Едноставно е, не дозволувај да бидеш играчка и нема да бидеш изиграна.. Се зависи од тоа како сама ќе се поставиш на почетокот на врската, доколку му дадеш до знаење дека не може да те манипулира и да игра како што сака со тебе тогаш ако му е до заебавање самиот ќе се оттргни и со тоа ќе ја спречиш штетата наместо подоцна да ја лечиш, и ќе ќе заштедиш на драгоцено изгубено време со уште еден fuck boy и наместо тоа можеби ќе наидеш на некој кој ќе има навистина сериозна намера со тебе.
Стварно, што е потребно за да биде една врска функционална, нормална, човечна,.. Можеби така треба да се прашуваме.. Некако поконструктивно е отколку да влегуваме во стратегии, војни.. Благодарност до @pupi.girl што ја отвори темата.
Од каде па сега дека фак бој ми е ? Не избрзувај со заклучоци те молам. Мило ми е што ти се допадна темата
Едноставно, не мора да се тупиш како да изиграш некој, а и зошто би ? Биди искрен и прекини што и да е тоа доколку чувствуваш дека некој те искористува. Само толку.
Fuck boy во превод не значи некој со кого имаш само односи, туку значи машко кое нема сериозни намери со девојките, туку само се забавува со нив т.е. играч како што го велиш
@pupi.girl игрите не се за паметните личности. Игрите се за оние подлите и глупавите. Освен тоа, после секоја твоја игра, ќе следува негова. И така до бескрај. Убави совети дале другите членови. Одмаздата е за слабите.
Убаво е човек да знае да се оддалечи пред да настане лошото. Ете јас си останав уште малку и ме фати тоа лошото, сега да си се тргнам најубаво ќе е
Играчот највеќе губи кога нема со кој да си поигрува. Решението е само да го оставиш, не е вреден за твоето внимание ни љубов, подоцна таквите си ја разбираат грешката.
Ке го изиграш на тој начин што ке престанеш да дозволуваш да си игра со тебе. Доста често " играчите" кои се вака " изиграни" кога тогаш знаат да пробат да се вратат. Е тука веке резултатот ке е 2:1 за тебе. Без разлика што срцето ке страда, во вакви љубови мора да преовлада разумот.
За да изгираш играч треба да си играч. Најдобро е фер и искрен муабет. Нема што да се игра. Прави играчи не играат на тие карти.
Тоа е љаксе плеа. Акцентот паѓа на неговата доминантност, што го прави екстремно глуп во однос на вистинските кодекси во плеа круговите. Размисли...
Може си е глупав, а вака испаѓа заради тоа што е глупав, а не дека е играч. Што сака нека си прави, има други со милион пати подобри карактеристики и физички и психички од неговите
Кога и самата тврдиш дека е манипулатор, не знам зошто би била изненадена од ваквото однесување. Човек кој знае да манипулира може да направи да веруваш во се во што тој сака ти да веруваш а да не можеш ни да ја претпоставиш вистината за него и неговите чувства. Не мислам дека си виновна нити очајна, повеќето девојки поминуваат низ ваква врска барем еднаш во својот живот, супер е што на крајот ќе научиш дека никој не е вреден за такво бркање - тоа не е вистинска и здрава врска, љубовта не е игра туку е блискост, заедништво. Мојот совет е очигледен, пушти го. Кога ќе пронајдеш некој кој навистина ќе те цени ќе се чувствуваш многу поубаво, иако тоа сега ти звучи невозможно. Самата кажа дека е манипулатор, зошто тогаш би му верувала? Ти постојано го полниш своето его а тој не ги исполнува твоите емотивни потреби. Ослободи се од товарот.
Јас ниту сум го контролирала ниту па некогаш некој ќе контролирам. Едноставно кога ќе осетам дека некој почнува да ме игнорира или да ми глуми недостапен и јас почнува да оладувам и си исчезнувам. Тој е само глупав, не знае што сака, сака да е добар и да ни е убаво, ама сака и да го бркаш. Тие одлики ми се како за женско. Што сака нека си прави дечкото, навистина јас ќе си најдам подобар
^ Никаде не спомнав дека ти го контролираш и не знам од каде сега тоа, но мило ми е што така размислуваш. Навистина најди си подобар.
За ова неможат да зборат девојки што не го доживеале,многу е лесно сега јас да кажам "не се замарај" или "пушти го,најди си подобар",да тоа е најправилното но кога ќе те повреди многу и кога си многу лута не мислиш како треба да простиш се и да си заминеш туку мислиш што да направиш за да го боли повеќе.Сум била во ваква врска и до ден денес неможам да се одлучам дали било најлошото нешто што сум го доживеала или пак најдоброто. Би те советувала или оди си,ама оди си засекогаш или врати му за секоја ситница мала што те заболела.Само доколку се решиш на 2то,спреми се ќе треба многу повеќе одколку само да преболиш а плус за целото ова време ќе го сакаш..дури и повеќе.