Ми раскина на фб во 5 сатот сабајле... беше 3 та на работа, ми пиша ај ја и ти да си останиме другарчиња... причина кажа дека сакал да биде слободен. Пред да раскинеме беше оладен, не ми пишеше јас ако не му пишам... го немав видено 20 дена, откако прекина со мене , ми пиши на фб, незнам што сака да постигне..... да ме мачи уште повеќе? Да не можам да го заборавам? А тој можи си се гледа со друга? Зошти ми пиши?? А јас неможам да не му вратам, го сакам...... И незнам што да правам за да го заборавам
Па и не е баш дека не можам него да го заборавам. Воопшто не ми е за него, колку за спомените. Ве молам за помош ! Бев 4 години во врска, за жал далечината не' раздели и тој ме изневери. Не можам да си го простам тоа. Не можам да го заборавам тоа што го доживеав, затоа што ме скрши. Еве веќе 2 години поминаа од кога не сме заедно, а мене уште ме боли како вчера да било. Поминав секако, забава, авантури, одвлекување на внимание. Сега сум во врска, навистина прекрасна, меѓутоа не можам да бидам вљубена како првиот пат. Среќна сум и се' ме исполнува, освен помислата дека никогаш повторно нема да бидам среќна како со него, дека никогаш нема да љубам толку силно како некогаш него.. Како да го надминам овој страв?
Душо,тоа не е страв Апсолутно те разбирам и сфаќам како ти е,едноставно треба да прифатиш дека ако тој доволно те сакал не би дозволил да те изневери поради далечината..Прифати дека тој не бил вреден 4 години да трошиш време на него бидејќи те изневерил,јас би го мразела,неверство не простувам.Прифати дека не ценел што си правела за времето додека си била со него,всушност се било залудно бидејќи тој сето тоа го злоупотребил нели ? И јас се трудам да преболам човек,кој не ме изневери,ама ме остави кога си мислев дека секогаш ќе биде покрај мене..Едноставно има такви покварени личности за жал кои не ценат ништо ама баш ништо,се ќе му се врати и тој ќе пати без гајле Ете,имаш дечко кој изгледа те сака и почитува повеќе од него.Поминувај повеќе време со него,правете возбудливи нешта,бидете како деца,смејте се правете глупости и ќе се навикнеш на него..Исто,кога ќе направи нешто добро за тебе,кога со ситница ќе те насмее или усреќи сети се дека бившиот тоа никогаш не би го направил
Ниедна љубов не е како претходната... ако бараме сличност и совпаѓање тогаш доаѓа до измачување кое секако еден ќе резултира со прекин на нешто толку чисто и искрено за кое многу ќе се каеш подоцна... 2 години не се многу но мислам дека проблемот кај тебе не се спомените туку не можеш да се помириш со тоа дека нашол некоја друга. криво ти е и мислиш дека е таа подобра иначе зошто би те заменил... се додека те измачуваат овие мисли нема да бидеш вистински среќна..едноставно пробај да мислиш на иднината и ослободи се од се што би те присетило на него на крај краева не е фер кон момчето што го имаш сега. и за крај тоа не е страв и мислам дека со човекот кој ќе биде вистински за тебе ( само треба да го пронајдеш) нема ни да ти текне на претходниот дечко а камоли да се плашиш дали ќе љубиш ко претходно. поздрав
Како да го заборавам? Како да заборавам на сите убави моменти со него? На сите бакнежи и прегратки? Како да се помирам со тоа дека сега неа ја бакнува? Дека таа е сега до него на местото каде што требаше јас да бидам? Зошто не бев храбра и не му кажав дека премногу го сакам пред таа да го направи тоа? Зошто сум толкава кукавица и страшливка кога се работи за љубов? Изгледа дека тоа е стравот од одбивање, кој знае...дајте ми некој совет како да го заборавам затоа што ова повеќе не се издржува, ми се чини дека ќе препукнам во секој момент..секогаш кога ќе ги видам заедно среќни и насмеани срцево ми се кине од тага..
Па и не постои начин да се заборави вистинската љубов . Само со време се навикнуваш пробај со авантури , дружење , често излегување ( подалеку од местото каде ги среќаваш нив за да ти биде полесно ) , пробај со друг дечко ... Незнам . Уживај во животот едноставно за останатото ќе се погрижи времето . Само дај му малку време
@s.w-e.e-t.y јас би ти дал совет да си најдеш нов дечко и верувај инстантно ке го забораш, иако знам тешко ти е и не ти се верува бидејќи си во post-breaking фаза, но пробај послушај ме од искуство ти го кажувам ова. Биди среќна и со срека!
@Згодно Момче Нико, воопшто не се согласувам со тоа што ја советуваш. Наоѓањето на нов партнер при сеуште неизлечени рани може само да биде со негативен исход и за двајцата. Ем таа уште ќе си пати по бившиот, ем нема да биде фер спрема новиот, а заедно и двајцата ќе се во заблуда. @s.w-e.e-t.y Подобро сконцентирај си се самата на себе и овој период посвети си го на интелектуално унапредување. Најди си хоби, ново друштво, излегувај на коктели и музика, посвети се на професијата и пред се, дај му време на времето. Никој не е незаменлив, и понекогаш ти фалат моментите и рутината, отколку самата личност.
@Summerlover Сунчица за хоби, да посвети повеќе време на себе да се консолидира сo мислите се согласувам, но на крај пак нешто ке и недостига а тоа е партнер, а кога е во post-breaking фаза која трае и недели обично ќе се присетува на него, и јас сум бил во иста ситуација и знам како новата партнерка ги залечува старите рани (се разбира ако претходно си одлучен/одлучна to just let it go and move on)
@Згодно Момче Нико бе Ако е одлучна to let it go, ќе го направи тоа и без да наоѓа нов партнер. Подобро да си даде одмор на самата себе, како еден период на рехабилитација, да си ги среди мислите, отколку да се влетува во нова врска, т.е друг после да биде жртвата Што ако новиот дечко многу се заљуби во неа? Нема ли тоа да биде ептен не фер спрема него? Т.е сакам да кажам, нова врска одма за лечење од старата не е опција во никој случај Прво треба да научи да биде сама, независна, а за партнер да не се брза. Тоа е потребно, ама потребно е и здраво тло на кое ќе се развива односот со истиот
Fokusiraj go pametot na drugo mesto,na rabota,fax ako si student,hobi nekoe,pocesto iskacanje so drustvo,gledaj komediii. Najbitno e da go smenis fokusot mislenjeto kako da go zaboravis e isto i kako da ne sakas da go zaboravis i namerno go mislis zosto pak go mislis get it
Здраво на сите-Сакам да ви ја кажам мојата мака.И ве молам за совет.. Имам 21год во врска бев околу 2год и 9 месеци прва врска,прв дечко,прво се со него..Беше во ред добар,паметен,верен,ме сакаше и што се вели враце ме носеше.Но после 2та год некако олади ибез причина од небо од нигде никаде ми рече пауза .И почнавме да се оладваме од та проклета пауза.Која траеше 2-3 ден.Добро му викам зошто пауза?Онака -А колку време?Ден два три можи нед можи месец зависи -(сега јасно мие од штозависело))А ЈАС ГЛУПАЧКАТА никако навечер сама неизлегвав,не шетав вееерна,предобра тој ми бееше Се многу се заблудав во него.Машко ќе ме адд на фб одма го блокирав.Само со него се затворив дома од факултет дома и обратно.Премногу се затворив и само него го гледав.И после паузата од 2-3 дена ми кажаа си направил инст и еден куп чупиња следи адд и Слики само од него,демек слободен.Ахам и го прашвам напрае инстаграм ?Не бе нез што е нз како се користи вочи ме прај будала.Итака март 2016 прв пат се скаравме раскинамве 2-3 нед не се гледавме се испоблокиравме и од март до август ми се враќаше и му давав шанси .Го нема 2 недд и ете го пронајдол број и ете Темолам да пробаме да бидиме заедно.Никоја не е како што си ти.Ти си добра,верна ми си блабла.И последната шанса беше во Август кога се смиривме и заминамве Охрид на одмор ззааедно.Ама тоа беше пекол ./ДАј да се означиме ,ај утре,.дај да се сликаме дај утре никако нејкеше-Се кријаше.И кога се вратвиме 1 во неделата ќе се видиевме и толку.Никако заедно накафе во ноќен клуб никако а Предходно неможеше да се оддели одмене,дишешеше замеене.Се траснформирра 360 степни.И на 29 август раскинавме ете официјално од тогаш немам контакт .И за рок од1месец го видоа со друга ,Сега е во врска со 16 год чупеа тој има 24.И јас ги видовсо свој очи пред мене ја бакнуваше гушкаше маса домасаа вкафич.Срцето ми застана.Можеби очекував такво неш запола год за година ама за 1 месец значи таа била тука ц ело време....И сега што среќен е демек?Ме остае без причина,без да го изнверам,да го излажам,ништо не згрешив освен што од срце и од душа го сакав.Нез многу сум разочарана изгубив на килажа,ко пореметена само плачам.Незаслужив така/Барем да го излажев,да шетав да гоизневервав ќе речев да јас сум расипаната.Никогаш на друг не помислив и мене ми беше сериозна врската.И што сега неа ја сака?Како можи се да заборај?Јас неможам.Проклет нека есе вложив се се за да фрли вовода.И добра верна паметна прибрана и прв пат со него имав однос и преку се поминааа!И да пред да се разделеиме последниот пат кога се видовме ми рече:НЕМОЈ ДА СЕ НЕРВИРАШ ЗАМЕНЕ,ПЛАЧИШ НЕ ГИ ЗАСЛУЖВАМ ТВОИТЕ СОЛЗИ,ЗНАМ ДЕКА СИ КАКО ШТО ТРЕБА САМО ЈАС НЕВРЕДАМ.со тие зборови.И само се прашвам што има таа што нема јас?Што виде во неа?16год бе и тоа преужасна грда грдосиа..Се мие измешано во главата-НИТУ МИ СЕ БЕНДИСВА НЕКОЈ НИТУ ИЗЛЕГВАМ НИТУ СЕ ЗАМАРАМ.а ТОЈ СИ ПРОДОЛЖЕ ОДМА ВОД РУГА ВРСКА-ИЗВИНЕТЕ ЗА ГОЛЕМИОТ ТЕКСТ АМА МНОГУ СУМ РАЗОЧАРАНА ПРЕПРЕМНОГУ ВЕЕЌЕ 4 МЕСЕЦИ ПОМИНА ТОЈ СРЕЌЕН СИЕ А ЈАС КУКАМ ГУБАМ КИЛА И СЕ УПРОПАСТУВАМ..!!!:///
Охооо реферат. Па добро тој си продолжил ти што чекаш? Ќе цмиздриш уште? Е добро, што видел во 16годишната што викаш грда била, а што видел во тебе светица? Па извини што сум дрска ама се преценуваш, има и такви како тебе за жал што се добри ама ете тоа е тоа монотоно што шкоди некад во врската. Е оди пак дај му шанси, вовлечи му се во кревет па кога ќе се смири со неа со 16 годишната како што викаш плачи. Не сте во брак побогу, се разбира еден ден ќе дојде крај на сето тоа. И што ако направил инстаграм што ти е гајле тебе, секој има социјална мрежа. Не си му девојка да го прашуваш искрено. И дај собери се малку, не си мала доста цмиздриш и продолжи со животот. Па среќен ќе си е, плачи ти пак не јади.
Те разбирам потполно ама со сила не бива ништо. Уште прв пат кога ти рекол пауза значи оладен бил спрема тебе... Зошто и како, никој не може да ти каже... Едноставно човек се лади. Знам дека ти е тешко ама не е крај на светот. Најбитно е да не го гледаш никаде по социјлните мрежи. Ако го имаш, блокирај го... ако го немаш ич не му веггувај по профили, ни нему, ни на девојката. Најди занимација и ќе го заборавиш. Учи, гледај филмови, шетај... Колку и да ти е тешко собери сила и издржи. Не вреди да плчеш веќе... Си плачела и тоа е тоа, оди напред.... Плус разговарај со некого за проблемов па може полесно ќе ти биде... Луѓе се разведуваат, долгогодишни врски и бракови се уништуваат, ама продолжуваат со животот.
До сите кои прашале како - едноставен одговор нема! Ама факт е дека СЕКОЈ може без СЕКОГО!!! Само храбро и со верба - оној кој е Ваш ќе биде!!
ПРва голема грешка шо повеќе ја правите е тоа шо кога ќе фатите дечко заборавате на се околу себе и само со него, не се делите, зошто да не излезиш без него, не можам да сфатам сами така си правите. ЗНам дечко нормално љубов, ама има и други работи во животот, не е тој центар на животот и само со него. Нормално дека ќе те боли, ќе боли верувај ќе помини. Најди си некоја занимација, излегувај, држи се и не ја прави истат грешка со иден дечко кога ќе имаш. Мораш да бидеш храбра, ќе помине.
Фала на советот и одвоеното време-Знам да згрешив ама ете никој не ме поуче прва врска појма од животот немав како да се понашам мислев дека ако не го лажам ако седам дома и ако не шетам поќе ќе ме цени.ГЛУПАЧКА хахах се види сега се