1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да бидам своја

Дискусија во 'Психологија' започната од unforgiven, 15 март 2011.

  1. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Според мене најважно е да ги правиш работите што тебе те исполнуваат ,што те прават среќна без разлика дали им се допаѓа тоа на другите.. слушај ги родителите за да излезеш на прав пат да те посочат излегувај почесто со твоите другарки во прошетки ... и никогаш не кажувај--и јас сакам како тебе-камоли и јас да бев како тебе-ехх да можев и јас така-- .. имај свое јас=биди своја ... 8)
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. antica20

    antica20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    28
    На ова прашање никој никаде на светов не може да ти одговори од едноставна причина
    колку различни карактери ке прашаш како да бидеш своја сите ке ти одговорат различно уствари според тоа
    какво мислење има таа личност како е да се биде свој и од следење на совети по ова прашање ке завршиш како
    плагијатор и имитатор и никогаш нема да бидеш своја.
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Just follow your heart! :!:
    Следи го твоето срце и прави така како мислиш а не како другите ти кажуваат :)
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Така што нема да правиш одредени работи само затоа што другите така прават, ќе одлучуваш сама дека во тој момент сакаш да донесеш одредена одлука затоа што ти сакаш така а не другите, ќе ги искажуваш искрено своите мислења и постапки без помисла дали на другите тоа ќе им се допаѓа, дали ќе бидам прифатена.
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Пред се,треба да се разбереш и да се прифатиш себе си.Не мора секогаш да се согласуваш со другите,едноставно кажи си што ТИ мислиш без да се грижиш дали другите ќе го прифатат твоето мислење и при тоа биди искрена.Не се споредувај со другите и облекувај се како тебе ти се допаѓа.Слушај музика,гледај филмови,прави некои активности што ТЕБЕ ти се допаѓаат.
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Да се биде свој значи да имаш изградени лични ставови и гледања на нештата да имаш изградено сопствен имиџ по кој ќе бидеш своја, а воедно и единствена. Да се биде свој не значи да копираш од некого нешто на пример начин на облекување, начин на однесување, употребување на исти фрази кои веќе твојата пријателка или пријател ги користи итн. Треба пред се да имаш свое јас и изградени ставови за одредени работи во животот, но тоа се да биде во склад со твоите години.
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    да бидеш свој значи да не глумиш а ако некој ти префрли зошто не си своја само кажи своја сум и не се замарај :!:
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  8. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    така што нема да се трудиш да копираш некого
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Имај свое мислење (нека не те интересира што ке кажат другите тоа нека биде твое мислење па дури и да било поразлично до мислењето на другите )
    Не ги копирај другите (ако воопшто ги копираш другите : нивните постапки, стилот, размислувањата..)
    Имај свои идеи :)
    се надевам помогнав :)
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    со тек на време со искуствата од животот што ќе и стекнеш ќе го постигнеш тоа што го сакаш. Се разбира ништо неможе преку ноќ да се постигне
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Облекувај се така како што ТИ сакаш. Слушај музика која ТЕБЕ ти се допаѓа..Едноставно биди си таа што сакаш да бидеш, прави работи за кои ТИ мислиш дека се добри, и што ги сакаш.. Не обрнувај многу внимание што мислат другите..Имај си свое ЈАС :)
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Женски
    Секој треба да си биде свој.Никој не смее да кажува како ти ќе правиш,или,како ќе се облекуваш,какви работи ќе сакаш(во позитивна смисла).
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Да бидеш своја значи добро да се познаваш себеси и да се сакаш баш таква каква што си. Таква да се негуваш, чуваш, се разбира да работиш на подобрување на себе или на промена на она што ТЕБЕ не ти се допаѓа кај тебе.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Да бидеш своја не значи да бидеш самобендисана и да не слушаш, ислушуваш или почитуваш ничие мислење. Баш напротив....
    Да бидеш своја значи да имаш свои ставови, мислења, принципи, да се познаваш самата себе и да се сакаш и прифаќаш каква шо си.
    Да бидеш своја значи најпрво и основно да се почитуваш и сакаш самата себе.
    Да бидеш своја значи да не подлегнеш пред некого, да оставиш да те газат, понижуваат и потценуваат...
    Да бидеш своја значи да се негуваш себе, своите потреби и желби.
    Да бидеш хеаврс и да не се срамиш поради своите соништа и мечти.
    Да не ти е гајле шо другите мислат за тебе, дали ќе им се свиѓаш, бендисуваш, дали ќе се согласат или спротистават со тебе....
    Да бидеш своја значи да си ги знеш мааните, несовршености, болките и болните точки, но и покрај тоа да а се прифатиш каква шо си....
     
    На 6th sense му/ѝ се допаѓа ова.