"Sherry те следам и читам некое време што се случува со тебе не си сигурна со изборот или што ? ако сакаш и лп да не го полниме форумов оф топик
буквално во ништо не сум сигурна...... ако се разведам свесна сум дека ке ми е тешко...а знаејќи се самата никогаш нема да се осудам да најадам „друг татко“ на детето ( народски кажано)..... од друга страна не сакам да живеам повторно во таков брак, иако тој вели дека сака да не однесе со него и дека се ке се смени.....ако се смени се ке биде ок........но ако не се смени - повторно низ истото да поминувам.......па потоа пак овие бракоразводни парници....значи со 1 збор- ќе се вратам кај што сум сега.....и зошто да се мачам да поминувам толкав пат за да се вратам пак тука на почеток...... а од друга страна не знам....значи имавме брак полн со турбуленции, но од друга страна пак тој беше премногу самоуверен дека никогаш нема да ме изгуби, а сега гледа дека еве ме губи... мислам навистина не знам...како да ме фаќа некоја паника знам дека одлуката е само моја, но навистина ја ценам вашата помош, вашите искуства и совети
не сум минувала низ развод за да можам којзнае колку да ти помогнам али имало моменти кога сум помислувала за развод знаеш уз некоја караница ке ми помине низ памет ако се разведам после како ?? после што??? точно е дека одлуката е само твоја и само ти знаеш да донесеш најдобро решение за тебе ние тука можеме да ти кажеме разведи се или не се разведувај али ти најдобро си знаеш само ке ти кажам ако во нешто не си 100%сигурна не го прави тоа стави го разводот во мирување не се окажувај од него само нека биди во мирување а ти види колку он е стварно спремен да се смени и да е врати мада чисто суњам дека човек се менува значи таков е и многу тешко се менува али ти си знаеш види на еден лист напиши ги позитвните и негтивните особини негови или пак сто ке добиеш и што ке изгубиш кга ке се развееш и види која теза повекле ти држи вода сега си целата во недоумици и многу лесно може да изманипулира со тебе затоа тргни се настрана и размислувај со главата не со срцето
Дечки прво да ве информирам дека поднесов барање за развод, односно тужба.Се решив после сите работи што ми се случија, сигурно ги знаете веке кои се.Ноо вчера по разговор со една моја пријателка , нормално и кажував што се случи, ја знаешњ мојава ситуација окога се земавме, е сеа што е работава.Откога почнав да и кажувам что се случило,ме праша како ни било во врската дека пред тоа не сум и кажувала, јас и ккажав дека за разлика од браков, односно од веридбата, врската пак ни беше какде каде подобро, добро сме имале кавги како у секоја врска но разликата беше што тогаш врската ни беше поубава, односно скоро секој ден имавме одно, беше заинтересиран за мене, секој ден се гледавме, дури и по два пати, до касно сме седеле заедно, сме седеле сами, ретко сме излагале, ме молел секој пат да се смириме дури е днаш го изварав но не со односи, и тоа ми го прости, едноставно осекав дека ме сакаше, но сето тоа се смени еден месец пред веридба, од тогаш па навака, нашиот однос почна да се заладува, почнавме да имаме поретко односи, до степен се јас да бидам иницијаторот за све, како да беше оладен од мене, навечер не сакаше да биде со мене, сакакше сам да излага, за да се испостави дека и ја во тоа се сомневав а тое дека он се гледал со бившата девојка.Пријателкава беше 100 посто сигурна дека нешто ни имаат направено за се излади нашиов однос и за да дојде до сево ова, дури ми рече да идеме кај еден човек за да ми го потвди сето ова, и они со мажи коа имале проблеми биле кај него иим помогнал.ајс се запрепастив после сево ова, аон после разделбава беше дп кај мене да ме моли да му простам дека се кае и слично но јас не му поверував.Што мислете за ова?
глупости кај изневерена па и да одам по бајачки јас да го спасувам бракот нека оди он што го растурил нека го спаси а ти седи си мирна-- и сега поентава на ова треба да биде што ? да те орабриме да се откажеш од разводот? тоа ти најубаво знаеш и мозиш да си решиш
те сфакам....во иста ситуација сме...бараме некој да ни даде надеж за да го спасиме бракот....... и верувам и убедена сум ( бидејќи сум растена во добар брак) дека од бракот не треба да се откажеш така лесно........но кога е доста? кога е време да се откажеш? бидејќи бракот како институција вреди да се бориш за него, моето дете заслужува да се борам за тој брак.......... до дали личноста вреди те. мажот? дали со оваа битка ( за спасување на бракот) може да извојуваме мир и добар однос т.е. брак?????? е и мене ме мачат сите овие прашања.......а никако да најдам одговор...............
Па да ти кажам , овој последниов пост ти е најреален, ние односно јас сеусте сакам да најдам и некоја најмала надеж, окривувам некој друг за неговата постапка, но убаво ти е прашањето, за каков човек,и тоа држи нооо, има големо ноо, едноставно коа ке помислам како ми беше ке кажам дека не вреси да се обидувам од него да направам човек, домаќин, кога све беше само тоа не беше.И сега логички кога ке размислам и да идам по бајачкии тие работи јас неможам да спасам, што веке го одбрал,а тое да лаже и да врши прељуба, и тоаа свесно па си мислам сега он ако осекал тоа дека го мачи и тоа толку време, тоа нее од сега ја само се залажував дека ке помине таа негова фаза но јас самата себе се лажев.Значи он и само он си е кривецот, а таа другата па и да сакала нее должан да одбие нели.Едноставно кажано ја веке не вреди да бидам со таков човек.Тој чим вака почнал од почеток така и ке си тера.Може ке биде месец два шпосле па ке се врати не истато, на таа што фактички повеке ја сакал.Тое е реалноста што треба да ја прифатам сакала или не.Јас треба да си се ценам себеси и да бидам со човек штоо мене ке ми одговара и што ке сака времето да го поминува со мене.Ке си стојам на тужбата за развод и по никоја цена не би се премислила.
Па извините што дадов поинакво мислење и реков дека уште треба да се бори за бракот. Јас таков впечаток добив. Ама, ако сакаш развод, разведи се. А, како ќе ти е после тоа, џабе да ти кажуваат други. Секој има свое искуство, различни родители (бидејќи нивната подршка е најбитна), сите имаат различни финансиски средства за како ќе се носат потоа сами, прашања од видот дали таткото ќе плаќа редовно алиментација, дали ќе фати нова жена, па и друга жена ќе ти го гледа детето (додека е кај татко му)....итн, се се тоа прашања кои треба да ги знаеш, дали ќе можеш да се носиш со нив? И какви ќе бидат одговорите кај тебе....
Значи законски кај нас додека е малолетно детето, ке седи кај мајката , освен го доделуваат кај таткото ако мајката не е финансиски независна и психишки нестабилна, имам пример знам примери каде дететото е кај мајката а таткото ге гледа неделно зависи судот како ке определи,Значи подобро детето да расте во здрава средина каде нема да се караат неговите, него во нефункционален брак.
кај нас како што гледам и слушам детето го доделуваат на оној кој ке даде најмногу пари(мито) и ќе фати најголеми врски срамно но вистинито......... мене најмногу ме мачи тоа.... друга „мајка“ таму......здравје друг човек покрај мене....жмислам не знам......... во главава ми е каша попара........како што реков сакам само ова да заврши.......без разлика како.........немам веќе сили
Не се откажувај од тужбата и стоиси на тоа.Кој си е говедо таков ке си биде цел живот,тој бил растен у таква средина. ,мене адвокатот ми рече тие луге не се менуваат така лесно освен вика да оди у африка да живе 20 години,е тогаш вика може ке се смени Затоа биди си цврста во тоа што си го донела, најди добар адвокат од некој познат нема да може да те заебе верувај, само со јаки аргуменети ке би де детето кај тебе.
Монибејби адвокатот ќе ти каже се што сакаш да слушнеш само да си добие работа и да ти земе пари, уво не го боли за вашето семејство.Ниту е компетентен како брачен советник да дава мислење за вашиот брак, ниту да коментира за твојот сопруг, бидејќи ја знае само твојата приказна и гледа како да си заработи на ваша сметка. Можеби е подобро да се оладат главите на сопружниците пред да влезат во битка со адвокати, суета и инат во нешто толку комплексно. Најдобро е кога веќе не функционирал бракот, сопружниците во интерес на децата и нивната иднина, да најдат заедничко решение како децата најбезболно да го поминат разводот, а не родителите да се загубат во терање инат, расправии и силење со адвокати и на крај некој трет да одлучува за нивниот живот. Доволно е болно и страшно што се растурил домот, не мора да се предизвикува дополнителен бес, стрес и раздор со разводот. Јас ако би дошла до развод, ќе гледам барем разводот да биде светла точка на крајот на лош брак, не би сакала со таткото на моето дете да станам доживотен непријател и детето цел живот да носи таква тежина.
Ако не си сигурна не превземај ништо во моментов. Живејте разделени некое време нека се смират страстите и ако после некое време одлучите дека не сте еден за друг тогаш разведете се. Ова малку на инат ми личи мене. И да ти кажам не сте ни први ни последни што имаат проблеми во почетокот на бракот. Е сега некои ќе се смират а некои не. Како и да е не е обавезно веднаш да се решиш.
Шерил, мислам дека советот на Сесилија во моментов ти е најпаметен, а и самата гледам дека се предомислуваш, размислуваш за враќање и слично. Вака детето ќе знае дека тато е на работа во странство, ти ќе имаш време убаво да размислиш, со ладна глава, здравје дури и да се видите неколку пати да си поразговарате ќе сфатиш што до каде дошло. Јас сум за тебе, да заврши твојава голгота, ама кога веќе се предомислуваш, ова ти е најпаметно, стави го разводот во мирување, стави се ти во мирување, стави ги страстите и револтот во мирување. Доколку си во можност отиди на еден викенд кај мажот ти во земјата во која е, види како е таму, има ли за вас опција, како ќе ти изгледа се таму, па дури и него како се однесува таму, на страна од домашните, но биди сигурна, макар и по телефон, тие ќе бидат тука, секогаш, секогаш ќе имаш опција, мама рекла, малку сомнеж и оп пак нервози и караници. Јас сум дете од нефункционален брак, на мене многу влијаело сето тоа, ама позитивно, нема шанси моето дете да пројде низ тоа што сум прошла јас, но тоа го велам сега, а пред 10 години посакував само да ме нема, да не ги трпам повеќе тие психички тортури, верувај и твоето дете нема друга судбина ако се одлучиш после се да пројдеш пак низ истото. Сега се ти е конфузно, се те буни, неговото променливо расположение, твоите чувства, детето, родителите.... Времето лечи се, па така и твојава рана, ако не ја излечи барем ќе се научиш како да живееш со неа најголема подршка за тебе драга
рочиштето е закажано....а тој треба да си дојде недела-2 пред рочоштето...... демек сака да се простиме ама не знам......кога ќе размислам ние не сме ни биле заедно а кога и да сме биле заедно сме имале кавги и расправии.... што ако не се неговите причина за кавгите, што ако исчезнала љубовта и кавгите се само внатрешен револт на незадоволство...можеби сфатил дека не сака со нас да го мине животот...сака адреналин.... а кога бевме во врска си дојде и не изрази желба да отиде за да не ме изгуби, дали потоа ме гледаше како освоена и сигурна теритотија.. тој од друга страна вели дека цело време тоа му било целта , да живееме далеку, да нема кој да ни право проблеми, да си бидеме финансиски обезбедени.... многу работи се контрадикторни во целиот случај..... а разводот го ставивме цо мирување, во фаза на мирење на брачните другари......но тој си отиде и 3 месеца не се врати денек многу работа ова она......и сега му текна да сме правеле муабет, ке си дојдел...
Микица муабетот ми беше да си земе адвоката од некоја блиџок и да и го препорацуаат, секој си ја гледа работата и си работи за пари како и секоја друга професија, никој не ти работи без пари нели Е сега они да си се договарат понормално како родители, за утре детето да не страда од нивноит одно,, доносно ако се разведат колку ке се плака алиментација и кај кого ек го доделата детето, ако тој работи странство, повеке веројатнтност е кај Шерил да го доделат детето.
што се однесува до мене би дала уште една шанса....колку да ми биде чиста совеста дека се сум се обидела......... само оремногу се плашам од пораз---дали ако не дај Боже повторно се случи истото ќе имам сили повторно да го поминам ова....дали пак ќе ја имам поткрепата и подршката на моите блиски.....дали ако не биде се во ред повторно ќе имам храброст да го напуштам............ животот е премногу краток за да не ги искористуваме шансите.......
Шерил те читам извесно време и право да ти кажам ти не знаеш што сакаш. Не велам дека ова е лесна одлука, но дај пресечи. Или иш или биш. Земи еден лист хатрија и пишувај ЗА и ПРОТИВ. Најбројувај се што ќе ти падне наум. Преброј, провери, преиспитај се, застани пред огледало, кажи си ја твојата одлука на глас. Ако самата си веруваш во тоа што го кажуваш, тогаш знаеш што сакаш. А кога ќе знаеш што сакаш, направи го.
шерил срцка се гледа од авион дека сакаш да му дадеш уште една шанса само ти треба малку поткрепа бидеки од домашните изгледа и не ја добиваш ако е така тогаш за последен пат дај му уште една шанса и разберете се дека после ова нема назад никогаш повеке
Најлоша битка не е онаа која си ја изгубил туку онаа од која си се откажал....ајде малце оптимизам...за да ги придвижиш нештата по нагорна линија...