Како го преживеавте разводот?

Дискусија во 'Брак' започната од Sherryl, 24 јули 2012.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Веќе сум пишувала на некоја тема за мојата пријателка која има трагичен брак. Катастрофа! Физички и пскихички малтретирана а сепак не потегнува да се разведе. Има три деца а и нема некоја сигурност за во иднина каде би можела да се ослони. Го трпи идиотот скоро 10 години. Откако се во брак, поточно. Колку што знам дури и третото дете го имаат зачнато преку насилен сексуален однос. Страшно нешто.
    Колку и да е тежок разводот, сепак нема смисла да се измачуваш цел живот. Жената има 40кг, не личи на човек а сепак го трпи од х причини.
    Подобро е да имаш лош развод отколку цел живот да бидеш во лош брак
     
    На candy.cane, Sky-butterfly, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Најжалосното во ваквите ситуации е тоа што жените мислат дека трпаат ради децата да растат со татко а во исто време ги учат синовите дека е во ред да се биде насилен со жените а ќерките дека е во ред да бидеш тепана и малтретирана.
    Реалноста е дека во 90% случаеви децата кои се растени во средина каде царува семејното насилство го продолжуваат тој зачаран круг.
    Треба жените да бидат храбри и баш поради децата да се разведат, да им понудат спокојно и мирно детство на своите деца а не кошмарното детство кое сега го живеат.
    Можеби грешам ама поради сигурноста на покривот над глава и парче леб, жените во ваквите бракови свесно си ја жртвуваат среќата на децата ,јасно ми е дека економската состојба во Мк не е сјајна, разводот и самостојното живеење е тешко остварлива ама среќното детство на децата нема цена според мене,
     
    На candy.cane, TIGARCE86, anuskaNESTLE и 12 други им се допаѓа ова.
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Женава зема плата од 9000 денари и не е баш образована за да може да напредува на работното место. потекнува од село во Источна Македонија и има двајца браќа кои живеат во семејната куќа каде нема место за неа. Всушност нејзините се во незавидна ситуација па нема кој да и даде подршка барем на кратко додека застане на свои нозе. И таа сама е свесна дека со таа плата не може да им обезбеди ништо на децата. Од друга страна таткото, барем, кровот над глава им го дава. Жална ситуација. Не сака да си замине сама па трпи се. Откако го пријавија за семејно насилство се стиши малку во однос на физичкото малтретирање ама психичкото е сеуште присутно.
    Кога одам кај неа се чудам какви мажи шетаат по планетава „Краво, ми свари мене кафе?„ „Оваа овцава моја за ништо не ја бива„... Легнува на кревет и и вика „Ајде покриј ме со ќебе„. Страшна работа. Дури и да ти е срам да кажеш дека познаваш таков човек.
    А инаку, човеков е супер со сите. Значи, таков е само спрема неа. Како пријател е одличен ама што ќе му е пријателство кога не знае како со сопствената жена?
     
    На kukla21 и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Значи има плата, родители и двајца браќа и трпи вакво говедо...........за срамота.
    Не треба да бидеш образована за да знаеш дека треба да си ги заштитиш децата и тој е никаков човек чим се однесува така кон жената пред децата, нему не му е гајле за добробитот на сопствените деца или не му е јасно колку ги осакатува децата со своето однесување.

    А за родителите и браќата не знам што да кажам, можеби дека јас секогаш сум ја имала неограничената подршка од татко ми и брат ми па си мислам дека сите ја имаат, моите ризикуваа во затвор да отидат откога бившиот ме претепа, среќа што веднаш го затворија инаку ќе го убиеја, какви се тие луѓе што се прават слепи кога ќерката и сестрата им е вака малтретирана.
    Ако нема каде да ја приберат можат неколку месеци финансиски да и помогнат, да и платат кирија, сметки, за се се има решение доколку се има желба да се измени ситуацијата.

    Мислам дека џабе и збориш таа се решила дека така треба и никогаш нема да се разведе, свесно седи во брак само ради покривот над главата, најискрено во оваа ситуација најгреота се децата, тие не барале да бидат дел од вакво насилно семејство.
     
    На candy.cane, tessie, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  5. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    И јас така размислувам и дури и отворено и кажувам. Често и велам дека не ја разбирам. И јас ја имам подршката од моите па затоа ми е несфатливо. Сепак ако ја слушаш неа, поинаку изгледаат работите. Браќата едвај си ги прехранувале семејствата па таа уште им фалела.
    Од секоја уста излегуваат различни зборови. Сепак не би сакала да сум и во кожа
     
    На candy.cane и bittersweet им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    4.675
    Пол:
    Машки
    @bittersweet извини, ама нереална си.
    Три деца со 9000 денари, тешко дека ќе можат да се прехранат (а школување?). Дури и сам човек со 9000 е тешко да се преживува. За помошта од браќата и родителите, од кај да знаеме во каква ситуација се и тие...
    Лесно е да кажуваме, ако сме економски слободни, ама да не даде Господ да сме им во кожата на оние кои економски се неслободни...
    Ја разбирам мајкава и нејзината жртва, се надевам дека ќе се исплати.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Која жртва ја прави, што ќе и се исплати, тоа што ќе израсне нова генерација на семејни насилници?

    И да се согласувам дека 9000 денари се ништо ама зошто никој не додава дека таткото ќе си плаќа алиментација, плус еве да речеме 6000-7000 денари, ако немат нејзините пари, чим се од село имаат храна, така да за доброто на децата ако се сака се се може, барем според мене.
     
    На candy.cane, Hipica, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Ama pa i ne se zivee takov zivot..vo strav..Podobro e da ja priberat familijata(pa makar spiele site vo edna soba),otkolku da ja ostavat na takov zivot..na milost ili ne milost...potpolno se slozuvam so @bittersweet
     
    На candy.cane, tessie, Sky-butterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Лесно е оддалеку да се збори ,,зошто не ја прибрале родителите,,..често и родителите знаат да бидат без елементарни чувства...секаков народ има.Ние оти имаме поддршка и се ни е чудно
    Од друга страна не се трпи таков живот.
    Крај краева има телефони за семејно насилство па барем неколку месеци ке ја згрижат тамам додека проба да се снајде на било кој начин.
     
    На candy.cane и tessie им се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    4.675
    Пол:
    Машки
    1. Не мора да значи дека децата ќе и` бидат семејни насилници. (Но, постои веројатност дека ќе бидат, затоа пишав се надевам дека жртвата ќе и` се исплати).
    2. В село храната не паѓа од небо.
    3. Ако не забележа, се вклучив по писанието на една членка на форумов, која се жали од татко кој не плаќал алиментација. (Какви што се повеќето, па мајките еднаш земаат, па тужат, па земаат, па пак не земаат, па пак тужат и така дури да порасни детето).

    И пак ќе речам за другите лесно е да кажеме и лесно е да си дебатираме на форумиве без емоции (за луѓе кои не ги познаваме) и без било какви последици, ама тешко кај што ќе дојде. Да бидеме реални, децата, па и возрасните имаат потреба од мир и од љубов, ама и од пари имаат потреба.

    ПС: Кога даваме вакви совети, кои се од животно значење, дали сме свесни дека со секој наш совет треба да превземеме и соодветна одговорност, ако нашиот совет биде прифатен. Пример: ако утре се разведе женава која ја дискутираме и остане без работа, дали ние ќе и` помагаме материјално? Или ќе ја оставиме нека си ја треска главата...
     
    На elena.mak и Silver.E им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас сфатив дека имаат и трето дете. За третото дете државата не и' плаќа нешто? Нели кампањиве за тоа беа? Плус нејзината плата, плус тој сељакот ако даде нешто алиментација, мислам дека би било доволно за почеток. Познавам жени кои и без ич се развеле, па со тек на време застанале на нозе. Не е оправдување тоа што нејзините не и' даваат поддршка. Сигурна сум дека барем една соба можат да и' дадат додека се снајде, барем спокојна ќе биде и она и децата. Крај краева таа куќа е и нејзина, и таа таму израснала, барем една соба секако и следува. Ама најверојатно нејзините повеќе се замараат што ќе кажат комшиите и одат по принципот како пред 100 години, наследството само на машките, женските деца нема што да бараат. Проблемот е што повеќето жени се така воспитани. Уште од мали од дома им се труби цело време дека маж се слуша, трпи заради децата, не се разведувај, срамота е... И жените се пред се' психички утепани од дома, а подоцна и од мажот и доаѓа до еден магичен круг од кој нема излегување, а се оправдува "заради децата". Тоа никогаш не го сфатив, ама најверојатно сопствената слабост да се стави крај на измачувањето, несвесно ја прикриваат со тоа што велат дека трпат заради децата.

    @Orthophill верувај дека многу повеќе ќе има ако се разведе отколку да остане со него. Пола и повеќе од парите тој сигурно ги дава за пиење. Мислиш дека она сега нешто многу повеќе пари има? И сега нема, само се плаши да направи чекор зашто нема поддршка од никој. Треба храброст, треба борба, а она се навикнала така и тоа е тоа. Не е единствена, 80% од жените во Македонија што трпат семејно насилство се во ваква ситуација и немаат храброст за развод. А верувај дека не секогаш е до парите. Има жени кои се добро ситуирани па пак трпат "заради децата".
     
    На felisitas, tessie, sesilija и 5 други им се допаѓа ова.
  12. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Третото дете во случајов на пријателката е родено во 2007 а законот за трето дете стапи во сила на 01,01,2008
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.778
    Натешко е до моментот кога човек ќе свати дека нема што да спаси во таа врска/брак, дека нема за што да се бори.
    Очајното држење за моменти среќа од минатото кои се повеќе избледуваат, самозалажувањето дека никаде не е совршено, величењето на некоја негова карактеристика и замижувањето пред 10 други мани може да трае со години.
    Во една друга тема пишав еден пост за слична тема.
    Лицето едноставно не е психички спремно да ја прифати идејата дека сите соништа и надежи се градени во воздух. Дека нема стабилни темели.
    Соочувањето со сам себе, со својот погрешен избор, погрешна проценка и уочување на фактот дека лицето во кое си се вљубил не постои. Дела евоулирал во една друга особа, за тебе непозната и неприфатлива.

    После овој момент немаш веќе проблем со партнерот, туку сам со себе.
    Наместо да си дојдеш малку на себе и да почнеш барем да размислуваш за живот без партнерот и како сетто тоа би изгледало. Дали и кои ти се алтернативите најлошата одлука е да наклапаш дете во таа средина со надеж дека ќе биде спасител на тој брак.
    Дете не се раѓа за да донесе некаков биланс во врската, дете се раѓа во врска во која веќе е установен истиот.
    Па вака и деца на душа ќе носиш а со тоа и самосожалувањето е поголемо а и изговорите дека нема да се успее без таа особа, дека нема што да се пружи на тоа дете.
    Се поставува нова цел, борба за подобар живот на децата а себе си во улогата на жртва поради немоќта да се спроведе вистинската одлука.
    Не жалост секојдневното измачување е веќе познато и колку и да звучи морбидно е прифатено и се чуствува во една сигурна зона и е помалку страшно од непознатото.
    Секое самозалажување или очајнички/екстремни обиди да се спаси одкако веќе е се јасно, ќе си наплати на крај со дупла цена.
    Доколку жеената ја нема моќта да пресече, најчесто треба да се случи нешто екстремно или он да ја избрка па да ис е отворат очите.

    Човек треба да е радикален при краевите а рационален при новите почетоци.
    Се додека онаа прва фаза, расчистуавњето сам со себе е најбрзо и најефективно што може сторена тогаш и еден нов почеток ќе дојде побргу.
     
    На senza.parole, Ethrnity, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @Orthophill во моментот ние не ја советуваме жената туку реагираме на постот на Анина за ситуацијата на нејзината пријателка.

    Не можеш да донесуваш заклучоци за мене без да ме знаеш лично, јас пред да се породам со ќерката се ангажирав во нашата црква за помош на жени кои имаат проблеми во бракот и не една имам земено дома, помогнато финансиски, така да мојата помош во реалниот живот е далеку поголема само од збор, тој збор и го поткрепувам со дела.:hai:
     
    На Annath, Glasna, Daydream и 11 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Стимулот да се создаде подобар живот за блиските некогаш знае чуда да направи од еден навидум кревок човек, во случајов, жена. Имав слушнато еден муабет „Да не беше детево, можеби никогаш немаше да бидам свесна за каква се` не работа сум способна и што се` можам да научам во години кога и баш не ми е време за учење.“

    Немам деца, но само можам да замислам колку децата и нивното добро може да те направат истраен во таа намера. Гледам околу себе еден куп примери, на мајкишта ко што ги викам јас. Се бореле, работеле секаква работа (во случај да немале во моментот), од помагање во домаќинство до вршење потешки физички работи (традиционално наречени машки работи). Некои од нив подоцна нашле подобра работа и децата ги израснале во една динамична и продуктивна атмосфера. Не било лесно сигурно, сигурно имало и жртви, но исто толку тешко е и трпењето. Едноставно станува збор за различни видови на тешкотија од коишто првиот скоро секогаш се покажувал како многу поисплатлив.

    Што се однесува до одговорноста за нашиот даден совет доколку биде послушан... секој тука советува според сопственото искуство и поимање на нештата. Сугерираме, не наредуваме.

    Иста е одговорноста доколку некоја жена ја советуваме да трпи и од трпење пусто да закачи триста болештини на млади години и да не биде целосно способна да се грижи за децата на коишто секогаш ќе им е потребна, со одговорноста доколку некоја советуваме да продолжи сама и не успее да се избори за себе и своите деца. Стресот најчесто се покажал како многу поразорен за нашето здравје отколку работата. И тука не е само физичкото здравје во прашање. Треба и психичка стабилност за да им се пружи на децата грижа каква што заслужуваат, а нејзината состојба се загрозува со секое малтретирање од сопружникот.

    Децата колку што биле кочница, толку знаеле да бидат и стимул. Искористете ја љубовта и грижата кон нив за да се насочите кон најконструктивното за вас решение.

    Ова знае да се покаже како голема грешка. Едни имаа вака направено и за малку ќе му ја расипеа среќата на нивното дете. Сега им е криво ама ... тоа е, нема цурук. Непријател може да има исто толку шанси и мотиви да те излаже колку што и нивен пријател. Секако да се распрашаш, ама да не заборавиш да се потпреш на сопствената интуиција и искуство со тој човек. Ако некоја како негова девојка и вереница не успеала нешто да забележи, непријателот пак, којшто има сигурно помалку контакт со него, уште помалку.
     
    Последна измена: 27 јануари 2015
    На Annath, Daydream, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ова е нешто многу важно, кој ретко го зема во предвид.
    Секогаш ако некому даваш совет, биди тука и за последиците од твојот совет. Иначе за рекла-казала сите не бива.
    Затоа човек не треба да се дрзнува од ракав да си вади едноставни совети, а после тој што го применил советот да си ги вади очите.
    Зошто секогаш кога ќе се соочите со реалните проблеми, советодавците исчезнуваат.

    А, за да ти рече некој: раскини, што го трпиш ма, мафни го...Најлесно е. Таков совет од секој ќе добиеш, не е нешто посебно...
     
    На Emy867 и joy1 им се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    4.675
    Пол:
    Машки
    @bittersweet значи не реков конкретно за тебе. Ги поздравувам твоите активности, но реално не сите го следиме твојот светол пример.
    @tessie во право си за распрашувањето, ни јас не реков дека треба секогаш да се слушаат оние кои ги прашуваме (останав недоречен), ама барем да бидеме свесни од прилика што не` чека. Обично кај што има чад има и оган.
     
    На tessie и toogood им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.644
    Допаѓања:
    140.740
    Колку и да е тешко и да се нема пари, подобро е да се живее сиромашно, да се јаде леб и маргарин и да седат само со кебиња покриени, да носат исти чизми цела зима, ама да не видат децата како татко им ја убива мајка им пред нивни очи. Буквално. Оти еден лош удар, едно лошо паѓање, за жена од 40 кила е многу.
    Ако некој мисли дека е во ред да се трпи за пари, а притоа да се загуби животот пред децата, да им направи трауми засекогаш, тогаш греши. Има многу места каде што може да отиде. Животот на една жена која е мајка е живот за децата. Секоја мајка прво би го дала својот живот, отколку детскиот. Каков живот ќе имаат децата со секојдневен страв?
     
    На candy.cane, Annath, Hipica и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Зoштo јa упрoпaстувaте темaтa, имa теми сooдветни, oвaa е убaвa темa зa искуствa. Апел дo мoдерaтoр сите дa ве префрли. Oк кисче, лaвју.
     
    На toogood и Daleron им се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.398
    Допаѓања:
    179.851
    извини што ке кажам ама пред 3месеци во кавадарци баш тоа се деси зетот си ги застрела дедото бабата и сестрата на бившата жена не сакам да испадне дека ве плашам ама сепак тое вистината
     
    На toogood, okcenzi и Glasna им се допаѓа ова.