1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го вратам?

Дискусија во 'Разделби' започната од tea82, 2 мај 2011.

  1. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Не знам ,не неможам никако да најдам одговор за мојот проблем па ресив тука да пишам...Раскинав со мојот дечко веќе месец и половина,мислам дали е правилен збор раскинав...Се се случи на то начин сто не ми се јави 2 дена, јас после тоа почнав упорно да го барам, да кажам со еден збор да му бидам сигурно досадна бидејки може по 10 пати на ден го барав,но тој воопсто не ми се јавувасе,не ми одговарасе ниту на порака,После моите долги досаѓања, и прашувањето кај негов другар што се случува со дечкото...Успеав да ме блокира на фб, на скупе,па дури ина мобилен.....помина некое време, а за тоа време немаше ден да не му пишам или пак да не му се јавам....Му бесе и роденден му се јавив од друг број,ми рече дека ке се слушнеме да зборуваме,реагираше убаво кога ме слушна,но го нема...после некој ден јас го барав пак на мобилен видов дека ме одблокирал,но повторно не ми се јави...и после тоа му писав порака со која му кажав дека не е фер вака барем да ми каже што се случува...малку му подосаѓав пак...со јавуванја и пораки, и на крај пак ме блокира....Поминаа неколку денови не му пишував и еднаш реков да му се јавам повторно, ме имше одблокирано,но не ми се јави......И последна мој апорака која што му ја писав беше „ дека се плашам од оваа лјубов` Не знам сто да правам,многу го сакам,од различни градови сме,но не се многу далеку тој е од Скопје ,јас на 60 км од него....Барам совет,како да го вратам пак,бидејки мислам дека му занчев,3 години се гледаме ама со прекини беше,но секогас ми викасе дека сум најдобрата особа која сто ја сретнал во животот....Ве молам кажете ми совет,сто да направам да го вратам.......Мислам дека причината поради која е налутен е тоа дека му вртев многу,и дека се распрашував кај негов другар за него....Му објаснив по пораки дека нема да се повтори тоа ,но нема никава реакција од него.....Ве молам за совет,многу го сакам,мислам дека не можам да зивеам без него.
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Како да го вратам

    Девојко, немој погрешно да ме сватиш но, можеби и не е до тебе, можеби до него е. Можеби нашол друга или некоја таква слична причина!
     
  3. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Како да го вратам

    Не ми досадувај некое време воопшто не го барај, не пишувај му пораки.... Знам дека е тешко кога нема да ти титне или да ти напише една порака но потруди се да не му досадуваш, а ако чуствува тој нешто за тебе ке те побара! позз :)
     
  4. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Како да го вратам

    Но не сакам да ме заборави,сто викате за една кратка слатка порака еднас неделно :) или казете ми совет како би мозела да го вратам,васе искуство
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Како да го вратам

    Да не е малку само еднаш неделно порака, пак и кратка. Ќе можеш ли се да кажеш во неа.. ем еднаш неделно?!? :) Прости ми но, си вистинско будалче, доколку го правиш сево ова, и уште повеќе доколку сметаш да продолжиш да го правиш. 29 години имаш и веројатно ти е јасно дека некој кога те блокира од секаде, не ти крева, кога имаш потреба да од туѓ телефон да му се јавиш И ТОА ЗА РОДЕНДЕН да му честиташ, сака да е сам. Се што ти правиш, жалам ама нема да те доведе до него. Не да те заборави, со ова ќе зажали што те сретнал, ако веќе не почнал. Побогу, тргни се од телефонот, дал фиксен, дал мобилен, закључи ги негде да не ги гледаш, излези надвор со друштво прави се, само не му се јавувај, не пишувај му, не барај го ни преку маил, ни преку скајп, ни преку мсн или слични други мрежи, преку кои можеш да го најдеш, а да ФЕЈСБУК, ЗНАЧИ НЕ!!! Остави го едноставно откажи се од оваа твоја стратегија, сигурно не ќе ти донесе ништо. Не можеш никого да натераш на сила да биде со тебе. Остави време. Нека дише човекот. Сосема е едноставно. Ако ти се врати за некое време ок, било само потреба малку да кулира... можда, ако не се врати, тоа е тоа. Никаде не каже зашто сте раскинале. Веројатно ти кажал човекот се, веројатно проблемот сте го имале предолго чим со прекини сте биле 3 години.
    Фрли го телефонот кај што не го гледаш и почни да мислиш на себе, без него... спремај се.
     
  6. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Како да го вратам

    Драга Теа, ти сигурно не си почнала сега да му досаѓаш, сигурно и за период од 3 години повремено си му досаѓала, ако тогаш тоа не му пречело, зошто сега да му пречи ?!
    Јас мислам дека нешто друго е во прашање .... а со самото тоа што те блокирал, ма дај па како можеш уште да го бараш ?! Тој на некој начин те понижил. Колку и да го сакаш (верувам дека е многу) и колку и да е тешко, мораш да најдеш начин, да собереш сили и да престанеш да го бараш. Машко на кое му значиш ова не го прави !
    А,ако јас сум грешка и стварно те сакал и си му значела (Дај Боже да е така) тогаш сигурно тој ќе те побара. Остави на времето. Со самото досаѓање уште повеќе ќе го оттурнеш од себе. Ова е од мене, ати како сакаш :)
     
  7. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Како да го вратам

    мислис ли дека ке има подобар ефект...искрено оцекував прстен да ми даде...не сум му досагјала,овој пат малку се испровоцирав и знам дека претерав.....Се прасувам дали мозе да се реси оваа ситуација????
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Како да го вратам

    Вие сте разговарале ли за таа варијанта дека ќе се зимате ли дека ќе се верите?
     
  9. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Како да го вратам

    па дирекно не бас...но секогас се салесе на таа тема........као сега идам акј татко ти да те барам за зена :)
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Како да го вратам

    И ти мислиш дека тоа било сериозно ли? Дека не било шала?
     
  11. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    сега не нзам сто да мислам
     
  12. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Toj моментално нејќе да ја види очигледно,она си мисли прстен дека ќе и даде. Требало т.е. да и даде, ама требало.
    Значи девојко незнам што повеќе да ти кажеме освен да не го замараш,а ако сака да те бара, сигурно сам ќе те побара. Па неможеш на сила да го натераш да биде со тебе, само затоа што ти го сакаш. Па 29 години имаш, до сега би требало да знаеш како функционираат работите, па не е последниот воз, имало живот и пред него, ајде таму искулирај :doh:
     
    На h_2647 и Petar80 им се допаѓа ова.
  13. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Фала :))) ми требасе некое мисленје од други лугје
     
  14. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Само би сакала некој да ми казе ,дали од ваква ситуација мозе да се среди и пак да бидеме заедно????
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Епа остави ги работите како и што ти кажав погоре. Не си се измачувај напразно. Размисли си повеќе на тоа, како функционирала врската. Не само затоа што слепо сакаш да си со него, затоа што се шалел дека ќе оди да те бара од кај твоите. Помисли што се се случувало во изминатиов период, што го натерало да те блокира, поради што сте се карале, колку често сте се карале во последно време, сврти го филмот што се ти кажувал, причини и размисли, стави го тоа на кантар. Некој период само тоа направи го. Не го барај. Ако не те побара помири се со тоа. Бидејќи и самата гледаш дека твоето јавување и не води до ништо. Жал ми е навистина, разбирам тешко ти е и разбирам како е на возраст ко нашата, кога се случуваат тие работи, но, напразно се сеќираш според мене. Ова е период, тежок е но ќе помине. Треба само да истраеш ништо повеќе. Што биде биде, кажи си го тоа во главата и гледај си за себе за иднината.

    ЕДИТ: оф леле :rofl: епа ако во меѓувреме си забременила можно е, ако е човек кој не сака детето да му расте само. Тоа е една од причините, за друга не знам не можам да знам. Се ќе ти зависи дали тој ќе те побара, кога и да е. Остави го. Па по некое време види дали ќе те побара. Ти тоа треба најдобро да го знаеш. Но дечко кој ќе ти каже дека ќе разговарате и не те бара. Те блокира е толку за тебе. Или има друга, или само има друга во глава, со која наскоро ќе биде, нема трето. Се надевам да грешам, за да не се потресуваш до толку.
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Теа, најпаметно ќе ти биде да се откажеш од типов и да покажеш малку поголема самопочит кон себе.Немаш што да загубиш,затоа што дечкото никогаш и не си го ни имала вистински.Тој треба да е незнам каков дебил,или ти да си направила не знам што, за да после три години без збор си замине.Едноставно престанал да се јавува.Те блокирал на се живо и диво и ти пак упорна-мене ти не си ми јасна.Тој ти ставил до знаење кај ти е местото и дека ништо не му значиш (не одговара на твоите повици, те блокира) и ти пак упорно да правиш муабет со него.И што очекуваш ти од тој муабет? Што воопшто ќе го прашаш? Дали те сака? Јас мислам дека на девојка од 29 години треба да ти биде совршено јасно по неговите постапки дека тој нема никакви чувства кон тебе.
    И аман престани да му се понижуваш.Толку ли не постои некој друг.Па сите сме сакале,ама со сила убавина не бидува.Ќе го преболиш,подобро поработи на тоа, отколку да смислуваш од чиј телефон да му се јавиш за да крене слушалка.Колку и да не сакаш да се соочиш, реалноста е таа.И секоја од нас ќе ти го каже истото,која во позавиена форма, која подиректно.Не губи време со него, барај си нова љубов.Поздрав.
     
  17. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Драга Теа зјапам во текстов и се мислам дали да пишам или не.
    Искрено мислам дека твоето однесување го исплашило,
    па можеби момакот дошол до степен кога си му станала досадна,
    бидејќи да бидам искрена и мене некој да ми врти 10х во денот
    и 1000 пораки да ми праќа би ми станал досаден.
    Велиш дека на шега ти зборувал за земање,
    ама можеби навистина било шега само што ти погрешно си перцепирала
    ситуации дека навистина нешто ќе биде.
    Значи момаков те блокира, од секаков начин на комуникација.
    Ти бараш од другар му да ти каже што се случува,
    што сигурна сум дека нема и дека ќе ти каже друга прича,
    пошто нормално ќе си го заштити другарот.
    Така да според напишаново се сомневам дека си ќарил нова цура
    или пак те игнорира затоа што врските на далечина некогаш и не успеваат(но не мора да значи). Советче од мене е малку да оладиш од типот јавувања и се останато, нека помине време.
    Ако навистина му значиш сам ќе те побара.
    Поздрав и се надевам дека се` ќе се среди.
     
  18. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    уф ке се потрудам да го заборавам...или пак нека остане вака одредено време......па после месец дена да г брам кога ке му помине малку лутината,бидејки и јас малку преерав
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ама престани да го оправдуваш, си се јавила зашто си сакала од негови уста да ја слушнеш причината за неговото однесување.И пак ти ќе го бараш, за месец дена!!! А што ќе правиш дотогаш? Искрено и за два и за 5 месеци, не верувам дека нешто ќе се смени, а ти како сакаш! Со среќа!
     
  20. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    фала :)) ке морам да се потрудам...навистина