Како да го заборавам?

Дискусија во 'Разделби' започната од iren4eto, 17 декември 2009.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Прво и основно, не им верувај на машките. Особено не за толку краток период. Нека изјавува љубов, нека ветува, ти прифати го тоа, но не му верувај. Во никој неможеш да имаш комплетна доверба дури и во самата себе затоа што често знаеме сами себе да се изневериме. Прв дечко ти бил, затоа не го сфаќај толку сериозно. Знам дека со секои години си идат проблеми со одредена тежина, но не е ова ништо сериозно. Стави си во главата дека тоа морало да се случи. Не се напрегај и не мисли постојано зошто се случило. Туку прифати го како едно искуство кое ќе ти се најде некогаш во животот :) И биди претпазлива во иднина :)
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Браво за нив двајца, баш ме интересира за колку време пак ќе раскинат, а овој идиотов пак ќе те бара тебе. Не знам зошто воопшто треба да се замараш со нив. Било-поминало. Остај го ти него, и гледај тебе да ти биде убаво. Машки имало и ќе има, секогаш. Колку и да се чувстуваш изиграно и искористено сега, за некое време ќе сфатиш дека тој човек не вреди заради него и неговите детски игри самата да си се уништуваш. Ќе дојде и тој ден кога и тој ќе се почувствува така заради тебе, или заради некој друг. Колку е слатко тоа чувство. Знаеш како викаат, се се врти, се се враќа и се плаќа. Кармата секогаш доаѓа во вистинскиот момент, верувај дека ќе му тропне и нему на вратата. :)
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    кратко и јасно
    разделбите се составен дел од нашиот живот сакале или не мораме да ги прифатиме и животот оди понатаму едноставно мора да се помириме и да ја прифатиме реалноста
    кога за прв пат се заљубив вистински мислев дека нема да ја преживеам разделбата како парче душа да се откина од мене години лутав и барав утеха во глупости
    сега сум девојка со прекрасно дете до мене и заљубена до уши :inlove: се осеќам заштитено и сигурно за прв пат во животот
    зачи заборави и продолжи можеби таму некаде те чека вистинска љубов а за тоа ти појма немаш ;)
    ти посакувам пофторно да се заљубиш и таа љубов да е засекогаш...
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Девојче убаво, во животот никогаш не се трча по дечко и по автобус-секогаш доаѓа нов. ;)
    Ич да не ти е гајле за него, реално, мислам дека тој никогаш не ја преболел таа,што моментално е со него.Кога некој некого сака,абе со нокти ако треба ќе гребе за да биде со него, а не да си игра „Менувам Жена“.Не очекувај да ти се врати-едноставно крени ја главата високо,дотерај се, нашминкај се,излези,помини си лудо,прави го она што те прави среќна и не се замарај кај е, со кого е, што прави-што сака нека прави,тој е сега минато свршно време за тебе
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Браво Суперсоник :clap:
    Да беше на твое место некоја твоја врсничка сега можеби ќе дојдеше до идеа да сече вени или да крои планови како да се одмазди....
    Трезвено си размислила и искрено ме радува што ти си ставила крај. Сега фино-лепо сметај дека тие двајца не постојат, фокусирај се на некое друго момче кое ти се допаѓа ;) и кое нема нерасчистени сметки со бифши девојки.
    Ама дечкото, искрено не ме чуди....машките често не знаат што сакаат, плус во тие години е...мисли дека се што лета се јаде.
    Сметај го ова за искуство плус и не го сфаќај трагично, зашто не е....верувам дека секоја од нас има искуство со некој ваков “фраер“ ;)
     
    На supersonic и Offspring им се допаѓа ова.
  6. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    па подобро да си сама отколку со некој на кој не му значиш душичке,не се нервирај не е вреден,а нив двајца пушти ,како да ги немало никогаш :* :* :*
     
  7. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Supersonic:

    Нема тотално ништо да направиш, туку само ќе си ја дигнеш главата гордо и ќе си продолжиш со животот....А него, ќе го заборавиш дека уопште постоел....Кога и да е, верувај им на овие зборови, кога и да е, он ќе те побара тебе, а ти тогаш треба само да му се исмееш така едно убаво у фаца и да му кажеш HAVE A NICE LIFE !!! Сега единствено нешто што треба да напраиш е да почнеш да си излегуваш со другарките, да се забавуваш, да не мислиш на тоа, да се смириш психички, а верувај ако си излезена, се забавуваш, си насмеана, нема да помине долго време пред некој дечко да сака нешто повеќе со тебе ;) Само во никој случај да не му даваш втора шанса !!!! зашто ти ќе патиш, ќе се сомневаш во се и сешто, ќе си растроена на психичка база....а тоа не ти треба.....Уживај ;)
     
  8. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Фала на советите..
    Сеуште се обидувам да се откажам од се што поминав со него овие неколку месеци и минувам низ фази кога сум бесна зашто толку брзо можеше да ме избрише и да си ја врати бившата, до период кога мило ми е што сум сингл. Не можам да укапирам како е можно покрај сите муабети што ги правевме на милион теми и толку искрено да се постави спрема мене да стигне до тоа да трча по бившата и тотално да ме тргне од себе!!!! И како ли стигна до тоа ЈАС да бидам таа што пати i што заглавена у агонијава кога уствари јас му раскинав (по некоја логика би требало да биде обратно) ????
    Неколку пати случајно се видовме, склоп на околности не знам, и автоматски ја вртам главата и се правам дека не постои за потоа да се осеќам најпатетично на светов.. Тој е повторно си бившата колку што слушнав, иако не им е баш сјајно.. додека јас повторно се враќам на истото - сама, искористена и исфрустрирана без никакви изгледи дека нешто ке се смени.

    како да се вратам во нормала???? :(
     
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Supersonic,ти кажаа како да се вратиш во нормала.
    Иако е прв,не е последен :)
    Уживај во секој момент,уживај во школо,уживај дома,уживај во друштво.
    Излегувај,дружи се.
    Насочи ги мислите кон позитивни нешта.
    Барај убавина во секоја случка.
    Денес си расеана,исфустрирана - смири се,речи си сама на себе,дека утре е нов ден..и новиот ден ветува многу,можеби токму утре ќе ти се случи нешто,ако не е утре ќе е задутре,или некој нареден ден.
    Најди ситници кои ќе те задоволат,немора секогаш да е тоа некој дечко.
    Постојат 10000 работи кои можат да те насмеат,да ти ги ослободат мислите,да те задоволат..
    Не е тешко да се насочат мислите,само треба труд и долго време да размислуваш,да расчистиш сама со себе.
    Што се однесува до момчето,вистински крем..и во иднина викај му здраво,како ништо да не било,немора да му покажуваш дека уште си му лута,напротив.
    Поздрави го,како да е кој било друг познаник :)
    Среќно..
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно теоретски, било која од нас да ти каже што да правиш за да го заборавиш.Но во пракса оди многу потешко.Ако ти самата не си помогнеш,ние неможеме да ти помогнеме.
    Прво треба да се убедиш дека,колку и да е мил и симпатичен,сепак бил asshole спрема тебе.Еве во старт голем минус за него.Ти можеби и чувствуваш доза на вина зашто ти си ја прекинала врската и сега ќе те мами прашањето,што ако не раскинев,можда нешто ќе се променеше? :worried:
    Според мене,си направила добар избор,и јас кога би требало да бирам по секоја цена да бидам со него додека се лигави по друга или да си го зачувам достоинството и да раскинам,истото би го направила како ти. :!:
    Ќе ти биде мачно некој период,ќе се чувствуваш празно,сите сме преболувале некогаш некого во животот.Само секогаш нека те крепи помислата дека имаш со кого да ја споделиш маката,девојките од форумот се тука,секогаш ќе се најде некој онлајн,ако не повеќе,барем да те исчита и да ти ќаже да не тагуваш. :*
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    supersonic потполно те разбирам затоа што и јас се имам најдено во ваква ситуација и мене ми беше прв дечко и јас на почетокот немав никакви планови беше онака како од занимација ама работите преминаја на нешто посериозно се вљубив во него тој го виде тоа и почна да се однесува ладно сурово и на крајот замина со моја не многу блиска другарка и јас се чуствував како тебе искористено изнамено но по скоро една година потполно го заборавив и се вљубив во сегашниот дечко до сега ми е супер да не подречам но сега доста со мојава приказна....Ти треба сега да бидеш многу силна и да веруваш во себеси а не можиш потполно да го заборавиш мислам секогаш ќе се сеќаваш на спомените било да се лоши било да се добри само можиш да престаниш да го сакаш да не чуствуваш ништо за него .... а и како што велат времето ги лечи раните па со тек на време се ќе се среди ... само избегнувај било какви контакти со него и што помалце да го гледаш само така ќе успееш среќно :D
     
  12. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Баш и заради тоа тука постирав.. Фала Gea и останатите, ептен значи кога има некој што ќе те поддржи и ќе се најде да ти каже - Се ќе биде добро во вакви ситуации, макар се работело за комуникација во елект. форма :)
    Ќе ги применам советите, и читајќи ги коментарите - во скоро време ќе си бидам у нормала. :)
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ќе бидеш во нормала и многу побрзо, штом си имала м*да да го откачиш , на твои години си ја сфатила суштината на неговите намери,додека некои други би се трескале до бесвест, тогаш и ќе преболиш,.на ист начин како што и раскина,користејќи го разумот,а не срцето :*
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    И ја го имам овој проблем. Пробувам и никако не успевам. На почетокот од крајот на нашата врска мислев дека ми е само опсесија и штом нема да го гледам ќе го заборавам. Но не било така. Не бил опсесија и не го заборавив. Фрлив се што ме потсеќа на него, неговите е-маилови ги испринтав и запалив. ги гледав како горат за да сфатам дека и тој така треба да изгори во мене, ама ништо не ми помогна. Штом слушнам некоја балада, го пронаоѓам него во стиховите, се пронаоѓам себе
    Среќна сум во животот, имам се што сакам, тој не беше за мене, не беше добар за да ми е жал што не сме заедно. Сакавме авантура и тоа се случи, ама не го заборавив. Тој си има свој живот. Ако некој му го спомне моето име нема ни да се сети која сум. Си има девојка и веројатно е среќен.
    Сега почнувам да чувствувам нешто кон друго момче, ама овој ми е во глава постојано. Се плашам дека нема да можам да бидам како порано, се плашам дека тој вечно ќе живее во мене, а со тоа и секоја врска да ми биде неуспешна. Мислам дека нема лек за ова!! :@
     
  15. angelka8

    angelka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    е па вака да ви кажам и јас имам проблем не знам како да го заборавам и многу ми е тешко значи вака:
    одев еден месец со него ама работата е што имав односи со него и знам дека многу избрзав имав секс уште на 4 состанок и сега ми е мн тешко и што е најтажно тоа ми беше прв пат т.е прв пат имав однос со машко и знаете се поврзав на мн посебен начин со него и после тоа сватив дека само ме искористил и толку и сега нз што да праам не можам да го заборавам ве молам помогнете ми :( :( :( ;( дајте ми некој совет што треба да напраам
     
  16. unbeliavable

    unbeliavable Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1

    Sosema te razbiram. sega ti e kako nesto da ti fali, kako nesto da ti e odzemeno...sekoj bil tamu na toa mesto...samo ne se sekiraj..super e sto ne se gledate pa kolku i blisku da ziveete..a slucajno ako se sretnete napravi se naudrena isto kako da ne e toj. ne pagaj vo trans zivotot e prekrasen i bez nego i "NEZNAM" ne e odgovor na ljubovta.. najdobro sekoj moment da si go uzivas...edna godina e dolgo no ne predolgo, mojata bese 6...??? taka da, ti si znaes ama veruvaj ima podobri odgovori od neznam... :*
     
  17. unbeliavable

    unbeliavable Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1

    si go gubis vremeto na toa da go cekas, i baras???? toj posol so druga? sto ocekuvas da te moli da te bara? sakas odmazda na toa sto te povredil??? veruvaj site znaeme kako e da se pomine niz toa...samo energijata ne ja trosi na toa...gledaj si se sebe....veruvaj ke ti pomogne mojot sovet zatoa sto znam kako e...ako gledas dali toj iskaca, mu prveruvas facebook..i sl nikade i nisto ne pravis...prodolzuvas sama i srekno, i da si najdes drugar ili decko so koj ke si se druzis da ja zadovoli taa emotivna konekcija (ne zboram za fizicki),, pordolzi i ne se sekiraj..ova ne e nisto. veruvaj
     
  18. losa-sreka

    losa-sreka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Јас секогаш се држам за онаа теорија ако е твој ќе ти се врати, ако не се врати тогаш Господ чува нешто подобро за тебе, затоа нема НЕЗНАМ туку едноставно не се замарај посвети се на поинтересни нешта кои те исполнуваат, најди инспирација во нешто, ова е минливо чувство верувај од искуство ти кажувам, штом јас го заборавив, а имам негово дете (што значи сум делела заеднички живот со него, во споредба со тебе што си била само една година) значи секој може да заборави. ВО ИДНИНА САМО ОПУШТЕНО И УЖИВАЈ И ВО НАЈСИТНИТЕ РАБОТИ ШТО ТИ ГИ ПРУЖА ЖИВОТОТ И НЕ МИСЛИ МНОГУ ИМА ДРУГ ЗАДОЛЖЕН ЗА ТИЕ РАБОТИ. СО СРЕЌА!!!
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    Како прво не сум тукада те осудувам но навистина си избрзала, за твојте години не разговарам, веќе почнав да ве сваќам вас помладите дека имате секс на 16 години иако јас сум против тоа. Како да го заборавиш. Ќе бидам кратка и јасна така лесно. Имаш 16 години и едноставно животот е пред тебе, авантури излагање запознавање на нови личности ти е најдобриот лек. и пред се еден совет од мене типот лесно ќе го заборавиш ,само биди малку по самокритична во поглед на сексот незначи сега кога си имала односи со сите што ги запознаваш од прва вечер да завршиш во кревет. и Времето лечи се и памет за друг пат
     
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Ми требате сега, повеќе од било кога. Пред 5 саати раскинав со дечкото. Идевме 2ипол години, во кои имаше од се по нешто, и кавги и смеење, најмногу имаше љубов. Ми беше се, и сеуште ми е! Во последно време почна чудно да се однесува, некако ладно и незаинтересирано, и секогаш кога ќе го прашав што му е добивав ист одговор НИШТО НЕ МИ Е! Направи да се подоладам и јас од него, за вчера да седнеме да правиме муабет, за да му кажам дека неако го чувствувам подалечен, дека се подоладив од него. Тогаш ми рече дека ме сака, и дека не сака да избрзуваме со донесување на одлука. Така и направивме, оставивме времето да покаже, и почнавме и двајцата плачевме како деца. Денес се видовме пак, и почна со муабет во стил БЕШЕ ВО ПРАВО МИСЛАМ ДЕКА ТАКА ЌЕ Е НАЈДОБРО ЗА ДВАЈЦАТА, НЕ ГЛЕДАМ ДРУГО РЕШЕНИЕ. Само го прегрнав, и го замолив да ме бакне за последен пат. Тоа и го направи! Полека осетив дека засекогаш го губам. Почнав да плачам, се стопив во неговата прегратка. Не ми се верува дека го загубив, немаше некоја кавга, се разделивме најпријателски. Кога ја затворив вртата од дома се скршив на парчиња, додека ги слушав чекорите негови во мојот влез! Само 5 саати се поминати, а јас не можам да се соземам. Девојки помагајте, не сакам да паднам во депресија, сеуште го сакам... зошто раскинавме ;( ;( . Очајно сакам да му се јавам сеа, не можам да се исконтролирам, како да ги заборавам тие 2 ипол години, како ;( ;( ?