Ах убави 15 години и страдање за дечко на кој после 10 години можеби нема ни да се сеќаваш. Ама сфаќам, женските се склони кон балади слушање, тајно страдање, гушкање перници и плачење. Не можеш да се заштитиш и никој не може да ти помогне да го заборавиш сега. Додека не си се изнаплачеш, додека не воздивнуваш секогаш кога ќе поминеш на некое место кое те потсеќа на него, додека не си најдеш нов кој ќе мислиш дека го сакаш најмногу и повеќе од претходниот, нема да го заборавиш тој по кој сега страдаш Можеш само да си збориш со другарките колку ти е тешко, да си гледате на кафе (ако уште е популарно ова), да излегуваш да се дружиш. А јас ти посакувам побрзо да си најдеш нова симпатија Жал ми е вака кога читам дека се мачат девојчињава
ајде чоколатце имаш само 15 години.. колку такви ќе поминат низ твојот живот..ти давам највише 4 месеци и више он за тебе ќе биде било па прошло.. кажи си во себе јака сум а он е никој и ништо..недела две обиди се да не мислиш на него и не искачај на места кај што е он..најди си друга занимација коа ќе видиш дека забегуваш и за месец два нема да ти текне на него више
Невозможно е да заборавиш некој што си го сакал премногу тоа е исто како да барам од својот мозок да се сеќава на некој што не сум го сретнала никогаш. Колку чувствата и времетраењето биле поинтензивни толку потешко паѓа се‘ во заборав. Постојат места кои асоцираат на него и кои ќе ти се во видно поле и упс ете ги спомените, песни кои се поврзани со спешл или и не баш такви моменти пак атак на спомени, храна и пијалоци кои будат асоцијации, заеднички познаници итн. Не можеш да заборавиш, веројатно и по 10 и 20 год. кристално јасно ќе се сеќаваш на некои мигови, учиме како да продолжиме понатаму без него, без неговите повици за добро утро и добра ноќ, без неговата прегратка, без фантастичниот секс со него, без нашите кавги, без нашите среќни мигови и врвни разочарувања. Учиме само како да прифатиме дека таа личност не е и нема да е дел од нашиот живот повеќе и учиме како е пак да бидеш сингл и учење на понапредно ниво е да го урнеме кинескиот ѕид околу себе и дозволиме влез на нова личност во нашиот живот. Ова е бавна и макотрпна наука која некој и цел живот не ја совладува. Некои љубови и покрај несреќниот епилог се осудени на незаборав. Но, не мора да се осудиме на живот во осаменост, никој не заслужува таква жртва.
Нова сум на сајтов и незнам дали овде треба да пишувам...Значи со дечко ми бев во врска 7 месеци...Потоа тој се смири со бившата му и еве векее една година се заедно..Со него не бев во никаков контак само на едно здраво и толку..Но сега последните 3 месеци тој постојано ми зборува..Значи во исто училиште учиме, заедно патуваме до училиштето и тој секогаш бара со мене да седии..Иии јас кога му кажав зошто го прави тоаа тој ми рече сакам да бидеме другари..Ноо тој постојано ми збори за нашето минато како сме биле заедно..Ии кога му се јавува женска му тој и вели ај не ме замари сега не можам да зборувам..И кога ке го прашам зошто така и кажа тој вели скарани сме она така си звони но не е така..Ии тој ми се јавува но со скриен број не со негов..А да кажам женска му учи во друг град..Стварно незнам што да правам..Ве молам помогнете шо да му кажам..
Пале,овде сме да си помагаме .Дечко ти,т.ест твојов бивши те оставил за бившата,така?И сега си игра топло-ладно со двете.Изгледа се презаситил од неа,па се стрчал кај тебе,да му паднеш на финтите демек сега тој увидува што изгубил.По тажното фациче твое заклучувам дека сеуште тој ти значи,но немој да попушташ,ќе бидеш повеќе повредена.Дај му знаење дека не си ти на кукла на конци па да те влече кога сака!И тоа незрело понашање,се ти докажува ,пред тебе така разговара со девојка му . Мој совет ти е да бидеш остра,груба со него,мотај го на малиот прст,покажи му дека со тебе нема да си игра .Не покажувај емоции пред него,прави се ладнокрвна ,за да испиташ зошто се навраќа на тебе,тоа е единствениот начин .А неговата девојка штом ве разделила,верувај дека пак може да ве раздели,иако е во друг град.Типчево сака забава во меѓувреме со тебе ,така ми изгледа мене.И секако,пиши што се случува
Ти благодарам многу..Да сеуште имам члуства спрема него..Таман ке помислам го заборавив еве го пак ке ме побара..Како да сака јас да страдам и да плачам а тој да се смее на моите солзи.. Се обидувам да бидам ладна спрема него но тој ми вели зошто да не сме другари, значи упорен ее ств незнам што сака..Ги видов вчераа во град и таа кога ме виде збесна затоа што тој ми кажа здраво таа почна да плаче да вика по мене, и по него..А тој не се замара пали цигара, таа му залепи шлаканица и тој мн се изнервира и кога ја залепи таа право седна на клупа.. А несакам да бидам со него затоа што знам дека пак ке плачам и страдам, ама тој намерно ми го прави тоаа..Значи ми доага да му кажам во лице те сакам ама те молам повеке не ме замарај остави ме да те заборавам..Ме мачии..Сепак многу ти балгодарам на совето
Zdravo na site,ve molam za pomos,imam seriozen problem,so devojkami postojano se karame,se skaravme pred 2 dena i se nemame slusnato,sinoka me izneveri so nekoj tip od sk,bese tamu nagosti,denes doznav,se mi razskazaa kako bilo,sto se slucilo,a jas,studiram vo Bugarija i od doma sum mnogu daleku,postojano mislev deka prave nekoj matni raboti,ama se tesev si vikam,ne e takva,postojano ucam za ispiti,da moze pobrzo doma da si dojdam,da bideme zaedno i sega me zafrkna mnogu jako.Ve molam za pomos zenski,vi ste mi potrebni za sovet.
После се ова што го напиша мислам дека и сам го знаеш одговорот.Зошто би останал со неа кога те изневерила???Ти најдобро си знаеш каква е она навистина,дали е способна за нешто такво??И мој совет прво добро провери ја информацијата дека те изварала ,да не е само обид да ве разделат???Ти посакувам се најдобро
едноставно ке отидеш некаде сама нема да мислеш на него потоа кога ке си дојдеш ке си најдеш нов и во него ке се вљубиш тајната е во трпението
Тешко ми е. ке пукнам. немам веке сила. не очекував волку да боли на мои години. знам да хендлам емоционални прашања ама ова ми доаѓа некако многу. ја и тешко солза пуштам ама сега.... кога се разведов ми беше тешко за децата но немав никаков сомнеж дека одлуката ми е правилна ама сега .............. нема гаранција за љубов. или сакаш или не. и кога ќе се з.... никој не ти е крив. Абе боли беее
Прво би те прашала дали си подготвен да поминеш преку ова? Дали си спремен да и простиш? Ако да, тогаш ќе треба сериозно да разговараш со неа. Довербата веќе ја нема, и самиот сигурно знаеш колку тешко се гради таа, а колку лесно се руши. Ако мислиш дека неможаш да продолжиш со неа, едноставно живеј си го животот понатаму и заборави ја. Се зависи од тоа колку си подготвен да простиш, и дали таа воопшто заслужува.
Сонце ај не ги лажи девојчињата. Што има па некој недолжен да страда додека некоја го заборава бивишот дечко
Поминаа веќе 6год од кога го засакав остана во моето срце но баш денеска сакам да го избришам сакам да го снема од мојот живот но не знам какооо? Какоооо? А и не знам дали правилно ќе постапам ако го заборавам или треба нешто да направама бидеќи тој ме молеше цело време а јас го одбивав???? Па вака пред 6год ми се пушташе но бевме малечки како детска љубов Па тој цело време ме покануваше да излезиме но јас го одбивав а премногу го сакав но се плашев. Тој секој викенд мора да е излезен и менува по многу женски. Има излезено и со 2 другарки мое.Имам слусано разни муабети за него и ништо од оваа не ме натера да го оставам да го заборавам. Пред 2 месеци ми рече да излезиме но го одбив бидеќе не можев да сум со такво момче кое нонстоп е со различна женска. А го сакам премногу. Сакам да го заборавам да си најдам друг но не можам секогаш се сеќавам на убавите моменти со него.Пробував на различни начини се посветував на учејњето,цитав книги, пеев на глас, излегував но пак беше тука некаде пак се појавуваше бидеќи живееме во ист мал град. А и ми дава малце надеж кога ке сме излезени ме погледнува, преска игравме заедно кошарка па мене ме бранеше, поминува покрај куќа па мора да погледне дали има некој.....Не знам стварноо што да правамм Ве моламм итно ми е потребнаа вашата помош или ке полудамм.....:/
Сонце,ај запрашај се дали тој те заслужува тебе, дали е достоен да те има? Вреди ли да си ја замараш душичката за таков женскар невиден? Ај пробај среди си ги мислите и погледни во други дечки.
А добро ако толку го сакаш зошто не пробаш со него? Не мора да значи дека ако е женскар и со тебе ќе е таков. Твојата љубов може да го промени. Го сакаш 6 години и никогаш не си пробала, не знаеш каков ќе е со тебе. А и штом и тој покажува знаци на заинтересираност, можеби и тој чувствува нешто. Ако веке не можеш да го заборавиш, пробај, ништо нема да изгубиш.
Saisnalla можеби си во право стварно можеби не ме заслужува но пробав имам излезено и со други ама ништо од тоаа :/ Butterfly Би сакала да пробам ако повторно ми рече ако не ке си чекам да покаже времето но се плашам да не направи како со дргите девојчиња само за еднаш да ме искористи :/ Благодарам мн на двете
срцка немаш ни пробано да бидеш со него ... можеби ти ке го смириш хаха. За секој маж постои жена која ке го смири ! инаку мн ти е глупо однесувањето или пробај со него или заборави на него ! Ем велиш дека го сакаш ем страв ти е да бидеш со него пфф глупости... Одлучии се.. аман!