Ако не го гледаш некој често се губат чувствата, така да кога би го избрала второто не гледам зошто повеќеби го засакала. Избирам да го правам тоа што тој го правеше кога ми требаше. He needs a taste of his own medicine.
pupi.girl@ Најдобро е воопшто да не го бараш, кога и да е тој ќе ти пише или ке те побара за да се видите за да си го наполне егото, бидеќи во главата тој си мисли дека кога и да те побара ке може да те добие, затоа кога ќе се случи тоа ти едноставно ќе го откачиш, или воопшто нема да му вратиш на пишаното или да му крениш на тел, на тој начин тој ќе ниде изигран..... и ќе го мачи што ли се случило, а во меѓу време барај некој што вреди да биде сакан.... т.с важно е тој да те сака
Мислев да пробам да го изиграм.Ама јас се што ке пробам да направам ,нешто што не наликувало никогаш на мене ,просто не ми оди,ке се заебе нешто или ке се преувеличи ,или пак ке испаднат уште 100 проблеми.Како некој глас да ми вели да се тргнам во тишина.Не знам дали е најдобро ,но секогаш тоа го бирам.Колку и да сум имала бес и лутина.Еве и до вчера имав,ама кога ке размислам со ладна глава,многу е подобро да си ја опуштиш душичката него да смилуваш стратегии и да ја трошиш енергијата за да му вратиш.Ако еднаш се испотавило дека не е вреден за тебе ,се потоа е само губење време...
Остави нека поминат неколку недели, ете нека помине 21 ден. Можеби ќе те побара, треба да имаш трпение. Ако те побара ти сама ќе избереш дали ќе ја играш играта или ќе му кажеш да оди каде што многу одат.
Имав еден ваков и ми е срам да кажам дека во еден момент од врската почна само за сексуални односи да ме бара. Јас не знаев како да го задржам. Сите сакаме да ни биде убаво и во сексот но и во врската. Мене сексот ми беше феноменален, но залудно беше зошто тој човек не знаеше да се однесува како што треба со мене. После толку многу мачење и толку многу солзи се разбудив еден ден и сфатив дека не може тој така да си поигрува со мене. Го сакам многу, но да не покажува знаци дека сака да е со мене заради мојот карактер и душа е премногу добра причина за крај. Смислив еден план, премногу суров. Сакав да го повредам како што ме повредуваше и тој со секоја негова валкана игра. Ќе ти пишам што му кажав во порака. Не ми се јави ниту пак ми пиша, но знам дека ќе ме побара повторно, но тогаш нема да ме најде.
Направи да мислиш дека му ја играш играта, на крај кога најмалку ќе очекува направи пресврт и постави твои правила на игра. Play or be played