека ако ја надмините оваа ситуација, понатаму ќе бидете посложни, поцврсти, а и детенцето ќе си расте со мајка и татко, здравје утре и со братче/сестриче.

    (И не слушај многу отстрана луѓе, не дозволувај да ти се мешаат)
     
    На heart.stealer и Serafima им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не можам да редактирам, сакам да го дополнам мислењето.
    (Пишувам од на работа, па по малку ескивирам :tmi: )

    Бидејќи праша: вас каков било, еве ќе кажам од мој аспект. Ние немавме деца (да имавме сигурно ќе беше поинаква ситуацијата), дого време бевме заедно, живеевме заедно, само немавме потпис на хартија (и затоа јас лесно заминав, да беше типичен развод, сигурно ќе ни беше посложено).

    Сите, ама баш сите, ми викаа што го трпам. Се разделивме. Помина подолго време. Ама никаде ги нема советниците !!!
    Многупати се чувствував осамено, ама баш осамено, депресивно, тажно, се јадев себе си, не ми беше лесно. На почетокот добив сила дека се `ослободив` од таа тешка врска, ама потоа, откако се освестив, бев сама.
    Немав никого ниту за разговор, ниту за прошетка. Никому не му беше гајле.
    А, пред тоа ми велеа: бегај, трчај, додека си млада!

    Затоа, мој совет е да не слушаш никого !!! Дури и тој во кој имаш најголема доверба, утре може да те разочара.

    А, ти си имаш маж. Каков е, таков е, сте се сакале, убаво ви било. Си имате детенце. Сетете се додека си била бремена, кога прв пат го гушна бебенцето, кога му рече ДА на маж ти.
    Животот направил, а и вие сами, да ги заборавите тие нешта.

    Потсетете се дека ништо не е повредно од вашата љубов. На детенцето потребни сте му двајцата.
    А, вие може да бидете сложно и весело семејство.
    Кога можат будалите да бидат зошто да не можете вие?

    Обновете ја љубовта, бидете нежни еден кон друг, и не дозволувајте мешање во бракот од никого !!!
     
    На srcekrsacka, SweetDream, heart.stealer и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    оф па тоа би било мојата најголема мжелба како што кажав...да биде се како што треба....

    да не се лажеме..како што реков бираш меѓу 2 лоши работи, за да го одбереш помалото зло.....значи лош брак не се трпи - тоа никако...ама ни разводот не е лесен... сама сум, ни си наваму ни натаму, ни за со мажени ниту за со немажени..... тој води инает за детето демек мене ли пари ке ме давал сме се разведувале....бараш работа :worried: сите го разлигавуваат детето-што некогаш штетно ќе му влијае.....

    ама од друга страна не сакам да бидам во брак кај што ќе бидам занемарена, осамена, дежурен виновник за се....

    кога би си ги сфатил грешките се би било поинаку......а вака не...мислам го сфаќам дека тој така е навикнат така гледал нема кој да го посоветува........но НИКАКО не можам да го оправдам........
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.061
    Пол:
    Женски
    Прво не можеш да се споедуваш со неа. Ти не си била во брак, не си имала дете . И јас како тебе прекинав сериозна врска така речи пред брак, но тоа е друго.


    На девојкава би и дала еден совет, ако во бракот нема среќа, нема хармонија, односот на родителите е ладен и како странци никој не пати повеќе од децата!! Тос исто бебенце кое си го носела под срце 9 месеци заслужува сречна околина, мирна средина, хармонија. Јас сум растена во таков брак-не барк кој опстана само заради тоа што ќе кажеле луѓето, па имате дете, и псоле 30 години се распадна. Резултат? Подобро да не знаеш. Не можеш да направиш нефункционален брак да функционира. Тоа кога да е тогаш ќе пукне. детето е подобро да расте од мало со разведени родители, отколку да живее во каква таква семејна атмосфера и после 30 години да му се сруши над глава се. Па размисли дали му правиш добро на детето со тоа што остануваш во брак кој не го сакаш, со човек кој не те сака ипочитува или лоша услуга и лош пример за тоа каков треба да биде брак меѓу двајца.
     
    На tessie, Micika80, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Твоите живеат за народотајде сигурно се така задоени но,народот сигурно не им е поважен од ќерката..Ти биди упорна и разговарај пак и пак со нив објаснувај дека со таков став само ќе те загубат неповратно,кога ќе стигните до болници,психози и те ствари е после касно ќе биди а за крива па ти за нив(мажот,свекрвата,селото) и вака и така и секако си крива има тие да зборат и зборат низ село ама тоа тебе ама ич да не те засега..Не вервам дека твоите ке ти речат не те примаме дома,ти терај го својот зацртан план,спасисе од дотичниот сезнаен сопруг и неговата абе најголема домакинка од мајка во селото..
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Читам, читам, ама не читам ништо пресериозно, преголемо за да растурите брак !

    Зошто, малку ако не си среќен, одма да се разведиш. Веќе секој втор се разведува денешно време.

    Не сте доволно среќни, немате хармонија, немате баш најубави односи, па дај средете го тоа. Потрудете се, помачете се малку. Вложите повеќе во врската. И верувам дека ќе излезите од оваа `ситуација`, криза.
    А, тој ако не може сега да ги види некои работи, кога ќе ги види? Дај му време, трпеливо, со упорност ќе ги увиди работите, мислам дека ќе се промени на подобро.

    Значи, најискрено не гледам некоја голема, реална причина за да речам: Ајде разведи се, бегај што побргу од тој човек !!!
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.177
    Допаѓања:
    102.219
    Пол:
    Женски
    Сигурна си дека прочита се? Девојкава била физчки малтретирана од сопругот и психички од свекрвата. Сопругот воопшто не покажал знаци на разбирање туку ладнокрвно заминува на работа во странство (ко што разбрав), ветува работи кои никако да ги исполни. Што требаше девојката да замине со него во странство и таму повторни да се соочи со истите проблеми, кој таму ќе и помогнеше и ќе ја подржеше. Во семејство во кое швалерката на свекорот доаѓа на гости ко најценета гостинка а за која сите знаат која функција ја има во нивните животи, ни под разно не би растела дете во такво семејство. Сепак не си прочитала се :!:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    а тој упорно и сега ми вели „па што толку ти направила кутрата“ :rofl: да беше повеќе дома, ќе видеше што....вака јас сум крива и јас претерувам.... не може да сфати некои работи....мислам општо во животот се случија некои трагедиии, значи најмалку што ми требасе беше лос брак...ми требаше маж како поддршка , не како непријател.... некое време се борев со постпородилна депресија- а тој ми вели „како бе баш се на тебе ти се случува“ ( у смисол измислувам.....простоќа :fubar:

    но имавме убава врска и мнпгу го сакав ( а може и уште го сакам :tmi: :x а и сега што пробува да се смириме....едвај чекам и се судски да заврши барем да знаеме на што сме.............или евентуално да си го корегира однесувањето.....оти вака веќе не бива....за што му одговара разведени сме, за што му одговара уште сме биле во брак.....

    некој совет , како вие го поминавте тој период?//?/?
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Кажав дека не читав се, само првиот пост.
    Зошто, ако некој бара помош, треба од почеток да ја прикаже целата ситуација, за да се добие вистинска слика, иначе како би советувале ние?
    А, не со тек на време допишуваш: и вака, и ова, и она...

    Не знаев за малтретирањето. А, швалерката не е нејзин проблем, зошто таа не е во брак со свекорот.

    Одењето во странство можеби ќе ве дистанцира од сите и можеби ќе си се посветите еден на друг повеќе.

    Сепак, веројатно уште пред да се мажиш си ги познавала колку-толку какви се, не?

    Јас си кажав. Борење до крај. Лесно е да се разведиш. Ако после целиот труд нема ефект, тогаш пресечи и не врти се повеќе назад.
     
  13. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    швалерката не е мој проблем да бев дистанцирана од него, но кога материјално ни се поклопуваат интересите, кога може кога сака и како сака да наредува за мене и мојот живот.....јас само тоа барав од него, не да се кара со неговите, туку да го тргне нивното влијание од нашите животи.....да се знае до каде можат да одат...а не јас да и се тресам на мојтата искомплексирана свекрва, што и да направам или да не направам јас да се тресам дали ќе направи некоја кавга или нервоза.....

    но кога ќе размислам детето не е криво за постапките на родителите........мислам јас не би си простила некој да го дискриминира син ми за некои постапки мои или на татко му, со кои детето нема врска......

    ама мм е возрасен и треба да си сфати што и како треба во животот...дека на прво место сега е родител, а не нечиј син.....тој/жена му треба да го има првиот збор во бракот и семејството, а не мајка му и татко му и до 5то поколение роднини :x
     
  14. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    За ова треба време,а и да сте дистанцирани од неговите.Јас колку време му го велев болдираното,па тек сега почна да покажува позитивни знаци,иако сметам дека уште му треба време за вистинско родителско чувство.
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Баш затоа и Е проблем, оти ако беше во брак ќе и` беше официјална свекрва, вака има и свекрва и швалерка БОНУС на глава.
    И НЕ, не е нормално било кој дома да си ја носи швалерката! Зошто мислиш дека со одделувањето од нив тој магично ќе се преобрази во мирен и домаќин човек, несеќавајќи се на начинот на кој растел??

    Добро велат - Куче, маче, од сој да е....за жал, не можеме да бидеме многу поразлични од своите родители, нивниот начин на живот за нас е нормален, оти само тоа сме го гледале цел живот.
    За Шерил сите настани кои и` се случија се повеќе и од доволен показател дека првенствено фамилијата не е во ред, а потоа и синчето, кое не знае за поинаку. Дали е крив за ова е мање битно, нека му ја мисли друга. Или што би рекла баба ми: Што да плачи мајка ми, нека плачи мајка ти.
    Сурово, ама вистинито.
    Потпиши ги документите најбрзо што можеш и започни нов живот со детето!
     
    На tessie и nena2010 им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.061
    Пол:
    Женски
    Паметни биле поранокога со стројници се венчавале, па се рапсрашувале од која фамилија е, што сој е, за да не биде после ќерката во пекол ја маживме.
     
    На tessie, srcekrsacka и girl.23 им се допаѓа ова.
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Не од лично , но од искуство на блиски кои поминале низ таков период.
    Пред се смирено, многу живци ќе ти требаат додека да се расчисти работата на суд. Немој да се предаваш и биди свесна дека се што правиш правиш за подобро утре на тебе и твоето дете.
    Пробај да се дружиш, но да се дружиш со луѓе на кои нема да мора да им раскажуваш до каде е работата, како, што се одвива. Или пак ако повеќето се такви, тогаш секогаш гледај со една реченица да ја затвараш таа тема.
    Доаѓа зима, реално облаччно време, не е нешто посебно весело и не нуди можност за многу шетање, според мене депресивно делува. Биди спремна и прифати дека ќе има периоди кога едноставно ќе биде се монотоно, мачно, тмурно... за тогаш најди си некоја занимација по дома, средување, учење нешто ново...
    А деновите кои се создадени за шетање , направи си план како би си ја пополнила цела недела. (јас секогаш го правам тоа, и нависитна , ем организирано, ем исполнето ми е времето)
    Ти си мајка, ти имаш дете кое го сакаш најмногу на свет, но тоа не значи дека ти си роб на сето тоа. Да, сите родители на некој начин се робови за своите деца и тоа е прекрасно чувство, верувам но, најди време за себе, детето секогаш ќе има кој да го почува на 2-3ч. Засега почни еднаш месечно, излегувај, еден викенд нема ништо да смени во животот на детето, ниту пак тоа ќе се осети запоставено, можеш и да го заспиеш па да излезеш. Имај на ум ,дека на детето му треба среќна, исполнета и позитивна мама.
    Значи на кратко мој совет, инвестирај во себе, со цел да му помогнеш на детето да има убав ,среќен ,живот. Без депресии, без нервози, зошто се што денес изгледа мачно, за една година ќе буди други чувства. Дружи се, шетај, смеј се.
     
    На srcekrsacka и sanjaeva им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.513
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секоја борба за опстујавање на еден брак треба да биде до определена граница.Неможе некој постојано да се вложува себе си емотивно додека другата страна тоа ни малце не го цени.Не е лесно да остане човек сам,но понекогаш е подобро да бидеш апсолутно сам отколку релативно со некого.Лугето секогаш зборувале и ке зборуваат јбг таков ни е менталитетот но јас лично никогаш не би дозволила да бидам во нефункционална врска па и брак само од страв и срам што другите ке кажат.По срамно би ми било да ме зборат зад грб како сум греота и како мажот ми ме малтретира а јас и покрај се сум со него,отколку да кажат-Еј,ја малтретираше ама алал да и е на храброста што реши да се тргне од тој човек и да го остави.
    Грл23 од твоето напишано добивам заклучок дека според тебе е подобро да бидеш со некој па макар тоа и да е скроз нефункциионално само да не останеш сам бидејки ке нема утре со кого муабет да напраиш коа ке ти биде тешко.Воопшто не се согласувам со тебе.Ако другарите и другарките кои до вчера те советувале дека треба да раскинеш со дечкото а денес муабет не ти прават тоа е затоа што тие личноссти тебе не ти биле прави пријатели ,она што јас го сметам за пријателство и во добро и во лошо.Никогаш не сум почитувала врски во кои личностите се со некого само затоа што знаат дека ако раскинат утре ке останат сами без друштво.
    Шерил ниту еден развод не е лесен,но сепак ако ти длабоко во себе сметаш дека имаш направено се за да го задржиш тој брак а не успеало,тогаш подобро секој на своја страна отколку некој да те понижува на таков начин.Како што можам да видам млада си ,животот е пред тебе од каде знаеш што ти носи иднината.Може ке најдеш некој кој ке те цени,сака и почитува и тебе и твоето дете онака како што навистина треба да се сака една жена и мајка.
    Неможам да ти кажам како да го прежвееш разводот (фигуративно кажано нели) но можам да ти кажам дека за мене најтешко нешто било кога мајка ми и татко ми се карале .Верувај ниту едно дете не сака да гледа кога мама и татко викаат еден на друг и не согласуваат.Така да детето нема да расте без татко.Тоа ке си има двајца родители само тие родители ке си живеат одвоено и нема мегусебно да се нервираат и расправаат.
    Ти посакувам се најдобро. :)
     
  19. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Шерил разводот не е лесна работа...знаеш како велат угоре високо,удолу длабоко...конфузно и мачно.Твое е да ги преиспиташ сите можности ,сите опции,мери..вагај...па потоа сечи не е лесно да се донесе дефинитивна одлука и јас поминав низ истото а,верувам дека уште потешко е кога треба да мислиш и за детенцето.Мој совет ти е да не слушаш никого,ниту родители,ниту роднини ,ниту другарки...јасно е дека секој родител му мисли најдобро на своето дете но,само ти ќе мораш да живееш со последиците од твојата одлука,најпрво биди искрена со себеси,што е она што ти го сакаш,прави она што го чувствуваш па и да згрешиш повторно барем ќе знаеш дека си се обидела,значи оди до крај,за после да можеш да спиеш помирно,совеста да ти биде почиста.
    Второ ти најдобро го познаваш својот сопруг,ти најдобро можеш да процениш колку е искрен,колку е подготвен да го спаси својот брак...подолго време ја следам твојава приказна,најверојатно станал свесен за некои свои постапки,но не целосно..на маживе потешко им е да сфатат некои работи со оглед на тоа од каква средина потекнува,каков пример на семејсто имал.30 години бил така воспитуван и тоа го гледал...потребно е време за да се променат некои работи..но најбитно е да се има волја и човек да не се откажува...покажи и ти малце разбирање,маживе се такви и кога знаат дека згрешиле немој да очекуваш дека ќе ти признаат,гордоста не им дозволува...играј мудро речи му со дела да ти покаже дека се сменил на подобро,јас да сум на твое место би му дала шанса за последен пат..најискрено.Друга предност ти е тоа што ќе живеете подалеку од неговите,ќе се обидете заедно да го заборавите минатото ,да си се посветите еден на друг без многу мешање од страна,имате шанса да успеете,главниот генератор на проблеми т.е неговото семејсто стотици километри ќе биде зад вас...можеби и понатаму ќе се мешаат но нивното влијание ќе биде ослабено..јас размислувам на овој начин сепак ти си знаеш најдобро искористи ја и оваа прилика,бори се до крај.Што и да се случи верувам дека твоите родители ќе те поддржат во секоја твоја одлука :)
     
  20. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    не знам веќе што мислам....ниту што правам........само сакам сето ова да се заврши....како и да е......