КАКО ДА ГО ЗАБОРАВАМ? Пред 2 месеци му раскинав на дечкоми зошто мислев дека е глуп , мн замара зошто ми се јавуваше на секој саат , кога раскинавме воопшто не ми недостигаше .. добро можеби малку потоа почна да ми недостига ........... да ми недостига и сега мислам дека неможам без него .. Сега тој ме избегнува и несака да бидеме пак заедно не ме ферма ниту 2 % .. Во мислите ми е само тој неможам ни на секунда да го исфрлам ( Единствено што сакам е да го заборавам ВЕ МОЛААМ дадете ми некој совет Поздрав до сите ♥
Значит секогаш исто...ти звони нонстоп-те замара па те одбива-и ти недостига.. Вака, почни си да си излегвиш, да си запознаваш нови луѓе..внимавај што помалце да мислиш на него..во почетокот тешко ќе ти е,ама со време ќе го заборавиш..верувај ми од искуство ти кажвам.. Позззз
Не можам да го заборавам, како да го заборавам кога веќе 3 години делевме убави и грди моменти. Добро, можеби претерувам, можеби сонувам, можеби сум преголем идеалист. Но, мислам дека нема никаква цел заборавањето на некој кој бил во твојот живот, кој те научил вредна лекција, кој ти покажал многу работи во животот. Зошто би го заборавила? Ќе ги паметам убавите моменти. А кога ќе остарам ќе се сеќавам на нив со една голема насмевка на моето лице. Па тој бил во мојот живот со причина и тоа не смеам да го заборавам.
^^ Потполно точно, за сите девојки со непреболени рани.Сите ме сакале,сите ме плачеле, боли не е битно дали мене или тебе битно боли.Покрај се не е важно колку траело,дали месец,ден,или само една прошетка..но ден и прошетка за ПАМЕТЕЊЕ.Бидете среќни што сте ги запознале,романсата,помнетеја ЉУБОВТА и никогаш и за никој не престанувајте да ја идеализирате.Најдете дел во вашата душа за убавите спомени што секогаш ќе ве потсеќаат на едно прекрасно искуство..Животот е маѓичен, научете да уживате, сам по себе си носи нови убави моменти, а за лошите па не се за џабе пријателките и чоколадите.Жени сте можете се, само престанете да уживате во себесозалувањето веќе е зора.Погледнете низ темната соба и ќе ја видите светлината која ве очекува.
pink34-girl.com си барал причина да раскинете. Тоа дека не си го известила ми личи дека е и љубоморен. И со кое право ти се дере кога нему телефонот му бил исклучен. Само си барал рачка за што да се фати и да ти раскине. Наишол на првата работа и одма блокирање, раскинување. Не вреди да се нервираш заради таков. Не е во тебе грешката, во него е. Престани да плачеш и главата горе. Не му се понижувај да го бараш за да му објаснуваш, не треба да се правдаш ти на никој. Добро бе глосип, па кога му раскинуваше нели ти текна дека те научил на битна лекција и дека сте имале убави моменти? Нема корист од навраќање што требало да направиш, што не требало. Пробај пак да контактираш со него, извини му се, сигурно и тој не сака 3 години да отидат во вода, а ако не сака фрли се на преболување. Во нареден случај ќе си знаеш од грешката и нема да ја правиш. Излегувај со другарки, најди си некое хоби-нешто што мене ми помогна многу. Ако ти треба да се исплачеш-исплачи се. Ама после плачењето застани си на нозе и продолжи со животот. И јас се водам по истата филозофија како тебе, дека не треба да се заборави некој со кој си поминал многу работи, ама треба да се постигне кога ќе се сетиш на него да се сеќаваш со насмевка-не со солзи. Гуд лак.
сакам да го заборавам иако не ми бил дечко. отпочеток само ми се допаѓаше и не давав до многу значење затоа што скоро секој втор од градот ми е убав ама не да го сака туку само да рече " леле што убав е ". но неколку викенди по ред сеперињата кога ќе излагавме ни беа едно до друго и јас се заљубив. Не можев да издржам, а да не го видам. сега беше на екскурзија од училиште и дедека беше мн ми недостасуваше не можев да издржам. сакам да го заборавам оти мислам дека тој никогаш нема да ме засака но незнам како да го заборавив пробав секако го избришав од пријател оф фб не мислв на него им реков на другарките да не ми го спомнуваат оти сакам да го заборавам. но ништо не ми помогна од тоа и повторно го сакам ве молам помогнете ми
па пробај да те засака .озбилно,пробај си ја среќата,што ќе изгубиш?ех тешко оди заборавот.мн потешко се заборава оној со кого си била интимна,блиска,од искуство ќе ти кажам.ќе го заборавиш момчето ако не ти е суден,верувај .
Проблем Една моја другарка сака еден веќе 1 година .... и неможе никако да го заборави. додека учеше во нашето училиште неговите другари и кажале дека и тој нејзе ја сака.... но не беше така .... таа цели 2 недели живееше со тоа дека и тој ја сака но после тој и кажа дека ја нејчи и тоа влице и го кажа... стварно беше многу уништена незнаеше што да прави и сега незнае како да го заборави а уште го сака никако од мисли не и излгува !!!!! АјдеПОмош вемолам
Постои ли некоја што ја заборавила првата најсилна љубов, што кога ќе го види да не почуствува ништо, што после 2ипол годишна врска го заборавила и веќе не го сака! Постои ли? Постои ли можност да се заборави првата љубов? Постои ли можност да го заборавам тој што го сакам повеќе од мојот живот, повеќе од сите? И после 1 година сеуште истите чувства, истото чукање на срцето истите преесилни емоции, истото стегање во градите, а неможам да го имам! Како бе, како да го заборавам, ќе се случи ли тоа некогаш??? Се обидов да сакам друг, но никако не бива и не бива, и сигурна сум дека нема да биде истото сакање пак, никогаш Не е можно ова што ми се случува, ми доаѓа да застанам пред некој воз да згази, да ме снема! help
Од Велес до Скопје следниот поаѓа во 18:10 минути. Така да, таман имаш време да се спремиш и тргнеш. Не се секирај, ќе го начекаш некаде сред пругата сигурно! Добро, ти се читаш ли себе си бре? Озбилно мислиш дека вреди да се самоубиваш за ваква глупост? И тоа во период кога светот се соочува со економска криза, глад, болести!? Од ова јасно може да се забележи дека воопшто не си го вреднуваш сопствениот животот, и затоа сметам дека таквите како тебе треба да ни ги скратат маките, со тоа што ќе не поштедат тука нас на форумов од жалопојки и самосожалувања за волку апсурдни и глупави проблеми. Патем, посакувам да ти беше еднакво толку грижа за твоите блиски кои мислат на тебе, колку и за дечкото ради кој сакаш да посегнеш кон својот живот! Но, претпоставувам дека тие уопште не ти се ни на ум, покрај ова што ти се случува на 20 години. Пошто нели ова е најголемиот проблем евр хепнд ин хјуман хистори! Како и да е, залудно е што и да кажам, пошто и онака очигледно е дека нивната љубов не ја вреднуваш ни упола со онаа која ја гаиш кон твојот бивши. Е, ради ова си стварно за жалење според мене.
Покрај се што ми направи, стварно ќе треба да го заборавам по 7 месеци разделба. Можеби ќе мислите дека стварно има многу реакции кои укажуваат дека воопшто требало крај. Кога ќе правев резултати на крвта, ми викаше дека ќе ми раскине ако не бидат резултатите ок. Еднаш кога бевме скарани, отидов кај него на работа кога не беше неговата колешка да го молам и рече дека ќе ми викне обезбедување. Секогаш имаше изговори за доаѓање кај мене, ама кога имаше нешто убав ручек доаѓаше. Сакаше да искача повеќе со другарите и нивните другарки отколку со мене. И кој нема да свати дека е време за крај (само јас). Не сакаше нова год да славиме заедно, сакаше или он со друштво или сам да биде дома.
Сосема нормално е да сме меланхолични после разделбата со саканиот, најмногу затоа што кога сме заедно со некого, тој станува дел од нашето секојдневие, и посебно ако станува збор за подолга врска, толку драстична промена во нашиот живот е нешто ново и несфатливо, и многу болно е за нас да се лишиме од некој драг. Одеднаш, некој кој што ни ги разубавувал деновите, кој ни значел буквално се, треба да не ни значи ништо. Допишувањето во ’ниедно’ време по полноќ, заедничките прошетки, малечките романтични гестови ... ги снемува. Иако имам малку различна гледна точка, ве разбирам и можам да замислам како се чувствувате. Мојот одговор е - пронајдете љубов на други места. Таквата љубов за каква што станува збор тука, односно љубовта кон парнерот ја сметам за многу преценета и сметам дека заради претераното фокусирање на таквата љубов, малку се запоставуваат другите видови љубов кои и тоа како можат да ги задоволат нашите емоционални потреби. Затоа, наместо после болно раскинување да барате утеха во други, потенцијални партнери (можеби во некои случаеви навистина клинот со клин се избива, но најверојатно така ќе ги спуштите своите критериуми само за да не бидете сами - а тоа не треба никогаш да го правите!), подзаборавете ја таквата љубов (која може гадно да повреди) и фокусирајте се на другите нешта кои што ве прават среќни. Не е во ред да се тврди дека кога немате парнер, ви недостасува љубов, бидејќи љубовта ја има буквално на секој агол. Фокусирајте се на љубовта кон своето семејство, на љубовта кон своите пријатели, миленици, па кој и да е - некој кој што ве прави среќни. Најдете хоби кое што ќе го љубите и ќе ве исполнува. Постојат видови на љубов многу поважни од онаа кон парнерот и било кој вид на љубов вам да ви е приоритетен, овие никако не смеат да се запостават. И да,не плашете се од самотијата. Многу подобро е да останете сами отколку да сте со погрешен човек кој постојано ќе ве прави несреќни. А самите себе секогаш можете да се усреќите. А да заборавите некого кој некогаш премногу ви значел, простете но не можете. Всушност, не ни треба да го заборавите. Сите искуства кои сме ги имале, добри или лоши, засекогаш остануваат во нас и треба да ни претставуваат лекција. Кога навистина ќе успеете да преболите некого, нема ни да чувствувате потреба да го заборавите.