Во контакт бевме скоро 2години со машко од друга држава, се имавме видено 3 пати, нон стоп комунициравме, се слушавме, ми пишуваше дека многу му недостигам, сакал да се видиме се договаравме пак да се видиме, пред 2-3недели почна да не ми пишува секој ден и гледам пред една недела тагнат на слика со девојче, не ми се веруваше, значи за чабе беше се, барем да ми кажеше јас толку се надевав планиравме да се видиме и на крајот тој шо напрај ? А толку ми беше на мерак, сега сум скршена, се чуствував како идиотка, многу ми е тешко, зошто вака да ми направи, зошто, барем да ми кажеше ќе разберев така, а не лажни надежи
Ахх.. Како рекле: Далеку од очите, далеку од срцето... Нема врска, од каде знаеш дека тоа девојче на сликата му е девојка? Може му е братучеда, другарка.. А ако е девојка, тогаш многу невкусно од негова страна, барем да ти кажел, да не си губиш ни време, ни шанси.
Зато што на сликата таа на него седи, а прегеска видов дека ја ставила и на профил.... се мислев да му пишам зошто тоа ми го направи барем да ми кажеше ама не можам...
Celosno ne mozes nikogas da zaboravis nekoj sto mnogu ti znacel ..no posle razdelba vazno e da svatis deka zavrsilo i toa moralo da bide taka i sto pobrgu da se pomiris so toa ..Izleguvaj druzi se obidi se da ne mislis na nego ,nemoj da se zatvoris vo sebe zosto jas go napraviv toa posle raskinuvanjeto samo placev ne razgovarav so nikoj i toa me dovede do teska depresija koja odvaj posle tri godini uspeav da se izvlecam..eve sega sum so drug koj me saka i ceni mn poveke od bivsiot ino eve i den denes mislite cesto mi begaat po nego no se pomiriv so toa deka sudbinata sakala taka i toa e zivot morame da prodolzime napred
Јас веќе две години се мачам да го заборавам , дури и бев настрана од државата можеби месец дена и мислев дека го заборавив , таман и таму мислев дек асе заљубив во еден друг ама кога се вратив сфатив дека уствари тоа било привремена страст и дека него кога ќе го видам воопшто не ми е сеедно , а и постојано излегувам со пријателите и за викенди обавезно ама незнам зошто неможам да го заборавам.
ne znam sto da ti kazam tvojata sostojba e slicna kako mojata isto i jas bev nadvor od drzavata ostanav tri meseci i togas bas ja pocnav mojata vrska so drug iako priznavam deka seuste cesto mislam na bivsiot i odvreme na vreme placam za nego no nema sto da se pravi..kaj mene e dobro sto toj ne zivee tuka i ne sum go videla povtorno ... ama toa e zivot za zal mora da bideme silni i da se molime eden den da gi zaboravime i da prodolzime ponatamu bez niv vo mislite ..
Реално, сте се смувале три пати, што не значи ништо, особено затоа што тој живее во друга земја. Далеку од очи, далеку од срце. Стојам зад ова. Запознал друга во меѓувреме, друга со која може му било интересно исто како со тебе, плус новава може да ја гледа често затоа што живеат во исто место.... не е чудно. Ете велиш пред 2-3 недели ви опаднала комуникацијата. Многу работи можат да се случат за само 2-3 недели. Да бидам искрена, не гледам причина зошто да се чувствуваш изиграна или скршена.... ти вети ли тој нешто? Ти рече ли дека ќе бидете заедно кога ќе дојде тука? Правевте планови за врска...?
Нон стоп ме прашуваше кога ќе се видиме, да дојдел, секој ден по многу пати ми пишуваше на секое, тој ме бараше, уште од првиот пат ко бевме заедно јас не очекував да го видам, и не верував дека ќе дојди, но сепак дојде, ми звонеше, правевме на секое планови, т.е. тој правеше, ми велеше тој да дојдел, па после јас да сум појдела кај него, бидејќи е од Србија и јас завшувам годинава со факс и треба да стажирам и кога се слушнавме пред 2недели ми велеше да одам Београд да стажирам, да сни биле заедно, дека ќе сни направеле некако за да бидиме заедно, ми пишуваше секој ден дека му недостигам, дека одвај чека да се видиме, дека по толку време пак сме во контакт нон стоп, и ми рече кога ќе сни се виделе таман ќе сни се договореле за во иднина што ќе правиме понатаму.... мене ми е многу тешко бидејќи можеше да ми кажи ќе разберев јас, а не тој ми ветуваше и планираше работи толку време и на крај вака излезе, а јас како будала чекав да дојди, сакав многу да го видам пак, а шо е најтрагично уште и ми нема ни кажано, јас ја видов сликата на фб, можеше да биде по фер, да ми кажи да не се надевам за џабе
Ај да бидеме реални и искрени. Заборавањето не е туку така лесно заборави го и пуф си го заборавила. Секој со свои чувства, секои со своја различна ситуација.. дали биле 1 или повеќе пати заедно не можеш да се водиш по тоа дека треба да го заборавиш веднаш. Не сите можат на ситуација реагираат исто. Не сите чувства се исти, не сите се силни на карактер. Мислите дека девојчињата не сакаат да го забораваат тој што ѓи повредил, или бившиот или тој што им се допаѓа? Мислите ли дека не праваат се за да го постигнат тоа? Некои бараат друг, други утехата ја бараат во нешто друго, но што мислите како им е на крајот од денот? Вие што сте во среќни врски речиси цел живот дали сте го поминале тоа или ако го немате тоа поминато дали знаете каква болка е тоа?? Или да речеме го имате поминато тоа? Тогаш и вие сте знаеле како е кога си повреден а сега некој ќе соли памет заборави го бе не вреди. Посебно па некој кој не го има поминато тоа. Прашањето е зошто секогаш се наога полесниот начин за совет? Прашањето е како со чувствата? Прашањето е што ако се вратат чувствата ако го видеш? Зошто никој не прашува како вистински се чувствуваш? И што носиш тежина? дали повеќе срце те боли или душа, и како се чувствуваш кога цел свет ти се распага? Мислите ли дека јас не сакам да го преболам бившиот, човекот што ме повреди повеќе од било кој? Мислете дека не сакам јас да бидам среќна? Мислите дека не ги правам сите напори за тоа? Охо, и те како ги правам. Океј не мора за мене што е со останатите девојки кои немаат толку силен карактер или да кажеме подршка од страна? Што мислете? Како им е тогаш? Барањето занимација ќе ти помогне моментално. Ама не може секогаш. Чувства се тоа, и не постои гума која може да направи магично да заборавиш или да не се замараш. Единствено што не разбирам како може некој да каже толку лесно не се замарај не вреди батали го бе. Не е тоа толку лесно како што се мисли. Нит е детска љубов нит љубов од градинка.. У прашање е нешто посериозно, у прачање се личности со кои сме сакале иднина, личности на кои сме им верувале, личности на кои им сме се предале. Личности кои ни биле СЕ. А денес ги нема а ти не можеш да си помогнеш на сам себе.
@JustFun Не знам дали твојот пост се однесуваше на мојот од погоре. Ако не, се извинувам што те спомнувам во мојов Сум била во ситуација да контактирам со еден дечко додека не беше во Македонија. Ми спушташе ѕвезди и месечини, кроевме триста планови за НАРЕДНАТА ГОДИНА. Кога си дојде, излеговме два пати и преубаво си поминавме. Ама толку беше. Почна со баналните изговори и одбегнувања. Излегов само два пати, а ми требаше година и пол за да го подзаборавам. Човекот е женет сега, со дете на пат, а мене уште нозете ми се пресекуваат ако го видам. Значи сум била од таа страна. И навистина е чудно како од само два состаноци тој мене ми остави толку длабок впечаток. И на другите од страна, посебно на тие со долгометражни врски, не им беше јасно како е возможно да не можам да го заборавам и да липам по него кога ќе се начукам. И мене ме болеше што тие не ме разбираа. Ама затоа ја прашав @deskarada дали тој нешто и‘ ветувал. Затоа ја прашав дали нешто планирале. И откако ми ја објасна ситуацијата (погоре, нели), се‘ ми стана јасно и не реплицирав ништо затоа што се сетив каква бев јас пред некоја година. Четири години се поминати од мојот прв контакт со него и се‘ уште не е сеедно. Иако сега сфаќам дека тој сепак и не бил за мене. Не сакам да бидам сфатена како личност која е бесчувствителна (иако некогаш мојот груб и директен пристап во постовите дава таков впечаток). Оние кои добро ме познаваат знаат која лигушка сум и знаат колку секогаш се зацапувам и им попуштам на мажи кои тоа не го заслужуваат. Камо себеси да си давам вакви совети, ама пусто не можам самата да си се набљудувам од страна и да бидам објективна.
Не, не беше за тебе упатено во никој случај ама се нервирам кога некој што го нема поминато тоа ти соли памет како да заборавиш некој кој пак и покрај тоа што биле заедно ветува заедничка иднина. Е баш со тие што имаат убава врска речиси цел живот, што ги чуваат како капка вода на дланка и не знаат што е болка не знаат всушност нам како ни било. Уште повеќе боли кога ти го немаш преболено а тој тебе да, или пак со некоја друга ги крои плановите, оние кои ги кроел со тебе нели? Без разлика колку состаноци сте / сме имале без разлика на тоа што се случувало некои личности не можеш лесно да ги заборавиш. Дури и кога ќе престанеш да му посетуваш профил, да зборуваш за него нешто да дознаеш за него пак нешто ќе ти ги пресече нозете а посебно па ако зборуваме за некоја љубов која си ја сакала безрезервно, вистински силно...И мене ме уште боли што некој не може или не сака да ме разбере. Ме боли што уште го сакам и не можам да го заборавам. Мислиш не сакам? Исто и јас сум попустлива, а и да не бидам болката е пак тука. Еве со него два месеци речиси не сум во контакт, а болката уште е овде, и колку и да сакам да го преболам не можам. Ама не се предавам, се уште не се предавам а ќе и го кажам истото и на @deskarada ако има шанси да се бори за него нека се бори, нека не дозволува гордоста да ја прегази. Ако нема, нека најде начин барем привремено да не мисли на него колку и да не може. Тешко е, знам... Уште потешко е кога личноста на која не си се надевал и ти ветувал дека нема да те повреди те повредил највеќе. Мене ме боли уште, речиси секој ден плачам ама некако наогам начин да се смирам. Осеќам празнина, посебно ми е криво што тој не реагира, мислев дека му значам нешто, а највеќе ми е криво што речиси правам се за да го преболам а не ми успева... Еве не сум во контакт со него но исто како да сум. Како да не мислам на него? Што кај и да одам ме потсетува на него. Се што правам ме потсетува на него. Се осеќам луѓе како да пропагам, ова е сериозно. И мене ми ветуваше заедничка иднина ама? тоа некогаш не значи дека ке биде така. Јас уште го сакам. Ама, нешто ми дава сила да продолжам понатаму. Ќе видам како ќе продолжам. Ќе најдам начин. Се тешам дека еден ден на сето ова ќе заборавам, било и полошо. Не знам луѓе, сама сум во ова не знам дали ќе успеам. Ја немам подршката од никого моментално. Ама.. не знам .. Страв ми е од тоа што следува.. Ранлива сум затоа што пред него исто и јас го доживеав тоа како Хипица, само што типот бил со мене и со типката во исто време и се оженил затоа што ја затруднил...Ете од тогаш сум ваква, а мене ми досади да лекувам скршено срце. На типот што ми го направи тоа ( што се ожени ) не се ни сеќавам, го преболев после недела дена од кога се случи ова, но овој, бившиов.. не знам како ќе реагирам понатаму. Ова е искрено од мене, нема што да кријам. А тебе Хипица јака ти душа.
Како да го заборавам?Никако..Цело време ми е во мисли.3 месеци бевме заедно.Толку се сакавме што се би напраил он за мене.Ама ете ти глупава јас му плеснав се во фаца дека јас ''не го сакам'' затоа што оддамна сакав еден друг што беше во негова генерација.А тој па само ми се смешкаше ке ме заглеаше и ништо од него не бидна.А со тој што бев 3 месеци..никој не ме сакаше како него.Сега се смиривме но само останавме другари.Како да се вратам пак со него и неговото друштво?Заедно искачавме со нив тие 3 месеци јас и една моја другарка.Кога се скаравме престанавме и сега пак сме заедно.Но другите девојчиња од друштвото несакаат да седат со нив.Зошто?Help
Сè уште мислите на вашиот бивш? Еве зошто навистина треба да го заборавите! Сите вие сте имале некого во животот за кого сте мислеле дека е оној вистинскиот, но за жал поради некои несреќни околности сè докажало дека не е така. Можеби не било вистинското време или пак не сте знаеле што сте имале сè додека не сте го изгубиле, но животот е таков и тој продолжува. Сепак, не вреди да се навраќате на тоа и едноставно најдобро е да продолжите понатаму. Еве и неколку добри причини зошто би требало да го направите тоа. Ве спречува да пронајдете некој нов. Ако сè уште не можете да се помирите со фактот дека вашата врска завршила и дека тој повеќе не е со вас, како ќе пронајдете доволно енергија и желба да започнете нова врска со некое прекрасно момче кое стои токму пред вас? Завршило со причина. Како и секоја друга врска што завршила, постои добра причина за тоа. Клучот на среќното продолжување понатаму е во тоа да се сетите зошто таа врска не успеала и да си дозволите да верувате во тоа дека сте ја донеле вистинската одлука. Живеењето во минатото не е воопшто добро за вашата иднина. Минатото е зад вас. Ако продолжите да гледате во ретровизорот, ќе го загубите фокусот од прекрасната глетка што ве очекува ако гледате само напред. Тој нема да се врати. Не надевајте се на опцијата дека тој ќе ја сфати својата грешка и ќе се врати кај вас како некој херој од новелите на Николас Спаркс. Тоа нема да се случи и што побрзо го прифатите ова, толку подобро. Најверојатно тој веќе продолжил понатаму. Тој сигурно не седи дома, секој викенд, јадејќи сладолед и прашувајќи се дали да ви се јави пред да ве изгуби засекогаш. Па, не треба и вие да го правите истото. Тој не сака да биде со вас. Суровата вистина дами – ако тој навистина сакал да биде со вас, ќе се обидел да ве задржи. Без изговори. Можете многу подобро. Надвор има многу момци кои би ве сакале исто толку колку што вие нив. Престанете да ги споредувате новите момчиња со него! Вие нема да завршите повторно со него, ниту пак со неговиот клон. Не е фер кон новите момчиња да седите со нив на состанок и да размислувате „тој е супер, но не е како стариот“. Дајте им шанса, ќе сфатите дека другите квалитети се токму она што сте го барале. Ценете ги добрите моменти што сте ги имале со него. Веројатно сте поминале добри времиња со него и имате почувствувано работи што никогаш претходно не сте ги почувствувале. Но сепак, готово е. Ценете ги тие работи какви што навистина се – само добри спомени. Не секој што ќе го запознаете е оној Вистинскиот. Само затоа што сте биле заљубени „до уши“ во него и сте ја испланирале целата заедничка иднина, не значи дека тој е Вистинскиот. Ќе имате уште многу прилики да се заљубите повторно, па не пропуштајте ги вашите шанси за среќа.
Во разделбите е неопходно да си радикален а во новите почетоци рационален. И да боли, но и од сам себе зависи колку долго ќе боли и кога ќе се преболи. На жалост секои рамења не се способни да носат иста тежина...од различни нешта ни се руши/рушел свет на сите.
Прво дајте си време, ова го зборувам од лично искуство. Набрзина и со сила не поминува оваа работа. Втора работа е длабоко да верувате во секоја буква, збор од реченицата "Доколку сте живееле среќно пред да запознаете одредена личност, можете и после неа да живеете како пред неа". Невозможно личи сево ова на почеток, но како одминува времето работите сами по себе ќе се олеснуваат.
на денешен ден бракови се растураат а не па врски.. сепак ке кажам мој совет тешко е кога си со некој многу време и одеднаш како да ти се растурил светот не е се исто, но животот оди понатаму, сонцето грее и со него/неа и без, така да повеке време посветете си на вашата кариера пријатели и семејство добар одмор и тоа ке ви помогне најмногу во тој период... ништо во животот не е случајно.. можеби тој или таа не е правата личност со која би требало да го поминете остатокот од животот и затоа се случува сето тоа.. се што е ваше ке си дојде и се што е благословено од Господ ке ни трае вечно на сите нас... поззз и секое добро
И јас тоа се прашувам долго време како ??? Долго време не сме заедно, сега ни контакт немаме, а мене уште многу ме боли никако да помини. Пред некој ден му беше и роденден, трпев да не му го честитам, ама не можев, така ладно, како да сме некои странци, како да не се познаваме, да не сни делеле ништо! Не знам како успеа да се в садиш во мене, никој до сега не успеал да допре до мене освен тебе, а ти си толку далеку, а јас те чуствувам толку блиску, а пак да беше поблиску што ќе беше со мене...Секој вечер си присутен секоја!! Зошто не ми оставиш барем една проклета вечер мирно да заспијам! Кај и да појдам и да не мислам се ме потсетува на тебе, да слушнам песна..Оваа болка ме убива, а толку ми ветуваше иднина за нас, значи сите тие беа лаги толку време, не беше недела, месец година и фазла!! Боли срашно, оваа болка или ќе ме зајакне, или ќе ме убија скроз!
Најди било какви други активности кои ќе бараат концентрација,почни дури и со тренинг незнам учи јазик наоѓај си работа.