Дали би било паметно да му испратам писмо на датумот на кој шо се фативме лани? Сакам да ставам слика од нас двата во писмото и едноставно да го потсетам на се' убо.
Тогаш воопшто не ни заслужува да го побараш. Инаку, да се каел, и да сака да сте заедно, ќе те исконтактирал. Ич не му е гајле верувај.
Еднаш се скаравме, па ме побара и се смиривме. Ама пак се скаравме. Има 5 месеци од ко сме скарани, ама постапките негови велат дека и не му е баш сеедно и напротив, му е гајле. Зато сакав да пробам. @kjukli
Еднаш се скршило сте обиделе да го поправите, ама пак се скршило. И пак да се обидувате да го поправите, пак ќе се скрши. Чим не те бара, не се кае, и не му е жал, никакви други постапки не се битни.
Види ако е така и тоа што нема храброст многу зборува. Значи дека не е подготвен да се бори за вас, да преземе ризик и да смени нешто. Јас можам да ти кажам само дека кога би била на твое место, да го побарам бившиот дечко и да превземам прва чекор би значело дека заборавам се што се случило, и дека сум свесна каков е, и сепак избирам дека сакам да бидам со него, и нема да сакам он да се смени. Ме сфаќаш? Ако си спремна на тоа, go for it. Јас не би.
Не знам што е во прашање за вашата разделба но само едно ќе ти кажам, ако сметаш дека заслужува и сакаш да му пишеш, јавиш небитно направи го тоа, ако тој нема храброст тогаш ти имај, не значи дека секогаш машките треба први да пристапуваат на девојките. Пробај си ја среќата ако биде, биде ако не здравје животот продолжува.
@QueenM.G. имате одреден контакт или ова би било гром од ведро небо за него? Ако е сосем неочекувано можи да се збуни и да не знај како да реагира. Подобро би било доколку би развила одреден контакт со него претходно. Јас малце касно враќам на темава па ме интересира, што направи, како испадна?
Се збуни хахах..гром од ведро небо беше. Сигурна сум дека му се преврти паметот..почна сега да и прави муабет на другарками, а пак другар му ми праќа снапчиња на снапчат хаха..мати нешто сега, па се надевам за скоро ќе излези на виделина @theowndemon