Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го заборавам?

Дискусија во 'Разделби' започната од iren4eto, 17 декември 2009.

  1. Bajadreka

    Bajadreka Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Јсс бев со дечко којшто го сакам и ме сака многу. Не делеше само нацијата и верата, ништо друго родени и створени еден за друг.... Не раделија други не ние самите се сакаме. Сега се борам со тоа да го преболам а немозам љубовта сеуште живее и кај мене и кај него. :(
     
  2. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Не постои некој начин или некое правило.
    За да заборавиш нешто што си поминал со некој,треба да изградиш нови подобри моменти за сеќавање.Тоа е единствениот начин.
    Просто кажано,нема ни да приметиш,а ти веќе ќе го имаш заборавено. :)
     
  3. 2212

    2212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    После долго време....

    Здраво девојки!!
    Ве молам да ми помогните како да го заборавам...помина толку долго време од кога се разделивме но сеуште мислам на него а знам и сигурна сум дека нема шанси да сме заедно по никоја цена.....Нашата врска беше мн кратка.И покрај пто живеевме во различни градови се случија неколку средби кои беа преслатки што мислам дека ке ги паметам цел живот...Бевме во контакт и сеуште сме но од тогаш не сме се виделе воопшто...пред извесен период дознав дека се оженил...Како да го заборавам и како да не мислам на него зошто знам и дека е погрешно и уште повеке болно за мене.....
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimi-123

    mimi-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    zdravo!!
    ke zamolam nekako za pomos kako da go zaboravam bivsiot??jas imav dolga vrska 7god i se naj naj naj ni bese bevme pred zemuvajne imase edna sto ni dosagase i mene i negoo me se zakanuvase deka ke mi go zeme on nikogas ne pod pagase na nejzino nivo sto i da kaza tolku bevme povrzani edni su drug i toa bese golema ljubov pomegu nas..sto se sluci kako se sluci jas neznam a moze da pretpostavam sto bi mozela taa da napravi toj se skara su mene i za 15 dena on su nea se veri taa toj se otrgana od negovata familijaa zamina kaj nea da zivee toj od koga si zamina nema nikoj pobrano i ne sakal da slusne za nikoj od negovite nie veke ne sme zaedno edna godina jas nemozam da go zaboravam nikako jas se osekam od den na den se poloso i poloso sekoje edno mesto sekoje edno nesto na nego me potseka se sum probalam za da zaboravam ali nikako nemozam bev i na strana samo da go zaboravam da ne mislam na nego ne druri se poveke mi bese tesko ke ve molam nekako da mi pomognite sto da napravam nemozam jas bez nego i nemozam da se zamislam kako ke mi bide i ponata jas znam deka on nej su nea od ljubov i znam deka e ne sreken su nea a mi kaza deka sekogas prasuval za mene kade sto i su kogo sum...
    [mod-kirilica:2y5ur9wk][/mod-kirilica:2y5ur9wk]
     
  5. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    Здраво девојки.. процитав низ темава и наидов и на други со сличен проблем како мојов... и јас сега не знам како да продолжам..
    Сум била заљубена и порано, неколку пати,и веке по вториот пат коа се заљубив сфатив дека иако е тешко, не треба да се губи надеж затоа што после бифшите љубови(тројца), се заљубував пак..
    И кога ја почнав оваа врска, бев штотуку излезена од предходна турбулентна и бурна врска, што мислев дека нема да можам никогаш да ја прекинам пошто исто бев заљубена и мн приврзана.
    Но со сегашниот дечко, почнав врска затоа што предходно го запознав само во муабет, пријателски, и премногу добро се осекјав во негово присуство... и сакав да се обидам. Не го користев само како некој за лечење рани од минатата врска, туку тоа што се осекјав посебно покрај него, уште тогаш ме убедуваше во мене внатре, дека не сме се сретнале без причина.. Ништо не се случува без причина.
    Имав врска од 2 години и 10 месеци... Прекрасна. секако имаше и свои проблеми и лоши моменти, ама во главно, онака како што бевме јас и тој поврзани, јас не сум била предходно.
    Овој пат после ова раскинување од 3 недели без него, за разлика од предходните љубови, сум мн посталожена и исконтролирана најверојатно поради тоа што сум позрела во овие години, ама начинот на кој што тој ми недостига, не ми недостигало ништо друго во животов.
    А сликата за идеален однос и партнер, што ја имав за него, знам дека нема да ја имам повторно со никој,и тоа ме обесхрабрува и воопшто да се надевам дека вака требало да биде, и дека ке сретнам некој подобар.
    Овој пат, не сум се разделила затоа што тој не бил ок, или заради некој проблем, или причина што би ме натерала да си речам заслужувам подобро, и штом не е ок, значи треба да се откачам и да барам подобро, не ме заслужува...
    Ама, овој пат, и двајцата се сакаме, и двајцата сакаме да сме заедно, ама , верата и нацијата не ни дозволуваат..не дека не ни довзолуваат, туку живееме во средина каде што е малце потешко за другите да се соочат со тоа.
    А најбитно, фамилиите, пошто секако другите луѓе ни би ни дозволила да ми се пречка, како што не ми ни биле за да ја оствариме оваа врска.
    Тој размислувал за сите можности, за да останеме заедно,,, но не можел да дојде до логично решение, пошто има таква ситуација дома, што нема начин да им соопшти на родителите дека донел таква одлука.. Неговите знаеа дека сме во врска, и тој не дозволуваше да ја прекинеме врската уште од кога почнавме, заради тоа, ама сега кога дошол муабетот за посериозно, тој бил спречен...
    И, одлучивме да се разделиме, за да не би биле подолго време заедно, па да се поврземе дупло повеќе па после уште потешка да ни е разделбата.
    Јас си ветив дека ќе се потрудам, и се обидов со сите начини да продолжам овие месец дена скоро,...ама ми изгледа се поневозможно и се потешко. А уште повеќе ме обесхрабрува фактот што мислам на тоа дека, всушност сум приморана да ставам крај на прекрасна приказна, кога би можела да се борам..дека тоа можеби е за секогаш... и ме нервира тоа. Не сакам да дозволам..
    не знам што да правам.. совет...?
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    душо ти си срекна,прекрасно е тоа што домашните ти дозволуваат,и јас имав врска со дечко од друга вера и нација,моите дома збеснаа кога дознаа,татко ми не разговараше 2 недели со мене,се чувсвував мртва однатре,како без чувства,а тој типот беше прекрасен,срце од човек,ама веројатно не ме сакал доволно за заедно да издржиме во ова,има друга сега,а јас секој ден умирам...малку забегав
    сакам да кажам бори се за оваа врска за да не се каеш како мене,бидејки права љубов е тешко да се најде во денешно време,кога би го вратила времето би дала се од себе да го задржам за мене,осаменоста убива,ако мислиш дека тој е тој,дека стварно те сака и го сакаш,никогаш не се откажувај,па ич да не те боли за народот и така и така ке си зборат,после кога ке ти е тешко народот нема да те теши,напротив,гледај на тебе да ти е добро,зачувај си ја љубовта
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Како и да е времето можи само 50 проценти да ти помогне околу заборавањето,
    другите 50 треба да се најде некој кој ке ти пружи мнг повеќе од него па нема ни да осетиш дека не мислиш на него..но се додека се наде тој другиот богами е макотрпен процес малце повеќе солзички малце повеќе благичко и тоа е тоа...
     
    На richgirl998 и Cleonika им се допаѓа ова.
  8. CherryLadyM

    CherryLadyM Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site vo vrska bev godina i pol i bese najprekrasnoto nesto na svetov i ima tolku raboti so mi se vrtat niz umov neznam sto da donapisam poprvo, se registrirav na forumov da si ja olesnam dusickava a i sovet okolu soocuvanjeto so realnosta bi mi bil dobredojden. Prvo mnogu bese ljubomoren, premnoguuu na prodavnica da odev da se zadrzev 5 min plus,mislese deka sum bila so nekoj, raskinavme zaradi toa, pa otkako uspeavme da go resime problemot so ljubomorata se smirivme.Ne e voopsto ambiciozen, pa i mene me vlece nadolu so nego, namesto jas da vlijaam na nego nekako sekogas toj uspevase da deluva na mene, mozebi i razlikata vo godini (10) i nasata zaednicka neodgovornost doprinesoa za celata sutuacija. Toj e covek koj sto ima pomala vrednost za samiot sebe, i sekogas mislese deka ne me zasluzil, deka sum mozela da najdam 100 pati poubav, a toj mi e najubav vo univerzumov, i se plasese deka mozam da mu liznam...Pocnavme da ziveeme zaedno posle prviot mesec od zapoznavanjeto,imavme strast koja so nikogas ne zgasna i div seksualen zivot, i voopsteno buren zivot, nekako bevme premnogu dramaticni, ludi sekoj den ni bese novo dozivuvanje nokite gi pretvaravme vo denovi parite gi trosevme na hirovi ziveevme kako da ni e posledno ama najbitno imavme ljubov kakva sto odsekogas sonuvav da doziveam i koga mi se sluci naednas neznaev dali mozam da ja podnesam, se povrzavme celosno so srce i mozok gi sogolevme dusite, koga bevme razdeleni makar dva saati cuvstvoto bese kako da sme bile razdeleni dva dena,stanavme zavisni eden od drug. Inace bese ljubov na prv pogled, mnogupati veruvav deka mi e sudbina, imase mnogu znaci, neobjasnivi raboti. Na kraj jas morav da zaminam doma, a toj morase da ostane sk i go vikav ama ne dojde, odluci da frli sve. I poslednata nok me molese da odam kaj nego da se zboguvame jas otidov, pocnavme da se karame i koga sakav da si zaminam nesakase da me pusti, iskrsiv se vo stanot od ogledala do casi vrati ama ne me pustase i tolku teski zborovi mi kaza ke gi pametam cel zivot, otkako dva saati ja zakopuvase cela vrska mnogu mnogu dlaboko, se pokaja ama bese kasno veke kaza premnogu i nemozam nikogas da preminam preku nekoi zborovi. Koga se razdena si zaminav bez da se pozdravam i mi ja tresna vratata, odvaj se sobrav so site kuferi, se raspadnav tuka celosno. Site prijateli ni bea zaednicki i site ostanaa sk i na negova strana, i jas ispadnav kriva za se, plus nekoi licnosti izmislija nevistini za mene za da ja pothranat negovata i mojava bolka. I znam deka sekogas ke me saka, i toj sekogas ke ima posebno mesto vo srcevo i znam deka mozam utre da se vratam ama znam deka nema idnina, toj nema da se smeni. Go sonuvam sekoja nok bez isklucok, nekoi noki i po tri sonovi i nemozam poveke zosto site se losi, ili se karame, ili si zaminuva, sekoj mig mi e vo glavava i se obiduvam da gi potisnam site sekjavanja i da mislam na losoto sto se desi ama nekoi spomeni sami mi se pojavuvaat pred oci i nz tesko mi e, se nadevam deka vremeto ke me izleci :(
    [mod-kirilica:1hx447ku][/mod-kirilica:1hx447ku]
     
  9. KenndallJenner

    KenndallJenner Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Девојки колку и да се трудите неможете да заборавите некоја личност ако има многу голема трага и бар еден убав спомен во срцето.Можеби не сум во право ама јас така мислам.
     
    На richgirl998, awayfromyou, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  10. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    имав дечко 2 год раскинавме пред 1 месец а тој си смени 2 девојки неможам да го заборавам незнам што треба да направам...прв ми беше...хелп :?: 18 години сум
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Види,2 години не се мал временски период,и секако дека еден месец не е доволно да заборавиш некоја личност.И во ред е да ти недостига сеуште-тој е личност со која си делела тага,среќа,интима..
    И колку и да се форсираш да го заборавиш,уште повеќе ќе размислуваш за него и ќе ти недостига.
    Дај си себе си време,дај му и на времето време.Немој да мислеш дека и нему му е сеедно било,дека во меѓувреме сменил 2 девојки.Напротив,но машките така се обидуваат да заборават.
    Можеби звуче како клише,но сите сме поминале низ некоја разделба со драга личност,и рецептот е едноставен:
    -подароците од него спакувани во кутија,и во подрум Done
    -омилените ваши песни,избришани Done
    -избришан телефонски број Done
    -бришење од фб Done
    -размислување за него-поретко Done
    -исполнето време со учење,различни активности,спортување,кафе шеми со другарки,вечерни излегувања Done

    Тоа е тоа во глобала.Можеби ќе помине уште еден месец,два,пет додека го заборавиш,само со форсирање малку потешко ќе биде.На крајот,секако ќе остане само како блед спомен ;)
     
  12. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Се надевам ќе помогнам на некого, а воедно и на самата себе си.

    Се гледав со еден 2 години. Не бевме во врска, тајно се гледавме. Прв ми беше. Премногу го сакав. Пред еден месец престана да ме бара и не ми враќаше на пораки, повици. Дознав дека се гледа со некоја друга, па и во јавност гледам се сликаат во дискотеките, а и кај нејзе насловната е од нив двајцата. Тоа е. Се деси. А што е со мене? Мене никој ништо не ме праша. Добро сум? Да, предобро сум ! Влезен ми беше под кожа, се ќе направев за него. А знаете ли зошто? Затоа што мислев дека ВРЕДИ. Но, попусто било. Две години изгубив мислејќи дека е вистинскиот. Но сепак имаше корист да, голема корист. Научив дека никому не треба да се верува освен себе си и на твоето семејство. Тие се секогаш тука за нас, секогаш не сакаат.. Се сум доживеала со него и не се каам. Во текот на тие 2 год ништо од никого не слушнав, знам дека ме сакаше но не повеќе од мене. Колку и да го навредувам сепак си велам не можам со сила да го терам да ме сака, ете засакал друга, не му биле исти чувствата како моите, не ме сакал доволно па лесно ме заборавил, можеби и јас сум виновна што не сменив многу работи, но можеби и не сум.. Размислувам, размислувам, размислувам... Тоа е, така си мине животот. Никој не знае што не очекува. Денес не има утре не. Обидете се да го сфатите вашиот бивши и прифатете ја реалноста. Ти него како што го сакаш и како што си заинтересирана За него така тој можеби за неа е заинтересиран. Остави го. Еднаш ќе те понижат, не прави сцени, научи лекција, за да не ти се повтори истото. Сепак , покрај се што се случи воопшто не го мразам, само се обидов да го разберам и мислам дека ми успева тоа. Нашол поубава , попривлечна или каква и да е , па со среќа нека му е. А тоа е точно дека ке си заплачете некогаш. Еве сега пред половина час си плачев и затоа побарав ваква тема за да си помогнам. Го зедов огледалото и си велев:„Смири се, смири се, смири се.. Можеш и ова да го издржиш, така требало да биде, смири се“... и ете помина, сега сум подобро. Едноставо не го мразете ниту него, ниту пак неа, бидејќи таа е најмалку виновна. Тоа е, живот. Така требало да биде. Па ваљда господ чува нешто подобро за вас, може ке си речете дека тој било најубавото нешто што ви се случило, но не заборавајте тој е најубавото нешто во минатото и сегашнота, да ве потсетам постои и иднина, од вас зависи каква ќе биде.
     
    На Bile15, Youlen, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Paris38

    Paris38 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    72
    во врска бевме со девојка ми скоро 4год и на крај ми се налути за ништо за новата година несакаше да бидеме заедно дома ке си седела со мајка и ,и почна караниците помегу нас и сега не ми збори и не ми крева на моб веке 15дена , звонев по другарки братучетки незини мајка и и ништо не помогна и дури ми се буни зошто сум ѕвоне ,и пишувам за раскин се потребни тројца и ми вика што ти е тебе се слушаш ли што збореш и пишувам кажи ми само зошто си ми лута или не сме повеке во врска да знам на што сум и молче и незнам што да шравам избезумен сум веке неможам да го поднесам овоа , некој совет од вас феминки помош
     
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Епа добро де, нека си седи дома со мајка и. Што си се расправал. Ете си сакало девојчето да си биде со нејзините, што има тука лошо. Ти си се јавил неколку пати, сега остави ја ќе и помине и кога ќе и помине ќе ти се јави. Не ја барај повеќе, занимавај се со нешто друго, оди вежбај, види се со пријателите, излези си, прошетај.
     
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Срц,
    ќе помине и таа болка, можеби не за секогаш , но ќе помине, па ќе сватиш и дека можеби не вредел толку.
    Сепак, верувај ако му дадеш шанса на животот и си дадеш шанса пред се на самата себе си, ќе ти се случи и подобра љубов. Ќе го сретнеш човекот кој те заслужува, а тој бившиот...што од тајност со тебе, влетал во фотки, за интернет себе-рекламирање, верувај, нема да заврши толку славно. Се се менува, се се врти...а шивотот најмногу, тој е тркало.
     
  16. martincenceto

    martincenceto Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    imav decko do pred nekoe vreme idevme 2 meseca momentalno ne sme zaednoo a jas ne mozam se uste da go prebolam onn besee poinakov od site drugi prethodno za 2 meseca premnogu go zasakav mislam deka nema nikogash da go prebolam ima li nekoj da mi dade sovet so da napraam za da se smirime
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    2 месеци врска не се доволни за да засакаш некој премногу.
    Ако тој е поинаков и подобар,сега немало да биде бивши.
    Како и да е,времето лече се,само нема конкретен термин кога ќе биде заборавен.Еве на пример јас претходниот дечко го преболувам веќе година и некој месец.
    Инаку,ако ти му имаш згрешено,доблест е да се извиниш.Јави му се,прашај го како е,покани го за на кафе.И тогаш ќе имаш прилика да му кажеш се што чувствуваш.
    Ако ја одбие поканата за кафе,или општо средбата,јасно е на што си.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека си се зачленила на форумов само поради тоа а бидејќи и јас се зачленив поради сличен проблем те сваќам како ти е. Иако ми е чудно што бараш совет за смирување во тема која се вика "Како да го заборавам". Како и да е. Ќе го преболиш само ако се решиш во тоа. Но се гледа дека не сакаш да го заборавиш и да продолжиш напред па мислам дека ние немаме право да те одвратуваме од таа замисла, знам дека ќе даваш отпор на секој што ќе ти рече да го заборавиш зошто сум била во твојата ситуација и знам како ти е.
    За да ти се даде совет потребно е да кажеш малку повеќе кој е проблемот иако може да е подобро да го напишеш во друга тема. Ако навистина бил поинаков тогаш не го испуштај. Но дај му време. Не го притискај. Така ќе направиш само полошо.
    Те сваќам како ти е. И ја имаш мојата подршка. Кој вели дека е лошо да се надеваме и да сонуваме? Кој вели дека не можат да се исполнат нашите желби? Потребно е само верба и допуштање.
    Но објасни малку повеќе за тоа што се случило меѓу вас за да ти дадеме поконкретен совет. :*
     
  19. Paris38

    Paris38 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    72
    многу е тешко остварливо овоа ти што ме советуваш :(
     
  20. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Парис зошто ти се налути девојка ти уствари? За нова година, или за нешто сосема трето?
    Би рекла можеби води инает, за да добие внимание од тебе, ама некако 15 дена ми се многу за инаетење?

    Си осетил ли додека сте биле заедно некаква промена од нејзина страна? Во смисла, оддалечување од тебе, ладнокрвност, чудно однесување, телефонски разговори и слично?

    Да не е нешто посериозно? Си се потрудил да разговарате, ја бараш и нема никаков исход.
    Да пробаш неколку дена да се дистанцираш, у смисла не ѕвони и’, не пишувај и’. Можеби кога таа ќе го осети навистина твоето осуство, ќе те побара.

    Мој совет е тоа и плус нека не те фаќа паника, велиш избеумен си, едноставно излези со другари, роднини, не дозволувај да ти се прават лоши филмови.