Девојко знам дека од страна е полесно да се каже нешто или да се осуди , не е лесно никако во твојот случај , донекаде те разбирам , ама најмногу ќе си помогнеш самата на себе единствено ти , свати дека те игнорира , ти рекол да не го бараш и помири се со тоа , имај гордост , млада си немој да пиеш лекови за некој на кој не му си важна , еден ден се ќе помине , и тогаш ќе си велиш како можев да бидам толку наивна за некој што ич не вредел? немој да потклекнуваш на некои негови финти , како што кажа самата ако те побара после многу години или месеци , во тој период пожелно е да го заборавиш , излегувај почесто, не биди сама , дружи се , и нека те боли ќе помине , секоја болка служи да не потсети што сме преживеале !! и јас имав случај сличен како твојот ,врската ја заврши со игнорирање , признавам го побарав само 2 пати му пишав и толку беше , ми врати ќе те побарам имам некои работи и проблеми , и знаеш што еве 2 години поминаа и не се јави ни тој ни јас , јас продолжив напред и тоа е тоа , ништо не е невозможно ако се сака , пред се кажи си дека се сакаш самата себе , дека си вредна и дека нема да дозволиш да бидеш нечија играчка
не грожисе со тек на време и надежта да ти се врати болката понего ке се избледат а ти ке си најдеш некој кој мн ке те сака и цени верувам во тебе,верувам дека ке успееш да го исфрлиш од својот живот и дека ке бидеш многуу срекна
Ива мене овај дечко ми изгледа само како да сака да се зафркава со девојки. Немој да бидеш дел од љубовен триаголник, јас сум била и повредена ќе излезеш ти ! Запознај се со некој нов дечко, почни да излегуваш со него, така ќе го заборавиш овај. Ако не сака да биде со таа што оди, зошто воопшто стапил во врска со неа ?! Глуми повреден дека си излегла со другар му. Не контактирај со него ниту со тој другар му. Едноствано запознај некој нов.
Веќе ми се јави со изговор да разговараме зошто се разделивме, си поразговаравме околу 2 часа, си ги кажавме сите недостатоци на мирен начин и на кој што му фалело во врската, секако разгоравме и за убавите работи, но не се смиривме, демек тоа беше разговор за на мирен начин да се разделиме. Јас го молев пак да бидеме заедно, но тој не прифати. Рече само дека пак ќе ми ѕвони да се видиме. Се надевам дека ќе биде се добро, и дека ќе сака да бидеме пак заедно, бидејќи многу го сакам. Тој е мојот живот, прв дечко, моето свето нешто. Сега можам само да се надевам, но да не очекувам.
Одлуката е твоја мила , не ти наметнувам ништо , ама ете ти рекол да се разделите на мирен начин , не сака да сте заедно , прифати го тоа , не го моли повеќе , со тек на времето ќе го преболиш.. сите сме имале љубов за која сме мислеле дека ќе боли и трае вечно до непребол , ама не било така , се е минливо и можно доколку ти самата решиш дека тоа треба да биде така .. не очајувај и пиши да знаеме што ќе направите , секое добро !
толку! отварам нова книга, забележав дека почнал со курвинскиот живот, ги додал на фејсбук сите лесни женски од градот. Такви му се и другарите, донекаде го разбирам има 19 години. Продочжувам напред без него, ќе биде тешко но ќе преболам!
Здрaвo феминки.Нoвa сум нa фoрумoв,aли ствaрнo си имaм oгрoмнa мaкaa.Бевме зaеднo сo бившиoт гoдинa ипoл,гoдинa ипoл вo кoјa се испoдесијa свaштa.Кoa прaвевме три месеци пoчинa брaт му и тoгaш му бев нaјгoлемa пoддршкa.Бев дo негo вo секoј мoмент и знaм еден ден ми кaжa:Гo изгубив брaт ми,нејќaм и тебе.Кoгa ќе те видaм oдмa ми е пoдoбрo. И тaкa тие месеци ептен се зближивме,јaс кaј негo дремев се зближив премнoгу сo негoвите.тoј сo мoите,зaеднo бевме нa oдмoр кoј никoгaш немa дa гo зaбoрaвaм.Нaвистинa премнoгу ме сaкaше,aли премнoгу и се кaрaвме.Лaни се случијa тoлку лoши ствaри и зaбременив oд негo и де oдлучивме зa aбoртус.Тoa беше уште еден бoлен дл oд нaшите живoти и кaкo премнoгу дa др зближивме.Се дo зимaвa,зa Нoвa Гoдинa oтиде вo Виенa иaкo гo мoлев дa не иде бидејки требaше зaеднo дa бидеме,aмa aјде си рекoв некa oди некa прoшетa сo другaрите.Тaму другaрите му кaжaле кaкo јaс сум флертувaлa сo некoј си пред пoлa гoдинa љмa ептен гo превртеле муaбетoт.Дечкoвo беше премнoгу пoвреден,немoжеше дa ми прoсти.Се врaти,се мoљaкaвме,пoтoчнo јaс гo мoлев бидејки oд еднa стрaнa јaс бев винoвнa.aмa никoгaш не гo изневерив aмa немoжев дa гo дoкaжaм тoa.Дa нaпoменaм декa мнг рaбoти му прoстив и јaс,дури и пoлoши.И пoчнa дa ми викa те сaкaм aмa не ти верувaм,немoжaм дa сум сo тебе,и тaкa др влечевме цел месец.Цел месец се изнaмaчив,плaчев и мoлев a тoј не сaкaше дa ми дaде шaнсa,тврдеше кaкo му е тешкo,a сите негoви другaри де стaвијa прoтив мене.Немoжев дa издржaм oд бoлкa.И кoнечнo се видoвме и ми дaде шaнсa,рекoвме ќе се гледaме еднaш неделнo дoдекa не се средиме.Али тoa беше нaшетo пoследнo гледaње.А јaс бев нaјсреќнa тoгaш,кoнечнo.Се испoјaвив нa сите декa сме де смириле,зa дечкoтo дa не ми се јaви пoвеќе.Гo бaрaв ми кaжa декa некoи рaбoти сеуште му де вo глaвa,му рекoв ќе му фaдaм време кoлку сaкa.Пoтoa му рекoв дa ме бaрa,нo ме игнoрирaше у стил спуштaл нешo и јaс тoгaш еднoстaвнo си рекoв дoстa е,измaчувaње е oвa,и не му се јaвив ништo,a oчекувaв.Ниту ми се јaви oн пoвеќе сaмo ми пишубaше чaт пaт Пoследниoв пaт се дoгoвoривме дa се видиме,бaрем муaбет дa нaпрaиме пoшo мнг сме се сaкaле,aли зaмислете ми рече aкoсе видиме дa oстaне меѓу нaс и тoa ме скрши.Еве пoминaa три месеци,a јaс сеуште јa oсеќaм бoлкaтa кaкo дa билo вчерa.Мнoгу ми недoстигa,вo пoследнo време нoстoп гo сoнувaм.стaнувaм испoтенa,ми се плaче,гo сaкaм нaзaд Еднoдтaвнo немoжaм дa си прoдoлжaм бидејки ми текнувa кoлку ме сaкaше.Кaкo никoј друг.Прaвеше мнoгу зa мене и се чувствувaм декa тие рaбoти штo ни се случијa мнoгу не пoврзaa.Незнaм кaкo му е негo,мoжеби сaмo глуми декa се е oкеј.Али пустa гoрдoст..a тoлку сaкaм пaк дa бидеме зaеднo.Прoбaв се,прoбaв дa живеaм без негo,прoбaв дa искaчaм,дa се зaбaвувaм,прoбaв и сo друг.Амa не иде..немoжaм дa гo зaбoрaвaм..Се плaшaм дaли некoгaш и ќе гo пребoлaм..
Ќе те прашам нешто ако смеам колку години имаш ? Зошто се реши на абортус , зошто не се обидовте да се земете и да го родиш бебето ? Ако толку те сакал колку што кажуваш немало да те напушти и без друго да ти рече средбата ваша да остане помеѓу вас двајца. Очигледно нешто не е во ред со него и има некој проблем кој не сака да ти го каже , пред тебе ги става неговите другари и нивните мислења што според мене воопшто не е во ред , не те заслужува тој тебе девојко главата горе .. постави си еден услов и една мисла во главата кога тој може без мене зошто јас да не можам без него ?! Среќноооо и главата горе !
Кристина, очигледно некој му го врти паметот, и е успешен во тоа. Дали се другарите, дали се домашните, дали некоја девојка, не знам , ама очигледно дека тој со своја глава не размислил, а затоа и скришно сакал да се видите, никој да не дознае. Дај му време, ти терај си го животот, ама ако лесно потпаѓа под туѓи влијанија, мислам дека можеш да си имаш проблеми во иднина, ако сте заедно.
Имaм 19,уште мaлку пa 20.Зaштo се решив,нaјнaпред бидејќи вooпштo не бев спремнa и си рекoв декa фaкултетoт е пред мене.Знaм декa е грешкa штo ќе си јa нoсaм цел живoт нo тoa е,ете.Инaче имaше oн прoблеми дoдекa идевме,бидејки нелу брaт му е пoчинaт и си имaше некoгaш мoменти кoгa излaгaше oд кoлoсек и истo вaкa се пoнaшaше.Али знaм декa ме сaкa,aмa пoминaa 3 месеци плус си гo терa живoтoт.А јaс..јaс незнaм кaкo дa прoдoлжaм,бидејки предoбрo гo знaев,знaев кoгa му е тешкo,приметувaм декa му е сегa.aмa сaкa дa си терa без мене.Мнoгу пaти сме јa спaсувaле врскaтa,aли не и oвoјпaт.Вaљдa ќе пoмине и oвaa бoлкa,не знaм..
Zdravo devojki, ne znam dali sum na vistinskata tema, no sakam sovet. Odevme nekolko godini, no nikogas ne sme bile nerazdelni. Jas sum malku kruta licnost i ne sum mnogu opustena vo komunikacijata so drugi i sl. A toj cesto mi kazuva ova ne sakam, toa ne sakam, znaci malku potesko mu se ugoduva. Vo posledno vreme voopsto ne ni bese zabavno, cesto se raspravame okolu sitnici i nebitni raboti preku mob, a koga sme zaedno skoro nikogas ne se karame. No, nisto interesno ne se slucuvase ovie nekolku meseci, bese monotono i toj postojano mi go kazuvase toa, no jas ne se trudev mnogu najiskreno, a i ne pokazuvam mnogu cuvstva. Vikendov mi rece deka saka da prekineme, sum zasluzuvala vrska vo koja ke se cuvstvuvam podobro i poispolneto bidejki ocigledno bilo deka nie sme premnogu razlicni za da bideme zaedno. Razgovorov ne zavrsi dobro, pocnavme da se raspravame, da si prefrlame za raboti i taka... Od vikendot se nemame voopsto slusnato. Go imam sretnato i postojano me gleda, se vrti vaka taka...cuvstvuvam deka mu znacam, no mnogu e odlucen vo negovoto. Ne znam sto da napravam, no ne sakam da se razdelime. Mi znaci stvarno i mislam deka mozeme da go popravime toa sto ne e dobro. Isto taka, ako go pobaram ke mi rece deka bilo sto bilo, vreme e da prodolzime, jas ne mu odgovaram i ne sum zenska kakva sto saka toj. Ne znam sto da napravam za da go vratam i zajaknam nasiot odnos. Nekakov sovet? Fala
Здраво Не знам дали прашањето е на соодветна тема но ми треба совет. Бев во врска 2 месеци и раскинавме пред една недела. Во текот на врската имаше недоразбирања меѓу нас бидејќи јас сум личност која тешко стекнува доверба и за некој кој познаваш толку малку време мислам дека е нормално и личност која потешко искажува емоции. Кавгата започна кога видов на фејсбук дека има додадено девојка за која знаев дека ја познава но кога го прашав дали ја познава и зошто ја додал рече дека не ја знае и јас се налутив и бидејќи имавме заедничка слика на фејсбук ја избришав. После тоа разговаравме преку мобилен и ми рече дека тоа го направил за да види дали сум љубоморна демек како доказ дали го сакам. Иако знаев дека тоа му е изговор реков добро и наредниот ден ми се јави разговорот беше ладен и потоа од следниот ден го снема. Да напоменам дека кога се скаравме за да се извлече почна да ми префрла на мене дека не сум го сакала бидејќи никогаш не сум му ѕвонела и не сум го бакнувала прва и не сум покажала ни тронка љубов спрема него. Според мене 2 месеци е кратко време а и наведов дека сум повлечена личност која потешко искажува емоции па ме интересира ваше мислење за дечкото дали ме сакал инаку бевме пријатели на фб до вчера кога видов дека додал друга девојка и го избришав.
@kristina25 Немој толку да очајуваш, ете млада си имаш 19 години, и самата си кажа дека пред тебе е факултет, учење забава па секако и ново момче. Нормално дека ке ти биде тешко извесен период, тој највероватно ти била прва вистинска љубов , првата секогаш е најболна но незначи дека нема повторно да осетиш љубов и дека ке се чувствуваш убаво со некој друг. Но некој кеј навистина ке те заслужува а не несериозен и сигурно не доволно созреан и несигурен за тоа што навистина му значи т.е ти. А за абортусот ке ти биде скогаш тешко и секогаш ке мислиш на тоа но со тек на време болката ке избледува и ке се снајдиш да се носисиш и со неа.
@glory 22 Колку години имаш ? Да бидам искрена, за ФБ е глупаво да се расправаш кој кога ддодал и дали му е пријател. А за сликата малку незрело од твоја страна, но тоа незначи дека треба да примаш навреди од некој. Доколку имаш расправија со дечкото не се решава на ФБ или преку моб. се разговара во очи. Секако треба да бидеш поотворена, ако вложуваш повеке , повеке и добиваш.
@kristina25, mnogu mi e zal. Najmnogu mi e zal za smrtta na negoviot brat i abortusot. Premlada si, a veke si iskusila raboti koi ne mislam deka bile za tvoite godini. Zboruvam za abortusot. No ete, se slucilo i sega djabe a da zborime za toa. No, po se sto vi se slucilo, decko ti treba da znae sto ima pokraj sebe, si bila so nego vo teskite denovi, si napravila nesto sto ne e dobro ni za tebe samata, poradi vas itn. i treba toa da se ceni. Djabe e da molis, da se izvinuvas itn, toa ne ti e nosi plus poeni vo vasiot odnos, tuku malku te snizuva. Dokolku si pogresila, izvini se, priznaj ja vinata i tolku. Ne ti vikam da go ostavis, no ete probaj so trpenie, javi mu se, kazi mu deka se javuvas samo da go prasas kako e, sto ima kaj nego, sto se desava... Kazi mu nesto za sebe patem... Vaka, taka... obidi se da odrzis kontakt nekoe vreme, pa posle povtorno razgovaraj so nego...no vo stilot deka seuste ti nedostasuva i tolku, ne moli i ne deluvaj ocajnicki. Obidi se da ne zapagas tolku, ako ti znaci probaj da go vratis, no so smireno i bez molenje i ubeduvanje. Se nadevam deka se ke se sredi. P.S za toa sto pominalo, ne misli i ne zali. Pozdrav
@Shine.f ми треба само мислење, а за смирување сметам дека немам направено ништо лошо за да пристапам прва
Епа вака, според мене 2 месеци е период кога вие сеуште сте во изградба на вашата врска и запознавање кои работи ви пречат, кои не... Разбирам си се изнервирала зошто додал некоја девојка, меѓутоа немало потреба од тоа. Тој е со тебе и тоа е најважно. Сосема е непотребно да се расправаш со него за кој додал на фб и сл. и поради тоа да бришеш ваши слики, да го бришеш од пријатели и не знам како. Тоа е чисто машка љубопитност. Ако видиш дека пишува со некоја девојка тогаш е во ред да кажеш, но вака уште на почетокот ствараш голема недоверба и наместо да ја зајакнуваш врската, ти ја слабееш. Кажи му ако ти пречи што додава девојки, но не преземај такви "ригорозни" чекори. Ти кажувам од искуство. Исто така, ќе ти кажам и друг пример, почнав да работам на едно место одреден период и едно момче кое работеше таму откога завршив ме додаде на фб. А не ми пишува и сл. И сега колку е лошо деколку неговата девојка направи проблем за тоа, а тој нема никакви намери. Значи, не избрзувај. Мое мислење. Сепак не го оправдувам и него, шо има да додава....ама ти не реагирај веднаш.