babylove овошни кашички

Како да го изиграш играчот ?

Дискусија во 'Врски' започната од pupi.girl, 15 август 2016.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Сите сме имале врска каде што сме биле манипулирани и сме го толерирале однесувањето на партнерот определено време. Што мислите дали може играта што тој ја поставува да го смени правецот ?
    Како да го изиграш играчот и како да испадне неговото его и срце повредено, а не вашето ?

    Би сакала да прочитам и ситуации во кои сте се нашле и извлекле.
     
  2. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Најдобро во вакви ситуации е човек грб да сврти.Не вреди да се замараме за непотребни работи.Животот е краток.
     
    На galapce и elimkd им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    291.098
    Пупи...редовно те читам и знам која ти е болката.
    Само едно ќе ти кажам...не се обидувај да најдеш начин да го повредиш.Нему и така не му е гајле веќе за ништо.Со тоа што бараш начин, само ти ќе се дотолчиш самата себе, себе си се повредуваш.
    Престани да размислуваш за тоа како било, и ако можеш надежта за ,,потоврно заедно,, да ја ,,закопаш,, и да не те коби секој ден.
    Ти неможеш него да го заборавиш од што сама себе не си го дозволуваш тоа.
    Знам, ќе речеш дека не е така и дека не сум во право, ама не е тоа битно...ама ,,откачи,, го него од мислите, а најмалку да му враќаш.
     
    На ku4ence, buba4e89, Џони Џип и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    4.196
    Пол:
    Женски
    Igra se igra I se prifakja samo ako tebe to odgovara I ako to imas cel koja sakas da ja ostvaris, inaku ne I nema potreba od menuvanje pravci. A ako to sakas edno, a toj saka drugo najdobro e da kazes I ostvaris - nemam vreme go zivotot za neproduktivni I bescelni nesta, predzi brigo Na drugoga I kraj.
     
    На Џони Џип и Petar80 им се допаѓа ова.
  5. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    4.196
    Пол:
    Женски
    Igra se igra I se prifakja samo ako tebe to odgovara I ako to imas cel koja sakas da ja ostvaris, inaku ne I nema potreba od menuvanje pravci. A ako to sakas edno, a toj saka drugo najdobro e da kazes I ostvaris - nemam vreme go zivotot za neproduktivni I bescelni nesta, predzi brigo Na drugoga I kraj.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    9.544
    Pupi, za da go izigras, najprvo treba da go zaboravis. Ste zavrsile, golema rabota pff, zivotot prodolzuva, najdi si nekoja zamena da go zaboravis, po izvesno vreme sigurno deka ke go zaboravis. Toj porano ili podocna pak ke te pobara, ke te pobara so cel da ti ja unisti srekata, ako si dovolno papetna ke znaes kako da izreagiras. Jas imam dve propadnati vrski ii i jas mislev kako tebe da gi izigram, i da dojde i moeto vreme, taka vnimatelno si gi slusav i dvajcata ( me baraa posle nekoe vreme) mi gi raskazuvaa momentite sto sme gi pominale zaedno bla bla bla, i na kraj i ja si im gi kazuvav onaka najlosite momenti so podsmev, najnormalno vistinata i cao dovigjenja. Zatoa ne se sekiraj se se vrti, od iskustvo ti kazuvam:)
     
    На Џони Џип, rose60, pupi.girl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    26.105
    Како да изиграш некој, на кого не му е гајле за тебе ( и кој подсвесно сака да те повредува оти гледа дека те боли)?!

    Не да го игнорираш, туку да се правиш ко никогаш и да не си го запознал. Во иста соба да седите, во негов правец ни телото да го свртиш, а камо ли погледот. Кога некој ќе те праша што е со него, да речеш ,, Кој е тој, не се сеќавам?,, и да се насмевнеш.

    Да бидеш најубава, најсреќна и да покажеш дека не зависиш од него. Е тоа ги дотепува.
     
    На galapce, Dabria, buba4e89 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.057
    Пол:
    Женски
    Егото на таквите манипулатори најлесно се повредува кога ќе сфатат дека не си заинтересирана, оладуваш и неговите буцкања немаат никаков ефект врз тебе, едноставно ги игнорираш,а го игнорираш и него ко да не постои.
    Не потпаѓајте на такви плитки финти, затоа што најчест резултат од тоа се многу непотребни главоболки со преиспитувања и самоанализи и изгубено драгоцено време на крај.

    Барем кога веќе можете да ги „намирисате“ ваквите намери, ако немате некој заеднички интерес или цел, како што спомна и @Outlook, најмудар чекор е оттргнување по брза постапка.

    Верувајте, навистина не вреди да се троши времето на некои недосозреани манипулатори кои немаат муда да започнат сериозно врска, туку само сакаат да се за*баваат со нечие време и да бидат причина за тенчење на нечии нерви.
     
    На ku4ence, MayDiamonds, realGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    39.247
    Пол:
    Женски
    Со игра, со враќање тоа што ти го направил тебе, па ти на него само може да биде полошо на крајот ти ќе страдаш, а него нема уво да го боли. Затоа заборави го тешко е али така е најдобро со тек на време се ќе се заборави.
     
  10. Solventna

    Solventna Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Прво не е точно дека сите сме биле жртви на манипулација посебно кога е во прашање тој однос маж-жена. Мене малку ми изгледа детски тоа докажување кој е поголем будала, малку сурово но друг соодветен збор немам. Врската треба да биде партнерски однос во кој партнерите ќе имаат ако не потполна барем прилично голема доверба еден во друг, а не да се докажуваат кој на кого поголема злоба може да му направи. Како ќе го надиграш ако те изневери, така што место со еден ти ќе легнеш со двајца за да бидеш подобар играч од него?
    Навистина не го разбирам тој однос да бидеш со некого а го сметаш за играч и сакаш да го надиграш? Каде е тука љубовта, каде се емоциите... цел живот ли ќе бидеш во некаков грч која ќе биде следната игра?
    Јас целиов мој живот имам една девиза, оној момент кога ќе почувствувам дека некој игра некаква игра си заминувам, немам намера да вракам со иста мера или да се спуштам на тоа ниво да ако тој е идиот јас да се трудам да бидам поголем играч(идиот) од него.
    Замислете колку е краток животов а младоста уште пократка и јас наместо да уживам ќе се трудам да бидем подобар играч од некого и што добивам со тоа?
    Апсолутно свесна сум дека не има секакви, но како може некој ако смета дека некој манипулира и го злоупотребува да може емоционално па и сексуално да ужива со таа особа.
    Јас не би пуштила никого во мојот интимен простор само ако се посомневам дека не е искрен со мене, а камо ли да се лигавам со него а да од друга страна ковам план како да му вратам за тоа што тој ми го направил.
     
    На Џони Џип му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.769
    Лесно е да се каже не се замарај кога сите се замараме на почеток се додека навистина не ни биде сеедно. Не може да сфати оној кој не го доживеал истото, останатото е само клише, факт е дека преку ноќ не можеш да кажеш I don't care и навистина да го мислиш тоа, сите анализираме одреден период. Сме поминале време со таа личност, сме и верувале и нормално е да се чувствуваме тешко посебно кога некој ќе не изигра на чуден начин.
    Е сега кога веќе сакаш да му вратиш некому треба да направиш да му недостигаш со вртење на грб, да му покажеш дека навистина можеш без него и да не трчаш после секој повик..да сфати дека продолжила со животот и дека не сечи вени за него.
    Одмаздата е послатка кога се сервира ладна.
    Џабе глумиме кучки кога и за еден seen правиме драма, тоа е вистината.
     
    На Annora и pupi.girl им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.057
    Пол:
    Женски
    Се може ако се сака, далеку од тоа дека треба да бидеме дрски или кучки или што и да е. Мене онаа вообразеност на темата „кучка“ ми е многу детска.
    Едноставно, во некои ситуации самосвесноста треба да си ја насочиме во наша корист и да правиме онака како нам ни одговара, а не да талкаме смислувајќи некои игрици за да му вратиме на манипулаторот.

    Можеш да кажеш „не“ преку ноќ доколку си свесна со каков човек си имаш работа и доколку навистина цврсто стоиш зад ставот дека таква личност не ти треба и планирањето игри за да му вратиш се бесцелни.
    Ќе ти успее и нема да бидеш повредена до таа мера, како кога би продолжила упорно да враќаш на секоја провокација.

    Нормално е дека би анализирала некој период по оттргнувањето, секој анализира и ја преиспитува ситуацијата - неколку дена или некоја недела не менува нешто многу, мене на пример, само ќе ми биде од помош додека да ми се олади главата.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. johnnys.girl

    johnnys.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    84
    Според мене тоа претставува едно кружење. Денес си играч, утре си ти изиграниот. ;)
     
  14. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.477
    Пол:
    Женски
    Зависи од тоа колку имаш "инает" во тебе и дали си до толку огорчена па да го докречиш до крај .
    Како што рече членката погоре Све е круг , све се врти , денес играчка некогаш играч .
    Ако се работи за машко јас би ти советовала да го ставиш на игноре .... но можно е да се врати некогаш е тогаш ти решаваш дали ке се одмаздиш или ке опростиш ...
    Ако се работи за друг случај , остави ги другите да мислат дека владеат па чекај најпогоден момент и одмазди се .

    Но верувај ми , дека ако се работи за машко , не ми е вредно да помрднуваш со прст за таков ... трошење време на глупости за глуп човек ми е тоа ......
     
  15. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Јас една врска не ја сфаќам како играње шах, па ајде сега ќе мислам десет потега однапред за да биде шах мат во моја полза. Значи искреноста е темел на многу работи вклучувајќи ја и оваа. Ако гледам поквареност прекинувам со тој човек, нема поедноставна формула за мене.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.959
    Допаѓања:
    52.734
    Пол:
    Женски
    Нема што да играм игри во врската. Ако тој игра со мене само ќе му кажам чао и толку. Зошто да си го трошам времето и нервите да му враќам? Животот самиот враќа...
     
    На ♡BuBaLe♡, MilaP, SAMIRA и 3 други им се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Женски фала ви на сите што пишувате во темата што јас ја отворив.
    Сакам да кажам дека вечерва се видовме и дека се правеше како ништо да не било. Премногу смирен, а јас премногу изнервирана. Ме прегрна и му реков ќе ти залепам шамар. Ако не ти жал залепи ми. Кога му ја врзав една... прсти уште му се знаат. Рече дека ќе сме биле заедно, ќе сме зборувале на кафе.
     
  18. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    9.544
    Samo na toa ``ZAEDNO`` koga mu pominuva rokot na upotreba?:^)
     
    На buba4e89, Џони Џип и fallenangel им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Ќе ми помини и мене трпението, ама сакам да видам што ќе ми каже :)
     
  20. Haley

    Haley Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    33
    @pupi.girl ne si go trosi vremeto! Jas ti preporacuvaam voopshto da ne odish da cues sto ima da kaze! Zapomni deka si ti zena koja nema da se podgazi poradi maz! Ti si individua sama zasebno i ne zavisis od nikogo! Stavi ja gordosta i razumot pred emociite! Zapomni, ednas ako potkleknes ti ke ke si taa sto ke ostane na kolena sekogas!
    Srekno!
     
    На ku4ence, buba4e89, MilaP и 4 други им се допаѓа ова.