1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го вратам пријателот?

Дискусија во 'Врски' започната од OzzyAngel, 15 јуни 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Девојки, мојот проблем го напишав во темата пријателство само како мислење, но сега имам потреба од совети и ваше мислење!

    Имав големо пријателство со еден човек, мн постар од мене кој за се ме советуваше и ме сакаше како ќерка, и се ми кажуваше за неговиот живот, седевме со часови зборувајќи и пак не можевме да си докажеме се! Се нарекувавме ПРИЈАТЕЛИ ЗАСЕКОГАШ! Но кога јас морав да продолжам со школото, што значеше да се одделам на некој начин од него, да не се гледаме секој ден, се смени. на почетокот кога ќе се видевме беше се како порано, но потоа тој олади кон мене, ми велеше само здраво и мене тоа ме болеше многу! Лани собрав храброст и му реков дека ми фали сето тоа, дека таа фраза ПРИЈАТЕЛИ ЗАСЕКОГАШ јас ја чувствував вистински! А тој само ми рече “јас не мислам дека беше така“ И за да ме повреди уште повеќе ми рече “јас не гледав нешто толку важно во нашето пријателство“ Но јас знаев дека ме лаже, знаев дека сака да ме повреди, но не знаев зошто, не знам ни сега! Го немам видено 1 година, откако заминав на факс. А после тој разговор кога ќе го видев не го поздравував, како да не постои! Ме боли сеуште што се заврши така, ми недостигаат сеуште тие долги разговори и шеги... :( Иако поминаа 4 години од тогаш...

    го видов пред некој ден случајно,застанав, му викнав, се поздравивме. беше мн ладен и рече дека се брзал пошто имал совети и веќе доцнел. Сакам да верувам дека тоа беше вистина, му реков дека ќе наминам некој ден, ми рече добро. Но беше мн ладен! Сакам да си го вратам пријателот! Како?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    па освен навистина да наминеш и да му кажес како се осеќаш не знам друг начин
     
  3. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    17
    Мое мислење е дека него многу го повредило твоето заминување и затоа ти го рекол тоа дека он не мисли така во врска со вашето пријателство...Но подоцна најверојатно сватил дека ти мораш да се надградуваш и се помирил со тоа...Затоа и се однесувал така ладно можеби да не те одврати или ти да го прекинеш школувањето заради него...Сепак е поминато многу време и најверојатно и ти си сменета па и он...Оди и поразговарај со него кажи му како се чуствуваш во врска со вашето пријателство и дека не си заборавила ниту еден момент нити разговор...Ако не сака да го прифати тоа продолжи од време на време да се сеќаваш на тоа време како убав период во животот и продолжи си понатака...
     
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Би го сфатила тоа ама не е можно! знаеш зошто? Јас бев основно а тој мој наставник! Кога бев 5то одд не зборувавме многу, кога бев 7мо почнавме да бидеме поблиски, ми кажа дека немал баш убав живот и мене мн ме интересираше да знам за тоа, тој ми рече “кога ќе бидеш 8мо ќе ти кажам“ и ми кажа! И се си кажувавме, тој ме беше како татко мене! секогаш ми велеше дека размислувам мн позрело отколки другите на моја возраст. Потоа јас морав да одам во средно школо а таму него го немаше.Тоа беше таа разделба, но ние секогаш можевме да се видиме, еднаш неделно го гледав ви сите 4 години додека учев средно, но не беше исто, му бев далечна,мислеше сум се сменила...
     
  5. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    17
    Чим е таква работата ќе мораш да му кажеш како се чуствуваш и дека не си премногу сменета за да не можете да останете пријатели...Друго решение незнам :worried:
     
  6. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.677
    Пол:
    Машки
    Вистинските пријатели зборуваат за своите емоции, за љубовните искуства, пред се тие од минатото.Вистинското пријателство настанува тогаш кога тишината помеѓу двата човека постане пријатно.Пријател е оној кој знае се за тебе и притоа те сеуште цени.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    63.961
    Пол:
    Женски
    Искрено мене и ми нема логика ваквото пријателство ипак се работи за голема разлика според ова што го кажуваш. Можеби он сакал да добие нешто повеќе од тебе, но ја приметил твојата незаинтересираност за нешто повеќе па затоа и го изгубил интересот за вашето "дружење". Имам другарка што беше блиска со професорот па еве ги сега во брак дека им одеше муабетот многу. Колку може девојче од 12-13 год да размислува зрело да бидеме малце реални, кои теми би ви биле заеднички за да ги коментирате освен ако не сте разговарале за кој цртан си го гледала дента или дали си го видела симпатијата. Мој совет ти е да прекинеш да размислуваш за него и твојата опседнатост со тек на време ќе помине.
     
    На eloves, Aleksandar1212, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.