Сите го знаеме правилниот одговор за ситуацијата меѓутоа не го кажуваме решението за проблемот. Ако знаете броеви, линкови од здруженија за помош на жени, самохраните родители, адвокати кои бесплатно би се нафатиле да го истераат процесот оставете контакт (Со новиот Закон сите што имаат правна обврска да ја завршат мора да аннгажираат адвокат). Јас разбрав дека жената е од источна Македонија со плата од 9000 денари. Доколку има ниски квалификации може да се обрати кај оние што ги обработуваат ниви за дневници од 600 - 800 денари. Многу пензионирани жени и мажи ги вршат тие работи преку лето во околината на Струмица. Ако едно од децата е доволно возрасно може да и помогне исто така финансиски. Не знам дали сеуште постои месечен надоместок за деца бидејќи во мое време државата одвојуваше околу 1500 денари.
искрено, мене многу ми падна тешко разделбата на моите родители. тогаш само што тргнав во прво одделение, а сестра ми беше малку постара од мене па целиот терет падна на неа. се разбира и мајка ми се грижеше за мене но таа имаше многу обврски кон студиите. (една година претходно се запиша на факултет). и ден денес сум и благодарна на мојата сестра која ме носеше и вракаше од школо. а за татко ми немам коментар. тој е толку неодговорен човек. сигурно и он си има проблеми но неможеш ти секогаш и во секое време на своите деца да им кажеш не можам. никогаш не бил тука ни за мене ни за мојата сестра, а камоли за мајка ми која секогаш се грижела за нас најдобро што може.
Се согласувам со Битерка многу одамна пред сопруот имав еден многу добар дечко барем се правеше добар додека да ме фати,за на крај да излезе забеган и стигнавме до полиции не ме оставаше на рает,мораше и моите да седат Ск.со мене тогаш бев студентка типов,излезе скроз психопат мајка му дојде на врата ми раскажа како е растен тие беа разведени повеќе години, ама тој гледал доста работи од татко му кој ужасно ги тепал ги малтретирал,се коцкал итн.да не го тужам да имам милост дека е растен во такви услови и сето тоа за него е нормална работа,мене не ме малтретираше од типот тепање туку беше љубоморен многу,иако бевме 3 месеци во врска ме следеше секаде со колата на фах,со другарки не оставаше ниедно машко,да ми се доближи другар колега психички ме малтретираше да продолжеше таа врска сигурно ќе беше многу полошо,зборот ми е дека од таквите ситуации,да не се разведам ради децата,децата најмногу страдаат порано или покасно подобро е добар развод него лош брак....
RAZVOD neka ne go plasi nikoj razvodot,bidete sigurni se(sekoja poteskotija ) kako sto doaga taka i pominuva samo treba HRABROST I SILA.ne za djabe velat sekoe cudo tri dena.Se so tekot na vremeto se sreduva i si doaaga na svoe mesto isto taka mnoguuu vazno e i TRPENIETO .Od moe licno iskustvo ke spodelam znaci imav los mn los brak tri godini znaci od se po nesto izneveruvajne,maltretiranje (psihicko,fizicko) i resiv da se razvedam a mazot mi 4 meseci odeleni znaci i on za toa vreme moli kuka place i ja si vikam ke probam uste ednas belkim se smenil belkim ja svatil seriozno rabotava mu se vrakam i za ne pun mesec on povtorno istiot pa duri i polos i taka pak trpenje Uste dve godini so nadez deka ke se smeni no ne se poloso i poloso bidna i pak podnesov tuzba za razvod i ete posle site maki sega mozam da kazam sum srekna razvedena zena od dekemvri minata godina. I sakam na site da vi kazam deka se sto ne te ubiva te pravi posilen i nema nesto sto covek moze da izdrzi pa bilo toa i RAZVOD.
Ги повикуваат сопружниците на разговор за да видат дали е можно да се помират и дали се сигурни дека сакаат да се разведат. Плус доколку има деца да дадат мислење за старателство.
Постапката за помирување на сопружниците се спроведува, доколку има деца во бракот. Спротивно од ова, следува судска постапка за развод.
Се преживува. Дури и многу ако си сакал. Дури и ако многу си сакал, па по некои, според тебе, непремостиви работи додека срцето ти крвари од болка, исправено и одлучно си ги кажал тие два збора. Иако од јад и тага си ослабел 10 кила за четири месеци. Ама, среќен си затоа што си добил уредни резултати на тестирања, не те дофатила болештина од толку тага. Сфаќаш дека мора да си праведен кон самиот себеси и дека треба да избегнуваш тага колку што можеш и тераш понатаму и се радуваш што новата линија не е во багаж со здравствени последици. Сѐ уште знае да боли од време на време. Ќе се појави од некаде негова слика и си велиш „Зарем не можеше поинаку да биде сѐ?“ Да си болно искрен кон себеси е поважно од тоа да не бидеш сам. Да се избереш себеси како оној којшто го сакаш повеќе е подобро за сите коишто те сакаат околу тебе. Само слушај се себеси. Не пресекувај додека не си сигурен. Моли се да ја добиеш таа сила и срцето категорично да ти каже да или не. Без предомислувања, без мирења, без милионити шанси. Голем ризик е, а во голем број од случаи е отворање стари рани. Ако многу си сакал, ќе имаш моменти на носталгија во коишто би сакал да се вратиш. Игнорирај ги! Ако сакаш среќен живот, ќе гледаш напред, нема да живееш во минатото. На сѐ се навикнува човек, само здравје да те служи и блиските да ти се на куп што подолго. Посебно ако нема деца. Никако немојте да користите деца и бременост како лепак за скршената вазна. Јер во случај на развод и тие додаваат на потешкотија и нови борби и нови нешта на коишто мора да се навикнете.
Здраво. Доколку после развод се преселам во друг град со детето секако со работа и станбено обезбедени.. како ќе се одвиваат видувањата на детето со таткото?
Сето ова убаво звучи ама веројатно отпосле. Јас во моментов поминувам низ фаза на развод и колку и да е голема причината сепак боли, солзите сами навираат колку и да не сакам и да знам дека не треба да е така. Искрено се надевам дека ќе помине, ама е премногу тешко. Посебно затоа што ние бевме во брак 18 години и уште 7 заедно пред брак. За среќа (во нашиот случај) она што недостасуваше во бракот (деца) сега е поволност. Да, сето е убаво напишано и се надевам искрено дека ќе дојде убав ден. Велат Господ има план за секој од нас. Јас секој ден (во целиот свој живот) се прашувам дали некогаш ќе го видам тој план за мене.
Работата е што не беше убаво. Со месеци се тераш сосила да јадеш. Немаш волја, ама па, некогаш ете Господ дава сила умот да ти биде над волјата, па сам те тера да правиш она што е неопходно. Одиш по улица со очила за сонце секогаш, дури и ако тоа генерално не ти било стил за да имаш време да ги тргнеш солзите пред да се забележат. Се` поминува. Во мојот случај дури и спомените. Треба да си свесна дека сега во моментот си тажна и тоа треба да го испразниш од себе. Не потиснувај, исплачи се, во црква, на врв на некој рид, одболувај, не си ставај високи критериуми. Не мораш да се правиш нешто што не си. Само не заборавај на есенцијалните работи во животот. Не мора да си најдотерана, најсоцијална, најнасмеана ако во периодов не ти е до тоа. За се` има време, а болката во сегашноста излгеда дека е бескрајна. Но, не е.
се' што напиша е вистина, посебно што јас важам за храбра жена којашто секогаш умеела да се справи и да најде решение за секој проблем. за проблемот со бракот не ни сакам да барам решение, тоа е дефинитивна моја одлука. е, сега проблемот е во тоа што бидејќи секаде треба да бидеш јак, дотеран и насмеан кога ќе стигнеш во своето катче крахираш. Крахираш физички, психички, секако. и јас се кријам зад очилата плачам, одам во црква, се дружам со пријатели, засега финансиски приблем немам за среќа и се надевам дека ова е само фаза од животот која се надминува и на која по одреден временски период ќе се смеам како на приказна од минатото.
После 10 години брак и три прекрасни деца, дојдовме до точка каде нема враќање. Се надевам ќе преживееме и двајцата, зошто уште не сме ни почнале. Месец дена како заминав од дома, а тој сеуште не се помирува дека е крај и дека не се враќам. Се уште ме моли и ветува дека се ќе се среди, како и милион пати досега што се среди. Тешко е, многу, премногу, ама јас сум решена, не сакам веќе лаги и манипулации. Доста беа сите шанси. Како ќе го преживеам разводот не знам. Не знам ни од каде да почнам. Се надевам се добро ќе се заврши.
НаталиЛили, топло ти препорачувам ако не може да се реши, да се разведеш со време. Јас тоа сега го направив и искрено се чувствувам преубаво. Кризите полека минуваат, ама се пронаоѓаш себе и се гледаш од една поинаква перспектива. Големо олеснување
@tessie Мојата сестра размислува за развод. Додуше сеуште нема потегнато, ама натака оди работата. Се работи за неверство подолго време од страната на зетот. Кажи ми како да ја утешам ако се разведе. Сега за сега е замо гневна. Јас не сум многу емоционална, а таа може и за врапче да плаче. Другата пак ни е уште порационална и кај неа нема место за емоции, барем не јавни. Некој план? Совет? Имаат и детенце.
Taa treba da e odluchna ...zavrshi brakot ako ni prva ni posledna ..podobro sega otkolku da trpi ...treba da se fokusira na deteto da sfati deka mora da bidi hrabra ...i pred se da si se pocituva samata sebe ..da bide podgotvena na sekakvi prasanja osuduvanja bidejki ova e MAKEDONIJA ....ovde ke ti recat poarno da trpese otkolku vaka ama NE ! pred se neka si go gleda zdravjeto ke i treba ima dete za gledanje ..jas ja podrzuvam