Како да го вратам?

Дискусија во 'Разделби' започната од tea82, 2 мај 2011.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.024
    Како што си кажа и самата,си направила грешка што цело време си го одбивала,а си го сакала...сега како што ти кажа пупи грл,ќе го поканиш ти да испаднете и немој сега нас изговори да ни даваш,бидејќи дечкото толку долго време те викал,си го одбивала,е сега тебе ти е редот да направиш нешто....јас мислам дека ќе ја прифати поканата,а ако те одбие со некоја добра причина (треба да оди некаде,има нешто работа тој ден),речи му епа пиши ми кога ќе бидеш слободен...ако не ти пише,тогаш не верувам дека сака нешто со тебе,или пак си помислил јас кога ја молев ме одбиваше,а сега кога и требам ме вика.
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    3.425
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене со еден проблем.Се надевам дека ќе ме посоветувате,тоа многу ќе ми значи.
    Проблемот е што со дечко ми не сме слушнале веќе две недели.Причини да не набројувам:кавги поради фамилиите кои не ја одобруват врската,мајка му јасно ми кажа дека сум непожелна кај нив дома,и јас се увредив ,ми пукна филмот :tmi: .
    Наместо тој да биде со мене,на моја страна,тој вели дека ќе биде неутрален :doh: .И почна да излегува само со другарите,а со мене се гледаше одвај еднаш седмично.Ми велеше јас да си излегувам сама со другарки,а порано не беше таков.Неговите другарчиња после извесно време почнаа да го барат многу,и тој ме запостави.
    Иако јас му спуштив слушалка,не сакам да му се јавам.И тој не ми се јавува.
    Си купи комјутер пред месец дена,и сега воопшто не му е гајле за мене,па и јас не сакам да се понижувам.
    Вие да сте на мое место,како би постапиле?Навистина ви благодарам на сите кои ќе одделите време за мене :!:
     
  3. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    534
    Не знам колку ви е сериозна врската и колку е голем проблемот кој го имате....
    Како и да е, ако навистина го сакаш не се откажувај така лесно!
    Велиш, не ти се јавува, ,,неутрален,, е во врска со вашиот проблем...А, ти му спушташ телефон и не се јавуваш.Ако не му покажеш дека ти значи и ако самата не превземеш иницијатива, ништо не правиш.
    Разговор и само разговор!Не се откажувај така лесно.Ако сама не се избориш за твојот сакан, кој да се избори?башка, што може да си помисли дека ти е сеедно кога веќе не реагираш никако.
    Ајде, wish you luck! :hai:
     
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021

    Овде си во грешка..Неможе девојката секогаш да го превзема првиот чекор за смирување...овде е тој виновен бидејки не знае да се сноси со проблемот па ке ја игнорира...Мислам Хелоу?Ја запоставува заради компјутер,заради другари па и е неутрален заради тоа што се случува?Зошто па таа да го побара а не тој?Нека си ја сфати тој грешката.
    Па ке му го исклучам телефонот.Мене родителите на него да ми кажат дека не сум пожелна во нивниот дом сместа ке ставам крај,зошто девојчето не е должно да трпи понижување.

    Тоа е мое мислење секако,не мора да е така.
     
    На Waka-waka и hermosa им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    3.425
    Пол:
    Женски
    Лола и Пеликуна,ви благодарам и на двете.
    Се чувствувам запоставено,бидејќи пред тоа бевме многу блиски,често се гледавме,а ситуацијата со родителиве променија се,а нему најлесно му беше да си купи компјутер и да трча по другарите секој божји ден,кога откога тој е со мене не го дружеа многу.Така да,не планирам да му се понижувам ,многу трпев овие три години.Како и да е,благодарам уште еднаш за советите :hai:
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021

    Е ! Тоа ценам,на место си е се...Самиот треба сда ја сфати гешката без да му ја укажуваш ти...Зошто ако постојано на машко му идеш по кеиф ке те трфетифа како подоле од губре.Ако те сака ке се срфеди...Момент на одлука е тоа.Со срека :)
     
  7. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    534
    Можеби сум во грешка, не велам не...Го почитувам и твоето гледање на проблемов.
    Веројатно,решението, т.е. реакцијата на ваква работа е прашање на карактер.Јас лично, кога е во прашање мојот сакан, одам ,,во оган,, до крај.Па, макар крајот бил и не по мој вкус.Во такви ситуации, важно ми е да знам дека јас од моја страна сум направила СЕ.Само така ќе бидам мирна.Во спротивно би се мачела со идејата ,,што би било кога би било,,.
    Зборувам, нели за здрава, сериозна врска.
    Сепак, немој да ме сватиш погрешно,немам намера да те навредам.Само разговараме ;)
     
  8. Srcee16

    Srcee16 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Благодарам мн пупи грл и циа за советите
    Се би направила да го вратам но јас со него немам муабет само понекогаш здр.Тој нема мој број а на фб не пишуваме подолго време а и што ако ме одбие и ми рече кога ти велев јас не сакаше потоа ке ми биде страм да го видам :/
     
  9. EmmaBass

    EmmaBass Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Znaci jas bi ti predlozila sosema da se trgnes od nego...znam deka toa ti zvuci nevozmozno no on sam ti dal do znaenje deka saka da bide sam.Nemoj da go baras ili da mu pisuvas poraki, nitu pak da gi rasprasuvas negovite drugari-toa najveke maskite go mrazat.Ostavi on da se seti na tebe i da te bara. Pravise deka ne si zainteresirana i pocni da izleguvas da baras drugi momcinja i na drugarkite pocni da im zboruvas i da se rasprasuvas za drugi momcinja.Mozebi koga on ke doznae deka se rasprasuvas za drugi momcinja ke stane ljubomoren i povtorno ke pocne da trca po tebe.Ako se sluci toa ne mu prostuvaj vednas.Ostavi go malku vo zabluda ;) :D
    [mod-kirilica:68gz43iq][/mod-kirilica:68gz43iq]
     
  10. Srcee16

    Srcee16 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    И тоааа невозможноо.... нема шанси тоа да се случи бидеќи кога и да излезам и тој е излезен во истата дискотека и се правам дека не го гледам и некогаш на несакајне ќе го погледнам и тој гледа во мене.
    А да излезам со друг нема шанси него го сакам барем да му кажам некако со ми е собрано во мене :/ :'(
     
  11. feministika

    feministika Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Гледам темава се провлекува.Јас да сум на твое место колку и да го сакам нема никогаш во животот дс го погледнам. Па добро девојко каде ти е достоинството, само немој да ми кажеш од голема љубов дека си го загубила...
    Значи: НИТУ ПОД ТОЧКА РАЗНО НЕ СМЕЕШ ПОВЕЌЕ ДА МУ ЅВОНИШ (направи го тоа за себе)
    Каде и да си каде што е тој одбегнувај контакт со него мскар тоа да е и само вербален
    СМС за родендени / значајни дати за вас од минаторо заборави!

    Само вака ќе успееш да се тргнеш од она што те "прогонува". А тој ако си му значела како што велиш без навреда не би те избришал од својот ЖИВОТ за миг. Продолжи со животот.
     
  12. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    1.481
    Хермоса, не очајувај, на твое место јас буквално би го избришала од својот живот! Со самото тоа што се поставува за неутрален, покажува дека не е спремен да се бори за вас двајцата! Тоа што не ти се јавува и што се гледате 1 неделно, и тоа заради што се дружи со пријателите и компјутерот уште повеќе налива гориво во огнот! Сфаќам да се дружи повремено, ама да те запостави на таков начин, тоа е неприфатливо! Не се понижувај, не го барај, заслужуваш подобро! Дечко што ќе те сака и почитува! Впрочем тоа на сите нас ни треба! И треба да престаниме да си ги понижуваме своите чувства, и да не подклекнуваме на ваквите машки (ако може да се наречат машки) да не третираат како ѓубре! Треба да се сакаме себеси, не до степен да станеме нарциси и самобендисани, туку да се цениме, да се стремиме кон подоброто, да ја сфаќаме границата до каде смееме да се понижуваме пред луѓето, напати да сме мистериозни, да не ги откриваме веднаш своите чувства, да бидиме малце поладнокрвни......Нема универзална теорија како да сочуваш врска, дечко....како да имаш најубава врска на свет, има само добри и лоши луѓе, за кои треба да бидиме свесни во што навлегуваме заедно си нив!
     
  13. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    После 2 години ме остави, едноставно си замина. Неможел да премине преку некои работи што ми се случиле во минатото, пред 4 год пред воопшто да го запознаам... Имавме најубава врска, бевме толку мн срекни, бевме на одмор заедно секаде одевме заедно. ГО САКАМ ПРЕМНОГУ, вика дека и он ме сака дека и нему му е тешко... ако му тешко зошто ме остава? Незнам што да правам, рече сака да останеме другари да му се јавам ако ми е тешко... Како да го вратам? Спремна сум за него се да направам, се ми значи он немам никој друг. Ве молам многу ми тешко
     
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    А што е тоа толку страшно преку кое тој неможе да помине?Ептен е страшно или некоја банална ситница?
    Извини за љубопитноста,ама малку подетален преглед на ситуцијата можеби би и резултирал со некако одговор од страна на феминките.
     
  15. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Кога бев со бивсиот децко го варав со еден друг децко и тоа го знаеше дечко ми, а него никогаш не сум помислила да го изварам или нешто сл. и сега наеднаш после 2 год поцна да му смета несшто што нема врска со него и било пред 5 год..
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека се работи само за изговор.Најверојатно си забележала во последно време дека се случува некаква промена кај него.Не е таа одлука донесена во моментот, туку најверојатно подолг период кај него се јавувала потребата за раскинување на вашата врска.И чекал само добра причина.Откако не ја нашол, почнал да смислува начин како да те откачи и најлесно му станало да ти ја удри од нос случката од минатото.
    Не пробувај да го вратиш.И да се помирите тоа би било моментално.Еднаш јажето кога се скине, може пак да се врзе, но чворот останува.Кога-тогаш, пак би се навратиле на оваа ситуација и само маките ќе си ги одолговлекувате.Наместо да размислуваш како да го вратиш, подобро насочи се и размислувај како да го преболиш, бидејќи повеќе од очигледно дека тој не ја планира иднината со тебе.
    Кога човек ги гледа работите од еден агол, обично ги гледа субјективно.Нема врска што сте биле заедно две години и тој бил супер, а после нешто му станало и се променил.Единствено што се променило се неговите чувства.Можеби е време да си ги спакуваш соништата за вашата врска и да си заминеш од неговиот живот.Пушти го, ако навистина му значиш, тој самиот ќе се потруди да те најде,а ако остане да молчи, тогаш воопшто не вреди да посакуваш да ти се врати, затоа што секој ден ќе живееш во неизвесност и страв повторно да не раскинете, па ќе мора да му ги исполнуваш сите желби, а штом тој го почувствува чувството дека може да те манипулира, покрај љубовта ќе си го изгубиш и достоинството.
    Биди паметна, една ластовичка не ја прави пролетта, а за се во животот се потребни двајца.
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Ми фали премногу! Неможам да спијам не ми се јаде само плачам, ужасно ми е тешко! Неможам да се смирам несакам да се помирам со ова мора да има нешто што можам да го направам, СЕ би направила за пак да сме заедно
     
  18. My.self

    My.self Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    2
    Никакво ми е ! Знам дека не заслужува да го мислам толку, но едноставно неможам!... Со бившиот раскинавме пред месец и половина,а причината која тој ми ја кажа е дека не успеал да се вљуби во мене. Наредниот ден дознав дека има друга и тоа ми се потврди бидејки ме избриша од фб и се ставил во врска со неа... и ги гледам ставаат слики заедно од прошетки и слично...
    Сите ми велат да го заборавам и да не мислам на него, но неможам. Постојано ми е во главата и нешто ме притиска во градите и ме тера да плачам скоро секоја вечер. Сакам да го вратам,но.....!
     
  19. lejdi001

    lejdi001 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    10
    Читам и се крстам... само едно ќе кажам.. Паметната жена не дозволува среќата да и зависи од еден маж... не вреди за некој што не те заслужува да сечеш вени... фоксирај се на други работи што мислиш дека ќе те прават среќна!
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.386
    Никогаш не го погледнувај ако останеш со него ќе си го уништиш животот.Заборави го и послушајме