Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го заборавам?

Дискусија во 'Разделби' започната од iren4eto, 17 декември 2009.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.413
    Пол:
    Женски
    Те разбирам потполно и го разбирам ова чуство.
    Знам како боли и гуши и како загорчува.
    Ќе ти кажам само едно секоја негова посмисла замисли ја во најлошиот и најзлобниот можен момент, кажи си самата себеси дека не заслужува да има личност како тебе, теши се со тоа, теши се со лошите и горки спомени од него а не со љубовта.
    Постави си цел дека тоа чуство ќе го потиснеш и пставиш зад себе па макар и крај света прошла.
    Запрашај се како тој мирно живее и се смее не гледајки во минатото...во тебе.
    И кажи си дека така и ти ќе продолжиш во животот и иднината оставајки го него во горките спомени.
    Притоа најди ја секоја можна занимација и хоби и користи ја максимално, фокусирај се во светот на твоите обврски и успех.
    Сигурна сум дека еден ден ќе ти тропне љубовта на вратата, а тогаш помислата на овие чуства ќе ти вродат насмевка на лицето.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl.09

    girl.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    54
    Тешко е да се заборави некој кој ти дал премногу за помнење, но не е и невозможно, ништо не е невозможно, сум имала возвратена и не возвратена љубов, се сум преболела.. болело и прошло, преку ден поминува времето ќе се сетев на него, да но не толку често како кога сме биле заедно, ќе се потсетам на нешто.. ама повторно насмевката на лице, вистинска или не.. небитно, воопшто :) вечерта, исто место на искачање, типот со новата женска, нималку грижа на мене, ама во мене .. горев, експлодирав, убивав се ама не му покажав, пробуваше да ме напраи љубоморна (зборувајки општо за како да го преболиш си дојдов на сопствената ситуација, ама искуство плус не ти пречи, впрочем на сите ?)и најважното направи се да ме уништи, мислеше дека му е безуспешно, ама се лажеше, ама не си дозволив себе си да се гордее со тоа бидејки не знаеше, бидејки не се фатив со друг само да му вратам, нели паметните со рамнодушност враќале :) ? е дојде главниот дел, идевме само 10 дена :)))) затоа што типчето уште од старт ќе варал, а фуфата го издаде на сите, се испофали, па после ќе ја тепал, едвај ја одбранив, а да ми е овој памет, нека и ја разбие фацата, и он ќе се покажеше шо „мушко“ е, а и секој си го добива своето, така и она залуженото, своето ;) не се докажав, да не испадне сум се фатила со некој онака и сум идела 10 дена, се знаевме од претходно, на здраво бевме, никогаш не поммислуав дека ќе бидам со него, ама неврмајнд се зближивме некој 5 месеци, и после 2 месеци се сакавме и 10 си идевме и си се варавме, пардон ме вараше ;Р невнимание, лошо понашање, таа неговата фуфа (наводно другарка, да де френдс вит бенефитс) се си придонесе за месец го забораив, т.е не го заборавив, едноставно го преболев, ја немаше зоолошката во мене коа ќе пројдев покрај него, а тој без маица, го немаше чудовиштето во мене кога си беше со таа неговата, немаше ништо, само следеше период го шитна таа, си фати дечко што и беше повисока класа (се очекуваше од неа.. се глеаше и фалат подароци, и таков вид (не)внимание) се врати кутриот, молеше, пустеше, ама залудно молев, плачев и ја а ти ме шитна ко задно ѓубре ам ? Е, нема сега назад :) Муабетот ми беше не му покажувајте на ни едно машко, дека ви фали и слично, така самите му давате оружје да ве убие.. чувајте си го за себе :)
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kajl

    kajl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    истури и се на песнава 8)
     
  4. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Мy раскинав поради многу грешки што ги правеше во текот на нашата врска а идевме 2 години и постојано му давав шанси, милион шанси имал и последната работа што ја направи беше крајна и му раскинав...Многу ми е тешко уште го сакам, да му простам не можам немам доверба да му простам зашто пак ке згреши пак ке ме повреди а после тоа ќе ме моли и ќе ми плаче а јас глупата ќе се сожалам и од што го сакам ќе му простам.Како да го заборавам многу ми е тешко секој ден плачам, секоја ноќ го сонувам,мислам дека никогаш нема да успеам да го отсакам :(
     
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.413
    Пол:
    Женски
    Не за џабе рекле дека времето е лек за секоја рана.
    Колку и да ти е тешко и колку и да мислиш дека нема напред и дека светот ти се срушил пред нозе верувај дека со тек на време, и по некој одреден период сето ова ќе ти биде само спомен и горчливо минато.

    Ако си проценила и одлучила дека најдобро за тебе е да ја прекратиш оваа тортура тогаш си ја направила вистинската одлука за твоето подобро утре и воедно твојата иднина.

    Животот е многу краток за да си го губиш времето и да се мачиш со некој што те повредува и едноставно не умеете да комуницирате и да најдете заеднички јазик.

    Едноставно исплачи се, ако треба и истрескај си ја главата, направи де што ти доаѓа одвнатре, и потоа дигни ја главата и стави си во нејзе дека животот продолжува напред, дека треба да успееш да се бориш и да се фокусираш на сето она што те прави сееќна за да успееш, посвети си се на себеси прави нешто што те исполнува, не се затворај сама, биди секогаш во друштво и секогаш кога ќе се сетиш на него, сеќавај се со горчина и сети ги моментите што те правеле несреќна.

    Ете така ќе успееш со тек на време да го заборавиш, а потоа дај си надеж и верба и ослободи си го срцето за нови љубови....

    Ќе видиш дека ќе успееш.
     
    На Tiniiic му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Дај боже да успеам зашто вака ќе пукнам, а ме сака и он знам дека ме сака, само таква личност е не знае да го цени тоа што го има,прави грешки после се кае,сфатив дека дефинитивно човек неможе да се смени во животов.Постојано ми пишува ме моли да му простам,нема да се откаже сеа,а сигурно и некаде надвор ќе ме пречека незнам тогаш како ќе издржам кога ќе го видам кога ќе ми се приближи :(
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.413
    Пол:
    Женски
    Во тој случај пробај да му дадеш лекција која ја заслужува, биди цврста и одлучна не попуштај некое време се дур свати што и како загубил.
    Ќе видеш дека после одреден период ќе се приберете и двајцата и ќе сватите што и како сте згрешиле.
    Некогаш е потребно да се направи и една мала пауза за да размислите и за да се совземете, всушност за да воочите дали сте еден за друг.
     
    На Tiniiic му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не е поентата да му даде лекција само, туку и треба и тој да ја научи а таа треба да се држи до своето дека не смее да дозволи да потклекнува толку лесно. Кај е гордоста овде? Тој колку и да ја сака сето она што го прави за нејзе пропага по многуте грешки направени а таа е повредена и страда.
    Ова од лично искуство го зборувам бидејќи многу добро знам како е кога си во таква ситуација, раскинуваш, моли за простување и пак одново додека не ти пукне филм и на крај ти се одмили се.
    @Tiniiic мила, не се предавај, и јас така како тебе мислев дека не можам да го заборавам ама тогаш кога најмалку очекував почнав да го заборавам.. Тоа оди полека и полека, не може преку ноќ. Не се преоптеретувај себе си. Не дозволувај сето тоа да те уништи. Или ќе се борите да ја спасите врската притоа да бидеш искрена со него и да кажеш дека те боли сето тоа, или да го избркаш од твојот живот. Луѓе сме и грешки правиме ама не си должна да го трпиш ова постојано. Ти одлучи !
     
    На eloves, vitamina и Tiniiic им се допаѓа ова.
  9. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.103
    Пол:
    Женски
    Ако добро разбрав, дечкото истите грешки ги повторува, а тебе ти е жал и постојано попушташ. Вакво нешто од маж ретко ќе прочиташ или слушнеш. Не знам точно што сторил ама штом твојата реакција е ваква не е нешто ситно.
    1. не си го губи времето ако не те почитува и цени
    2.затоа што постојано попушташ тој мисли секогаш што и да направи ќе те помоли и неколку дена што се вика рај и готово, подмачкал се - од такво нешто тешко дека ќе има успех
    3. што поскоро тоа подобро окупирај си ги мислите со друго нешто, дали е работа, учење, било што па, дури и друга личност во твојот живот (што мислам дека ти е најпаметно) ќе видиш како ќе заборавиш можеби следниот човек ќе ти покаже и докаже како се може и подобро и поубаво.
    Веројатно нема скроз да го заборавиш ама ќе го спомнеш миливо како име, а некогаш и воопшто со тек на време нема ни да се сеќаваш.
     
    На JustFun и Tiniiic им се допаѓа ова.
  10. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски

    Сме правеле и пауза мислев ќе се поправи ама џабе беше ни тоа не помогна...
    @JustFun Незнам искрено што да одлучам и што да правам, јас сама се борев цели 2 години за да ја спасам врската,да му простам пак се плашам може во иднина пак да направи грешка цело време ми пишува кажува дека ке се смени нема да дозволи веќе по старо да биде ама како да му верувам :/
    Сигурно ќе проба и во живо да збори со мене тогаш незнам што да правам како ќе издржам кога ќе го видам пред мене...
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.413
    Пол:
    Женски
    Размисли повеќе пати додека пресечеш по конечниот одговор.
    За една врска да опстои и да биде стабилна не е потребна само љубов, туку доверба и искреност, почит и подршка.
    Овие работи се клучот за една стабилна и цврста врска, љубовта како доаѓа така подоцна испливува на површина нејзината значајност, поентата не е само да љубиш, туку напротив да веруваш и да почитуваш пред се.

    А ти велиш дека има љубов но не е доволна бидејки ти ги немаш работите од страна на партнерот кој се клучот на врската.
    Затоа и подобро да пресечеш и да не се даваш на емоциите, стисни заби и избори се до крај за неопходните чуства, од љубов не се живее.. со тек на поминатото време сваќаш дека ниту една работа не добиваш туку напротив ти фалат другите чуства што одат покрај љубовта.

    Не си го губи времето со човек кој не те цени и не те почитува, верувај дека заслепеноста на оваа врска што не дава никакви позитивни резултати ти ги затвора очите и неможеш да уживаш во животот и да запознаваш луѓе за кои вреди да се љуби и да се бори во животот.

    А тие приказни од типот "ќе се сменам" и никогаш не се сменил, верувај дека не ти водат кон добро. Тој те научил и се навикнал на тебе дека простуваш и забораваш, дека што и да се случи ти ќе играш како тој свири.. тоа си му го дала до знаење со твојата мекост и надеж за промени кои за жал штом после толку време немало верувам дека и понатаму ќе биде истата приказна.
     
    На eloves и JustFun им се допаѓа ова.
  12. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ако не се променува зошто си се уште со него? Зошто дозволуваш тортура врз себе? Разбирам дека постои љубов и сето тоа, но џабе е ако само ти се бориш а тој ги повторува истите грешки одново и одново. Не ти велам да му раскиниш или нешто такво бидејки само тука ти знаеш која ќе биде твојата одлука. Ама размисли дали сакаш да имаш таков живот кај што постојано ќе си под стресови и страв од нова негова грешка која сигурно пак и пак и пак ќе те повреди.
    Ја бев иста како тебе додека не ми се скрши филмот и не ставив крај.. тешко е знам ама уште потешко е кога ги трпиш неговите грешки а довербата штом еднаш е прекршена тешко се враќа. И ќе издржиш, знам. Само мислиш дека не можеш.
     
    На Tiniiic и vitamina им се допаѓа ова.
  13. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Погрешно си ме разбрала не сме ние веќе заедно му раскинав уште пред неколку дена :(
    Сепак фала на сите за советите се надевам еден ден ќе успеам да го заборавам.
     
  14. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Фати си одма нов дечко, или љубовник. Не дека нема уште да го сакаш, ама нема да седиш, да препрочитуваш пораки, да цмиздриш на ваши песни и да се самобитисуваш.
    Секој кој ќе ти каже да не го правиш тоа пошто е прерано, е тотално fail.
     
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Оф извини :D
    Добро си направила со тоа што си му раскинала. Не си му ниту марионета, ниту кукла ниту пак нешто друго..
    И не се вели еден ден туку сигурно ќе го преболиш.
    @NovusOrdoSeclorum не е фаил тоа туку е вистина, таа се уште не е излезена од депресијата па ќе фака друг дечко. Никој не е должен да биде искористен за свои цели. Не дека е пребрзо туку ја кажав причината за тоа, девојчето едноставно нема воља за тоа моментално, а знаеме дека на сила убавина не иде.
     
    На Tiniiic, vitamina и esperansa777 им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.413
    Пол:
    Женски
    @Tiniiic
    Нај погрешниот потег што можеш да го направиш е тоа да бараш друг за време кога си расеана и повредена како што кажа девојката во претходниот пост.
    Нај ниската работа е тоа кога бараш утеха во прегратки кај друг и покрај твојот хаос во главата.
    Очигледно лош совет ти посочи ..

    Тешките периоди во животот се лечат со трпение време и утеха во работи и обврски кои исполнуваат и те прават среќни, а ниту најмалку со други личности кои на крај сите ќе заврашат повредени и разочарани.
    Животот е пред тебе.. ќе се совземеш ќе пребродиш ќе размислиш.. ќе се фокусираш на самата себе и на раздорот на чуствата.. а потоа кога времето ќе ти ги излечи раните и љубовта ќе дојде ..сама.. со мала спонтаност.
     
    На Tiniiic и JustFun им се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.103
    Пол:
    Женски
    Можеби е погрешно е ама најдобро функционира, а дека ќе минуваат денови имесеци за да закрепне емоционално нема многу фајде од тоа, мислите само таму ќе се фокусираат. Така што продолжување понатаму според мене е најдобриот избор и тоа таа да пресече зш како што разбрав тој си оди и се враќа и не ја пушта, ниту го дава тоа што треба во една врска. Сепак изборот е нејзин не наш.
     
    На Tiniiic му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    @vitamina @JustFun во право сте не ни можам да помислам на друго машко,со очи неможам да погледнам друг, а и во иднина ако најдам друг секогаш ќе го барам бившиот во него, барем некоја карактеристика негова ќе барам сигурно...а еве го сега уште ме моли на сите можни начини пробува да се смириме и ми прави уште потешко...
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @JustFun и @vitamina зошто ме нападнавте? На таков начин најбрзо ќе го преболи. Плус, не реков дека треба да искористува некој, како што не реков ни дека треба да искача и да бара нови дечки со цел. Треба да се опушти во тој поглед, да запознава нови луѓе, за излегување, дружење и понатаму љубов или врска. И на крају крајева, ако толку го сака и секој во него ќе го гледа следен (што е поголем начин на искористување отколку мојот став - духовно, емоционално искористување и поистоветување), а тој сака да бидат пак заедно, зошто не му даде уште една шанса, со тоа што ќе смени некои работи кај себе, кои притоа ќе го сменат и него?
    Гордоста секогаш убива.
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    @Tiniiic

    Животот продолжува без оглед на околностите. :nod:
    Твоето плачење нема ништо да смени, си го трошиш времето бесполезно.
    Сакаш совет? Оди на фризер, направи драстична промена во фризурата. Потоа на шопинг па на козметичар. За успешен финиш на денот oди во ресторан и jади дур не ти е доста. Откако мевот ќе го наполниш и делумно задоволиш физичката болка, уште следниот ден застани на две нозе како паметна и независна девојка, и речи
    - ЈАС МОЖАМ!

    Можеби од првпат нема да ти успее, и во рок од неполни пет минути ќе се најдеш на кревет облиена во солзи, но негрижи се, зошто повторувањето на таквиот став на крај ќе вроди со резултат!

    П.С. Секојпат кога ќе ти дојде да плачеш помислувај што ти прави поранешниот.
    Он плаче? - Не! Сигурно со другари е, ужива, лумпува. Можеби и нему му е тешко, но знај, машките методи се многу попрактични по ова прашање, финтата е да ги научиш и ослободиш. И запомни, квалитетното поминато време со себе и забавата со пријателите се клучните издувни вентили кои ти се потребни во моментов, искористи ги максимално. :)
     
    Последна измена: 23 септември 2015
    На Outlook, JustFun и vitamina им се допаѓа ова.