значи иам проблем и подолгоо време ме мачи ова... Help.... ситее кои и да ме види ии ми велии биди си својаа.. а јас не сваќам какооо какоооо да бидам.. ако може помошш ...
И јас бев збунета на твоја возраст. Допрва ќе се дефинираш како личност, полека ќе откриваш што навистина те исполнува како личност и ти носи насмевка на лицето. Уживај во работите што ги сакаш ти, дури и ако тоа не се истите работи што ги сакаат твоите другарки. Ништо страшно.
За почеток , прекини да си создаваш идоли , посебно во луѓе кои не заслужуваат да бидат нечиви идоли. Работи на себе , проучувај се сама себе..која музика ти одговара,кој жанр книги,филмови,друштво,места за излегување. Што те привлекува , што не. Немој да сакаш нешто ,само поради што твоите другарки или некоја кул девојка го сака истото. Сакај го тоа што ти одговара. Да бидеш своја не е да научиш некоја лекција за во школо или да се понашаш на одреден начин. Тоа е нешто што се стекнува со проучување сам себе и со искуство секако
Мене не ми е јасно пак,како тие луѓе заклучиле дека ти не си своја?!И прашај ги нареден пат,како знаат дека тие се свои?! Јас мислам дека не постои човек на 15 години што знае кој е,што сака и кај тера,па за да биде свој. Не би им обрнувала внимание на ваквите коментари,особено затоа што е возраст во која секој се труди да го најде своето место,па често го прават тоа така затоа што се трудат некој друг да поместат од некоја позиција и да се наметнат себе.Во тие години почнуваат нефер игрите,а како минуваат годините луѓето учат да бидат посуптилни во тоа,но не се менуваат. Прави она што те исполнува,а вистинските пријатели никогаш нема да ти замерат за твоето однесување и живот,освен ако не ги повредуваш и навредуваш со него.Ќе те прифатат секаква. Освен,ако ти не играш некој лик од филм и инсистираш да изгледаш како него и да се однесуваш како него.
Да градиш сопствени мислења, да не бидеш под влијанија, да не паѓаш на провокации, да имаш аспирации, да знаеш каде припаѓаш итн.
Истражувај ги границите на креативноста, дружи се со луѓе кои ти годат, слушај музика која точно го одсликува она што го чувствуваш и како се доживуваш...
Прави го она што самата сакаш да го направиш, а не нешто само колку да им се допадне на другите. Прави ги нештата кои те исполнуваат и во кои што уживаш. Искажувај го своето мислење и став, без разлика дали на твоите пријатели им се допаѓа...
Паа ок точно дека на 15 години ретко кој е свој што е нормално донекаде секој си има свои идоли примери .... што и да се ... Ако ти викаат повеќе веројатно забележале некое однесување кое не е својствено за тебе во превод тоа не си ти. Тоа ти исто како да носиш некој балски фустан и високи потпетици а во тоа не се осеќаш ни убаво ни удобно и од страна се гледа дека тоа го правиш вештачи ... Некако попластично се обидов да објаснам Со неколку реченици пронајди се ама ама не си го сваќај ова до толку сериозно зашто со тек на време се си иде на место .Несвесно ќе се изградиш како личност а во меѓувреме заборави на идоли ... Биди тоа што си не имитирај нечиј стил однесување или било што .... Прави го работите шти ТИ ги сакаш облекувај се како ТИ што сакаш тоа тие е сигурен пат да станеш своја личност па со тек на време како што реков ќе се потсетиш на ова и не ќе можеш да сфатиш кога се се случи ? ! Позз
unforgiven еден совет од мене добронамерен прифати се себеси онаква каква што си-секој има право да биде почитуван,вклучувејќи те и тебе. Твоите погледи кон животот,животното искуство,полот,потеклото,културата,религијата,сето ова не само тебе туку и сите нас не прави онакви какви што сме
како да се биде свој? поичитувајсе и прифатисе самиот себе таков каков што си и круна на сето тоа цврст карактер јас на овај начин се осеќам своја
Accept no one’s definition of your life, but define yourself. За почеток пробај да си одговориш на прашањето "Која сум јас?" Звучи банално и глупаво,ама воглавном е тешко прашање. Е,кога ќе си одговориш на тоа прашање, тогаш ќе бидеш своја. Така да, одговорите што ги бараме од другите, често ги знаеме и ние,само треба да ги откриеме. Еве на пример сега и јас ти одговорив, место да те оставам ти да откриеш
Како да се биде свој? Има ли начин воопшто? Едноставно размислувај со твоја глава, не ги прифаќај мислењата на другите без притоа добро да ги протолкуваш и разгледаш од сите агли. Дури тогаш можеш да кажеш дали се согласуваш или не. Осознај што сакаш, што те интересира, кои се твоите гледишта кон нештата....
Знам како ти е се наогаме на иста вораст и се уште немаме образувано свое мислење и сеуште главите ни се како уснгери си промааат од се по нешто ,мој совет е да почнењ да правиш нешто свое да се облекуваш како сакаш и некој да се преокупираш со мислњето на другите
тоа се гради со тек на годините, искуствата, преживувањата... во прва година од средно бев :geek: втората - слушав само ар ен би, и хип хоп 3тата година-андергроунд реп 4тата-рок и само рок ! често менував стил, често менував однесување, секакво друштво сум имала ама сега, на факултет, уште се градам, уште учам од животот, од случувањата, подобро сфаќам некои работи, и така... Така се гради човек себеси, сега прави што сакаш, ако за тебе е океј-направи го (се разбира-се има граница, а тоа сама ја повлекуваш)
da bides svoja znaci da imaskarakteristiki koi ke te opisuvaat, ona po sto tsite se razlikuvame megu sebe, site pravime razlicni nesta i imame razlicno hobi!!!Ako tvoja drugarka ima mislenje za nesto, ti si imas svoe mislenje i toa te pravi licnost, a koga ke go kazes mislenjeto na glas, togas si svoja....... [mod-kirilica:2bit760p][/mod-kirilica:2bit760p]
Треба да се прифатиш таква каква што си, со сите твои добри и лоши особини. Прави го тоа што го сакаш и уживај во тоа. Кажувај го своето мислење и цврсто стои позади твојот став. Мислењето на другите не е толку важно, многу поважно е како ти се чувствуваш.