Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го изиграш играчот ?

Дискусија во 'Врски' започната од pupi.girl, 15 август 2016.

  1. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Си го губиш времето. Нит ќе зборувате, нит ќе има што да каже ако ја начнете темата. Те влече за нос. Може и несвено. Не умее поинаку. Од тебе зависи како ќе се поставиш. Биди внимателна. Како се однесува сега така ќе се однесува и друг пат.
     
    На anakonda88, buba4e89, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    @pupi.girl Вие ќе сте заедно ама него кога ќе му се присака да си плесне нешто нели ти секогаш си подзамижуваш, простуваш, не само во врска што ќе бидите заедно туку и би била совршена сопруга!
    Тој ќе си плеска на страна, ќе исчезнува од време на време а од друга страна има кој да го чека секогаш кога и да сака да се врати, кога некоја друга ќе го откачи или ќе има ментруација па нема да можи да го задоволи.
    Ах бре деца до каде со овој памет да го надиграш играчот!
    Ќе го надиграш и ќе бидеш многу попаметна ако го откачиш на време, му го свртиш грбот и си најдеш друг кој ќе те цени, сака, почитува и нема да игра игри, ниту да те манипулира само поради тоа што си затрескана во него.
    Сурово звучи ова што го пишав ама тоа е реалноста.
    Препрашај ги момциве на форум со која, како и зошто играле игри и на крај како се завршило, ќе ти кажат.
     
    На buba4e89, kjukli и Gosh им се допаѓа ова.
  3. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Ќе го усрамиш пред другарите. Доволно е во друштво да речеш пред сите дека му смрдат чорапите.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Нема што да прашувам момци на женски форум, пола дојдени со цел да фатат некоја од тука. Сум играла и јас такви игри и сум исчезнувала и сум била сурова. За да те цени некој и да те почитува треба многу време. Прво другарски да се поставите, па да видите дали си одговарате и после тоа да почни врската.
    Јас тука можеби претерувам со пишувањето, ама си пишувам што ми лежи на душа, тоа не значи дека немам јас со кој да излезам или дека немам некој друг што ме сака. Моментално треба да си донесам одлука, а можеби и нема да ја донесам за брзо време. Реалност е секогаш сурова, не се лутам јас за ничие мислење.
     
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Никој не рече дека немаш со кој да излезеш, ти си праша, ние одговоривме, секој според своето познавање на работите. Те разбирам. Можеби е најдобро да се тргнеш од сето тоа што сега ти се случува и да се насочиш на други работи, излегување со другарки, прошетки во природа, малку да оладиш, тогаш и поинаку ќе гледаш на тоа што сега ти е горлив проблем. Ние за тебе не можеме да решиме. Тоа си е твоја одлука. Но во секој случај одмаздата не е постапка што може да нѐ усреќи долгорочно. Поздрав миличка, секое добро :)
     
    На fallenangel, kjukli и rose60 им се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е женски, знам. Јас си сум сама виновна што се затрескав така како во седмо одделние во него, па затоа и вака реагирам. Во секој случај во благодарам на издвоеното време што ги споделивте мислењата со мене. Имајте убав ден и секогаш бидете среќни :)
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Те имам читнато и по други форуми, и кога ќе собереш, реално вака, многу ти е лоша опсесијата со типов.
    Ко прво, он не е играч, туку лик со ниво на интелигенција на сибирска амеба, што се смета себеси за Хју Хефнер за балканска раја, а со самото тоа и смета дека е подарок на човештвото, па треба другите да вложуваат во него, а он само да бира.
    Тажната вистина е дека не му е гајле за тебе. Вашево веќе не е ловење и играње недостапен за да тестира дали ти значи нешто, туку едноставно не е заинтересиран и те контактира само кога оние што ги смета за подобри прилики не се околу него. Нема тука никаква игра. Работите се јасни, само што тој е кукавица да каже како стојат истите, па ти треба да се помириш со тоа и да завртиш грб.
    Болно звучи, ама повеќето од нас минале низ такво искуство. Нема кој не се има така залажувано... па може се срами, па може е дигнат или повреден, ама па сега гледам и како е да имаш тип што не става цртки кој прв пишал и во колку се јавил, што се интересира како ти поминал денот и памти ситници што може ни ти не памтиш дека си ги кажала. Кога ти значи некој, се бориш и срцето иде пред разумот, кој, again, за твојов тип не можам да кажам дека многу го користи. :D Сори.
    Детски понашања, игнорирања, расправии за лајкнати слики... :shake:
    Твоево делува ко да не го познаваш речиси воопшто карактерно, па таа дупка ја пополнуваш со фантазии дека е совршен и заљубен во тебе, само не знае да го покаже тоа. Тука е и фактот што постојано нагласуваш дека убаво изгледал, што верувам е причината што уште леташ по него.
    Не си дозволувај да бидеш роб на визуелното, а и не е единствен, па не знам каков манекен да е, тоа не му дава право да не го користи мозокот, та само да стои и да биде убав.
    Ако сакаш да си ја трошиш младоста на таков, среќно, што да кажам. Само неговото его никогаш нема да е задоволно, а неговиот карактер оформен.
     
    На galapce, Dabria, thequeen95 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не пишувам на други форуми @calliope ,а дали сум добра прилика или не за него само тој може да си каже. Далеку е од Хју Хефнер, за тоа треба ептен материјално добро да стои.
    Ако го гледа материјалното јас сум предобра прилика за него, само што не може целина да оформи зошто не живееме во ист град.
    Јас кажав дека треба да си донесам одлука во врска со нешто. Не ми значи мене дечко ако памети ситници или датуми, ми значи ако е тука за мене кога ќе ми треба. Заљубеноста ќе помине, сакањето нема. Јас не го сакам, јас сум само фасцинирана од неговиот изглед. Да да, ете го кажав тоа.
    Секогаш сум бирала некој што ме сака, зошто убавината е пролазна, бла бла, епа еднаш и јас избрав да видам како е со некој поубав. Се е ствар на вкус,
    Пак ќе речам, заљубеноста ќе помине, нема засекогаш да остане, така и јас.
    Си играм и јас, а ова е се виртуелно и се жалам кога ќе има некој кикс. Тоа не значи дека јас сум жртва, зошто јас не ја кажувам и другата страна, туку онаа во која само би испаднала повредена.
    Како што има женски за онака има и машки. Епа тој е такво машко, како што ми требаше мене за да си тепам време и да слушам колку сум јас најпрекрасна и најубава. Не е убаво од моја страна, но не мора да значи дека тој се гледа и со неколку други. Јас можеби се гледам и во случајот јас сум таа што не чини, а не тој. Ама ете тоа сега го кажувам.
     
    Последна измена: 16 август 2016
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Суштински проблем во вашата врска е факт друга девојка во неговиот град која тој си ја има за озбилно. Не ќе да е лошо да си провериш да не е типот женет:^)па да кукаш по други теми после.
    Во денешно време колку сакаш наблиску да сте доверба 100% не треба да се има не па од различен град да сте.
    Тој само ти прави лице и те игра како што сака. Нема оправдување за неговите постапки, па ти колку сакаш брани го.
    Ти вели дека си најубава, најдобра за да те легни. А ако веќе те има легнато погодена си му в кревет и ќе ти навраќа некогаш кога ќе поминува во твојот град.
    Никој не е толку зафатен за да нема време да ти се јави, за да се видите и слично. Само што ти си му опција а не приоритет, па те игра како што сака.
    .Ако се гледаш ти со друг тогаш тој од некаде знае дека се гледаш со друг па затоа те игра.
    Стојам на своето ти би била идеална сопруга, најубава, најпаметна, најдобра, богата, ќутлива, попустлива..а тоа што се гледаш со други тоа ти се вика мило за драго или чист рачун долга љубов.:x
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не е женет, не си имам јас работа со женети. Рано ми е за мажење, а за тоа дали се гледам или не не знае, а не би ни поверувал зошто нели јас " ептен го сакам ". Знам дека секој треба да има време за да ти се јави на телефон, свесна сум во што се впуштив. Со тоа што го реков за убавината бев саркастична, зошто некој со ниска интелегенција само таков комплимент ќе знае да ти даде. Нека си мисли тој дека ме врти па и да му сум опција, за брзо време тој нема ни опција да е кај мене.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Пупче извини вака но очајна си.
     
    На anakonda88, Gosh и Petar80 им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.209
    Пол:
    Женски
    Е прекрасен коментар, многу на место.
    Сега може Пупи и фала ќе ти каже што и' ги отвори очите.
    Жити сè, многу голема слобода си земате со коментариве, па дури и без пардон делите епитети, без зборови останав.

    И да е очајна и да не е, не е наша работа и не е тоа темата на дискусија во моментов.
    Демек никоја друга, никогаш не била затрескана во некој тип кој не го заслужува нејзиното внимание, па ајде сега, да посочиме со прст кој е очаен, а кој не.
    Драмици 2016.

    Патем, многу тенка е границата помеѓу искреноста и дрскоста, а ваквиот коментар е многу дрзок.
    Немојте да се залажувате со тоа дека само „плескате вистина во лице“ - не е тоа начинот, чиста дрскост е во прашање.
     
    На galapce, annii, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Можеби сум, тоа така си оди кога ќе се затрескаш. Јас се заљубив во некој што не треба, ама ќе ми помине. Дали ќе ме наречеш очајна, глупава или не знам каква воопшто не ми е важно, зошто не ме ни знаеш. Ова е форум и место идеално за да напишеш што те мачи. Ако тоа ме прави очајна, очајна нека сум.@Mishela во ред е, кој што сака може да каже, не мора да значи дека ме повреди коментарот :)
     
    Последна измена: 17 август 2016
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.209
    Пол:
    Женски
    Нема врска дали те повредило или не, некултурен и дрзок беше коментарот, а преку тоа не поминувам туку така. :)
     
    На galapce и pupi.girl им се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не може да очекуваш културни коментари од секоја. Бубаче секогаш е настроена на кавга или е во ПМС, зошто и во други теми сака да подбуцнува. Сум заприметила и дека така си коментира.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::clap::clap:
    Ако ви е тешко да се плесне вистината во лице незнам што да и кажам. Не е прв ни последен па да го изигрува, што ако го изигре?
    Мислиш ќе бидете заедно, па да го изиграш?
    Стварно не те разбирам, сите сме биле заљубени и сме сакале, ама потреба за да изиграм некого?
    Да му покажам колку сум очајна по него, ќе бидеме срце и душо а после со лошо?
    Па самата треба да е свесна кога не сака, не сака и крај.
    Не ќе очајувам по некој кој не ме цени само затоа што е убав.

    Јас сум само реална со сите тука, ќе си кажам што мислам, а како ти ќе го сфатиш твој проблем. Поздрав
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Не е само реален да се биде
    Треба да се одберат зборови.
    Не да се ,,околиша,, или да се завиткува во целофан нештото
    Умешноста на добра комуникација е во одбирањето на зборови.

    Има стара поговорка - еден исти збор е и за добро и за лошо..зависи како ќе го кажеш ;)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не ми е мене ништо тешко, ти што сакаш мисли за мене, пак ќе речам не ми е грижа, ниту ме знаеш, ниту ме познаваш. Темата не е само за мојот случај, општа е, затоа и ја креирав. Да изиграш некој не значи дека си очајна, очајна би била ако се гледаш со некој женет и ако се плеткаш со таков.

    Така си е, само со збор се решаваат проблемите, ама има некои не се разбираат од збор, тогаш ќотек :D
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Воопшто не си во право. А точно не те знам ниту те познавам, ама те читам по темиве не сум слепа.
    Можеш да се вадиш колку што сакаш, но кога не прифаќаш мислење тогаш не се објаснувај.
    Извини повеќе немам што да ти кажам.
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Што да се објаснувам бе ? Ти кажав за мене што е очајно, ти си кажа за тебе, толку :)