Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го преживеавте разводот?

Дискусија во 'Брак' започната од Sherryl, 24 јули 2012.

  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Е сега sweat dream проблемот е тоа што јас несакав судски за да ги избегнам тие сите рочиште, јас на со тужбата кога ке ја поднесам после независно колку рочишта се водат , на едно нема да бидам испод 3илјади, аи незнам колку време тоа би се водело, тое се кошта , мене платата не ми е којзнае колку гоелема ке треба само за тоа да работам , башка јас спогодбено не му барав тоа спрат со почнавме да правиме, срека не напраивме кој знае колку многу, само почнавме, место злато ми купија мебел, али тоа неможзам да го барам тоа останува кај нив, ја само му ги барав моите поклони и тие се прават намутаво несакат да ми ги дадат, ај пола пари што ги потроши на страна тоа се рачуна како заедно све да сме ги трошеле, он со парите од свадба сам неколку пати си излагаше се без мое знаење ги трошел парите, не видел у живот толку пари, па мислеше светот ке го фати, испадна будала и сите да му се смеат ништо друго.Е тоа е мојата ситуација сакав да се договориме за да не плакаме али тоа е. :o
     
  2. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Јас бев на едно подготвително рочиште и еднаш на главното судење,во моментов ја чекам одлуката на судот.Ова подготвителново рочиште е воведено како задолжително,се со цел ако може да се постигне спогодба ако не тогаш следниот пат одиш на судење ,со едно судење би требало да се заврши.
    Ти имаш право да бараш дел од парите од свадбата,поклоните се делат на пола а, исто ти следува и дел од мебелот ако не е возможна физичка делба тогаш нека ти исплати паричен надоместок,тоа ќе си го наведеш во тужбата.Направи си еден список,земи калкулатор и сметај....види дали ќе ти се исплати да покренеш тужба.Биди упорна да ти ги дадат или кажи им дека ќе ги тужиш па ако им одговара да се влечкаат по судови нека продолжат да се инаетат.Ти секако го добиваш спорот.
     
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Кажи ми свеат дрим дали преку суд ако решам да покренам преку сум за да ги поделеми работава по работите што ти ги кажав дали судски бисе се развлекувале година па и две дали би поминало со помаллце рочишта, зашто многу пари така би се фатило и незнам само време да не изгубам.Сега само преку адвокат побарав да му пратат писмо како предупредувачко за да ги врати работите.
     
  4. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Јас постапката ја започнав во април годинава.Најпрво со адвокатот поднесовме барање за утврдување на сопственост.Заедно со адвокатот,судија од судот,вешто лице и записничар се оди во домот и се прави попис на работите за кои бараш сопственост на една идеална половина.После тоа ја поднесуваш тужбата.На суд ме викнаа есенва,малце се одолговлечи поради летните одмори тоа беше подготвителното рочиште.По еден месец ми го закажаа главното рочиште и сега ја чекам одлуката на судот.Значи нема ни цела година(8 месеци се во прашање)Е сега тие можат дополнително да одлагаат и да развлекуваат,мислам на бившиот сопруг незнам до кога е лимитот но ,потоа судот може да донесе решение и без нивно присуство.Јас имав среќа се појавија на првото рочиште :) Мислам дека времетраењето на постапката зависи и во кој град и кој суд се води затоа ова не важи како некое генерално правило.Ете кај мене се одвиваше побрзо затоа што се работи за релативно помал град.
    Размисли убаво и види дали ќе ти се исплати да поднесеш тужба.Имаш право и зошто да не го искористиш?Јас и покрај се верувам дека вистината и правдата ќе победат.
    Вие колку време бевте во брак?
     
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Ние свеат дреам немаше ни 2 месеци што правевеме свадба, фактички џабе свадба правевеме али тос пред тос 9 месеци живевме заедно они место злато ми купуја на мен мебел ама тоа си остана кај нив, и спрат нешто што почнавм еда правиме али е не некоја голема нвестиција, мене ми беше за поклоните да ми ги дадат пошто убави поклони добив од моите роднни затоа ти викав така сакав да помине спогодбено па така сега му пративме опоменувачко писмо за пред тужба за да ги врати работите.
     
  6. Tantica

    Tantica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    Денес прв пат ја отворив темава и ја прочитав од прво до последно мислење и според тоа сакам да и оддадам огромна почит на Шерил (на еден начин и мене ми олесна кога прочитав дека се завршил разводот).
    Секој може да направи дете, но не секој може да биде татко во правата смисла на зборот, исто и ако си добар татко не значи дека си и добар сопруг. Иако понекогаш мислиш дека си неправедна кон твоето дете со тоа што го одделуваш од својот татко, верувај дека (според мене) ја донесе вистинската одлука, бидејки ти му создаваш нова слика на твоето дете за неговиот татко, кој доколку сеуште би биле во брак би останал само човекот кој излегува со другарите и не ја почитува својата сопруга(дури и физички ја повредува), и самата кажа во еден од претходните постови дека твојот сопруг не е лош човек само е растен во нездрава средина. Епа драга моја ти го тргна своето дете од нездравата средина и го учиш своето дете на една многу важна лекција - лекцијата за самопочитта.
    Јас само би ти предложила да оддржуваш пријателски односи до твојот бивш, дури некогаш и да испаднете заедно со малиот. Јас лично не те советувам да се обидеш повторно со него бидејки е малце глупаво да правиш една иста работа одново и одново а да очекуваш различни резултати и доколу се вратиш и повторно ако биде истата песна, ако повторно сакаш да се разделиш со него никој нема да те сфати сериозно.
     
    На НаталиЛили и irena.1 им се допаѓа ова.
  7. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    ^ но не е лесно...... сето ова ми изгледаше многу полесно но не е...ми е страв дека тешкото допрва доаѓа....
    сите обврски се на мене.........и уште толку се сврзав со детето...и се што ќе му се случи си го сфаќам како моја грешка, мој пропуст.....а допрва доаѓа тешкото во воспитувањето.... :?:
    ама тоа е- кога животот ќе ти даде лимони, направи си лимунада.......
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maxima

    Maxima Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo,

    Jas sum nova na forumov I imam nekoi prasanja vo vrska so razvod. Dva dena pred nova godina resivme da stavime kraj na 5 godisniot kosmar (jas vekje bev vo glavata razvedena uste pred 2 god.) imame 3 ipol godisno detence I zaedno sme kaj moite koi maximalno me poddrzuvaat vo odlukata da se razvedam. Postapkata za razvod uste ne sum ja zapocnala I me interesira kolku cini advokatot, kolku trae postapkata, sto prasuvaat tie od socijalno, mora li pred niv da se objasnuvame za pricinite....? Ve molam dokolku nekoja od vas ima povekje informacii neka pise.

    [mod-kirilica:2wyt4ldd][/mod-kirilica:2wyt4ldd]
     
  9. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    за пари зависи од адвокатот.
    бидејќи имате малолетно дете ќе пробаат прво да ве„помират“ во социјалното, ама ако не сакаш не мораш, после од прилика месец-два стигнува покана за на суд и тоа...

    обично се наведува непомирливи разлики и нарушени брачни односи како причина....

    е сега на мене не ми правеа проблеми за старателство врз детето (читај кога има кој да се нервира и да се мачи, зошто тој) па поради тоа во социјалното не не задржуваа многу...е сега ако не се догворите за старателството социјалното како демек остражува кој е подобар родител и дава предлог до судот кај кого да остане детето
     
  10. Pepaaa

    Pepaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    имам сериозен проблем.. во текот на бременоста сум (5ти месец) но проблемот е тоа што мм секогаш ги слуша мајка му и татко му а мене никаде ме нема .. парите од свадбата сите му ги даде нив. кога му спомнав за тоа физички ме нападна .. 2-3 пати до сега во доцните часеви одам дома кај мајка ми .. се расправаме околу тоа што не сум се симнувала доле кај нив а тој кај моите дали има отидено 2 пати.. помагајте ве молам .... ://////
     
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    што те нападнал физички во 5месец од бременоста???????????
    веднаш да го пријавиш во полиција и во министерство за социјални грижи да нему се чудиш ич нека го изпеглаат во полиција здраво па да види дали ке те напаѓа друг пат
    И како може да им ги даде парите од свадбата на неговите без да разговара со тебе ????
     
  12. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Како бре те нападнал физички а си 5 месец бремена? Ма и да не си бремена, како може и смее да дигне рака на тебе? Па чекај, вие сте тек на почеток, а што ќе биде по некоја година? Најискрен совет да си заминеш од таму, зборувај со твоите, кажи им ја ситуацијата и нека те заштитат бар тие. А добро, неговите знаат како се однесува тој со тебе? Твоите што велат кога одиш кај нив во доцните часови? :x :x :x
     
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Чудно не сум пишала на темава. Не дека нешто посебно сакам да се отварам, у принцип сум мн затворена личност, али ај, ова може ке помогне некому. Разводот како развод (процес) многу лесно го поминав бидејки траеше неполни 10 мин. Периодот пред разводот, помирувањето сам со себе дека сите соништа со тој човек ти се срушиле-е најтешкиот дел. Но се поминува. Убаво викаат, сонцето утре повторно ке излезе, со или без него, со или без мене, со или без вас. Треба само добро да се прегледаат причините за развод кој што најчесто ги има, посебно во ова себично време кога реткост е машко да сака да ја жртвува својата слобода и дремењата по кафичи со другари за да чува и израснува деца и да има мирен топол дом. Јас имав ОГРОМНИ причини да се разведам. Уствари...по 3 год како сум разведена,не ни гледам причина зошто би останала во тој брак. Бев странец во таа куќа,откако се земавме тој како да доби се што сакаше и ме батали, плус имаше некои свои чудни психопатски фетиши кои јас не можев да ги прифатам а и не би сакала да ви зборувам за тоа. Потоа ми беше потребен психолог за лечење на тие трауми (негови фетиши) но и тоа помина.

    Едно ке ви кажам само. Кога ке мислите дека срцето ви се корне од болка, крвта ви е испиена, кога ке плачете по цел ден во вц и кога ке поминувате ноќи и ноќи сами оставени без него и ќе немате поим каде е....знајте дека СЕ ПОМИНУВА. После тоа следи ден кога нема воопшто да ви е гајле ни каде е ни со кој е ни како е. Ваше е само да решите да се борите да сте среќни. Зошто би останале со човек кој не ве усреќува,освен ако не обожавате да патите!?
     
    На НаталиЛили, Steff.Unique, Korisnik008 и 45 други им се допаѓа ова.
  14. S-girl

    S-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    38



    многу убав пост, што влева малку надез на тие што поминуваат низ тешки моменти, :inlove: ти посакувам се најдобро и да го најдеш цовекот на твојот зивот и засекогаш да сте срекни и весели.......исто така и на сите кои се наогјаат во слицна ситуација.............. теско е но ке помине
     
    На galapce и DigY им се допаѓа ова.
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Фала на убавите желби, пред се се пронајдов себеси, а за човекот...мање више ако не знаеш кој си што си и што сакаш. Слушни ја Listen od Beyonce. Баш за пронаоѓањето на себеси пее. :hug: И ако случајно си во фаза на развод, ти ја посакувам целата леснина која јас ја осеќав :hug:
     
    На shnolichka, galapce и S-girl им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Чудно уште ове немам одговорено:D.
    Сум заборавила веќе многу одамна беше.Делот пред разводот бше многу тежок, како и кај повеќето.
    Прашањето што понатаму ако се разведам? Од двете зла знам дека го избрав подоброто, разводот.

    Сите вие кои шти живет во лоши бракови немојте да трпите, се ќе си дојде на свое место потоа, тешко е додека да се одлучиш. Пред парничната постапка многу се мислев дали погрешив тоа ме убиваше на моменти. Прашањата од типот, дали детето го оставив без родител(никаков), дали ќе успеам понатаму во борбата со сите животни настани со мало дете, ама кога ќе си помислев колку ме малтретираше сето тие мои дилеми се рушеа како кула од карти.
     
    На makedonkamak, anina, lavinija28 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    Еве и јас сакам да кажам нешто во врска со животот после развод. Имав пишувано на темиве и претходно. Моја блиска личност, се разведе што се разведе, спогодбено, со некоја ситна алиментација, но ајде, нејзе не и беше баш и гајле за алиментацијата, затоа што дотичниот не сакаше ни денар да дава, едвај му извлекоа адвокатите нешто. Сега, платил само за еден или два месеци (а требаше од јуни 2014 да плаќа). Но, што се случува? Семејството на девојчето живее со страв, тој често кога ќе се опие знае да се заканува со убиства, со вулгарности и какви ли не др работи. Таа трпи, од страв да го пријави. Е сега, тој се осмелува да појде во нивниот дом, да ги навредува и да им се заканува дека сите ќе ги убие. Полицијата го зема (плус бил пијан и можно е да нападнал некој од полицајците) па ја советуваа девојкава да го пријави за малтретирање. И што, ќе го пријавиии. И? Ќе има некое судење можи, ќе го казанат можи со некоја парична казна. Но, што потоа? Што ако тој не престане со заканите и стани нешто пострашно и ако навистина го изврши она за што и се зканувал? Тој пија, а кога е пијан, значи не знае што прави...Дали можеби феминки имате некое слично искуство (не дај Боже да имате такво нешто), но, ете, дали можеби знаете за ваков случај па имате некој совет? Многу ми е тешко, па решив и тука да пишам затоа што не сакам да страдаат тие луѓе кои многу ми значат и не го залсужиле ова..Поздрав !
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Знам и јас за таков сличен случај, а можеби се работи и за истиот. Тоа “мажуле“ го направија човек родителите на невестата, ама џабе. Си имаше советници со ум помалку од неговиот па почна физички да ја малтретира жена си (можеби и пред да се земат ја малтретирал).
    Два пати пријавено, со две пресуди(со казна затвор) за семејно насилство, а “мажот“ уште е на слобода и гајле си нема. Па уште се заканува со линч на цело семејство од невестата кога ќе излезе од затвор...
    Јас мислам дека кога станува збор за вакви психопати во оваа наша држава, најдобро е да не се фаќа работа. Бидејќи можеби ќе земе 2-4000 денари, ама ако “мажот“ (кој најчесто пати од комплекс да се докаже дека е голем маж, а маж не е) направи беља - џабе е. Со луѓе со психички проблеми работа не се фаќа. Се знае дека за нив државата треба да се погрижи и да им обезбеди соодветно лекување, во соодветна институција, ама за жал тоа кај нас не функционира. Па истите се шетаат слободно по улиците, а подоцна се случува тоа што се случува.
     
    На friendy и tessie им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    ^ Со тоа што за жал не секогаш проблемите така лесно излегуваат на виделина уште во врска, па ни во брак.
    Сум слушала секакви приказни, 15 години супер брак и отпосле дури некои карактеристики се манифестирале во сиот свој сјај. За оваа работа, ксмет само. Ништо друго не гарантира толку колку претходново.
     
    На Hipica, friendy и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Во случајов што го споменав, одамна беа познати характеристиките на “мажот“, ама како успеа да ја прелаже невестата, до ден денеска не знам. Дали не се распрашаа или дека остана бремена...
    Само и ние сме модерни, современи, европски настроени и забораваме на мудроста на нашите стари кои убаво се распрашувале за оние со кои се ородуваат и тоа од нивните најголеми непријатели... Мене искрено ми е жал за секое распаднато семејство, а особено за семејствата во кои има деца.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.